Соопштение по одржаната 26. седница

На 2 октомври Уставниот суд ја одржа 26. седница, се дискутираше по четири иницијативи за оценување на уставност и законитост и се одлучуваше по шест предлози. Судот ги донесе следните одлуки и решенија:

1.Реферат У.бр.147/2024 

Се отфрла иницијативата за оценување на уставност и законитост на член 146 став 3, член 410-а и член 429-а од Закон за парничната постапка, член 27 став 2 и 3 од Законот за судските такси

Подносител на иницијативата: Златко Јолески, адвокат од Скопје

2. Реферат У.бр.190/2024

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 2 став 3 во делот „до навршени 65 години живот“. Не се поведува постапка за оценување на уставност и законитост  на членот 10 во делот „Одлуката за организација, состав и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност“ од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност донесен од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на  Република Северна Македонија. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

3. Реферат У.бр.123/2022

Се отфрла иницијативата за оценување на Член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште. 

Подносител на иницијативата: Друштво за градежништво, инженеринг, трговија и услуги „НАСТЕЛ” ДОО Скопје, застапувано од управител Зоран Азманов, преку полномошник Дуња Туртурова, адвокатка од Скопје

4. Реферат У.бр.195/2024 

Се отфрла иницијативата за оценување на Нотарската тарифа за изменување и дополнување на Нотарската тарифа.

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски

II- ПРЕДЛОЗИ ПО КОИ Е ОДЛУЧЕНО СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр.19/2023

Се укинува Правилникот за начинот и постапката на утврдување на исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, заведен под број 08-12159/20 од 28 октомври 2022 година, донесен од Советот на Општина Тетово и објавен во „Службен гласник на Општина Тетово” бр.14 од 31 октомври 2022 година.

2. У.бр.12/2024

Се укинува член 40 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Град Скопје

3. У.бр.39/2024

Се укинува насловот во глава VIII точка 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 107, 108, 109 и 110 од Деловникот на Советот на Општина Теарце, бр.07-223/1 од 17.05.2005 година.

4. У.бр.48/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман. 

5. У.бр.63/2024

Се укинува член 40 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Велес.

6. У.бр.148/2024

Се укинува член 26 став 2 во делот „во рок од 30 дена “ од Законот за управните спорови.