У.бр.63/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.63/2024
Скопје, 28.05.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 28 мај 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 40 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/2007,3/2009, 18/2010 и 1/2021).

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од член 40 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/2007,3/2009, 18/2010 и 1/2021).

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од актот означен во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека согласно со член 40 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Велес „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите”.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Согласно со член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.

Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Велес во свој пропис – Деловникот на Советот на Општина Велес, во глава III „Права и должности на членовите на Советот“ поглавјето 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози“, го уредил член 40 став 1 алинеја 3, според кој член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите.

Правото коешто Советот на Општина Велес, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

За да можат органите на локалната власт да го употребуваат институтот автентично толкување, истото треба да биде предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Меѓутоа, за органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 40 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Велес, со кое се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Велес излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста на член 40 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Велес со Законот за локалната самоуправа, вклучително и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Велес, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Оваа решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.63/2024
Shkup, 28.05.2024

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 14 paragrafit 1, nenit 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 28 maj 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 40 paragrafit 1 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Velesit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Velesit” nr.12/2007,3/2009, 18/2010 dhe 1/2021).

2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 40 paragrafit 1 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Velesit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Velesit” nr.12/2007,3/2009, 18/2010 dhe 1/2021).

3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim
I

Gjykata Kushtetuese, në përputhje me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me nismën e saj nisjen e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të aktit të përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se në pajtim me nenin 40 paragrafin 1 alinenë 3 të Rregullores së punës së Këshillit të Komunës së Velesit, “Anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregulloreve në seancat e Këshillit”.

III

Sipas nenit 8 paragrafit 1 alinesë 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, Gjykata Kushtetuese mund të miratojë aktvendim për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.

Me nenin 36 paragrafin të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, këshilli është kompetent për miratimin e statutit të komunës dhe rregullave të tjera. Ndërsa, sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit të njëjtë, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.

Me nenin 43 të Ligjit në fjalë rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit dhe në këtë kuptim sipas paragrafit 2 të nenit në fjalë, anëtarët e këshillit kanë të drejtë në seancë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës, ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.

Sipas kësaj, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen edhe të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, megjithatë, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.

Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Velesit në rregulloren e vet – Rregullorja e punës së Këshillit të Komunës së Velesit, në kapitullin III “Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit” kapitulli 3 “Inicimin e iniciativave dhe parashtrimin e propozimeve”, e rregullon neni 40 paragrafi 1 alineja 3, sipas të cilit anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretimin autentik të rregullave në seancat e Këshillit.

Të drejtën që Këshilli i Komunës së Velesit ua rregulloi anëtarëve të Këshillit me Rregulloren e punës lidhet me institutin “interpretim autentik i rregullores”. Mirëpo, Ligji për Vetëqeverisjen Lokale, me asnjë dispozitë nuk parasheh kompetencën e këshillit të komunës për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk u jep komunave kompetencë që të jenë në gjendje, në rregullat e tyre (rregullore ose statut), të rregullojnë dispozita për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.

Në mënyrë që organet e qeverisjes lokale ta përdorin institutin e interpretimit autentik, e njëjta gjë duhet të parashikohet në ligj, siç parashikohet për ligjvënësit si organ i qeverisjes shtetërore edhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Megjithatë, për organet e qeverisjes lokale, ligji nuk parashikon institucionin e interpretimit autentik të akteve të përgjithshme që i miratojnë, në mënyrë që ky institucion dhe procedura e tij të mos mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut. Prandaj, neni 40 paragrafi 1 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Velesit, i cili përcakton të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës të mund të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregullave në seancat e Këshillit janë paraparë pa bazë ligjore, me çka Këshilli i Komunës së Velesit ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.

Në bazë të asaj që u tha më lart dhe duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilave në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata me bazë shprehu dyshim për pajtueshmërinë e nenit 40 paragrafit 1 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Velesit me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, përfshirë këtu edhe për pajtueshmërinë e tij me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin i sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregullime juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së krijimit të pasojave të dëmshme, ndërsa në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndërpresë zbatimin e akteve dhe veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave kontestuese të Rregullores së Komunës së Velesit, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm.

IV

Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

V

Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska