Дневен ред за 18. седница на Уставниот суд закажана за 28 мај 2024 година

Уставниот суд ќе ја одржи 18. Седница на 28 мај со дневен ред на којшто се предвидени осум иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и три предлози за одлучување со нацрт-одлуки. 

1.Реферат У.бр.159/2024

Oспорен: Точка 1 од Упатството за измена и дополнување на Упатството за радиодифузарите за претседателските и парламентарните избори 2024 бр.01-1911/1 од 15.04.2024 година.

Подносител на иницијативата: Политичка партија „Левица” од Скопје

Од наводите во иницијативата: 

Подносителот наведува дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги произволно и неточно ги толкувала Изборниот законик и погрешно ја утврдила фактичката состојба во однос на позиционирањето на политичките партии во Собранието ан Република Северна Македонија, при што издала Упатство кое е во спротивност со закон, а се однесува на медиумско претставување во текот на изборната кампања. Наведено е дека Упатството е спротивно на политичкиот плурализам и слободните и непосредни и демократски избори во државата бидејќи со него медиумската минутажа била нееднакво поделена и медиумите неизбалансирано ги покривале сите политички опции за парламентарните избори 2024 година. 

2.Реферат У.бр.12/2024

Оспорен: Член 40 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Град Скопје

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

3.Реферат У.бр.22/2024

Автентично толкување на општи акти и членовите 105, 106, 107, и 108 содржани во поглавјето VIII. 

Оспорен: Член 40 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Град Скопје

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

4. Реферат У.бр.25/2024

Оспорен: Насловот во глава X, точка 7 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 178, 179, 180 181 од Деловникот на Советот на Општина Гевгелија. 

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

5. Реферат У.бр.39/2024

Оспорен: Насловот во Глава VIII точка 9 Автентично толкување на општи акти и членовите 107, 108, 109 и 110 од Деловникот на Советот на Општина Теарце. 

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

6. Реферат У.бр.48/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

7. Реферат У.бр.63/2024

Оспорен: Член 40 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Велес 

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

8. Реферат У.бр.76/2024

Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Могила бр.07-113/3 од 14.03.2006 

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

II- БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

  1. У.бр.133/2022

Подносител на барањето: Димитар Апасиев

Од наводите во барањето: 

Подносителот на барањето наведува дека претседателот на Собранието со неговото дејствие сторил повреда на правото на политичко дејствување на подносителот на начин што не бил прифатен Предлог за граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на дополнителен референдум. Подносителот наведува дека му се повредени уставно загарантираните права бидејќи претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата до надлежните собраниски работни тела за прибавување мислење за уредноста на иницијатива и ја прогласил за неуредна. Се наведува дека претседателот на Собранието го повредува и правото на забрана на дискриминација по основ на политичка припадност, па така подносителот бил доведен во нееднаква и понеповолна положба споредено со останатите политички субјекти.