Претседателот на Уставниот суд д-р. Дарко Костадиновски оствари работна средба со проф. д-р Акан Сувер, претседател на фондацијата „Мармара” и основач на Евроазискиот економски самит.
Во фокусот на средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије.
Сувер му го честиташе мандатот на претседателот Костадиновски и му посака успех во понатамошното раководење со Уставниот суд.