Соопштение по одржаната 21. седница

На 10 јули 2024 година Уставниот суд ја одржа 21. седница и го одлучи следното: 

1.Реферат У.бр.4/2024

Се поведува постапка за член 36 став 1 за деловите “прво и второ”, став 2, како и деловите „прво и второ” и „доколку мајката нема новородено дете во смисла на ставот 2 на овој член”од став 3. 

Се отфрли иницијативата за поведување на постапка за членот 38 став 3 од Законот за заштита на децата. 

Подносител: Климентина Ангелеска

2.Реферат У.бр.124/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 19 став 2 во делот „како и друг начин на стекнување на недвижности со и без надоместот меѓу правни и физички лица“ од Законот за даноците на имот.

Подносител: Оливер Давидовски од Скопје

3.Реферат У.бр.144/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на уставност на член 22 став 1 алинеја 1 во делот „и членовите на стечајниот совет“, член 65 став 4 во делот „до стечајниот совет“, член 206 став 1 во делот „стечајниот совет“ и член 214 став 1 во делот „стечајниот совет“ од Законот за стечај.

Подносител: Оливер Давидовски од Скопје

4. Реферат У.бр.174/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на делот: „министерот“ од првиот ред на ставот 2 од членот 143 од Законот за енергетика

II- ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ 

У.бр.177/2023

Се отфрла иницијативата за решавање на судир на надлежност по барање на Основниот суд Охрид, до Уставниот суд. 

III- ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ ОДЛУКИ

1.У.бр.135/2022

Се укинува Одлука бр.27-6567/1 од 07.06.2022 година за донесување на Регулациски план на генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт ЈИ 03 донесена на 07.06.2022 

Подносител на иницијативата: Дуња Туртурова и Бојан Милошевски, адвокати од Скопје

2. У.бр.29/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Илинден.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

3.У.бр.35/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Oпштина Вевчни.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд. 

4.У.бр.42/2024

Се укинува член 16 алинеја 3 и член 146, 147 и 148 од Деловникот на Советот на Општина Струмица, број 07-1510/1 од 16.03.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Струмица“ бр.2/2006. 

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд. 

5.У.бр.59/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Брвеница бр.01-179/1 од 02.03.2006 година („Службен гласник на Општина Брвеница“ број 11/2006). 

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд. 

6.У.бр.62/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Охрид („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.16/2014). 

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд. 

7.У.бр.69/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Демир Капија, број 0701-487/5 од 23.12.2005 година.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд. 

8.У.бр.77/2024

Се укинува член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Ранковце број 01-349/3 од 18.07.2006 година.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.