Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, заедно со судијките Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева одржаа брифинг за новинарите за два предмета кои се од интерес на јавноста.
Oдговорија на сите прашања на новинарите поврзани со предметите за законските измени и дополнувања на Законот за облигациони односи и Законот за електронските комуникации.
Судијата проф. д-р Ана Павловска Данева како судија-известител на предметот за измените на Законот за облигационите односи образложи кои се аргументите на Судот за укинување на членот 2 и членот 4 од Законот.
Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева како известител на предметот во кој се оспорени членови од Законот за електронски комуникации, образложи до кои сознанија и факти дојде Судот за да поведе постапка за членови поврзани со задржувањето на „мета податоците” кај операторите.
Брифингот се одржа веднаш по завршувањето на 25. седница на Судот, на 25.09.2024 (среда).