Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.51/2024
Скопје, 09.04.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 27 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 9 април 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 12 алинеја 3 од Деловникот на Општина Босилово („Службен гласник на Општина Босилово“ бр.27/2007).
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 12 алинеја 3 од Деловникот на Општина Босилово.
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Општина Босилово, означена во точката 1 од ова решение.
II
На седницата Судот утврди дека според член 12 алинеја 3 од Деловникот на Општината член на Советот, меѓу другото, има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
III
Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, согласно со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Во член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд е определено дека Судот може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Согласно со член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Во конретниот случај, врз основа на член 21 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Босилово („Службен гласник на Општина Босилово” бр.3/2005) Советот на Општина Босилово го донел Деловникот на Општина Босилово во чиј член 12 алинеја 3 предвидел дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите. Означената статутарна одредба е основ за донесување на Деловникот на Општината.
Согласно со уставните одредби автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт, односно Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите. Постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.
Во конкретниот случај, дадено е право на член на Советот на Општината да поднесе барање за автентично толкување на прописите на седница на Советот.
Според член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, Советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно член 62 став 1 од истиот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Во член 21 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Босилово е предвидено дека Советот, меѓу другото, донесува Деловник.
Оттаму, цитираните одредби од Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општината кои се означени во Деловникот како основ за негово донесување неспорно содржат овластување за донесување на Деловник на Општината, но ниту овие одредби ниту Уставот не содржат определување на надлежност за членовите на Советот да имаат право да поднесат барање за автентично толкување на прописите кои ги носи Општината.
Имајќи предвид дека станува збор за прашање, коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, произлегува дека органите на локалната власт немаат законска основа за иницирање и спроведување постапка за давање автентично толкување, и не можат во деловник или статут изворно да го уредуваат овој институт и процедурата за истиот.
Врз основа на направената анализа произлегува дека предмет на уредување е определено право за член на Советот да бара автентично толкување на донесените акти, иако од Уставот и Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување за совет на општина или негов член да дава или бара автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту наведениот закон упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се уреди постапка за автентично толкување на општите акти.
Од овие причини Уставниот суд согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот по сопствена иницијатива го покрена прашањето за согласноста на означената одредба од Деловникот со Уставот и Законот за локалната самоуправа. Со оглед дека нејзиното уредување во Деловникот на Општината, е без уставен и законски основ, сметаме дека постои сомнение за неговата согласност со принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска за усогласеност на прописите со Уставот и законите определена во член 51 од Уставот.
Имајќи го предвид сето погоре изнесено, според Судот исполнети се условите за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на означената одредба од Деловникот.
Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, цениме дека се исполнети и условите Судот да ја запре примената на спорната одредба од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, до донесувањето на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
V
Ова решение произведува правно дејство од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.51/2024
Shkup, 09.04.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, dhe neneve 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 prill 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 12 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bosilovës numër 07-1299/2 nga 13.03.2006 („Gazeta Zyrtare të Komunës së Bosilovës“ nr.27/2007).
2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 12 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Bosilovës.
3. Ky aktvendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
Arsyetim
I
Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në përputhje me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me iniciativë të saj formimin e lëndës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Këshillit të Komunës së Bosilovës, e përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
II
Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 12 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës, anëtari i Këshillit, ndër të tjera, ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullores në mbledhjen e Këshillit.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Neni 110 paragrafi 2 i Kushtetutës përcakton se Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Në pajtim me nenin 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akt të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse realizimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.
Në rastin konkret, bazuar në nenin 21 paragrafi 1 pika 2 të Statutit të Komunës së Bosilovës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Bosilovës” nr. 3/2005), Këshilli i Komunës së Bosilovës ka miratuar Rregulloren e Komunës së Bosilovës në të cilën neni 12 alineja 3 parasheh se anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullores në mbledhjet e Këshillit. Dispozita e cekur statutore është bazë për miratimin e Rregullores së Komunës.
Në pajtim me dispozitat kushtetuese, interpretimin autentik të ligjeve e bën ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ, përkatësisht Kuvendi, në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, miraton ligjet dhe jep autentik interpretimi i ligjeve. Procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.
Në rastin konkret, një anëtari të Këshillit të Komunës i jepet e drejta që në mbledhjen e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullores.
Sipas nenit 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat tjera, dhe sipas nenit 62 paragrafi 1 të të njëjtit ligj, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statut, programe, plane, vendime dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Në nenin 21 paragrafi 1 pika 2 e Statutit të Komunës së Bosilovës është parashikuar që Këshilli ndër të tjera miraton Rregullore.
Së këndejmi dispozitat e cituara të Ligjit për vetëqeverisjen lokale dhe Statutit të Komunës të cilat janë të shënuara në Rregullore si bazë për miratimin e tij, padyshim që përmbajnë autorizim për miratimin e Rregullores së Komunës, por as këto dispozita dhe as Kushtetuta nuk përmbajnë një përcaktim të kompetencës që anëtarët e Këshillit të kenë të drejtë të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregullave të miratuara nga Komuna.
Duke pasur parasysh se është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal ta zbatojnë atë, siç parashikohet për ligjvënësit shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, rezulton se Organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për fillimin dhe zbatimin e procedurës për ofrimin e interpretimit autentik dhe nuk mund ta rregullojnë rrjedhimisht këtë institut dhe procedurën për të në rregullore apo statut.
Në bazë të analizës së kryer rezulton se objekt i rregullimit është e drejta e caktuar e anëtarit të Këshillit që të kërkojë interpretim autentik të akteve të miratuara edhe pse Kushtetuta dhe Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk del autorizim për këshillin e një komunë ose anëtar të sajë të japë ose të kërkojë një interpretim autentik të rregulloreve që i miraton dhe as ligji në fjalë nuk i referohet mundësisë në një akt tjetër (statut ose rregullore të komunës) për të rregulluar një procedurë për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.
Për këto arsye, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, me vetëiniciativë, ngriti çështjen e pajtueshmërisë së dispozitës së shënuar të Rregullores me Kushtetutën dhe Ligjin për vetëqeverisjen lokale. Duke qenë se rregullimi i sajë në Rregulloren e Komunës është pa bazë kushtetuese dhe ligjore, konsiderojmë se ka dyshime për pajtueshmërinë e sajë me parimin e sundimit të së drejtëst nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe obligimin kushtetues për harmonizimin e rregullave me Kushtetutën dhe ligjet të përcaktuara në nenin 51 të Kushtetutës.
Duke marrë parasysh të gjitha sa më sipër, sipas Gjykatës, janë plotësuar kushtet për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së shënuar të Rregullores.
Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, vlerësojmë se janë plotësuar kushtet që Gjykata ta ndërpresë zbatimin e dispozitës së kontestuar nga Rregulloreja e Komunës, si dhe të ndalojë realizimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të aktit kontestues, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.
IV
Nisur nga sa më sipër, Gjykata vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.
V
Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska