На одржаната 13. седница на Уставниот суд на ден 17.04.2024 година се дискутираше по 11 (единаесет) предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и по еден предлог за одлучување со нацрт-одлука. Судот го одлучи следното:
1. Реферат У.бр.50/2023
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 став 1 во делот „кои ги управува управата за јавни приходи“ и став 2 од истиот член во делот „доколку истите со закон се доверени да ги управува Управата за јавни приходи“ од Законот за даночна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 145/2007, 21/2008, 88/2008, 159/2008, 23/2009, 76/2009, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 166/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015, 97/2015, 129/2015, 154/2015, 23/2016, 35/2018, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019, 79/2020, 290/2020 и 247/2022) и членовите од 53 до 78 од Закон за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” бр.61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015 и 23/2016).
Подносител на иницијативата: Славко Лазовски од Скопје
2. Реферат У.бр.76/2023
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 136 став 1 во делот „став 2 на“ од Законот за лекови и медицински средства („Службен весник на Република Македонија” бр.106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14, 88/15, 154/15, 228/15, 7/16, 53/16, 83/18, 113/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ број 28/21, 122/21 и 60/2023).
Подносител на иницијативата: Игорчo Точев од Скопје
3. Реферат У.бр.198/2023
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 93 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016, 142/2016, 178/2017, 26/2018, 233/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/2020 86/2020, 136/2020 и 154/2023).
Подносител на иницијативата: Здружение на граѓани – Но Пасаран, КСОМ од Скопје
4. Реферат У.бр.115/2024
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на: член 76 став 1 точка 7 во делот „различното толкување на правото и фактите не може да претставува основ за утврдување на одговорност на судијата“ од Законот за изменување и дополнување на законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.96/2019) и член 91 алинеја 6 во делот „различното толкување на правото и фактите не може да претставува основ за утврдување на одговорност на јавниот обвинител“ од Закон за јавното обвинителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020).
Подносител: Илко Петров од Скопје
5. Реферат У.бр.91/2021
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Општината Неготино бр. 08-76/7 од 14.03.2017 година за утврдување на Урбанистички план вон населено место Дуброво и Тремник (КО Дуброво, КО Тремник), Општина Неготино и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за измена и дополнување на ГУП за работна зона „Дуброво – Тремник“, Општина Неготино, бр. 07-201/11 од 19.07.2001 година.
Подносител на иницијативата: Друштво за производство и земјоделие ДУБРОВО ДООЕЛ с. Дуброво, Неготино, претставувано од управителот Љатив Бејаз од Велес, -застапенo преку полномошник адвокат Јованче Цилаков од Велес.
6. Реферат У.бр.135/2022
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година бр.27-6567/1 од 07.06.2022 година, донесена од Советот на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје” бр.7/2022 од 06.08.2022 година).
Подносител на иницијативата: Дуња Туртурова и Бојан Милошевски, адвокати од Скопје
7. Реферат У.бр.173/2023
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.149/21) во целина и посебно на член 341 од означениот Колективен договор.
Подносител на иницијативата: Синдикат на полиција во Македонија
8. Реферат У.бр.40/2023
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за наградата и надоместокот на реално потребните трошоци на стечајниот управник и начинот на утврдување на нивната висина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 47/2014).
Подносител на иницијативата: Александра Илиева Милчова, адвокат од Скопје
9. Реферат У.бр.58/2023
Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот на Советот на Општина Македонска Каменица бр.08-358/1 од 27.02.2023 година („Службен гласник на општина Македонска Каменица“ бр.19 од 15.03.2023).
Подносител на инициајтивата: Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Mакедонска Каменица
10. Реферат У.бр.85/2024
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на член 52 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценца за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр.139/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/2022 и 21/2024), донесен од министерот за внатрешни работи.
Подносител на иницијативата: Бојан Петровски од Битола
11. Реферат У.бр.119/2023
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Општина Македонска Каменица бр. 08-1317/1 од 30.06.2023 година („Службен гласник на општина Македонска Каменица“ бр.26/2023).
Подносител на иницијативата: Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица
12. Предлог за одлучување по У.бр.298/2020
Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставноста на член 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018 и 245/2018).