Денеска(11 јули 2024) ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” -Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Меморандумот ќе го потпишат претседателот на Судот д-р Дарко Костадиновски и деканот проф. д-р Сашо Георгиевски.
Потпишувањето на овој Меморандум е првиот чекор кон реализирање на еден од врвните приоритети на претседателот Костадиновски, којшто при преземањето на функцијата најави дека ќе се заложи за интензивирање на соработката и интеракцијата на Уставниот суд и науката.
На потпишувањето на Меморандумот претходеше работна средба минатата недела во Уставниот суд на којашто беше дискутирано за можностите за унапредување на соработката помеѓу двете институции.
По потпишување на Меморандумот се очекува поголема присутност на професори особено од областа на уставното право во секојдневните активности, согласно надлежностите на Судот, како и воспоставување на програми и проекти, работилници и конференции на кои ќе се разменуваат ставови и мислења на важни теми од значење за уставното судство, кои ќе донесат бенефит за двете страни-потписнички.