У.бр.173/2023


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.173/2023
Скопје, 17.04.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 17 април 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.149/21) во целина и посебно на член 341 од означениот Колективен договор.

Образложение

I

Во иницијативата подносителот ја оспорува уставноста и законитоста на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 149/2019) затоа што истиот според него, бил во спротивност со член 52 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија и со член 232 став 1 и став 2 од Законот за работните односи.

Подносителот наведува дека оспорениот Колективен договор од страна на Министерството за внатрешни работи, претставувано од министерот Оливер Спасовски, е потпишан и заведен под деловоден број 131-63836/1 од 24 јуни 2021 година и од страна на претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев е потпишан и заведен под деловоден број 02-558/1 од 24 јуни 2021 година а објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 149 од 5 јули 2021 година.

Во член 341 став 1 од оспорениот Колективен договор е наведено дека со влегување на сила на овој колективен договор престанува да важи Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ број 69/15, 227/15, 177/16 и 197/16 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ број 269/19 и 279/19). Подносителот смета дека оспорениот колективен договор бил незаконски објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” а со тоа и стариот колективен договор незаконски бил поништен.

Во продолжение на оваа иницијатива, подносителот ги наведува член 8 од Уставот ( темелна вредност на уставниот поредок е владеење на правото) како и членовите 9, 50, 51 и 52 кои ги регулираат основните слободи и права на човекот и граѓанинот со посебен акцент на член 52 став 2 со кој се определува дека законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

Исто така, подносителот го наведува и член 232 став 1 од Законот за работните односи со кој е регулирано дека колективните договори мора да се објават и став 2 од истиот член, дека општите и гранските колективни договори, нивните измени и дополнувања се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Имајќи ги во предвид горенаведените уставни и законски одредби, подносителот смета дека Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи бил објавен после уставниот и законски рок од осум дена од денот на неговото донесување и бара Уставниот суд да поведе постапка за негова оцена и истиот да го поништи.

II

На седница Судот утврди дека врз основа на член 203 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19 и 267/20) и согласно член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.10/08 и 85/09), Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат, склучиле Колективен договор на Министерството за внатрешни работи.

Во делот А од Договорот, од член 1 до член 8 се опишани „Општите одредби” со кои се уредуваат правата и обврските на работниците во Министерството за внатрешни работи и работодавачот, како и условите и начинот на остварување на правата и обврските од работен однос и други прашања од работните односи или во врска со работните односи, додека во делот Б се сместени „Посебните одредби” на овој договор.

Во глава I „Засновање на работен однос” од член 9 до член 66 се регулирани условите, начинот и постапката за засновање на работен однос, статусот на приправниците, нивната обука, приправничкиот испит, распоредување на работниците во министерството (условите за распоредување на работниците во транспарентна постапка, по потреба на министерството, по барање на работникот, при промена во организациската структура на министерството, распоредување од времен карактер и во други случаи).

Исто така, во оваа глава е регулирано и распоредувањето на работникот надвор од местото на неговото живеалиште, на друго место, причини за распоредување на друго работно место, задржување на бројот на остварени платни рангови од претходното работно место, унапредувањето, постапката за унапредувањето и одлуката за распоредување и унапредување.

Во глава II која ги опфаќа членовите 67-76 се одредбите за обука на работниците и субјектите надлежни за спроведување на обука.

Според глава III со наслов „Оценување на ефектот на работникот во Министерството за внатрешни работи” од член 77 до член 88 се регулирани критериумите за оценување на работниците, годишната оценка, видовите оценки како и правото на приговор на оценка.

Во глава IV која ги опфаќа членовите 89, 90 и 91 е регулирана класификацијата на работните места на работниците во Министерството за внатрешни работи како и нивоата на работните места, додека во глава V односно од член 92 до член 150 е регулирано работното време, домашното дежурство, одморите (дневен, неделен, годишен одмор), пауза за време на работа, отсуство од работа (платено и неплатено), неплатено родителско отсуство, право на мајката доилка, користење на објектите за одмор и рекреација, безбедноста и здравјето на работникот при работа. Исто така во оваа глава се опфатени и обврските на министерот, правата и обврските на работниците, забрана за вознемирување на работното место и посебна заштита на одредени категории работници.

Во членовите 151 и 152 од глава VI е регулирано осигурувањето на работниците а платата, надоместоците на платата и другите примања се опишани во глава VII, односно од член 153 до член 204 од Договорот.

Понатаму, во глава VIII се опфатени одредбите за укажувањето на раководителот на организациската единица за несоодветно однесување односно несоодветно извршување на работните задачи од страна на работникот, во глава IX која ги опфаќа членовите 207-245 е регулирана дисциплинската одговорност, причините, видови на кршење на работниот ред и дисциплина, дисциплински мерки, право на отказен рок, комисии за дисциплинска одговорност и решение за изрекување дисциплинска мерка, додека во глава X и глава XI се регулирани материјалната одговорност односно надоместокот на штета и информирањето на МПС и работниците.

Од член 272 до член 286 од глава XII се регулирани условите за работа, правата на синдикалните претставници и економско-социјалниот совет, во глава XIII,од член 287 до член 291 се одредбите за остварување на правото на штрајк а во глава XIV која ги содржи членовите 292-310 е опфатено прекинувањето и откажувањето на договорот за вработување.

Заштитата на правата на работниците, постапката по приговор и бесплатна правна помош се опфатени во глава XV односно од член 311 до член 317 од Колективниот договор, во глава XVI се опфатени правата на работниците со статус согласно Законот за работните односи, глава XVII го регулира мирното решавање на индивидуалните и колективните спорови, арбитражата и нивните постапки додека глава XVIII, член 331 и глава XIX од член 332 до член 343 ги регулираат заемната координација на комисиите и преодните и завршните одредби на овој договор.

Со посебно оспорениот член 341 е регулирано дека со влегување во сила на овој колективен договор престанува да важи Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија” бр 69/15, 227/15, 177/16 и 197/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 269/19 и 279/19).

Овој Колективен договор е потпишан од Марјан Кицев како претседател на Македонски полициски синдикат и заведен под бр. 02-558/1 од 24 јуни 2021 година и Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи и заведен под бр. 131-63836/1 од 24 јуни 2021 година и објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 149 од 5 јули 2021 година.

III

Според член 8 алинеја 3 од Уставот нa Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Републиката.

Во делот на одредбите од Уставот кои се однесуваат на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, со членот 32 став 5 е определено дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор.

Во рамките на уставните гаранции за остварување на основните слободи и права е и член 51 од Уставот со кој е предвидено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, како и член 52 според кој во став 1 е регулирано дека законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, во став 2 дека законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното објавување, согласно став 3, законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето а согласно став 4 законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

Во алинејата 2 на член 110 од Уставот се утврдува дека Уставниот суд, освен што одлучува за согласноста на другите прописи со Уставот и со закон, одлучува и за согласноста и на колективните договори со Уставот и со закон.

Понатаму, во член 1 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23) утврдено е дека со овој закон се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување на договор за вработување. Според став 2 од овој член на Законот, работниот однос се уредува со овој или друг закон, колективен договор и договорот за вработување.

Работниот однос во Законот е дефиниран како договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот.

Законот за работните односи содржи посебна глава која акцентот го става исклучиво на колективните договори. Имено, во главата XIX од Законот, насловена како „Колективни договори“ се уредени скоро сите прашања од значење за колективните договори и тоа почнувајќи од видовите на колективни договори, кои можат да бидат општ на ниво на Република кој се склучува за стопанството и за јавниот сектор, потоа посебен колективен договор на ниво на гранка и поединечен колективен договор на ниво на работодавач. Понатаму, во Законот се уредени прашањата за: примената и важноста на колективните договори; предметот на колективното договарање; обврска за колективно договарање; лицата кои ги обврзува колективниот договор; обликот на колективниот договор; учесниците во склучувањето на колективен договор; репрезентативност на синдикатот и услови за определување на репрезентативноста на синдикатот; услови за определување на репрезентативност на работодавачите; спогодба за здружување заради учество во склучување на колективен договор; надлежност за решавање на споровите за репрезентативност на синдикатот односно на здружението на работодавачите; страни за склучување на општ колективен договор (тоа се репрезентативното здружување на работодавачите и репрезентативниот синдикат за територијата на Република Македонија). Исто така, уредени се и прашањата за страни за склучување на посебен колективен договор за гранка, односно дејност (тоа се репрезентативниот синдикат и репрезентативното здружение на работодавачите на ниво на гранка, односно дејност); страни за склучување на посебен или поединечен колективен договор за јавни претпријатија и јавни установи (тоа се основачот или органот кого тој ќе го овласти и репрезентативниот синдикат); страни за склучување на поединечен колективен договор (тоа се репрезентативниот синдикат кај работодавачот и овластеното лице од работодавачот); одбор за преговори; овластување за склучување на колективен договор (претставниците на синдикатите и на здруженијата на работодавачите кои учествуваат во преговорите за склучување на колективен договор и кои склучуваат колективен договор, мора да имаат овластување од своите органи); должност за исполнување на обврските од колективните договори; време на склучување, продолжување и престанок на важењето на колективен договор, објавување на колективните договори и други прашања.

Во член 203 од Законот за работните односи се набројани видовите на колективни договори и тоа: општ колективен договор на ниво на Република, посебен колективен договор на ниво на гранка, односно оддел, согласно со Националната класификација на дејности и поединечен колективен договор на ниво на работодавач. Конкретно, оспорениот Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.149/2019) сите негови измени и дополнувања („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.299/21, 303/21, 32/22, 54/23) како и Спогодбата за продолжување на важноста на колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/23) по својот вид претставуваат поединечен колективен договор на ниво на работодавач.

Страни на склучување на поединечниот колективен договор на ниво на работодавач се: репрезентативниот синдикат кај работодавачот и овластено лице од работодавачот согласно член 219 од Законот (во оспорениот акт што е предмет на анализа тоа се „Македонски полициски синдикат” како репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, од една страна, и министерот за внатрешни работи од друга страна), додека во член 231 е пропишан начинот на доставување и регистрација на колективните договори. Видно од став 1 на овој член секој општ и грански колективен договор и секоја негова измена, пред нивното објавување мора да се достават за регистрација до министерството надлежно од областа на трудот. Во ставот 2 на истиот член е регулирано дека обврската за доставување на колективниот договор или неговата измена до надлежен орган е на првата договорна страна наведена во тој договор додека согласно став 3 на член 219 известување за склучување на колективен договор на ниво на работодавач и времето за кое е склучен се доставува до министерството надлежно за работите од областа на трудот, во рок од 8 дена од неговото склучување. Министерот пак, надлежен за работата од областа на трудот, ја пропишува постапката за доставување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденцијата на доставените колективни колективни договори и нивните измени, согласно став 4 на истиот член.

Според член 232 од Законот за работните односи, колективните договори мора јавно да се објават со тоа што општите и гранските колективни договори и нивните измени и дополнувања се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а поединечниот колективен договор, каков што е и оспорениот, се објавува на начинот утврден со договорот. Во конкретниот случај, во член 343 од Договорот, договорните страни определиле оспорениот колективен договор да се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Од анализата на наведените уставни и законски одредби произлегува дека самото објавување на колективните договори не е уставна, туку законска материја разработена во Законот за работните односи од причини што во член 52 став 2 од Уставот каде што е наведено дека покрај законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување, експлицитно не се наведени и колективните договори како што тоа е потенцирано во член 110 алинеи 1 и 2, во кои е регулирано дека Уставниот суд одлучува за согласноста на законот со Уставот, односно одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори. Тука уставотворецот посебно ги издвојува и разграничува термините „закон”, „другите прописи” и „колективните договори”.

Притоа, законодавецот при уредување на ова прашање во Законот за работните односи не го утврдил рокот односно не поставил временска рамка во којa колективните договори се објавуваат, ниту пак објавувањето го утврдил како услов за нивно влегување во сила. Единствена временска рамка односно рок кој го поставил законодавецот е рокот од 8 дена од склучувањето на колективен договор на ниво на работодавач да се достави на регистрација во министерството надлежно за работите од областа на трудот (член 231 став 3). Оттука, ова би можело да значи дека објавувањето и влегувањето во сила на овие колективни договори законодавецот препуштил да го утврдат самите договорни страни.

Во член 343 од оспорениот Колективен договор е утврден начинот на неговото објавување и истиот е во согласност со начинот на објавување на колективните договори регулиран во член 232 од Законот за работните односи.

Исто така, во врска со одделно оспорениот член 341 од Колективниот договор сметаме дека престанокот на важноста на претходниот Колективен договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.69/15, 227/15, 177/16 и 197/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/19 и 279/19), кој е склучен во 2015 година на кој што се повикува подносителот на иницијативата, е утврден во самиот Колективен договор односно во член 334 став 3 во кој е определено дека по истекот на рокот од 2 години, одредбите на колективниот договор се применуваат до склучување на нов колективен договор, што значи дека со самото склучување на сега важечкиот колективен договор од 2021 година, престанува важноста на Колективниот договор од 2015 година заедно со неговите измени и дополнувања и истиот повторно не може да се врати во правен промет, како што толкува подносителот на иницијативата. Оттука, не може да се доведе во прашање согласноста на посебно оспорениот член 341 од Колективниот договор ниту со одредбите од Уставот на Република Северна Македонија ниту со Законот за работните односи.

Врз основа на направената анализа на уставните и законските одредби Судот оцени дека не може основано да се постави прашањето за согласноста на оспорениот колективен договор на Министерството за внатрешни работи во целина и одделно на член 341 од наведениот колективен договор со членoвите 8 и 9 од Уставот, како и со одредбите кои ги регулираат гаранциите на основните слободи и права, односно членовите 50 и 51 и член 52 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија и со член 232 ставовите 1 и 2 од Законот за работните односи, во однос на кои во иницијативата се оспорува уставноста и законитоста.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.173/2023
Shkup, 17.04.2024 година

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq-Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 17.04.2024, miratoi

A K T V E N D I M

NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Marrëveshjes Kolektive të Ministrisë së Punëve të Brendshme (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 149/21) në tërësi dhe konkretisht të nenit 341 të Marrëveshjes Kolektive të përcaktuar.

Arsyetim

I

Në iniciativë, parashtruesi konteston kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e Marrëveshjes Kolektive të Ministrisë së Punëve të Brendshme (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 149/2019) sepse sipas tij, ajo është në kundërshtim me nenin 52 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe me nenin 232 paragrafin 1 dhe paragrafin 2 të Ligjit për marrëdhëniet e punës.

Parashtruesi thekson se Marrëveshja kolektive e kontestuar nga Ministria e Punëve të Brendshme, e përfaqësuar nga ministri Oliver Spasovski, është nënshkruar dhe regjistruar me numrin zyrtar 131-63836/1 të datës 24 qershor 2021 dhe nga kryetari i Sindikatës së Policisë së Maqedonisë, Marjan Kicev është nënshkruar dhe regjistruar me numër zyrtar 02-558/1 të datës 24 qershor 2021 dhe është botuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 149, të datës 5 korrik 2021.

Në nenin 341 paragrafi 1 të Marrëveshjes kolektive të kontestuar theksohet se me hyrjen në fuqi të kësaj marrëveshje kolektive, Marrëveshja Kolektive e Ministrisë së Punëve të Brendshme pushon së vlejturi (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 69/15, 227/ 15, 177/16 dhe 197/16 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 269/19 dhe 279/19). Parashtruesi konsideron se marrëveshja e kontestuar kolektive është botuar në mënyrë të kundërligjshme në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” dhe kështu marrëveshja e vjetër kolektive është anuluar në mënyrë të kundërligjshme.

Në vazhdim të kësaj iniciative, parashtruesi citon nenin 8 të Kushtetutës (vlerë themelore e rendit kushtetues është sundimi i së drejtës) si dhe nenet 9, 50, 51 dhe 52 që rregullojnë liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit me theks të veçantë të nenit 52 paragrafi 2 i cili përcakton se ligjet dhe dispozitat tjera botohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni në afat prej shtatë ditësh nga dita e miratimit të tyre.

Gjithashtu, parashtruesi thekson nenin 232 paragrafin 1 të Ligjit për marrëdhëniet e punës me të cilin rregullohet se marrëveshjet kolektive duhet të publikohen dhe paragrafin 2 i të njëjtit nen, se marrëveshjet kolektive të përgjithshme dhe të degëzuara, ndryshimet dhe plotësimet e tyre publikohen në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Duke marrë parasysh dispozitat e mësipërme kushtetuese dhe ligjore, parashtruesi konsideron se Marrëveshja Kolektive e Ministrisë së Punëve të Brendshme është publikuar pas afatit kushtetues dhe ligjor prej tetë ditësh nga dita e hyrjes në fuqi dhe kërkon që Gjykata Kushtetuese të inicojë procedurë për vlerësimin e sajë dhe ta anulojë atë.

II

Gjykata në seancë konstatoi se në bazë të nenit 203 të Ligjit për marrëdhëniet e punës (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52 /10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/ 15, 72/15, 129/15, 27/16 dhe 120/18 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 110/19 dhe 267/20) dhe në pajtim me nenin 5 të Marrëveshjes së Përgjithshme Kolektive për Sektorin Publik të Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 10/08 dhe 85/09), Ministria e Punëve të Brendshme dhe Sindikata e Policisë së Maqedonisë kanë lidhur marrëveshje kolektive në Ministrinë e Punëve të Brendshme.

Në pjesën A të Marrëveshjes, nga neni 1 deri në nenin 8, përshkruhen “Dispozitat e Përgjithshme”, të cilat rregullojnë të drejtat dhe obligimet e punëtorëve në Ministrinë e Punëve të Brendshme dhe të punëdhënësit, si dhe kushtet dhe mënyrën e ushtrimit të të drejtave dhe obligimeve nga marrëdhënia e punës dhe çështje të tjera nga marrëdhëniet e punës ose në lidhje me marrëdhëniet e punës, ndërsa “Dispozitat e veçanta” të kësaj marrëveshje janë të vendosura në pjesën B.

Në kapitullin I “Themelimi i marrëdhënies së punës” nga neni 9 deri në nenin 66, kushtet, mënyra dhe procedura e themelimit të marrëdhënies së punës, statusi i praktikantëve, trajnimi i tyre, provimi i praktikantit, sistemimi i punëtorëve në ministri (kushtet për sistemimin e punëtorëve në procedurë transparente, sipas nevojës së ministrisë, me kërkesë të punonjësit, në rast të ndryshimit të strukturës organizative të ministrisë, sistemim me karakter të përkohshëm dhe në raste të tjera).

Gjithashtu, ky kapitull rregullon sistemimin e punonjësit jashtë vendbanimit të tij, në një vend tjetër, arsyet e sistemimit në një vend tjetër pune, mbajtjen e numrit të gradave të pagave të arritura nga vendi i mëparshëm i punës, avancimin, procedurën e avancimit dhe vendimin e sistemimit dhe avancimit.

Kapitulli II, i cili përfshin nenet 67-76, përmban dispozitat për trajnimin e punonjësve dhe subjekteve kompetente për zbatimin e trajnimit.

Sipas kapitullit III me titull “Vlerësimi i efektit të të punësuarit në Ministrinë e Punëve të Brendshme” nga neni 77 deri në nenin 88 rregullohen kriteret për vlerësimin e të punësuarve, vlerësimi vjetor, llojet e vlerësimeve dhe e drejta për të kundërshtuar vlerësimin.

Në kapitullin IV, i cili përfshin nenet 89, 90 dhe 91, rregullohet klasifikimi i vendeve të punës të punëtorëve në Ministrinë e Punëve të Brendshme si dhe nivelet e vendeve të punës, ndërsa në kapitullin V respektivisht, nga neni 92 deri në nenin 150 është rregulluar orari i punës, kujdestaria e shtëpisë, pushimet (pushimi ditor, javor, vjetor), pushimet gjatë punës, mungesa në punë (me pagesë dhe pa pagesë), mungesa prindërore e papaguar, e drejta e nënës gjidhënëse, përdorimi i objekteve për pushim dhe rekreacion, siguria dhe shëndeti i punëtorit në punë. Në këtë kapitull përfshihen edhe obligimet e ministrit, të drejtat dhe obligimet e të punësuarve, ndalimi i ngacmimeve në vendin e punës dhe mbrojtja e veçantë e kategorive të caktuara të të punësuarve.

Sigurimi i të punësuarve rregullohet në nenet 151 dhe 152 të kapitullit VI, dhe paga, shtesat e pagave dhe të ardhurat e tjera përshkruhen në Kapitullin VII, respektivisht nga neni 153 deri në nenin 204 të Marrëveshjes.

Për më tepër, në kapitullin VIII përfshihen dispozitat për raportimin e udhëheqësit në njësinë organizative për sjellje të papërshtatshme, pra kryerja e pahijshme e detyrave të punës nga punonjësi, në kapitullin IX, i cili përfshin nenet 207-245, rregullohen përgjegjësitë disiplinore, shkaqet, llojet e shkeljeve të urdhrit dhe disiplina e punës, masat disiplinore, e drejta e afatit të anulimit, komisionet për përgjegjësi disiplinore dhe vendimi për caktimin e masës disiplinore, ndërsa në kapitullin X dhe kapitullin XI rregullohen përgjegjësia materiale, gjegjësisht kompensimi i dëmit, dhe informimi i SPM-së dhe punëtorët.

Nga neni 272 deri në nenin 286 të kapitullit XII rregullohen kushtet e punës, të drejtat e përfaqësuesve të sindikatës dhe të këshillit ekonomiko-social, në kapitullin XIII, nga neni 287 deri në nenin 291 janë dispozitat për ushtrimin e të drejtës së grevës dhe në kapitullin XIV që përmban nenet 292-310 është përfshirë prishja dhe anulimi i marrëveshjes për punësim.

Mbrojtja e të drejtave të të punësuarve, procedura e ankesave dhe ndihma juridike falas janë përfshirë në kapitullin XV, respektivisht nga neni 311 deri në nenin 317 të Marrëveshjes Kolektive, në kapitullin XVI janë përfshirë të drejtat e punëtorëve me status sipas Ligjit për marrëdhëniet e punës, kapitulli XVII rregullon zgjidhjen paqësore të mosmarrëveshjeve individuale dhe kolektive, arbitrazhin dhe procedurat e tyre ndërsa kapitulli XVIII, nenin 331 dhe kapitulli XIX nga neni 332 deri në nenin 343 rregullojnë bashkërendimin e ndërsjellë të komisioneve dhe dispozitat kalimtare dhe përfundimtare të kësaj marrëveshjeje.

Neni 341 i kontestuar posaçërisht rregullon se me hyrjen në fuqi të kësaj marrëveshjeje kolektive, pushon së vlejturi Marrëveshja Kolektive e Ministrisë së Punëve të Brendshme (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 69/15, 227/15, 177/16 dhe 197/16 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 269/19 dhe 279/19).

Kjo Marrëveshje Kolektive është nënshkruar nga Marjan Kicev si kryetar i Sindikatës së Policisë së Maqedonisë dhe është regjistruar me nr. 02-558/1 të datës 24 qershor 2021 dhe Oliver Spasovski si ministër i Punëve të Brendshme dhe i regjistruar me nr. 131-63836/1 të datës 24 qershor 2021 dhe është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 149 të datë 5 korrik 2021.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës.

Në pjesën e dispozitave të Kushtetutës që i referohen lirive dhe të drejtave themelore të njeriut dhe qytetarit, neni 32 paragrafi 5 përcakton se realizimi i të drejtave të punonjësve dhe pozita e tyre rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive.

Në kuadër të garancive kushtetuese për ushtrimin e lirive dhe të drejtave themelore është edhe neni 51 i Kushtetutës, i cili përcakton se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligjin dhe secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, si dhe nenin 52 sipas të cilit në paragrafin 1 është rregulluar që ligjet dhe aktet e tjera të publikohen para se të hyjnë në fuqi, në paragrafin 2 që ligjet dhe rregullat tjera janë të botuara në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni në afat prej shtatë ditësh nga dita e publikimit, në pajtim me paragrafin 3, ligjet hyjnë në fuqi jo më herët se në ditën e tetë nga dita e publikimit në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut, dhe si përjashtim, siç e përcakton Kuvendi, në ditën e publikimit dhe në pajtim me paragrafin 4, ligjet dhe rregullat tjera nuk mund të kenë fuqi prapavepruese, përveç përjashtimit, në rastet kur është më e favorshme për qytetarët.

Paragrafi 2 i nenit 110 të Kushtetutës përcakton se Gjykata Kushtetuese, përveç që vendos për pajtueshmërinë e akteve të tjera me Kushtetutën dhe ligjin, vendos edhe për pajtueshmërinë e marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjin.

Po ashtu, në nenin 1 paragrafi 1 të Ligjit për marrëdhëniet e punës (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52 /10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 , 129/ 15, 27/16 dhe 120/18 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.110/19, 267/20, 151/21, 288/21 dhe 111/23) percakton se me këtë ligj rregullohen marrëdhëniet e punës ndërmjet punëtorëve dhe punëdhënësve që krijohen me lidhjen e marrëveshjes së punës. Sipas paragrafit 2 të këtij neni të ligjit, marrëdhënia e punës rregullohet me këtë apo me ligjin tjetër, me marrëveshje kolektive dhe me marrëveshjen për punësim.

Marrëdhënia e punës në ligj përkufizohet si marrëdhënie kontraktuale ndërmjet të punësuarit dhe punëdhënësit në të cilën i punësuari merr pjesë vullnetarisht në procesin e organizuar të punës për punëdhënësin, për paga dhe të ardhura të tjera, personalisht e kryen vazhdimisht punën sipas udhëzimeve dhe nën mbikëqyrjen e punëdhënësit.

Ligji për marrëdhëniet e punës përmban një kapitull të veçantë që fokusohet kryesisht në marrëveshjet kolektive. Përkatësisht, në kapitullin XIX të ligjit të titulluar “Marrëveshje Kolektive”, janë rregulluar pothuajse të gjitha çështjet me rëndësi për marrëveshjet kolektive, duke filluar nga llojet e marrëveshjeve kolektive, të cilat mund të jenë të përgjithshme në nivel të Republikës, e cila lidhet për ekonominë dhe për sektorin publik, më pas një marrëveshje kolektive e veçantë në nivel dege dhe një marrëveshje kolektive individuale në nivel punëdhënësi. Gjithashtu, Ligji rregullon çështjet e: zbatimit dhe vlefshmërisë së marrëveshjeve kolektive; lëndën e marrëveshjeve kolektive; obligimin për marrëveshje kolektive; personat e lidhur me marrëveshjen kolektive; formën e marrëveshjes kolektive; pjesëmarrësit në lidhjen e një marrëveshjeje kolektive; përfaqësueshmëria e sindikatës dhe kushtet për përcaktimin e përfaqësimit të sindikatës; kushtet për përcaktimin e përfaqësimit të punëdhënësve; marrëveshje për asociim me qëllim të pjesëmarrjes në lidhjen e një marrëveshjeje kolektive; kompetenca për zgjidhjen e mosmarrëveshjeve për përfaqësimin e sindikatës, përkatësisht të shoqatës së punëdhënësve; palët për lidhjen e marrëveshjes së përgjithshme kolektive (këto janë shoqata përfaqësuese e punëdhënësve dhe sindikata përfaqësuese për territorin e Republikës së Maqedonisë). Gjithashtu, janë rregulluar edhe çështjet lidhur me lidhjen e marrëveshjes kolektive të posaçme për një degë, gjegjësisht veprimtarinë e palëve (këto janë sindikata përfaqësuese dhe shoqata përfaqësuese e punëdhënësve në nivel dege, gjegjësisht veprimtari); palët për lidhjen e një marrëveshje kolektive të veçantë ose individuale për ndërmarrjet publike dhe institucionet publike (ato janë themeluesi ose organi që do ta autorizojë ai dhe sindikata përfaqësuese); palët për lidhjen e një marrëveshje kolektive individuale (këto janë sindikata përfaqësuese pranë punëdhënësit dhe personi i autorizuar nga punëdhënësi); bordi negociues; autorizimi për lidhjen e marrëveshjes kolektive (përfaqësuesit e sindikatave dhe shoqatave të punëdhënësve që marrin pjesë në negociatat për lidhjen e një marrëveshje kolektive dhe që lidhin një marrëveshje kolektive duhet të kenë autorizim nga organet e tyre); obligim për të përmbushur obligimeve të marrëveshjeve kolektive; koha e lidhjes, vazhdimi dhe përfundimi i marrëveshjes kolektive, publikimi i marrëveshjeve kolektive dhe çështje të tjera.

Në nenin 203 të Ligjit për marrëdhëniet e punës numërohen llojet e marrëveshjeve kolektive, përkatësisht: marrëveshja e përgjithshme kolektive në nivel të Republikës, marrëveshja kolektive e veçantë në nivel dege, gjegjësisht seksioni, në përputhje me Klasifikimin Nacional të Veprimtarive dhe marrëveshja individuale kolektive në nivel të punëdhënësit. Konkretisht marrëveshja kolektive e kontestuar e Ministrisë së Punëve të Brendshme (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 149/2019) të gjitha ndryshimet dhe plotësimet e saj (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 299/ 21, 303/21, 32/22, 54/23) si dhe Marrëveshja për vazhdimin e vlefshmërisë së Marrëveshjes Kolektive të Ministrisë së Punëve të Brendshme (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 102/ 23) sipas llojit të vet përfaqësojnë një marrëveshje kolektive individuale në nivel punëdhënësi.

Palët e lidhjes së marrëveshjes kolektive individuale në nivel të punëdhënësit janë: sindikata përfaqësuese pranë punëdhënësit dhe një person i autorizuar nga punëdhënësi në përputhje me nenin 219 të Ligjit (në aktin kontestues që është objekt i analizës, ata janë “Sindikata e Policisë së Maqedonisë” si sindikatë përfaqësuese në punët e MPB-së, në njërën anë dhe ministri i Punëve të Brendshme në anën tjetër), ndërsa në nenin 231 është përcaktuar mënyrën e dërgimit dhe regjistrimit të marrëveshjeve kolektive. Siç shihet nga pika 1 e këtij neni, çdo marrëveshje kolektive e përgjithshme dhe degëzore dhe çdo ndryshim i saj duhet të paraqitet për regjistrim në ministrinë kompetente nga sfera e punës. Në paragrafin 2 të të njëjtit nen, rregullohet se obligimi për dërgimin e marrëveshjes kolektive ose ndryshimin e saj në organin kompetent e ka pala e parë kontraktuese e përcaktuar në atë marrëveshje, ndërsa në përputhje me paragrafin 3 të nenit 219, njoftimi i lidhjes së marrëveshjes kolektive në nivel punëdhënësi dhe koha për të cilën është lidhur i paraqitet ministrisë përgjegjëse për çështjet nga sfera e punës, në afat prej 8 ditëve nga lidhja e saj. Ministri, nga ana e tij kompetent për punët nga sfera e punës, përcakton procedurën e dërgimit dhe regjistrimin e marrëveshjeve kolektive dhe ndryshimet e tyre pranë organit kompetent shtetëror dhe mënyrën e mbajtjes së evidencës së marrëveshjeve kolektive të paraqitura dhe ndryshimet e tyre, në përputhje me paragrafin 4 të të njëjtit nen.

Sipas nenit 232 të Ligjit për Marrëdhëniet e Punës, marrëveshjet kolektive duhet të shpallen publikisht me faktin se marrëveshjet kolektive të përgjithshme dhe degëzuese dhe ndryshimet dhe plotësimet e tyre publikohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, ndërsa marrëveshja individuale kolektive, siç është ajo e kontestuar publikohet në mënyrën e përcaktuar me marrëveshjen. Në rastin konkret, në nenin 343 të Marrëveshjes, palët kontraktuese kanë përcaktuar që marrëveshja kolektive e kontestuar të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Nga analiza e dispozitave kushtetuese dhe ligjore të përmendura, rezulton se vetë publikimi i marrëveshjeve kolektive nuk është kushtetues, por çështje juridike e shtjelluar në Ligjin për marrëdhëniet e punës për arsyet se në nenin 52 paragrafi 2 të Kushtetutës ku thuhet se përveç ligjeve dhe rregullave tjera që janë publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni në afat prej shtatë ditësh nga dita e miratimit të tyre, marrëveshjet kolektive nuk janë theksuar shprehimisht, siç potencohet në nenin 110 paragrafët 1 dhe 2, në të cilin rregullohet se Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjit me Kushtetutën, përkatësisht vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive. Këtu themeluesi i kushtetutës veçon dhe përcakton termet “ligj”, “rregulla të tjera” dhe “marrëveshje kolektive”.

Në të njëjtën kohë, ligjvënësi me rastin e rregullimit të kësaj çështje në Ligjin për marrëdhëniet e punës nuk e ka përcaktuar afatin, përkatësisht nuk ka caktuar afat në të cilin do të publikohen marrëveshjet kolektive dhe as nuk e ka përcaktuar publikimin si kusht për hyrjen e tyre në fuqi. I vetmi afat ose afat i caktuar nga ligjvënësi është afati prej 8 ditësh nga lidhja e marrëveshjes kolektive në nivel të punëdhënësit për t’u paraqitur për regjistrim në ministrinë kompetente nga sfera e punës (neni 231 paragrafi 3). Së këndejmi, kjo mund të nënkuptojë se ligjvënësi e ka lënë publikimin dhe hyrjen në fuqi të këtyre marrëveshjeve kolektive për ta përcaktuar nga vetë palët kontraktuese.

Në nenin 343 nga Marrëveshja e Kontestuar Kolektive përcaktohet mënyra e publikimit të saj dhe është në përputhje me mënyrën e publikimit të marrëveshjeve kolektive të rregulluar në nenin 232 të Ligjit për marrëdhëniet e punës.

Gjithashtu, në lidhje me nenin 341 të Kontestuar veçmas të Marrëveshjes Kolektive, konsiderojmë se mbarimi i vlefshmërisë së Marrëveshjes së mëparshme Kolektive të Ministrisë së Punëve të Brendshme (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 69/15, 227 /15, 177/16 dhe 197/16 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 269/19 dhe 279/19), e cila është lidhur në vitin 2015, të cilave u referohet parashtruesi i iniciativës, është përcaktuar në vetë Marrëveshjen Kolektive, gjegjësisht në nenin 334 paragrafi 3 në të cilin përcaktohet se pas skadimit të afatit 2 vjeçar, dispozitat e marrëveshjes kolektive zbatohen deri në lidhjen e marrëveshjes së re kolektive, që do të thotë se me lidhjen e marrëveshjes kolektive aktuale të vitit 2021, marrëveshja kolektive e vitit 2015 pushon së vlejturi së bashku me ndryshimet dhe plotësimet e saj dhe nuk mund të rikthehet në qarkullim ligjor, siç interpretohet nga parashtruesi i iniciativës. Prandaj, nuk mund të vihet në dyshim përputhshmëria e nenit 341 konkretisht të kontestuar të Marrëveshjes Kolektive me dispozitat e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut ose me Ligjin për marrëdhëniet e punës.

Bazuar në analizën e dispozitave kushtetuese dhe ligjore, Gjykata vlerësoi se çështja e pajtueshmërisë së marrëveshjes kolektive të kontestuar të Ministrisë së Punëve të Brendshme në tërësi dhe veçmas të nenit 341 të marrëveshjes kolektive në fjalë me nenet 8 dhe 9 të Kushtetutës nuk mund të ngrihet në mënyrë të arsyeshme si dhe me dispozitat që rregullojnë garancitë e lirive dhe të drejtave themelore, gjegjësisht nenet 50 dhe 51 dhe neni 52 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe me nenin 232 paragrafët 1 dhe 2 të Ligjit për marrëdhëniet e punës, në lidhje me të cilin në iniciativë kontestohet kushtetutshmëria dhe ligjshmëria.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska