У.бр.80/2023-1


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.80/2023
Скопје, 27.03.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27.03.2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА член 6 став 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбата, означена во точката 1 од оваа одлука.

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

По поднесената иницијатива од Александар Илиевски од Битола, на седницата одржана на 14 ноември 2023 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021).

II

На седницата Судот утврди дека согласно со оспорената одредба од член 6 став 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021), стапките на данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во член 2 став 1 точка 1. од овој закон кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година, се зголемуваат за три пати во однос на стапките пропишани во ставот 1 на овој член.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Граѓаните на Република Северна Македонија, согласно со член 9 став 1 од Уставот, се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Според ставот 2 од истиот член, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Со член 33 од Уставот, е уредено дека секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.

Согласно со член 51 став 1 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. А во ставот 2 на истиот член е утврдено дека секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Начинот на администрирање на данокот на имот, данокот на наследство и подарок и данокот на промет на недвижности, законодавецот го уредил со Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021).

Владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, покрај другото, гo опфаќа принципот на правна сигурност според кој во правниот поредок треба да постојат јасни, прецизни и концизни одредби, со цел субјектите на правото при примена на истите да не се соочуваат со ситуација на различно толкување во примената која може да води кон арбитрарност, и како последица на тоа граѓаните да не можат да ги реализираат нивните права и да ги исполнуваат законските обврски, односно истите да ги исполнуваат на нееднаков начин, спротивно на член 9 од Уставот.

Наводите на подносителот во иницијативата дека оспорената одредба е во спротивност со член 9 од Уставот на начин што граѓаните кои не користат или не издаваат личен имот повеќе од шест месеци се ставени во нееднаква положба во однос на другите, од причина што е нејасно на кој начин ќе се утврди дали и колку недвижниот имот од страна на сопственикот се користи или се издава под закуп во тековната година, Судот оцени дека се основани од повеќе причини.

Од анализата на оспорениот член 6 став 4 од Законот за даноците на имот според кој стапките на данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во член 2 став 1 точка 1 од овој закон кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година, се зголемуваат за три пати во однос на стапките пропишани во став 1 на овој член, Судот утврди дека недостасува јасно и целосно дефинирање на критериумите врз основа на кои ќе се пресмета рокот од 6 месеци за некористење на недвижниот имот.

Покрај ова, според Судот нејасноста на оспорената одредба произлегува и од фактот дека во рамките на Законот не се дефинирани начинот и постапката за утврдување на некористењето на недвижниот имот, односно не постојат јасни критериуми како, со што, и пред кој орган се докажува користењето односно некористењето на недвижниот имот, што може да доведе до арбитрарност во примената односно да создава правна несигурност во практикувањето на правото за субјектите кои се засегнати со конкретното правно прашање. Ова од причина што во рамките на Законот, не е дефинирано прашањето што претставува некористење на недвижен имот, ниту е предвидено дека со подзаконски акти ќе се операционализираат или дефинираат прецизно критериумите и постапувањето на органите задолжени за утврдување на некористење на недвижниот имот, што претставува клучен момент за утврдување на трипати повисок данок за сопствениците на истите.

Темелната вредност, владеење на правото во еден правен систем или поредок треба да се остварува преку доминација на правната норма која треба да биде јасна, прецизна и разбирлива, која нема да остава можност за различно толкување и нејзина различна примена што може да доведе до повреда на принципот на правна сигурност на граѓаните. Во тој конктекст, правната сигурност и владеењето на правото се во функција да го обезбедат и принципот на еднаквост на граѓаните утврден во член 9 од Уставот. Оттука, во околности на нејасни и непрецизни законски одредби од кои не може да се утврди кој, со што и како го утврдува законското решение во деловите „кој не се користи“ и „подолго од 6 месеци“, покрај правната сигурност, Судот оцени дека се доведува под сомнение и принципот на еднаквост.

Судот утврди дека во отсуство на јасно уредени критериуми на законското решение „кој не се користи“, „подолго од 6 месеци“, и нејасниот начин на докажување на користењето односно некористењето (со што и пред кој орган се докажува), оспорената одредба може на арбитрарен начин да се применува од различни општини на различен начин со примена на различни критериуми, со што граѓаните можат да бидат доведени не само во правна несигурност, туку и ќе бидат различно третирани во нивните права и обврски во зависност од тоа која општина кој критериум ќе го примени, што претставува повреда на принципот на еднаквост.

Во однос на наводите на иницијативата коишто претставуваат барање за испитување меѓусебна усогласеност на одредби од ист закон, истото претставува барање коешто излегува надвор од уставно утврдените рамки на надлежности на Уставниот суд, имајќи го предвид уредувањето во член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот, според кои Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите.

Што се однесува до предлогот на подносителот, доколку се утврди потреба Уставниот суд да поднесе барање за автентично толкување на оспорената одредба до Собранието на Република Северна Македонија кое согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, донесува закони и дава автентично толкување на законите, Судот утврди дека истиот е беспредметен од причина што согласно со наведената уставно-судска анализа, оспорената одредба не е во согласност со одредбите од член 8 став 1 алинеја 3 и член 9 од Уставот.

IV

Со донесувањето на оваа одлука Судот одлучи да го стави вон сила Решението У.бр.80/2023 од 14 ноември 2023 година за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 6 став 4 од Законот за даноците на имот.

V

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

VI

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

Издвоено мислење по Одлуката У.бр.80/2023

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.80/2023
Shkup, 27.03.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, dhe nenit 28 alineja 1 dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27.03.2024, miratoi

V E N D I M

1. NDËRPRITET neni 6 paragrafi 4 i Ligjit për tatimin në pronë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 dhe Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2021).

2. SHFUQIZOHET Aktvendimi për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të dispozitës së përcaktuar në pikën 1 të këtij vendimi.

3. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Pas iniciativës së parashtruar nga Aleksandar Ilievski nga Manastiri, në seancën e mbajtur më 14 nëntor 2023, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 6 paragrafi 4 të Ligjit për tatimin në pronë (“Zyrtare Gazeta e Republikës së Maqedonisë” numër 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 dhe Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër” број 151/2021).

II

Gjykata në seancë konstatoi se në përputhje me dispozitën kontestuese të nenit 6 paragrafi 4 të Ligjit për tatimin në pronë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84 /2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2021), shkallët e tatimit në pronë për pronën tjetër të paluajtshme të përshkruar në nenin 2 paragrafi 1 pika 1 të këtij ligji i cili është në pronësi të shtetit ose komunave, komunave në Qytetin e Shkupit dhe Qytetit të Shkupit si dhe në pronësi të personave fizikë dhe juridikë, dhe e cila nuk shfrytëzohet nga pronari ose nuk jepet me qira për më shumë se gjashtë muaj në një vit, rriten trefish në raport me shkallët e përcaktuara në paragrafin 1 të këtij neni.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në pajtim me nenin 9 paragrafi 1 të Kushtetutës, janë të barabartë në liritë dhe të drejtat pa dallim gjinie, race, ngjyrës së lëkurës, prejardhjes kombëtare dhe sociale, besimit politik dhe fetar, pasurisë dhe pozitës shoqërore. Sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.

Neni 33 i Kushtetutës përcakton se secili është i detyruar të paguajë tatimin dhe detyrimet e tjera publike dhe të marrë pjesë në pagesën e shpenzimeve publike në mënyrën e përcaktuar me ligj.

Në pajtim me nenin 51 paragrafi 1 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Ndërsa në paragrafin 2 të të njëjtit nen, përcaktohet se secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Mënyra e administrimit të tatimit në pronë, tatimit në trashëgimi dhe dhuratë dhe tatimit në qarkullim të patundshmërive është rregulluar nga ligjvënësi me Ligjin për tatimin në pronë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 61/2004, 92/2007, 102/2008 , 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2021).

Sundimi i së drejtës si vlerë themelore e rendit kushtetues ndër të tjera përfshin parimin e sigurisë juridike sipas të cilit në rendin juridik duhet të ketë dispozita të qarta, të sakta dhe koncize, në mënyrë që subjektet e ligjit të mos përballen me një situatë të interpretimit të ndryshëm në zbatim, i cili mund të çojë në arbitraritet dhe si pasojë qytetarët nuk mund të realizojnë të drejtat e tyre dhe të përmbushin detyrimet e tyre ligjore, pra t’i përmbushin ato në mënyrë të pabarabartë, në kundërshtim me nenin 9 të Kushtetutës.

Pretendimet e parashtruesit në iniciativë se dispozita e kontestuar bie ndesh me nenin 9 të Kushtetutës në atë mënyrë që qytetarët të cilët nuk shfrytëzojnë apo japin me qira pronën personale për më shumë se gjashtë muaj vihen në pozitë të pabarabartë në lidhje me të tjerët, për arsye se është e paqartë se në çfarë mënyre do të përcaktohet nëse dhe sa prona e paluajtshme është në shfrytëzim apo jepet me qira nga pronari në vitin aktual, Gjykata ka konsideruar se ato janë krijuar për disa arsye.

Nga analiza e nenit 6 paragrafi 4 të kontestuar të Ligjit për tatimin në pronë, sipas të cilit shkallët e tatimit në pronë për pronën tjetër të paluajtshme të përshkruar në nenin 2 paragrafi 1 pika 1 të këtij ligji e cila është në pronësi të shtetit apo komunave, komunave në Qytetin e Shkupit dhe Qytetin e Shkupit, si dhe në pronësi të personave fizikë dhe juridikë, e cila nuk shfrytëzohen nga pronari ose nuk jepet me qira për më gjatë se gjashtë muaj gjatë vitit, rriten për trefish në lidhje me shkallët e përcaktuara në paragrafin 1 të këtij neni, Gjykata konstatoi se mungon një përcaktim i qartë dhe i plotë i kritereve në bazë të të cilave do të llogaritet periudha prej 6 muajsh për mospërdorimin e pronës së paluajtshme.

Krahas kësaj, sipas Gjykatës, paqartësia e dispozitës së kontestuar rrjedh edhe nga fakti se në suaza të Ligjit nuk janë saktësuar mënyra dhe procedura për përcaktimin e mospërdorimit të pronës së paluajtshme, gjegjësisht nuk ka kritere të qarta për të se si, me çfarë dhe para cilit organi dëshmohet përdorimi, pra mospërdorimi i pronës së paluajtshme, që mund të çojë në arbitraritet në zbatim, respektivisht të krijojë pasiguri juridike në praktikën juridike për subjektet që preken me çështjen konkrete juridike. Kjo pasi në kuadër të ligjit nuk është përcaktuar çështja që paraqet mospërdorim të pronës së paluajtshme dhe as nuk parashikohet që aktet nënligjore të funksionalizojnë apo të përcaktojnë saktësisht kriteret dhe veprimet e organeve përgjegjëse për përcaktimin e mos -përdorimit të pronës së paluajtshme, që paraqet një moment kyç për përcaktimin e një takse trefish më të lartë për pronarët e të njëjtës.

Vlera themelore, sundimi i së drejtës në një sistem apo rend juridik duhet të realizohet përmes dominimit të normës juridike e cila duhet të jetë e qartë, e saktë dhe e kuptueshme, e cila nuk do të lërë mundësinë e interpretimit të ndryshëm dhe zbatimit të ndryshëm të saj që mund të çojë në cenimin e parimit të sigurisë juridike të qytetarëve. Në këtë kontekst, siguria juridike dhe sundimi i së drejtës funksionojnë për të garantuar parimin e barazisë së qytetarëve të përcaktuar në nenin 9 të Kushtetutës. Pra, në rrethana të dispozitave ligjore të paqarta dhe jo precize nga të cilat nuk mund të përcaktohet se kush, me çfarë dhe si e përcakton zgjidhjen ligjore në pjesët “që nuk përdoret” dhe “më gjatë se 6 muaj”, përveç sigurisë juridike, Gjykata vlerësoi se vihet në pikëpyetje edhe parimi i barazisë.

Gjykata vendosi se në mungesë të kritereve të përcaktuara qartë të zgjidhjes ligjore “që nuk përdoret”, “më gjatë se 6 muaj”, dhe mënyrës së paqartë të vërtetimit të përdorimit apo mospërdorimit (me çfarë dhe para cilit organ është dëshmuar), dispozita e kundërshtuar mundet që në mënyrë arbitrare të zbatohet nga komuna të ndryshme në mënyrë të ndryshme duke zbatuar kritere të ndryshme, me të cilat qytetarët mund të futen jo vetëm në pasiguri juridike, por edhe do të trajtohen ndryshe në të drejtat dhe obligimet e tyre në varësi se cila komunë cilin kriter do ta zbatojë, që paraqet shkelje të parimit të barazisë.

Në lidhje me pretendimet e iniciativës, të cilat paraqesin kërkesë për shqyrtimin e pajtueshmërisë së dyanshme të dispozitave të të njëjtit ligj, e njëjta paraqet një kërkesë që del jashtë kornizave të përcaktuara me kushtetutë të kompetencave të Gjykatës Kushtetuese, duke marrë parasysh rregulloren në Neni 110, alinetë 1 dhe 2 të Kushtetutës, sipas të cilave Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Sa i përket propozimit të parashtruesit, nëse konstatohet se Gjykata Kushtetuese duhet të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të dispozitës së kontestuar në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë së Veriut, që në pajtim me nenin 68 paragrafi 1, alineja 2 të Kushtetutës, miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, Gjykata konstatoi se është e parëndësishme sepse sipas analizës kushtetuese-gjyqësore dispozita e kontestuar nuk është në përputhje me dispozitat e nenit 8, paragrafi 1, alineja 3 dhe nenin 9 të Kushtetutës.

IV

Me miratimin e këtij vendimi, Gjykata vendosi që ta shfuqizojë Aktvendimin U.nr.80/2023 të datës 14 nëntor 2023 për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 6 paragrafi 4 të Ligjit për tatimin në pronë.

V

Nisur nga sa më sipër, Gjykata me shumicë votash vendosi si dispozitiv të këtij vendimi.

VI

Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska