Во врска со прашањата дали е одложен и за кога е закажан за одлучување Законот за употреба на јазиците, Уставниот суд информира:
Овој предмет не е одложен и не може да биде одложено неговото одлучување од причина што не бил формално закажан за конкретна седница.
Согласно двата заклучока кои Судот ги донесе минатата година и оваа година, предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста.
Во текот на следниот месец, октомври, предметот не е предвиден за дневен ред на некоја од седниците со оглед на најавеното отсуство на дел од судиите кои се потврдени како говорници на меѓународни настани надвор од државата, но и поради приватни причини.
Веднаш штом ќе биде ставен на дневен ред, јавноста ќе биде информирана.