Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска го прими во проштална посета амбасадорот на Народна Република Кина, г. Џанг Ѕуо.
На средбата Костадиновски го запозна амбасадорот со приоритетите и активностите кои планира да ги спроведе за време на неговиот мандат и беа разменети мислења за севкупната билатерална соработка.
Амбасадорот Ѕуо упати честитки за изборот, нагласувајки ја важноста на Судот во уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Претседателот д-р Костадиновски му посака успех во вршењето на понатамошните должности.