Соопштение по завршената 25. седница

На 25 септември (среда), Уставниот суд ja одржa 25. седница и го одлучи следното:

1. Реферат У.бр.137/2017

– Сe поведува постапка за оценување на уставноста на членовите 176, 177 и 178 од од Законот за електронските комуникации;

-Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 175 од Законот за електронските комуникации.

-Се определува рок од 6 месеци на Собранието на Република Северна Македонија за измена и/или дополнување на Законот од точка 1 од диспозитивот во согласност со ставовите на Судот изнесени во образложението на ова решение.

Подносители на иницијативата: ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии од Скопје;

-Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија од Скопје;

-Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит Скопје од Скопје;

-Форум за истражување на безбедносни политики СЕКУРИТАС од Битола;

-Проф. д-р Трпе Стојановски од Скопје

Повеќе детали Уставниот суд за ова Решение објави тука. 

2. Реферат У.бр.127/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Подносители:  Игорчо Точев, Анета Стевановиќ, Атеме Муамеди, Евица Јанковска и други судски советници во Управниот суд во Скопје

3.Реферат У.бр.132/2024

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 122 од Законот за сопственост и други стварни права.

Подносител: Дамјан Цветановски од Скопје

4. Реферат У.бр.137/2024 

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 98 став 5 алинеи 7 и 10 од Законот за административни службеници.

Подносител: Оливер Давидовски од Скопје

5. Реферат У.бр.121/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на дел XI точка 14 во делот „автопати“ од Прилогот на Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/2009 и 36/2012 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.233/2022).

Се отфрла иницијативата во делот во кој се бара оцена на меѓусебната согласност на оспорената уредба наведена во точката 1 од ова решение со Архуската конвенција и со Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина.

Подносител:  Македонско здружение на млади правници од Скопје

6. Реферат У.бр.2/2024, У.бр.3/2024, У.бр.203/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 8 став 1 и став 2 во деловите „кои се прибираат” од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци. 

Се запира извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 8 став 1 и став 2 во деловите „кои се прибираат” од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци.

Подносител на иницијативата (2/2024): Славко Димитров 

Подносители на иницијативата(3/2024, 203/2023) :  Кристијан Габроски, Робертино Саздов и Ѓорѓи Крстевски

 7. Реферат У.бр.7/2024

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Упатството за царинска вредност бр.01-74865/16-0002 од 01.06.2018 година и Корисничкото упатство за пребарување во каталогот SchwacketNet бр.01-049268/18-00002 од 21.06.2018 година.

Подносител: Игорчо Точев

II- ОДЛУЧУВАЊЕ ПО НАЦРТ-ОДЛУКИ:

1. У.бр.21/2024

Се укинува член 16 алинеја 3, како и главата X „Автентично толкување на општите акти“ и членовите 145, 146 и 147 од Деловникот на Советот на Општина Берово.

2. У.бр.32/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Делчево. 

3. У.бр.40/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кратово. 

4. У.бр.43/2024

Се укинува насловот на точка 8 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 101, 102, 103 и 104, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на општи акти” од Деловникот на Советот на Општина Богданци, број 07-433/2 од 29.07.2005 година, објавен во „Службен гласник на Општина Богданци” број 8/2005.

5. У.бр.68/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Чешиново-Облешево. 

6. У.бр.82/2024

Се укинуваат член 26 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на Општи акти“ и членовите 107, 108, 109 и 110 содржани во глава XIII. Постапка за донесување на општите акти од Деловникот на Советот на Општина Сарај, број 07-151/1 од 06.04.2006 година.

7. У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024

Се укинуваат член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. 

Повеќе детали Уставниот суд за оваа Одлука објави тука.