По одржаната 23. седница на 12. Септември, Уставниот суд го одлучи следното:
1. Реферат У.бр.138/2023
Оспорен акт: Закон за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање
Подносител на инцијативата: Хелсиншки комитет за човекови права претставуван од Уранија Пировска, извршна директорка
Oвој предмет е одложен за следната седница, поради отсуство на судијата известител.
2.Реферат У.бр.92/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 37 став 1 точка 3 во деловите „овите“ од збор „членовите“ и „28 ставови 6 и 9“ од Законот за квалитет и безбедност на ѓубиња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата.
Подносител: Игорчо Точев
3.Реферат У.бр.86/2023
Не се поведува постапка за оценување не уставноста и законитоста на член 2 став 1 точка 1 од Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење евиденција и член 1 од Правилникот за изменување на наведениот правилник.
Подносител на иницијативата: Здружение „Помалку пластика” од Скопје
4. Реферат У.бр.80/2022 и У.бр.85/2022
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 2 од Уредбата за изменување на уредбата за висина на надоместок на приватизација на градежно земјиште коешто се приватизира со број 41-2891/1 и 29.03.2022 год.
Подносител на иницијативата: Љубица Мијалова, Слободанчо Мијалов и Драгица Шукриева преку адвокат Зоранче Крстев.
5.Реферат У.бр.134/2024
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 25-б ставови 4, 6,7,9 и 10 и Прилогот број 5 и Прилогот број 6 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за лиценца за вршење геодетски работи, донесен од Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности.
Подносител: Комора на трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија, преку полномошник Бобан Богдановски, адвокат од Скопје
6.Реферат У.бр.121/2023
Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата на Република Македонја, бр.02-295/1 од 16.07.2012година
Подносител: дружение за развој Млади за јавен интерес Дебар
Оспорена содржина: „Во воените објекти се забранува вршење на верски обреди”
7.Реферат У.бр.68/2023
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и трнспортирање на комуналнит и индустриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес бр.25-1145/5 од 24.02.2023 година
Подносител на иницијативата: Даница Чадиева
8.Реферат У.бр.116/2024
Оспорен акт: Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024 година
Подносител: Градоначалник на Општина Богданци
Oвој предмет е одложен за следната седница, поради отсуство на судијата известител.
Напомена: Ова соопштение ги содржи само информациите од одлученото на седницата, Судот дополнително ги објавува целосните одлуки и решенија.