Дневен ред за 15. седница закажана за 2 мај (четврток) во 9:30 часот

На 2 мај (четврток) 2024 година Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница со почеток во 9:30 часот. Предвидени се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и четири предлози за одлучување со нацрт-одлуки.

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.206/2023

Оспорен: Член 88 став 8 и 9 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/2023)

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Во иницијативата се наведува дека членувањето на службените лица во Прекршочната комисија не може да се смета за нивен дополнителен ангажман туку претставува нивна работна обврска за чиешто извршување добиваат надомест во вид на плата за извршена работа, а не дополнителен надоместок во вид на награда што е спротивно на начелото на владеење на правото.

2. Реферат У.бр.136/2024 и У.бр.138/2024

Оспорен: Член 45 став 13 во делот „35“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.129/2023 и 53/2024)

Подносители на иницијативата: Александар Огненовски, адвокат од Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје

Од наводите во иницијативите:

Според наводите во двете пооделно поднесени иницијативи со извршената измена во членот 45 став 13, и тоа во делот на измена на бројот „30“ со бројот „35“ се врши измена на бодовите кои се однесуваат на усниот дел од практичниот испит, кој е дел од целокупниот приемен испит за почетна обука на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители. Подносителите на иницијативите сметаат дека законодавецот во ист член од еден закон овозможува збирот од писмениот и усниот дел од практичниот испит предвиден во ставовите 9 и 13 од член 45 од оспорениот закон, да изнесува вкупно 105 бода, што се во спротивност со вкупниот број на бодови кој го предвидел во практичниот дел од приемниот испит во ставот 14, а кој вкупно изнесува 100 бода и на овој начин практично е оневозможена примената на овој дел од Законот во делот на бодувањето на усниот дел од приемниот испит. Со ваквата измена на оспорениот член, подносителите на иницијативите сметаат дека законодавецот создал правна несигурност кај учесниците/кандидатите за прием на почетна обука во Академијата, при добивањето на крајната оцена од приемниот испит која се добива преку пресметување на аритметичкиот збир од бодовите кои ќе се добијат од двата дела на приемниот испит.

3. Реферат У.бр.32/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ бр.16 од 23.11.2006 г.)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

4. Реферат У.бр.47/2024

Оспорен: Член 26 алинеја 5 и Глава VIII точка 9 „Автентично толкување на општ акт“ членовите 107, 108, 109 и 110 од Деловникот на Советот на Општина Дебар бр.07-312/3 од 8.08.2005 година („Службен гласник на општина Дебар” бр. 4 од 11.08.2005)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

5. Реферат У.бр.50/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Oпштина Карпош бр.07-1299/2 од 13.03.2006 година („Службен гласник на Oпштина Карпош“ бр.3/2006)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

6. Реферат У.бр.53/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот за работата на Советот на Општина Чашка бр. 08-913/5 од 30.06.2022 година

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

7. Реферат У.бр.64/2024

Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општината Центар Жупа бр. 07-315/4 од 28.06.2007 година („Службен гласник на Општина Центар Жупа” бр. 03/2007)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр.14/2024

Оспорен: насловот на поглавјето 7 „Автентично толкување на општи акти” и члено­вите 189, 190, 191 и 192 од Деловникот на Советот на Општина Карбинци („Службен гласник на Општина Карбинци“ бр.05/2012)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

Уставниот суд со Решение У.бр.14/2024 од 21.02.2024 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Карбинци и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт. Со оглед на фактот дека автентичното толкување е уредено во наведените одредби на Деловникот, со што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост, е доволна причина за Судот да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на одредбите што се предмет на оспорување.

2. У.бр.18/2024

Оспорен: член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба, број 07-2502/2 од 13.06.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Гази Баба” број 4/2006 и 12/2013.

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

Уставниот суд со Решение У.бр.18/2024 од 21.02.2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одредба од Деловникот и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт. Со оглед на фактот дека автентичното толкување е уредено во наведените одредби на Деловникот, со што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост, е доволна причина за Судот да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на одредбите што се предмет на оспорување.

3. У.бр.57/2024

Оспорен: член 16 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Старо Нагоричане („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.10/2023)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

Уставниот суд со Решение У.бр.57/2024 од 21.02.2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одредба од Деловникот и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт. Со оглед на фактот дека автентичното толкување е уредено во наведените одредби на Деловникот, со што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост, е доволна причина за Судот да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на одредбите што се предмет на оспорување.

4. У.бр.70/2024

Оспорен: насловот на поглавјето 8 „Автентично толкување на прописи” и члено­вите 97, 98 и 99 од Деловникот за работа на Советот на Општина Штип („Службен гласник на Општина Штип“ бр.07/2005 и 08/2020)

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

Уставниот суд со Решение У.бр.70/2024 од 21.02.2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одредба од Деловникот и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт. Со оглед на фактот дека автентичното толкување е уредено во наведените одредби на Деловникот, со што Советот на Општината ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа, во однос на кои Судот изразува сомнеж за нивната уставност и законитост, е доволна причина за Судот да го покрене прашањето за уставноста и законитоста на одредбите што се предмет на оспорување.