Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година, Су.бр.70/22 од 24 јануари 2022 година и Су.бр.149/23 од 26 јануари 2023 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2/2024
за вработување на неопределено време во Стручната служба
на Уставниот суд на Република Северна Македонија
- Административен работник – архивар – 1 (еден) извршител
Посебни услови: завршено вишо, средно или високо образование (ниво на стручни квалификации VI А според Маке¬дон¬ската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен); со или без работно искуство; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; активно да го користи македонскиот јазик; да е полнолетен; да има општа здравствена способност за работното место; и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. *Уверенијата за општа здравствена способност и дека на кандидатот не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не треба да се постари од шест месеци сметано од денот на поднесување на пријавата.
- Распоред на работно време: Работни денови: понеделник-петок; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време: од 08:00 до 16:00 часот.
- Нето плата: 31.774,00 денари (*Износот е даден ориентационо за лице со вкупно десет години работен стаж и во истиот е вклучен додатокот на плата за стаж).
- Општи информации за кандидатите: Кандидатите поднесуваат Пријава за вработување во Стручната служба која може да се преземе од интернет страницата на Судот, во категоријата „Јавност“, поткатегоријата „Огласи“ (https://ustavensud.mk/?p=20687). Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите ги доставуваат преку Писарницата на Судот со назнака „за Оглас бр.2/2024“, на следната адреса: Уставен суд на Република Северна Македонија, ул. „Кеј „Димитар Влахов“ бр.19, 1000 Скопје или преку пошта. Рок за пријавување на огласот е заклучно со 5 септември 2024 година. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави со несоодветни и нецелосни докази нема да се разгледуваат. Заради проверка на стручноста, знаењата и вештините на кандидатот за извршување на работните обврски за работното место ќе биде спроведено интервју. Дополнително, заради проверка на стручноста, знаењата и вештините на кандидатот, работодавецот може да одлучи да спроведе и стручен испит. Одлуката за избор на кандидатот ќе биде објавена на интернет страницата на Уставниот суд: www.ustavensud.mk.