Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.76/2024
Скопје, 28.05.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 28 мај 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Могила, број 07-113/3 од 14.03.2006 година („Службен гласник на Општина Могила“ број 1/2006).
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Могила, број 07-113/3 од 14.03.2006 година („Службен гласник на Општина Могила“ број 1/2006).
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Советот на Општина Могила, означена во точката 1 од ова решение.
II
На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Општината, член на Советот, меѓу другото, има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според уставната одредба пропишана во член 68 став 1 алинеја 2, Собранието на Република Северна Македонија, има уставно овластување да донесува закони и да дава автентично толкување на законите.
Член 110 алинеја 2 од Уставот, пропишува дека Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи.
Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Уставниот суд, согласно со член 27 став 1 од Деловникот, може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека законите се носат во согласност со Уставот, а сите други прописи во согласност со Уставот и закон, односно само Собранието има уставно овластување за донесување закони и нивно автентично толкување, во функција на обезбедување владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.
Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Могила, врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) и член 21 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Могила („Службен гласник на Општина Могила” број 4/2005), на седница одржана на 14.03.2006 година, донел Деловник на Советот на Општина Могила со број 07-113/3, според кој, член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
Правото, коешто Советот на Општина Могила го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, не содржи одредби од кои произлегува надлежност за совет на општина да може да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за давање автентично толкување на општи акти, па оттука, Советот на Општина Могила излегол надвор од своите законски надлежности уредувајќи во Деловникот на Советот на Општината, право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесуваат барање за давање на автентично толкување на прописите.
Институтот автентично толкување, мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го употребуваат, а како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, при што, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 248/2023). Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.
Имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Во конкретниот случај, со основ се поставува прашањето за согласноста на оспорената одредба од Деловникот на Советот на Општина Могила со Законот за локалната самоуправа, односно, со основ се поставува прашањето и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот утврди дека се исполнети условите да се запре примената на спорната одредба од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, до донесувањето на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
V
Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд нa Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.76/2024
Shkup, 28.05.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafit 1, nenit 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 28 maj 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 15 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Mogillës, numër 07-113/3 nga 14.03.2006 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Mogillës” numër 1/2006).
2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 15 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Mogillës, numër 07-113/3 nga 14.03.2006 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Mogillës” numër 1/2006)
3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me vetiniciativë të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës, parashikon se anëtari i Këshillit, midis tjerash, ka të drejtë të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave në seancat e Këshillit.
III
Sipas nenit 8 paragrafit 1 alinesë 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, në pajtim me nenin 51 të Kushtetutës.
Sipas dispozitës kushtetuese të paraparë në nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut ka kompetencë kushtetuese për të miratuar ligje dhe për të dhënë interpretim autentik të ligjeve.
Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) rregullohen kompetencat e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të këtij neni, këshilli është kompetent për miratimin e statutit të komunës dhe rregullave të tjera.
Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Neni 43 i Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale i rregullon të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, kështu që sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës, ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Rrjedhimisht, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetqeverisjen Lokale.
Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 27 paragrafin 1 të Rregullores, gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligj, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.
Nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, del se ligjet miratohen në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera janë në përputhje me Kushtetutën dhe ligjin, përkatësisht vetëm Kuvendi ka kompetencë kushtetuese për miratimin e ligjeve dhe interpretimin autentik të tyre, në funksion të garantimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si supozim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve të tjera juridike.
Në rastin konkret, Gjykata konstatoi se Këshilli i Komunës së Mogillës, në bazë të nenit 36 paragrafit 1 pikës 1 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) dhe nenit 21 paragrafit 1 pikës 2 të Statutit të Komunës së Mogillës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Mogillës” nr.4/2005), në mbledhjen e mbajtur më 14.03.2006, e miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Mogillës me numër 07-113/3, sipas së cilës, anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në seancat e Këshillit.
E drejta, të cilën Këshilli i Komunës së Mogillës ua parashkroi anëtarëve të Këshillit në Rregullore, lidhet me institutin “interpretim autentik i rregullave”. Mirëpo, Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk përmban dispozita nga të cilat autoriteti i këshillit të komunës për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton, e as ligji nuk u jep komunave autoritetin për të vendosur dispozita në rregullat e tyre (rregulla apo statut) për dhënien e interpretimit autentik të akteve të përgjithshme, prandaj Këshilli i Komunës së Mogillës ka dalë përtej kompetencave të tij ligjore duke e rregulluar Rregulloren e Punës së Këshillit të Komunës, të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës mund të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullores në seancat e Këshillit.
Instituti, interpretimi autentik, duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e vetëqeverisjes lokale të mund ta përdorin atë dhe siç është rregulluar për ligjvënësit si organ i pushtetit shtetëror dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, me ç’rast procedura për interpretim autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 248/2023). Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e qeverisjes vendore, prandaj nuk është e mundur të rregullohet ky institut dhe procedura për të në rregullore apo statut.
Duke i pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili e ka për obligim ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet. Në rastin konkret pyetja e përputhshmërisë së dispozitës së kontestuar nga Rregullorja e punës së Këshillit të Komunës së Mogillës me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale shtrohet në bazë, përkatësisht me bazë është shtruar pyetja edhe për pajtueshmërinë e saj me vlerat themelore e rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.
Për shkak të mundësisë së krijimit të pasojave të dëmshme dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata përcaktoi se janë plotësuar kushtet për ndërprerjen e zbatimit të dispozitës kontestuese të Rregullores së Komunës si edhe ta ndërpresë ekzekutimin e akteve ose veprimeve individuale të ndërmarra në bazë të aktit të kontestuar, deri në miratimin e vendimit përfundimtar.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
V
Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska