Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.55/2024
Скопје, 28.05.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 28 мај 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Дојран („Службен гласник на Општина Дојран” бр.19/2007 и 3/2023).
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Дојран („Службен гласник на Општина Дојран” бр.19/2007 и 3/2023).
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.55/2024 од 9 април 2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Општина Дојран, означена во точката 1 од оваа одлука.
II
На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Дојран „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите“.
III
Според член 8 став 1 алинеи 3 и 9 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото и локалната самоуправа се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Согласно со член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 115 став 2 од Уставот, општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитота на нејзината работа го врши Републиката.
Според член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставност на закон, односно на уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Согласно со уставната одредба, надлежностите на општината се уредени со закон – Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) кој го уредува непосредното учество на граѓаните во одлучувањето, организацијата и работата на органите на општината, општинската администрација и актите на органите на единиците на локалната самоуправа.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи.
Според член 62 став 1 од наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должности на членовите на советот, па така согласно став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Советот на Општина Дојран, повикувајќи се на член 16 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Дојран („Службен гласник на Општина Дојран” бр.9/06, 8/20, 12/14, 4/19 и 1/20) на 25 април 2007 година го донел Деловникот на Советот на Општина Дојран, со кој поблиску уредил определени прашања поврзани со организацијата и начинот на работа на Советот, меѓу кои и прашањето за правата и должностите на членовите на Советот на Општината. Во рамките на правото на членот на советот да покренува иницијативи и да поднесува предлози до Советот, со оспорената одредба од член 15 точка 3 е предвидено дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
Меѓутоа, во Законот за локалната самоуправа, автентичното толкување на прописите на општината не е предвидено како надлежност на советот на општината кој како претставнички орган на граѓаните на локално ниво е единствен орган кој донесува прописи. Оттука, членовите на советот на општината можат да поднесуваат иницијативи и да даваат предлози за прашања од надлежност на советот, а не и за оние прашања за кои советот не е надлежен, ниту овластен да одлучува како што е прашањето за давање на автентично толкување на прописите на советот. Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, се утврди дека Советот на Општина Дојран во свој пропис – Деловникот за работа на Советот на Општина Дојран предвидел право за член на советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите, иако таква надлежност на советите на општините не е предвидена во Законот за локалната самоуправа. Со таквото уредување, Советот на Општина Дојран излегол надвор од своите законски надлежности и уредил прашање, односно овластување на членовите на советот, кое нема законска основа.
За да можат органите на општината, пред сѐ советот на општината, да дава автентично толкување на прописите што ги носи, тоа овластување мора да биде предвидено во законот, на сличен начин како што тоа за Собранието на Република Северна Македонија е уредено со Уставот во член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, при што, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013). Во конкретниот случај, не постои законска основа за да можат органите на локалната власт да даваат автентично толкување на прописите, така што не може со Статутот на Општината и со Деловникот на Советот тоа да биде уредено како надлежност на Советот, односно како право на членот на Советот.
Од овие причини Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива го покрена прашањето за согласноста на означената одредба од Деловникот со Уставот и Законот за локалната самоуправа. Со оглед на тоа дека нејзиното уредување во Деловникот на Општината е без уставен и законски основ, Судот цени дека одредбата не е во согласност со принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска за усогласеност на прописите со Уставот и законите, определена во член 51 од Уставот, како и со одредбите од Законот за локалната самоуправа во кој се уредени овластувањата на единиците на локалната самопуправа.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.55/2024
Shkup, 28.05.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 28 maj 2024, miratoi
V E N D I M
1. SHFUQIZOHET neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Dojranit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Dojranit“ nr.19/2007 dhe 3/2023).
2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e zbatimit të akteve individuale apo veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të nenit 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Dojranit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Dojranit“ nr.19/2007 dhe 3/2023).
3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetiniciativë me Aktvendimin U.nr. 55/2024 të 9 prillit 2024 inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Komunës së Dojranit, të shënuar në pikën 1 të këtij Vendimi.
II
Në seancë Gjykata konstatoi se sipas nenit 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Dojranit “Anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në seancat e Këshillit”.
III
Sipas nenit 8 paragrafit 1 alineve 3 dhe 9 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës dhe vetëqeverisja lokale janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 115 paragrafit 2 të Kushtetutës, komuna është e pavarur në ushtrimin e kompetencave të përcaktuara me Kushtetutë dhe me ligj, ndërsa mbikëqyrjen mbi ligjshmërinë e punës së saj e kryen Republika.
Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Në përputhje me dispozitën kushtetuese, kompetencat e komunës janë të rregulluara me ligj – Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) me të cilin rregullohet pjesëmarrja e drejtpërdrejtë e qytetarëve në vendimmarrje, organizimin dhe punën e organeve të komunës, administratës komunale dhe aktet e organeve të njësive të vetëqeverisjes lokale.
Me nenin 36 të Ligjit të Vetëqeverisjes Lokale rregullohen kompetencat e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të këtij neni, këshilli është kompetent për miratimin e statutit të komunës dhe rregullave të tjera.
Sipas nenit 62 paragrafi 1 i këtij ligji, në ushtrimin e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat e tjera të përcaktuara me ligj.
Neni 43 i Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale i rregullon të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, kështu që sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i bëjnë pyetje kryetarit të komunës, ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregullore të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Këshilli i Komunës së Dojranit, duke iu referuar nenit 16 paragrafit 1 pikës 2 të Statutit të Komunës së Dojranit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Dojranit” nr. 9/06, 20/8, 14/12, 4/ 19 dhe 1/20) më 25 prill 2007 ka miratuar Rregulloren e punës së Këshillit të Komunës së Dojranit, me të cilën janë rregulluar disa çështje që kanë të bëjnë me organizimin dhe mënyrën e punës së Këshillit, duke përfshirë edhe çështjen e të drejtave dhe detyrave të anëtarëve të Këshillit të Komunës. Në kuadër të së drejtës së anëtarit të këshillit për të ndërmarrë iniciativa dhe për të paraqitur propozime në Këshill, dispozita e kontestuar e nenit 15 pika 3 parashikon se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në seancat e Këshillit.
Megjithatë, në Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, interpretimi autentik i rregullave komunale nuk është paraparë si kompetencë e këshillit komunal, i cili si organ përfaqësues i qytetarëve në nivel lokal është i vetmi autoritet që miraton rregulla. Si rrjedhojë, anëtarët e këshillit të komunës mund të paraqesin iniciativa dhe të bëjnë propozime për çështje me kompetencë të këshillit, e jo edhe për ato çështje për të cilat këshilli nuk është kompetent dhe as i autorizuar të vendosë, siç është çështja e interpretimit autentik të rregullave të këshillit. Rrjedhimisht, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
Në rastin konkret është konstatuar se Këshilli i Komunës së Dojranit në rregullin e tij – Rregulloren e punës së Këshillit të Komunës së Dojranit parasheh të drejtën e anëtarit të këshillit që të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave, edhe pse një kompetencë e tillë e këshillave të komunave nuk është e paraparë me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale. Me një rregullim të tillë, Këshilli i Komunës së Dojranit ka dalë jashtë kompetencave të tij ligjore dhe ka rregulluar një çështje, përkatësisht autorizimin e anëtarëve të këshillit, që nuk ka bazë ligjore.
Në mënyrë që organet e komunës, mbi të gjitha këshilli i komunës, të japin interpretim autentik të rregullave që i miraton, ky autorizim duhet të parashikohet në ligj, në mënyrë të ngjashme siç është rregulluar për Kuvendin e Republikës së Maqedonisë së Veriut me Kushtetutë në nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, me çka procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013). Në rastin konkret nuk ka asnjë bazë ligjore që organet e pushtetit lokal të mund të japin interpretim autentik të rregullave, kështu që nuk mund të rregullohet me Statutin e Komunës dhe Rregulloren e Këshillit si kompetencë e Këshillit, përkatësisht si e drejtë e anëtarit të Këshillit.
Për këto arsye, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës, me vetiniciativë e ngriti çështjen e pajtueshmërisë së dispozitës së përmendur të Rregullores me Kushtetutën dhe Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale. Duke qenë se rregullimi i saj në Rregulloren e Komunës është pa bazë kushtetuese dhe ligjore, Gjykata vlerëson se dispozita nuk është në përputhje me parimin e sundimit të ligjit nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe detyrimin kushtetues për pajtueshmërinë e rregullave me Kushtetutën dhe ligjet, të përcaktuara në nenin 51 të Kushtetutës, si dhe me dispozitat e Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, i cili i rregullon kompetencat e njësive të Vetëqeverisjes Lokale.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska