Соопштение по одржаната 14. седница на Уставниот суд

Уставниот суд ја одржа 14. седница со дневен ред на кој се дискутираше по девет предмети за оценување на уставност и законитост и четири предлози за донесување на конечни одлуки. 

  1. Реферат У.бр.32/2023

Судот одлучи да не поведува постапка за оценување на уставноста на член 213 став 2 од Законот за вонпарнична постапка. 

Подносител на иницијативата: Трајче Митевски, адвокат од Кавадарци

  1. Реферат У.бр.93/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на делот „член 10 став 3 на“ од член 57 став 2 од Законот за одбрана.

Подносител: Игорчо Точев

  1. Реферат У.бр.94/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на делот „за електронско управување“ од член 41 став 3 од Законот за општата управна постапка

Подносител: Игорчо Точев

  1. Реферат У.бр.45/2023

Не се поведува постапка за оценување на Одлука за ДУП бр.07-8027/6 од 12.09.2007 година донесен од Општина Куманово

Подносител: Марјан Симовски

  1. Реферат У.бр.36/2024

Се поведува постапка за оценување на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Градско од 19.07.2006 година. Времено се запира извршување на активностите кои произлегуваат од оспорениот член, односно се воведува т.н. времена мерка.

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. Реферат У.бр.44/2024

Се поведува постапка за оценување на член 19 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Новаци од 18.06.2019 година. Времено се запира извршување на активностите кои произлегуваат од оспорениот член, односно се воведува т.н. времена мерка.

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. Реферат У.бр.77/2024

Се поведува постапка за оценување на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Ранковце од 18.07.2006 година. Времено се запира извршување на активностите кои произлегуваат од оспорениот член, односно се воведува т.н. времена мерка.

Предметот е отворен по сопствена иницијатива на Уставниот суд

  1. Реферат У.бр.181/2023

Се поведува постапка за оценување на Одлуката за основање на друштво со ограничена одговорност со бр.08-31/11 од 24.08.2023 година

  1. Реферат У.бр.149/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на Упатството за радиодифузерите за претседателските и за парламентарните избори 2024 бр.01-1550/1 донесено на 29.03.2024. 

Судот одлучи да ја отфрли иницијативата, согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот, со оглед на фактот дека оспореното Упатство повеќе не е во примена. 

Подносител на иницијативата:  Билјана Ванковска-Цветковска (Независен претседателски кандидат) и Политичка партија Левица

II- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

У.бр.21/2022

Судот одлучи да ги укине: 

-Одлука за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 објавен во службен гласник за општина Маврово и Ростуше донесена на ден 26.02.2015 година.

-Одлука за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никофорово и Анови објавена во службен гласник за општина Маврово и Ростуше на ден 19.07.2001 година.

У.бр.37/2023

Судот одлучи да ја укине Одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на цени на комуналните услуги во делот на собирање, транспортирање и отстранување на комунален отпад донесена од страна на Советот на Општина Свети Николе на 27.10.2022 година.

У.бр.38/2023

Судот одлучи да ја укине Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје

У.бр.49/2024

Судот ги укина член 25 алинеја 5, точка 9.„Автентично толкување на општ акт“ и членовите 100, 101 и 102 содржани во поглавјето VIII. „Постапка за донесување на општите акти“ од Деловникот на Советот на Општинa Македонски Брод („Службен гласник на Општина Македонски Брод“ бр.1/2005 и 5/2019).