Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.80/2024
Скопје, 09.04.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 9 април 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на поглавјето 10„Автентично толкување на општи акти“ и членовите 128,129,130,131 од Деловникот на Советот на Општина Пробиштип, бр.07-501/11 од 30.09.2005 година („Службен гласник на Општина Пробиштип “ бр.05/2005).
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 128,129,130 и 131 од Деловникот на Советот на Општина Пробиштип, бр.07-501/11 од 30.09.2005 година („Службен гласник на Општина Пробиштип“ бр.05/2005).
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
На работниот состанок одржан на 25.12.2023 година, Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од актот, означен во точката 1 од ова решение.
II
На седницата Судот утврди дека Деловникот на Советот на Општина Пробиштип содржи дел со наслов 10 „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 128,129,130 и 131.
Според член 128 од Деловникот, барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот,10% од избирачите во општината, јавното претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите донесени од Советот на Општината.
Во член 129 од истиот деловник, се предвидува дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за статут и прописи.
Согласно со член 130 од Деловникот, Комисијата за статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од комисиите при Советот и од општинската администрација.
Според член 131 од оспорениот деловник, ако Комисијата за статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично токлување не е оправдано, Комисијата за статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.
Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Со предметната иницијатива се оспорува уставноста и законитоста на насловот на поглавјето 10. Автентично толкување на општи акти и членовите 128,129, 130 и 131 од Деловникот на Советот на Општина Пробиштип.
Советот на Општина Пробиштип повикувајќи се на член 50 став 1 точка 3 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр,05/2002) и член 38 став 1 од Статутот на Општина Пробиштип („Службен гласник на Општина Пробиштип” број 04/2005,) на седницата одржана на 30.09.2005 година го донел Деловникот на Советот на Општина Пробиштип објавен во „Службен гласник на Општина Пробиштип” бр.05/2005.
Деловникот на Советот на Општина Пробиштип содржи дел со наслов 10 „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 128,129,130 и 131. Во член 128 од Деловникот на Општината се уредува дека барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот,10% од избирачите во општината, јавното претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите донесени од Советот на Општината. Во член 129 од Деловникот, се уредува дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за статут и прописи. Во член 130 се предвидува дека Комисијата за статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од комисиите при Советот и од општинската администрација, а според член 131 од Деловникот на Општината ако Комисијата за статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично токлување не е оправдано, Комисијата за статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.
Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.
Во конкретниот случај, автентично толкување дава Советот на Општина Пробиштип, како орган на локалната власт.
Постапувајќи по предметната иницијатива, произлегува дека Советот на Општината согласно член 50 став 1 точка 3 од Законот за локалната самоуправа го донел оспорениот деловник.
Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Имено, согласно член 36 став 1 точка 1 од Закон за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, односно дека согласно член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Пробиштип, ги пречекорил своите законски овластувања кога го донел оспорениот деловник во кој предвидел дел со наслов 10 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 128,129,130 и 131 во кој е содржано оспореното поглавје.
Од горенаведеното произлегува дека станува збор за прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите. Од уставно-судската анализа произлегува дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување и ваков правен институт не може да биде уреден со деловник или статут.
Со оглед на фактот дека автентичното толкување е уредено во наведените одредби на Деловникот, со што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост,е доволна причина за Судот да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на одредбите што се предмет на оспорување со иницијативата.
Имајќи го предвид погоре изнесеното, Судот оцени дека со основ може да се постави прашањето за уставноста и законитоста на насловот на поглавјето 10.„Автентично толкување на општи акти” и членовите 128,129,130 и 131 од Деловникот на Општина Пробиштип.
Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да ја запре примената на оспорените одредби од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби, до донесувањето на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
V
Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.80/2024
Shkup, 09.04.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 prill 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICIHET Procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së titullit të kreut 10 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 128,129,130,131 të Rregullores së Këshillit të Komunës Probishtip, nr.07-501/11, të datës 30.09.2005 (“Gazeta Zyrtare e Komunës Probishtip” nr.05/2005).
2. NDËRPRITET realizimin e akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 128, 129, 130 dhe 131 të Rregullores së Këshillit të Komunës Probishtip, nr. 07-501/11, të datës 30.09.2005 (“Gazeta Zyrtare e Komunës Probishtip” nr.05/2005).
3. Ky aktvendim do të botohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.
Arsyetim
I
Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me vetëiniciativë që të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se Rregulloreja e Këshillit të Komunës së Probishtipit përmban pjesën e titulluar 10 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilën janë rregulluar nenet 128, 129, 130 dhe 131.
Sipas nenit 128 të Rregullores, kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në komunë, ndërmarrja publike që ushtron veprimtari në rajonin e komunës dhe organet shtetërore kur lindi nevoja për një interpretim autentik në lidhje me zbatimin e akteve të miratuara nga Këshilli i Komunës.
Në nenin 129 të së njëjtës rregulloreje, parashikohet se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet Kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për Statute dhe Rregullore.
Në bazë të nenit 130 të Rregullores, Komisioni për Statut dhe Rregullore pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga komisionet pranë Këshillit dhe nga administrata komunale.
Sipas nenit 131 të rregullores së kontestuar, nëse Komisioni për Statute dhe Rregullore vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyeshme, do të përgatisë propozimin për interpretim autentik dhe do t’ia paraqesë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për interpretim autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statute dhe Rregullore do të parashtrojë raport për atë te Këshilli, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e dërguar.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulloreje ose akti tjetër të përgjithshëm.
Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.
Iniciativa në fjalë konteston kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e titullit të kreut 10. Interpretim autentik i akteve të përgjithshme dhe neneve 128, 129, 130 dhe 131 të Rregullores së Punës së Këshillit të Komunës së Probishtipit.
Këshilli i Komunës së Probishtipit duke iu referuar nenit 50 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 05/2002) dhe nenit 38 paragrafi 1 të Statutit të Komunës së Probishtipit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Probishtipit” numër 04/2005,) në mbledhjen e mbajtur më 30.09.2005, miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Probishtipit të botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Probishtipit” nr.05/2005.
Rregulloreja e punës së Këshillit të Komunës së Probishtipit përmban një pjesë të titulluar 10 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” ku janë rregulluar nenet 128, 129, 130 dhe 131. Në nenin 128 të Rregullores së Komunës rregullohet që kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në komunë, ndërmarrja publike që ushtron veprimtari në territorin e komunës dhe organet shtetërore kur nevoja për interpretim autentik ka lindur në lidhje me zbatimin e akteve të miratuara nga Këshilli i Komunës. Në nenin 129 të Rregullores, rregullohet që kërkesa për interpretimin autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet Kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për Statut dhe Rregullore. Neni 130 përcakton se Komisioni për Statute dhe Rregullore pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga komisionet pranë Këshillit dhe nga administrata komunale, dhe sipas nenit 131 të Rregullores së Komunës nëse Komisioni për Statute dhe Rregullore vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik është e arsyetuar, do të përgatisë propozimin për interpretim autentik dhe do t’ia dërgojë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për interpretim autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statutet dhe Rregulloret për këtë do t’i dërgojë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e dërguar.
Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi, në pajtim me nenin 68, paragrafi 1, alineja 2 të Kushtetutës, miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.
Në rastin konkret, interpretimin autentik e jep Këshilli i Komunës së Probishtipit, si organ i pushtetit lokal.
Duke vepruar sipas iniciativës në fjalë, rezulton se Këshilli i Komunës, në pajtim me nenin 50 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale, ka miratuar rregulloren kontestuese.
Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk përmban një dispozitë të qartë se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregullave që miratojnë. Konkretisht, në pajtim me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregulloret tjera, gjegjësisht se në pajtim me nenin 62 paragrafi 1 të ligjit, në kryerjen e detyrave në kuadër të kompetencave të tij, këshilli miraton rregulla edhe atë: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat e tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se ligji nuk përmban një dispozitë të qartë se këshillat komunalë mund të japin një interpretim autentik të rregullave të cilat i miratojnë.
Në një situatë të tillë faktike, rezulton pa mëdyshje se Këshilli i Komunës së Probishtipit ka tejkaluar kompetencat e tij ligjore me miratimin e rregullores kontestimore në të cilën ka paraparë një pjesë me titull 10 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe nenet 128,129,130 dhe 131, i cili përmban kapitullin kontestues.
Nga sa më sipër rezulton se është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal ta zbatojnë atë, siç është rregulluar me ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, sipas të cilës Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve. Nga analiza kushtetuese-gjyqësore rezulton se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë një interpretim autentik dhe një institut i tillë juridik nuk mund të rregullohet me rregullore apo statut.
Duke pasur parasysh se interpretimi autentik është rregulluar në dispozitat e theksuara të Rregullores, me të cilat Këshilli i Komunës ka kaluar, përkatësisht tejkaluar kompetencat e tij të parapara me Ligjin për vetëqeverisjen lokale, në lidhje me të cilin Gjykata shpreh dyshim për kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e tyre, është arsye e mjaftueshme që Gjykata të ngrejë çështjen e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave që janë objekt i kundërshtimit me iniciativë.
Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vlerësoi se çështja e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së titullit të kreut 10. “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 128, 129, 130 dhe 131 të Rregullores së Komunës së Probishtipit mund të inicohet.
Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ndërprerjen e zbatimit të dispozitave kontestuese të Rregullores së Komunës, si dhe ndërprerjen e realizimit të akteve ose veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave të kontestuara deri në marrjen e vendimit përfundimtar.
IV
Nisur nga sa më sipër, Gjykata, vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.
V
Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska