У.бр.298/2020


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.298/2020
Скопје,17.04.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 47 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 17 април 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018 и 245/2018).

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод иницијативата на Зорка Златановиќ, Јадранка Мршиќ и Димитар Пејчиновски, сите од Скопје, преку полномошникот Игор Спировски, адвокат од Скопје, со Решението У.бр.298/2020 од 11 мај 2021 година поведе постапка за оценување на уставноста на член 230 од Законот означен во диспозитивот на ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека според оспорениот член 230 став 1 од Законот, за осигурениците кои не пристапиле во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, највисоката пензија не може да изнесува повеќе од 80% до 2015 година, а по 2015 година не повеќе од процентите утврдени во член 52 став 1 од овој закон од просечната нето-плата остварена во Републиката во претходната година зголемена за 2,7 пати. Според ставот 2 на истиот член, определената највисока пензија од ставот 1 на овој член повторно не се определува и понатаму се усогласува со процентот со кој се усогласуваат и другите пензии.

III

Согласно со член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Судот, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Согласно со член 47 алинеја 3 од Деловникот Судот ќе ја запре постапката ако утврди дека поведувањето на постапката било засновано врз погрешна фактичка состојба.

Во конкретниот случај, Судот со Решението У.бр.298/2020 од 11 мај 2021 година поведе постапка за оценување на уставноста на оспорената одредба бидејќи се постави прашањето за нејзината согласност со уставните одредби на кои се посочува во иницијативата. На седницата одржана на 28 февруари 2024 година Судот согласно член 25 став 3 од Деловникот донесе решение расправата по предметот да се реотвори заради преиспитување на претходно заземениот став.

На повторната расправа Судот најнапред имаше предвид дека ја оценувал уставноста на член 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Имено, Судот со Решението У.бр.46/2002 од 15.04.2003 година не повел постапка за оценување на уставноста на член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2000) со кој се уредувал начинот на определување на највисоката старосна пензија, поради тоа што не нашол повреди на уставните одредби. Со Решението У.бр.91/2010 од 24.11.2010 година, Судот, согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот, ја отфрлил иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на истата одредба.

Во одредбата било предвидено дека за осигурениците кои не пристапиле во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, највисоката пензија не може да изнесува повеќе од 80% до 2015 година, а по 2015 година не повеќе од процентите утврдени во член 65 став 1 на овој закон од просечната плата остварена во нестопанството во Републиката во претходната година зголемена за 2,7 пати.

Споредувајќи ја содржината на оваа одредба со сега оспорениот член 230 од Законот, произлегува дека двете одредби имаат идентично законско решение.

Исто така, Судот со Решението У.бр.142/2012 од 14.11.2012 година, оценил дека член 230 од Законот за пензиското и инвалидско осигурување е во согласност со член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 8, член 9, член 34, член 35 и член 54 од Уставот, поради што не повел постапка за оценување на уставноста. Со Решението У.бр.75/2017 од 29 ноември 2017 година и Решението У.бр.103/2017 од 20 декември 2017 година, Судот, согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот, ги отфрлил иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на истата одредба. Со Решението У.бр.115/2017 од 5 декември 2018 година, по повод иницијативата на Јадранка Мршиќ, Славко Размилиќ, Зорка Златановиќ и Димитар Пејчиновски, сите од Скопје, со полномошникот Игор Спировски, исто така, не повел постапка за оценување на уставноста на оспорениот член 230 од Законот, поради тоа што не се најдени повреди на уставните одредби на кои се повикувале подносителите на иницијативата, вклучително и на член 30 од Уставот.

Имајќи предвид дека Судот повеќе пати навлегувал во уставно-судска анализа на оспорената одредба, произлезе потребата во оваа постапка да се задржи на уставно-судска анализа на оние наводи од предметната иницијатива кои се посочени како основи за поинакво одлучување, при што се имаше предвид дека наводите од сегашната иницијатива се во голем дел идентични со наводите од иницијативата по повод која беше формиран предметот У.бр.115/2017.

Според Судот, ниту еден од посочените три основи за поинакво одлучување не можат да предизвикаат промена на веќе изразениот став за покренатото прашање со предметната иницијатива, а поради следното:

Околноста што еден од судиите кои одлучувале во постапката по предметот У.бр.115/2017 имал поинакво мислење, кое се поклопувало со изнесеното во иницијативата и кое подоцна било преточено во извоедно мислење не е околност која не му била позната на Судот кога одлучувал. Судијата своето мислење го изнел јавно на седницата на Судот, но така изразеното мислење не довело до промена на ставот на мнозинството судии да не се поведе постапка за оцена на уставноста.

Означените делови од образложението на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, подоцна објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.245/2018 од 28 декември 2018 година, според кои делови „заменските стапки во корелација со годините на работен стаж и износот на платите на осигуреникот се клучни варијабили во определување на висината на пензијата“ не можат да претставуваат основ за поинакво одлучување. Ова пред сè затоа што оваа измена на Законот, а и следните две („Службен весник на Република Македонија“ бр. 220/2018 и 245/2018) не се однесуваат директно на содржината на оспорениот член 230 од Законот, кој ја лимитира највисоката пензија. Имено, со првонаведената измена на Законот, опфатена во иницијативата, се врши зголемување на заменските стапки за членовите на вториот столб, односно за жени од 0,86% на 1,14% и за мажи од 0,75% на 1% за секоја година пензиски стаж на осигурување. Исто така, согласно член 15 од истата измена на Законот, за членовите на првиот столб се врши прилагодување на заменските стапки за секоја година пензиски стаж навршен по 1 јануари 2019 година во висина на 1,54%, а за секоја година стаж на осигурување по 1 јануари 2020 година на 1,47%. Притоа, ваквата измена на заменските стапки, според предлагачот на Законот е потребна заради елиминирање на разликите во двата вида пензија од аспект на еднаквост на осигурениците, а целта е да се поврзат пензиските приливи (придонеси) со пензиските расходи (висина на пензија) како во системот на тековното финанисирање и генерациска солидарност, така и во капиталното финансирано пензиско осигурување.

Од друга страна, годините на работен стаж и износот на платите на осигуреникот отсекогаш се клучни варијабили во определување на висината на секој вид на пензијата, вклучително и на највисоката. Впрочем, согласно член 4 од Законот, правата од пензиското и инвалидското осигурување се стекнуваат и остваруваат во зависност од начинот, должината и обемот на вложувaњето на средствата за пензиско и инвалидско осигурување под услови утврдени со овој закон.

Но, исто така, согласно член 3 од Законот, од значење е и тоа што со првиот пензиски столб, а врз начелото на социјална праведност и генерациска солидарност, се остваруваат правата во случај на старост, инвалидност, смрт и телесно оштетување, а со вториот пензиски столб се остваруваат правата согласно со Законот кој го уредува задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

Во таа смисла, во постапката по предметот У.бр.115/2017 Судот, меѓу другото, имал предвид дека еден од принципите што е утврден во член 4 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување е правата од пензиското и инвалидското осигурување да се стекнуваат и остваруваат во зависност од начинот, должината и обемот на вложувањето на средствата за пензиско и инвалидско осигурување под услови утврдени со овој закон. Но, Судот сметал дека мора да се има предвид и уште еден друг важен принцип, а тоа е принципот на генерациска солидарност кој се применува само за осигурениците во првиот столб, односно лицата на кои се однесува оспорената одредба од член 230 од Законот. Примената на начелото на генерациска солидарност во задолжителното пензиско осигурување исклучува непосреден и сразмерен однос помеѓу уплатените придонеси и висината на пензијата, со оглед на тоа што врз основа на тој принцип, нa некои осигуреници им се определува пензијата во повисок износ од оној што би им следел врз основа на уплатените придонеси, додека пак на другите осигуреници пензијата им се определува во намален износ од оној што би им припаднал.

Во постапката по истиот предмет Судот изразил став дека пропорционалноста, според практиката на Европскиот суд за човекови права, исто така е еден од елементите за оценка на оправданоста на вмешувањето, односно ограничувањето на правото на сопственост. Оценката на пропорционалноста и сразмерноста значи дека правото на поединецот на мирно уживање на сопственоста мора да се мери со општиот интерес, односно целите кои мора да се остварат поради општите добра, така што „пропорционалноста нема да се постигне доколку на поединецот му е нанесено прекумерно оптоварување“ (Sporrong and Lönnroth v. Sweden, 23.09.1982).

Оттука, Судот сметал дека лимитирањето на највисокиот износ на пензијата на 80% од просечната нето-плата остварена во Републиката, зголемена за 2,7 пати, не може да се смета дека е прекумерно или неразумно, бидејќи и покрај ограничувањето, осигурениците на кои се однесува оваа одредба се пензионери со највисоки пензиски примања во земјата.

По однос на покренатото прашање за пропорционалност и сразмерност во предметната иницијатива Судот најде дека треба да се има предвид и содржината на член 16 став 1 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/2010 53/2011, 185/2011, 44/2012, 150/2012-Одлука на Уставен суд, 15/2013, 91/2013, 170/2013, 97/2014, 113/2014, 180/2014, 188/2014, 20/2015, 48/2015, 129/2015, 217/2015, 190/2016, 171/2017, 35/2018 и 24/2018). Според оваа одредба највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси е износот од шеснаесет просечни плати. Инаку, во периодот од 2008 до 1 јануари 2018 година со измените на Законот, износот на просечните плати во одредени периоди се движел од четири, осум, дванаесет, за да сега изнесува шеснаесет просечни плати, што значи над овој износ на просечни плати во дадени периоди осигуреникот немал обврска за пресметување и уплата на придонеси од работен однос, што само по себе значи поволност и поголеми примања по основ на плата за оние што го надминувале и го надминуваат конкретниот законски праг.

Исто така, Судот имаше предвид дека највисоката пензија, како и останатите, согласно оспорениот член 230 од Законот, повторно не се определува и понатаму се усогласува со процентот со кој се усогласуваат и другите пензии, што значи дека не е фиксна категорија и е во зависност од економските движења е во постојано зголемување.

Инаку, Уставниот суд, кога ќе се јави потреба, за одредени прашања, заради компаративни сознанија, ja користи практиката на Европскиот суд за човекови права и неговите изразени ставови. Впрочем, и во постапката по предметот У.бр.115/2017 Уставниот суд својата одлука ја базирал и на случаите: Valkov v.Bulgarija, Kjartan Asmundsson v. Island, Maggio and Others v. Italy, Sporrong and Lönnroth v. Sweden и други. Притоа, генерално гледано, практиката на која се повикал Судот во некоја своја одлука, може, но не мора да му биде позната на подносителот на иницијативата, па од таму тоа што подносителот не се произнел по однос на случајот Valkov v.Bulgarija во претходната иницијатива само по себе, а и во корелација со досега изнесеното, не е од значење за поинакво одлучување во овој случај.

По однос на наводите дека ограничувањето од член 230 од Законот го повредува принципот на владеење на правото, бидејќи ограничувањето е спротивно на основниот принцип на пензиско осигурување пензиите да се утврдат во зависност од платите и придонесите (член 4 од Законот), поради што постои противречност на законските одредби, Судот оцени дека е навод за меѓусебна неусогласеност на законските одредби од еден ист закон за што Уставниот суд нема надлежност да одлучува, согласно со член 110 од Уставот.

Во постапката по предметот У.бр.142/2012 Судот изразил став и по однос на прашањето за можна повреда на член 9 од Уставот, во насока дека станува збор за компарирање на права и статус според одредбите од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско уредување и осигурениците и одредбите од Законот за пензиското и инвалидско осигурување што значи различни статуси и права од каде не може да стане збор за повреда на оваа одредба. Врз основа на вака констатираниот различен статус од двата наведени закони за двете категории на корисници на пензии произлегуваат и можните разлики по однос на непостоењето на ограничување на највисоката старосна пензија за корисниците од вториот пензиски столб. Од друга страна, впуштањето во анализа на ова прашање неминовно би водело кон меѓусебна оцена на законските решенија од двата закони што не е надлежност на овој суд.

Судот, исто така, имаше предвид дека во постапката по предметот У.бр.97/2019 го анализирал прашањето на можна повреда на член 9 од Уставот при оцена на уставноста на членовите 22 и 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 245/2018), но не нашол таква повреда. Во оваа постапка Судот, врз основа на целокупната анализа, по одржана подготвителна седница, заклучил дека е неосновано тврдењето од страна на подносителот на иницијативата дека со оспорените законски решенија е сторена дискриминација по основ на возраста на осигурениците што резултира со понеповолен третман на категоријата осигуреници опфатени со член 22 став 1 од Законот. Според Судот, ваквото законско решение е донесено со цел да се надминат неповолностите за категоријата осигуреници опфатени со член 22 став 1 од Законот кои би ги имале доколку го продолжат членството во вториот пензиски столб.

Судот имал став дека направените измени во влезниот критериум за членство во двостолбениот пензиски систем, е легитимно право на законодавецот коешто произлегува од член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот и претставува израз на политиката на државата во сферата на социјалното осигурување со закон да ги уредува тие односи. Во таа смисла, право е на законодавецот да ги утврдува критериумите за членство, истите да ги менува и дополнува на начин на кој законодавецот смета дека е најцелисходно, оправдано и потребно во даден временски период во зависност од фактичките и правните ситуации и состојби, односно на начин на кој тоа уредување ќе продуцира поповолни решенија за граѓаните при остварувањето на пензијата, а како што тоа го сторил законодавецот во конкретниот случај, при што од уставноправен аспект од значење е дека сите осигуреници кои се во иста правна ситуација имаат исти права и обврска, што ги прави еднакви пред Уставот и законот.

Наводите, пак, од актуелната иницијатива, кои укажуваат на тоа на кој начин и со кои методи може да се постигне поголема стабилност на пензискиот систем и како да се направи реформа во пензискиот систем не се наводи кои се од влијание за донесување на поинаква одлука бидејќи за нив треба да води сметка државата при креирање на евентуално нови законски решенија од значење за одржливоста на пензискиот систем. Тука се имаше предвид и тоа што, уште во 2002 година, во постапката по предметот У.бр.46/2002, кога предмет на оцена била одредба со иста содржина како оспорената, Судот застанал на гледиште дека законодавецот има уставен основ да го определува нивото на социјалната сигурност на граѓаните, па законското спуштање на основицата на најниската и највисоката старосна пензија е движење на законодавецот во рамките на неговите уставни овластувања во оваа сфера. Притоа, со таквите норми е обезбедена еднаквоста меѓу граѓаните за иднина, а нееднаквоста која настанува како последица на различни правни решенија донесени во различен временски период е прашање во надлежност на Собранието, не на Уставниот суд (во прашање е однос закон-закон) и во прашање е извршување на закон, што исто така, не е надлежност на Уставниот суд.

Имајќи предвид дека овој суд за покренатото прашање за ограничување на највисоката старосна пензија, одлучувал повеќе пати и тоа во постапката по предметите: У.бр.46/2002, 142/2012 и У.бр.115/2017 кога не повел постапка; како и по предметите: У.бр.91/2010, У.бр.75/2017 и У.бр.103/2017 кога ја отфрлил иницијативата, согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот; бидејќи во предметната иницијатива не се содржани основи за поинакво одлучување, како и тоа дека поведувањето постапка е засновано врз погрешна фактичка состојба која подетално е изложена погоре, Судот цени дека се исполнети условите од член 47 алинеја 3 од Деловникот за запирање на постапката.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.298/2020
Shkup,17.04.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 47 alineja 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 17.04.2024, miratoi

A K T V E N D I M

NDËRPRITET procedurа për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 230 të Ligjit për sigurim pensional dhe invalidor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018 dhe 245/2018).

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, me rastin e iniciativës së Zorka Zllatanoviqit, Jadranka Mrshiqit dhe Dimitar Pejçinovskit, të gjithë nga Shkupi, përmes të avokatit të autorizuar Igor Spirovski nga Shkupi, me Aktvendimin U. nr. 298/2020, më 11 maj 2021, ka inicuar procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 230 të Ligjit të shëniar në dispozitivin e këtij aktvendimi.

II

Gjykata në seancë përcaktoi se sipas nenit të kontestuar 230 paragrafi 1 të Ligjit, për personat e siguruar të cilët nuk i janë qasur sigurimit të detyrueshëm pensional me financim kapital, pensioni më i lartë nuk mund të jetë më shumë se 80% deri në vitin 2015, ndërsa pas vitit 2015 jo më shumë se përqindjet e përcaktuara në nenin 52 paragrafi 1 të këtij ligji nga paga mesatare neto e fituar në Republikë në vitin paraprak e rritur për 2,7 herë. Sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, pensioni më i lartë i përcaktuar nga paragrafi 1 i këtij neni nuk caktohet sërish por edhe më tej harmonizohet me përqindjen me të cilën harmonizohen edhe pensionet tjera.

III

Sipas nenit 110 paragrafi 1 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.

Sipas nenit 28 alineja 2 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse tashmë ka vendosur për të njëjtën çështje dhe nuk ka bazë për vendim të ndryshëm.

Sipas nenit 47 alineja 3 të Rregullores, Gjykata do ta ndërpresë procedurën nëse konstaton se inicimi i procedurës është bazuar në gjendje të gabuar faktike.

Në rastin konkret, Gjykata me Aktvendimin U.nr.298/2020 nga 11 maji i viti 2021 ka inicuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës së kontestuar me qenë se u ngrit çështja e harmonizimit të sajë me dispozitat kushtetuese për të cilat theksohet në iniciativë. Në seancën e mbajtur më 28 shkurt 2024, Gjykata, në pajtim me nenin 25 paragrafi 3 të Rregullores, miratoi aktvendim për rifillimin e debatit për lëndën me qëllim rishqyrtimin e qëndrimit të marrë më parë.

Në diskutimin e dytë, Gjykata para së gjithash pati parasyshë se po vlerësonte kushtetutshmërinë e nenit 230 të Ligjit për sigurimin pensional dhe invalidor.

Gjegjësisht, me Vendimin U. nr. 46/2002, të datës 15.04.2003, Gjykata nuk ka filluar procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 28 të Ligjit për ndryshimet dhe plotësimet e Ligjit për sigurimin pensional dhe invalidor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 24/2000) me të cilin është rregulluar mënyra e përcaktimit të pensionit më të lartë të pleqërisë, për faktin se nuk ka konstatuar shkelje të dispozitave kushtetuese. Gjykata, në pajtim me nenin 28 alineja 2 të Rregullores, e ka përfshirë iniciativën për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës së njëjtë.

Dispozita parashikonte që për personat e siguruar që nuk i janë qasur sigurimit të detyrueshëm pensional me financim kapital, pensioni më i lartë nuk mund të jetë më shumë se 80% deri në vitin 2015, dhe pas vitit 2015 jo më shumë se përqindjet e përcaktuara në nenin 65 paragrafi 1 i këtij ligji të pagës mesatare të realizuar në mosekonomizimin në Republikë një vit më parë e rritur për 2.7 herë.

Nga krahasimi i përmbajtjes së kësaj dispozite me nenin 230 tashmë të kontestuar të Ligjit, rezulton se të dyja dispozitat kanë një zgjidhje ligjore identike.

Gjithashtu, Gjykata me Aktvendimin U.nr.142/2012 të datës 14.11.2012, vlerësoi se neni 230 i Ligjit për sigurimin pensional dhe invalidor është në pajtim me nenin 8, paragrafi 1, alinetë 1, 3 dhe 8, neni 9, neni 34, neni 35 dhe neni 54 i Kushtetutës, për këtë arsye nuk ka inicuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë. Me Aktvendimin U. nr. 75/2017, të datës 29.11.2017 dhe me Aktvendimin U.nr.103/2017 nga 20 dhjetori i vitit 2017, Gjykata, në pajtim me nenin 28 alineja 2 të Rregullores, i ka refuzuar iniciativat për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së të njëjtës dispozitë. Me Aktvendimin U.nr.115/2017 të datës 05.12.2018, me rastin e iniciativës së Jadranka Mrshiq, Sllavko Razmiliq, Zorka Zllatanoviq dhe Dimitar Pejçinovski, të gjithë nga Shkupi, me avokatin e autorizuar Igor Spirovski, gjithashtu nuk ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 230 të kontestuar të Ligjit, për faktin se nuk janë konstatuar shkelje të dispozitave kushtetuese të thirrura nga parashtruesit e iniciativës, përfshirë nenin 30 të Kushtetutës.

Duke pasur parasysh se Gjykata ka hyrë në mënyrë të përsëritur në një analizë kushtetuese-gjyqësore të dispozitës së kontestuar, lindi nevoja që në këtë procedurë t’i përmbahemi analizës kushtetuese-gjyqësore të atyre pretendimeve nga iniciativa në fjalë, të cilat janë theksuar si bazë për një vendimmarrje tjetër, duke marrë parasysh se pretendimet nga iniciativa aktuale janë në masë të madhe identike me pretendimet nga iniciativa me rastin e së cilës u formua lënda U.nr.115/2017

Sipas Gjykatës, asnjë nga tre arsyet e përmendura për një vendimmarrje tjetër nuk mund të shkaktojë ndryshim në qëndrimin e shprehur tashmë për çështjen e ngritur nga iniciativa në fjalë, për shkak të si vijon:

Rrethana që një nga gjykatësit që kanë vendosur në procedurën për lëndën U.nr.115/2017 ka pasur mendim të ndryshëm, i cili është përputhur me atë që theksohet në iniciativë dhe që më vonë është shëndërruar në mendim ndryshe nuk është rrethanë e pa njohur për Gjykatën gjatë vendimmarrjes. Gjykatësi ka shprehur opinionin e tij publikisht në seancën e Gjykatës, por mendimi i shprehur në këtë mënyrë nuk solli ndryshimin e mendimit të shumicës së gjykatësve për të mos inicuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë.

Pjesët e shënuara të arsyetimit të Propozim ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për sigurim pensional dhe invalidor, më vonë i botuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” nr. 245/2018 të datës 28 dhjetor 2018, sipas të cilit pjesët “shkallët e zëvendësimit në korrelacion me vitet e stazhit dhe shumën e pagave të të siguruarit janë variabla kyç në përcaktimin e lartësisë së pensionit” nuk mund të paraqesin bazë për një vendimmarrje tjetër. Kjo, para së gjithash, sepse ky ndryshim i Ligjit, dhe dy në vijim (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 220/2018 dhe 245/2018) nuk i referohen drejtpërdrejt përmbajtjes së nenit 230 të kontestuar të Ligjit i cili kufizon pensionin më të lartë. Përkatësisht, me ndryshimin e parë të Ligjit, të përfshirë në iniciativë, rriten shkallët e zëvendësimit për anëtarët e shtyllës së dytë, përkatësisht për femrat nga 0,86% në 1,14% dhe për meshkuj nga 0,75% në 1% për çdo vit të stazhit pensional të sigurimit. Gjithashtu, në përputhje me nenin 15 të të njëjtit ndryshim të Ligjit, për anëtarët e shtyllës së parë kryhet përshtatje e shkallëve të zëvendësimit për çdo vit të stazhit pensional të kryer pas datës 1 janar 2019 në lartësi prej 1.54% dhe për secilin vit stazh të sigurimit pas datës 1 janar 2020 me 1,47%. Në të njëjtën kohë, një ndryshim i tillë i shkallëve të zëvendësimit, sipas propozuesit të ligjit, është i nevojshëm për të eliminuar dallimet në të dy llojet e pensioneve nga pikëpamja e barazisë së të siguruarve dhe qëllimi është lidhja e të hyrave (kontributeve) të pensioneve me shpenzimet e pensioneve (lartësia e pensionit) si në sistemin e financimit vijues dhe solidaritetit të gjeneratave, ashtu edhe në sigurimin pensional me financim kapital.

Nga ana tjetër, vitet e stazhit të punës dhe shuma e pagës së të siguruarve kanë qenë gjithmonë variabla kyç në përcaktimin e lartësisë së çdo lloj pensioni, përfshirë edhe atë më të lartë. Kryesisht, sipas nenit 4 të ligjit, të drejtat e sigurimit pensional dhe invalidor fitohen dhe realizohen në varësi të mënyrës, kohëzgjatjes dhe vëllimit të investimit të mjeteve për sigurim pensional dhe invalidor në kushtet e përcaktuara me këtë ligj.

Por gjithashtu, sipas nenit 3 të ligjit, është gjithashtu e rëndësishme që me shtyllën e parë të pensionit, bazuar në parimin e drejtësisë sociale dhe solidaritetit të gjeneratave, të realizohen të drejtat në rast të pleqërisë, invaliditetit, vdekjes dhe dëmtimit fizik dhe me shtyllën e dytë pensionale, të drejtat realizohen në përputhje me Ligjin që rregullon sigurimin e detyrueshëm pensional me financim kapital.

Në këtë kuptim, në procedurën për lëndën U.nr.115/2017 Gjykata, ndër të tjera, ka pasur parasysh se një nga parimet që është përcaktuar në nenin 4 të Ligjit për sgurim pensional dhe invalidorë është që të drejtat e sigurimit pensional dhe invalidorë të fitohen dhe realizohen varësisht nga mënyra, kohëzgjatja dhe vëllimi i investimit të mjeteve për sigurim pensional dhe invalidor në kushtet e përcaktuara me këtë ligj. Por Gjykata vlerësoi se duhet të merret parasysh edhe një parim më i rëndësishëm, ai është parimi i solidaritetit të gjeneratave, i cili zbatohet vetëm për personat e siguruar në shtyllën e parë, përkatësisht personat me të cilët ka të bëjë dispozita e kontestuar e neni 230 të Ligjit. Zbatimi i parimit të solidaritetit të gjeneratave në sigurimin e detyrueshëm pensional përjashton një marrëdhënie të drejtëpërdrejtë dhe proporcionale ndërmjet kontributeve të paguara dhe lartësisë së pensionit, duke qenë se, në bazë të këtij parimi, disa të siguruarve u përcaktohet një pension me shumë më të lartë se çfarë do t’u takonte në bazë të kontributeve të paguara, ndërsa pensioni për të siguruarit e tjerë përcaktohet në një shumë të reduktuar nga ajo që do t’u takonte.

Në procedurën e lëndës së njëjtë, Gjykata shprehu qëndrimin se proporcionaliteti, sipas praktikës së Gjykatës Evropiane për të Drejtat e Njeriut, është gjithashtu një nga elementët për vlerësimin e justifikimit të ndërhyrjes, pra kufizimit të së drejtës së pronësisë. Vlerësimi i proporcionalitetit dhe barazisë do të thotë se e drejta e individit për gëzimin paqësor të pronësisë duhet të peshohet kundrejt interesit të përgjithshëm, pra qëllimeve që duhen arritur për të mirën e përbashkët, në mënyrë që “proporcionaliteti nuk do të arrihet nëse një individi i është shkaktuar barrë e tepruar“ (Sporrong and Lönnroth v. Sweden, 23.09.1982).

Prandaj, Gjykata konsideron se kufizimi i shumës maksimale të pensionit në 80% të pagës mesatare neto të fituar në Republikë, e rritur me 2,7 herë, nuk mund të konsiderohet i tepërt apo i paarsyeshëm, sepse pavarësisht kufizimit, të siguruarit me të cilët ka të bëjë kjo dispozitë, janë pensionistë me të ardhurat më të larta të pensionet në vend.

Lidhur me çështjen e proporcionalitetit dhe barazisë të ngritur në iniciativën në fjalë, Gjykata konstatoi se përmbajtja e nenit 16 paragrafi 1 i Ligjit për kontributet e sugurimit të detyrueshëm social (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/2010 53/2011, 185/2011, 44/2012, 150/2012-Одлука на Уставен суд, 15/2013, 91/2013, 170/2013, 97/2014, 113/2014, 180/2014, 188/2014, 20/2015, 48/2015, 129/2015, 217/2015, 190/2016, 171/2017, 35/2018 dhe 24/2018). Sipas kësaj dispozite, baza më e lartë mujore për llogaritjen dhe pagesën e kontributeve për të ardhurat nga marrëdhënia e punës nga debitori për llogaritjen dhe pagesën e kontributeve është shuma prej gjashtëmbëdhjetë pagash mesatare. Ndryshe, në periudhën nga viti 2008 deri më 1 janar të vitit 2018 me ndryshimet e Ligjit, shuma e pagave mesatare në periudha të caktuara ka lëvizur nga katër, tetë, dymbëdhjetë, deri më tani arrin në gjashtëmbëdhjetë paga mesatare, që do të thotë mbi këtë shumë të pagave mesatare në periudha të caktuara i siguruari nuk ka pasur asnjë detyrim për llogaritjen dhe pagesën e kontributeve për marrëdhënie pune, që në vetvete nënkupton përfitim dhe të ardhura më të larta në bazë të pagës për ata që kanë tejkaluar dhe vazhdojnë të kalojnë kufirin konkret ligjor.

Gjithashtu, Gjykata ka marrë parasysh se pensioni më i lartë, sikurse të tjerët, sipas nenit 230 kontestues të ligjit, nuk përcaktohet sërish dhe më tej është në përputhje me përqindjen me të cilën përputhen edhe pensionet e tjera, që do të thotë se nuk është një kategori fikse dhe varet nga lëvizjet ekonomike, është vazhdimisht në rritje.

Ndryshe, Gjykata Kushtetuese, kur lind nevoja, për çështje të caktuara, për hir të njohjes krahasuese, tashmë përdor praktikën e Gjykatës Evropiane për të Drejtat e Njeriut dhe qëndrimet e saj të shprehura. Në fakt, në procedurën në lëndën U. nr. 115/2017, Gjykata Kushtetuese e bazoi vendimin e saj edhe në rastet: Valkov v.Bulgarija, Kjartan Asmundsson v. Island, Maggio and Others v. Italy, Sporrong and Lönnroth v. Sweden dhe të tjerët. Në të njëjtën kohë, në përgjithësi, praktika me të cilën thiret Gjykata në një nga vendimet e saj mundet, por nuk duhet patjetër të jetë e njohur për parashtruesin e iniciativës, rrjedhimisht edhe fakti që parashtruesi nuk ka vendosur për çështjen Valkov v. Bullgarisë në iniciativën e mëparshme në vetvete dhe në korrelacion me atë që është paraqitur deri më tani, nuk është e rëndësishme për një vendim tjetër në këtë rast.

Lidhur me pretendimet se përkufizimi nga neni 230 i ligjit cenon parimin e sundimit të së drejtës, për shkak se përkufizimi është në kundërshtim me parimin bazë të sigurimit pensional që pensionet të përcaktohen në varësi të pagave dhe kontributeve (neni 4 i Ligjit), për këtë arsye ka kontradiktë të dispozitave ligjore, Gjykata vlerësoi se bëhet fjalë për mospërputhje reciproke të dispozitave ligjore të të njëjtit ligj, për të cilën Gjykata Kushtetuese nuk ka kompetencë të vendosë, në përputhje me nenin 110 të Kushtetutës.

Gjykata në procedurën e lëndës U. nr.142/2012 ka shprehur qëndrimin lidhur me çështjen e shkeljes së mundshme të nenit 9 të Kushtetutës, në drejtim të asaj se bëhet fjalë për krahasimin e të drejtave dhe statusit sipas dispozitave të Ligjit për rregullim pensional me financim të detyrueshëm kapital dhe personat e siguruar dhe dispozitat e ligjit për sigurimin pensional dhe invalidor, që nënkupton statuse dhe të drejta të ndryshme, prej të cilave nuk mund të bëhet fjalë për shkelje të kësaj dispozite. Bazuar në statusin e ndryshëm të vendosur në këtë mënyrë nga dy ligjet e përmendura për të dy kategoritë e përfituesve të pensionit, lindin dallimet e mundshme në lidhje me mosekzistimin e një kufiri për pensionin më të lartë të pleqërisë për përfituesit e pensionit të shtyllës së dytë. Nga ana tjetër, analizimi i kësaj çështjeje do të çonte në mënyrë të pashmangshme në një vlerësim të ndërsjellë të zgjidhjeve ligjore të dy ligjeve, gjë që nuk është kompetencë e kësaj gjykate.

Gjykata ka pasur parasysh gjithashtu se në procedurën për lëndën U.nr.97/2019 e ka analizuar çështjen e shkeljes së mundshme të nenit 9 të Kushtetutës gjatë vlerësimit të kushtetutshmërisë së neneve 22 dhe 23 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për sigurimin e detyrueshëm pensional me financim kapital (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 245/2018), por nuk konstatohet një shkelje e tillë. Në këtë procedurë, Gjykata, bazuar në analizën e përgjithshme, pas mbajtjes së seancës përgatitore, ka konstatuar se është i pa bazë pohimi i parashtruesit të iniciativës se me vendimet ligjore të kontestuara është bërë diskriminim në bazë të moshës së personave të siguruar, që rezulton me një trajtim më pak të favorshëm të kategorisë së personave të siguruar me nenin 22 paragrafi 1 të Ligjit. Sipas Gjykatës, kjo zgjidhje ligjore është miratuar me qëllim të tejkalimit të disavantazheve për kategorinë e personave të siguruar nga neni 22 paragrafi 1 i Ligjit që do t’i kishin nëse do të vazhdonin anëtarësimin në shtyllën e dytë pensionale.

Gjykata pati qëndrimin se ndryshimet e bëra në kriteret e hyrjes për anëtarësim në sistemin pensional me dy shtylla është një e drejtë legjitime e ligjvënësit që buron nga neni 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës dhe paraqet shprehjen e politikës së shtetit në sferën e sigurimeve sociale me ligj për të rregulluar marrëdhëniet e tyre. Në këtë kuptim, është e drejta e ligjvënësit që të përcaktojë kriteret e anëtarësimit, t’i ndryshojë dhe plotësojë ato në një mënyrë që ligjvënësi ta konsiderojë si më të përshtatshmen, të arsyeshme dhe të nevojshme në një periudhë të caktuar kohore në varësi të situatave dhe gjendjeve faktike dhe juridike, respektivisht, në mënyrën se si ajo rregullore do të sjellë zgjidhje më të favorshme për qytetarët në realizimin e pensionit, dhe siç ka bërë ligjvënësi në rastin konkret, ndërsa nga pikëpamja kushtetuese juridike është e rëndësishme që të gjithë të siguruarit që ndodhen në të njëjtën situatë juridike kanë të njëjtat të drejta dhe obligime, gjë që i bën të barabartë para Kushtetutës dhe ligjit.

Nga ana tjetër, pretendimet nga iniciativa aktuale, të cilat tregojnë se në çfarë mënyre dhe me cilat metoda mund të arrihet një stabilitet më i madh i sistemit të pensioneve dhe si të reformohet sistemi i pensioneve, nuk janë pretendime që ndikojnë në marrjen e një vendimi tjetër për shkak se shteti duhet të mbajë llogari për ato gjatë krijimit të zgjidhje të reja ligjore me rëndësi për qëndrueshmërinë e sistemit të pensioneve. Këtu është marrë parasysh gjithashtu se, qysh në vitin 2002, në procedurën sipas lëndës U. nr. 46/2002, kur objekt vlerësimi ka qenë dispozita me të njëjtën përmbajtje si ajo e kontestuara, Gjykata ka këndvështrim me se ligjvënësi ka bazë kushtetuese për të përcaktuar nivelin e sigurimeve sociale të qytetarëve, dhe ulja ligjore e bazës së pensionit më të ulët dhe më të lartë të pleqërisë është lëvizje e ligjvënësit brenda kompetencave të tij kushtetuese në këtë sferë. Në të njëjtën kohë, me norma të tilla sigurohet barazia mes qytetarëve për të ardhmen dhe pabarazia që lind si rezultat i zgjidhjeve të ndryshme ligjore të miratuara në periudha të ndryshme kohore është çështje në kompetencë të Kuvendit dhe jo të Gjykatës Kushtetuese. (në pyetje është marrëdhënia ligj-ligj) dhe në pyetje është realizimi i ligjit, që gjithashtu nuk është kompetencë e Gjykatës Kushtetuese.

Duke pasur parasysh se kjo gjykatë ka vendosur disa herë çështjen e ngritur të kufizimit të pensionit më të lartë të pleqërisë edhe atë në procedurat e lëndëve: U. nr. 46/2002, 142/2012 dhe U. nr.115/2017 nuk ka iniciuar procedurë; si dhe për lëndët: U. nr. 91/2010, U. nr. 75/2017 dhe U.nr.103/2017 kur ka refuzuar iniciativën, në përputhje me nenin 28 alineja 2 të Rregullores; meqenëse iniciativa në fjalë nuk përmban arsye për një vendim të ndryshëm, si dhe faktin se fillimi i procedurës bazohet në një situatë faktike të gabuar e cila është detajuar më lart, Gjykata vlerëson se kushtet e nenit 47 alineja 3 të Rregullores për ndërprerjen e procedurës janë plotësuar.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, me shumicë votash, vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska