У.бр.142/2023


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.142/2023
Скопје, 03.04.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 3 април 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Тарифен број 1, точка 1 во деловите „48.000 денари“, „за правни лица, односно“ и „за физички лица“ од Законот за судски такси („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/2014 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 257/2020).

Образложение

I

Александра Илиева Милчова, адвокат од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, на 03.08.2023 година, поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на Таксена тарифа во глава I. Парнична постапка и извршување, точка 1. Поднесоци, Тарифен број 1, потточка 1 во делот „48.000 денари“ од Законот за судските такси („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/2014 и „Службен весник на Северна Македонија“ број 257/2020) и член 1 во деловите „точката и запирката се заменуваат со запирка и се додаваат зборовите: за правни лица, односно“ и „за физички лица“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за судските такси („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 257/2020) од причина што истите биле во спротивност со член 8, член 30, член 50 и член 55 став 2 од Уставот како и со член 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права, член 9 од Меѓународниот пакт на граѓански и политички права и член 2 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Подносителот во иницијативата наведува дека при определување на висината на таксената обврска која еден субјект или физичко лице треба да ја плати, пред донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.257/2020), Законот за судски такси не предвидувал никаква разлика помеѓу правните и физичките лица во начинот за одредување на таксената обврска и таа се одредуваше врз основ на висината на паричното побарување кое се поставува пред суд. Притоа при одлучувањето за промената на Законот за судските такси законодавецот утврдил дека таксената обврска во нејзиниот максимален износ е превисока и може да го ограничи правото на судска заштита за физичките лица но не и за правните лица, и според подносителот таквото законско решение ја остава превисоката таксена обврска за правните лица со што им го прави потешко и поскапо правото на пристап до судската заштита и за исти права се бара различни обврски што е класична дефиниција за дискриминација врз основ на статус, определена во член 14 од од Европската конвенција за заштита на човековите права.

Според подносителот на иницијативата, направената разлика во таксената обврска помеѓу правните и физичките лица е неприфатлива бидејќи создава олеснување на правото за пристап пред суд за физичките лица, додека тежина и превисока такса е оставена за правните лица без никакво образложение. Поради тоа истиот смета дека е направена дискриминација помеѓу правните и физичките лица во однос на правото на пристап пред граѓанските судови во државата, бидејќи физичките лица за исти права полесно можат да пристапат до суд за разлика од правните лица.

Исто така, подносителот смета дека се работи за спорови за поголема вредност поради што законодавецот извршил промена само на максималната такса, поради што е неприфатливо да се прави такво отежнување на правото на пристап до суд за правните лица кога и правните и физичките лица уживаат исти слободи и права и заштита на правото на сопственост. Правото на сопственост содржи право на користење и располагање со стварите за кои може да се бара судска заштита, а кога се работи за недвижности вредноста е поголема и може да оди до максимална такса. Поради тоа е неприфатливо таа заштита да биде различно условена, а имајќи го предвид Законот за парнична постапка кој предвидува отфрлање на тужбеното барање доколку не е платена судска такса.

Во доставеното прецизирање на 05.09.2023 година, подносителот истовремено врши и дополнување на иницијативата наведувајќи дека при одредување на висината на таксената обврска која е услов за пристап кон судска заштита во граѓанска постапка, законодавецот прави разлика врз основа на статус помеѓу физички и правни лица и на истите под различни услови им се достапни истите права, со што се создава дискриминација во остварувањето на правата помеѓу физичките и правните лица и дискриминација во правото на пристап до суд, поради што смета дека истото е спротивно на одредбите од член 8, член 9, член 30, член 50, член 51 и член 118 од Уставот, како и спротивно на член 6 и член 1 од Протоколот 12 од Европската конвенција.

Во дополнувањето се наведува дека за различните услови за пристап кон судска заштита во Законот не постојат дополнителни образложенија и критериуми иако во ист спор хипотетички можат да се јават физички и правни лица на иста страна и спротивна страна, па во тој случај ќе имаат различен пристап до суд затоа што физичките лица ќе имаат помала таксена основица, а правните лица поголема иако се исти страни како тужители, поради што е нејасно како ќе се постапи во таков случај од страна на судот, дали ќе бара судска такса само од физичките лица или секој ќе плати различна судска такса што создава простор за дискриминација и различно толкување на правото на пристап пред суд.

Согласно со наведеното, се предлага Уставниот суд да ги укине оспорените делови од наведените одредби од Законот за судските такси, како и да се определи времена мерка за забрана за примена на истите до конечноста на одлуката на Судот

II

На седницата Судот утврди дека според точка 1 од тарифен број 1 од Законот за судски такси, во парнична постапка за тужба, противтужба и за предлог за повторување на постапка се плаќа такса според вредноста на спорот, односно, за вредност на спор преку 100.000 уште 2% на секој започнат денар над 100.000 денари, а најмногу вкупно 48.000 денари, за правни лица, односно 6.000 денари за физички лица.

III

Според член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 6 од Уставот, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото и правната заштита на сопственоста се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Граѓаните на Република Северна Македонија согласно со член 9 став 1 од Уставот се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. А според ставот 2 од истиот член, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Во член 30 став 1 се гарантира правото на сопственост и правото на наследување.

Согласно со член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.

Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени во Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Северна Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања, како што е децидно пропишано во член 50 ставови 1 и 2 од Уставот.

Во Република Северна Македонија согласно со член 51 став 1 од Уставот, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. А според ставот 2 од истиот член, секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Согласно со член 54 став 1 од Уставот слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Според ставот 3 од истиот член, ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло или општествена положба.

Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот, како што е утврдено во член 55 став 2 од Уставот.

Со членот 98 став 5 од Уставот, кој е заменет со точка 1 од Амандман XXV, меѓу другото е утврдено дека видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите како и постапката пред нив се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот, што прецизно е утврдено во член 110 алинеја 1 од Уставот.

Според член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права, секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен, со закон воспоставен, суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него. .

Во член 1 од Протоколот број 12 кон Европската конвенцијата е пропишано дека уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз која било основа како пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со националното, малцинство, имот раѓање или друг статус.

Законот за судските такси („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр.114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/2014 и „Службен весник на РепубликаСеверна Македонија“ бр.257/2020), со членот 2 утврдува дека такси се плаќаат во: 1) парничната постапка; 2) вонпарничната постапка; З) извршувањето; 4) кривичната постапка поведена по приватна тужба и по барање на супсидијарен тужител; 5) постапката по управните и управно сметководните спорови; 6) постапката за упис во регистри што ги води судот; 7) стечајната постапка и постапката за ликвидација; 8) постапката по барања за преиспитување на решение за прекршок и 9) други случаи предвидени во Таксената тарифа.

Таксите пропишани со овој закон е должно да ги плати лицето по чиј предлог се поведува постапката или во чиј интерес се преземаат дејствијата во постапката, согласно со член 3 став 1 од Законот. А додека пак според ставот 2 на истиот член, за одлука на суд со која поднесокот се отфрла како поднесен од неовластено лице, таксата е должен да ја плати подносителот на поднесокот со кој се иницирала постапката.

Во конкретниот случај, законодавецот во посебен дел „Таксена тарифа“ во Законот за судските такси, меѓу останатото во Тарифниот број 1, точка 1 утврдил дека во парнична постапка за тужба, противтужба и за предлог за повторување на постапка, се плаќа такса според вредноста на спорот, односно за вредност на спор преку 100.000 денари уште 2% на секој започнат денар над 100.000 денари, а најмногу вкупно 48.000 денари, за правни лица, односно 6.000 денари за физички лица.

Наводите од иницијативата според кои подносителот смета дека со оспорените делови од Тарифниот број 1, точка 1 од Законот за судските такси, се отежнува правото на пристап пред суд на правните лица во однос на физичките лица со што се создава дискриминација во остварувањето на правата помеѓу физичките и правните лица, Судот оцени дека се неосновани од повеќе причини.

Во член 1 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр, 79/2005, 110/2008,83/2009, 116/2010 и 124/2015) во глава I содржан е поднаслов „Основни одредби“ во кој се определуваат кругот на субјективните права чие остварување или заштита може да се бара пред судовите во парнична постапка, како и кругот на субјектите чии права може да се остваруваат или заштитуваат според правилата на овој закон.

Согласно со член 70 став 1 од Законот, странка во постапка може да биде секое физичко и правно лице.

Својство на странка во парничната постапка им е признато на сите физички и правни лица, односно на сите субјекти кои по прописите на материјалното право можат да бидат носители на права и обврски.

Принципот на еднаквост утврден во член 9 од Уставот, налага за иста категорија на граѓани коишто се во иста фактичка и правна положба да имаат еднаков третман во рамките на еден правен режим. Истиот се нарушува ако на ист вид субјекти во ист правен однос им се даваат различни по вид и обем права и обврски и обратно, ако на различен вид субјекти во ист правен однос им се даваат исти по вид и обем права и обврски. Овој уставен принцип се однесува на граѓаните, и истиот би бил повреден доколку граѓаните кои се наоѓаат во иста фактичка и правна положба во рамките на еден правен режим, имаат различен третман. Аналогијата на овој принцип кој би се однесувал генерално на субјектите на правото на пример е евидентен во член 55 став 2 од Уставот, според кој Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Но во конкретниот случај, според Судот не станува збор за уставно загарантираната еднаква положба на сите субјекти на пазарот. Точно е дека на пазарот субјектите согласно со Уставот мора да бидат еднакви и Републиката ја обезбедува еднаквата положба, но во конкретниот случај станува збор за сосема различна по правна природа уставно определена материја, уставно загарантираното право на судска заштита и во тој контекст не може да се извлекува паралела на принципот на еднаквост на пазарот и како што подносителот на иницијативата имплицира еднаква положба и третман на физичките и правните лица во остварувањето на судска заштита.

Субјектите во правото се различни во нивните карактеристики и во нивната правна природа. Физичките и правните лица се различни категории на правни субјекти. Впрочем во бројни законски решенија се прави различен третман помеѓу физичките лица и правните лица, како на пример во Законот за парничната постапка. Во тој контекст, Судот во Решението У.бр.14/2012 од 17.10.2012 година, го заземал следниот став „Разликата помеѓу овие категории на физички и правни лица влијае на одредени решенија во Законот за парничната постапка и Законот за судските такси, кои се резервирани само за физичките лица, како странки во постапката. Тоа е случајот и со правото на ослободување од плаќање на трошоците на постапката, односно правото на ослободување од плаќање на судски такси. Овие решенија во наведените закони се од голема важност и се во функција на обезбедување на правото за слободен пристап до правдата, обезбедено и со членот 6 од Европската конвенција за човекови права“.

Во конкретниот случај, во оспореното законско решение станува збор за пропишување на критериуми, односно висина на судска такса во парнична постапка по поднесена тужба, противтужба и за предлог за повторување на постапката според вредноста на спорот за физички и правни лица врз основа на кои судот одлучува во граѓанско-правните спорови, согласно со овластувањето од членот 98 став 5 од Уставот заменет со точка 1 од Амaндманот XXV од Уставот. Притоа член 9 од Уставот кој го уредува принципот на еднаквост се однесува за еднаквост само на граѓаните пред Уставот и законите, а не и на другите субјекти, какви што се правните лица, коишто пак, со оглед на нивниот посебен правен субјективитет и правна природа не може да се изедначуваат со статусот, односно положбата на граѓаните, па оттука ниту со нивните права. Уставот ги гарантира основните права и слободи на човекот и граѓанинот како физички лица, признати во меѓународнотот право и утврдени во Уставот како и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право, согласно со член 8 став 1 алинеи 1 и 11 од Уставот.

Согласно со наведената уставно-судска анализа, пред Судот не се постави прашањето за согласноста на оспореното законско решение со член 9 и член 54 ставови 1 и 3 од Уставот, бидејќи не го повредува принципот на еднаквост ниту пак станува збор за дискриминација помеѓу физичките и правните лица кои како субјекти на правото имаат и различен правен статус.

Судските такси претставуваат приход на Буџетот на Републиката, тие се јавни давачки кои согласно со Уставот, секој е должен да ги плати.

Собранието на Република Северна Македонија е уставно овластено да ги утврдува јавните давачки, а во тие рамки е надлежно да ја утврдува висината и на судските такси, а подносителот ја оспорува висината на судските такси во однос на правните лица. Согласно со претходно наведената уставно-судска анализа и уставно-судската практика, Судот оцени дека одредувањето на висината на давачките е прашање на законодавната политика, законодавецот има право и овластување да одреди различни критериуми во уредувањето на јавните давачки за правните лица. Меѓу другото, ваквото уставно овластување и надлежност на законодавецот е компатибилно со општествената реалност, односно законодавецот може на тој начин да влијае на олеснување на судството и афирмација на алтернативните механизми за мирно решавање на споровите, како што се постапката за медијација уредена со Законот за медијација („Службен весник на Република Севена Македонија“ бр.294/2021) и арбитражна спогодба, уредена со Законот за меѓународна трговска арбитража на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2006).

Во конкретниот случај, станува збор за прашање за пристап до суд, a пристапот до суд е уставнo гарантиран согласно со член 50 од Уставот. Заштитата на правото пред судовите, согласно со оваа уставна одредба, правните лица можат да ја остварат, но притоа истото е условено со плаќање такса, како што е уредено со оспорените делови од точката 1 од Тарифниот број 1 од Законот за судските такси. Според Судот, оспореното законско решение не може да се доведе во контекст со правото на пристап до судот на правните лица, односно да се смета дека пристапот до судот на правните лица им е оневозможен или загрозен заради тоа што законодавецот уредил различна таксена обврска со износ различен за правните лица од физичките лица.

Исто така, според Судот неосновани се и тврдењата на подносителот во иницијативата дека со утврдената такса се прави отежнување на правото на пристап до суд за правните лица кога и правните и физичките лица уживаат исти слободи и права и заштита на сопственост. Точно е дека и правните и физичките лица имаат уставно загарантирана судска заштита на сопственоста, но во конкретниот случај, уставно допуштено е законските решенија да утврдуваат различни критериуми за користење на правото на пристап до суд за физички и за правни лица поради што не може да се имплицира повреда на правото на правна заштита на сопственоста и уставно загарантираното право на сопственост, утврдено во член 8 став 1 алинеја 6 и член 30 од Уставот.

Оттука, врз основа на наведената уставно-судска анализа, Судот утврди дека неосновани се наводите во иницијативата за несогласност на оспорените делови од точка 1 од Тарифниот број 1 од Законот за судските такси, со наведените уставни одредби.

Наводите во иницијативата дека оспорените делови од точка 1 од Тарифниот број 1 од Законот за судските такси не се во согласност со членовите 6 и 14 од Конвенцијата за заштита на човековите права, член 1 од Протоколот 12 на Европската конвенција и член 9 од Меѓународниот пакт на граѓански и политички права, како и со член 2 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, претставуваат барања коишто излегуваат надвор од уставно утврдените рамки на надлежности на Уставниот суд, имајќи го предвид уредувањето со член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот, според кои Уставниот суд одлучува исклучиво за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите.

Што се однесува до барањето Судот, до донесување на конечна одлука, со времена мерка да ги запре од извршување поединечните акти и дејствија донесени односно преземени врз основа на оспорените делови од точка 1 од Тарифниот број 1 од Законот за судските такси, имајќи ја предвид извршената уставно-судска анализа, Судот смета дека не се исполнети условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија за изрекување на истата.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.142/2023
Shkup, 03.04.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 3 prill 2024, miratoi

A K T V E N D I M

NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së numrit Tarifor 1, pika 1 në pjesët “48.000 denarë”, “për persona juridikë, gjegjësisht” dhe “për persona fizikë” të Ligjit për taksat gjyqësore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/2014 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.257/2020).

Arsyetim

I

Aleksandra Ilieva Milçova, avokate nga Shkupi, më 03.08.2023, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ka parashtruar iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Tarifës tatimore në kapitullin I. Procedura kontestimore dhe përmbarimi, pika 1. Parashtresa, numër tarifor 1, nënpika 1 në pjesën “48.000 denarë” të Ligjit për taksat gjyqësore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/2014 dhe “Gazeta Zyrtare e Maqedonisë së Veriut” nr. 257/2020) dhe neni 1 në pjesët “pika dhe presja zëvendësohen me presje dhe shtohen fjalët: për personat juridikë, respektivisht” dhe “për personat fizikë” të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për taksat gjyqësore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 257/2020) për faktin se janë në kundërshtim me nenin 8, nenin 30, nenin 50 dhe nenin 55 paragrafi 2 të Kushtetutës, si dhe me nenin 6 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut, nenin 9 të Paktit Ndërkombëtar për të Drejtat Civile dhe Politike dhe nenin 2 të Ligjit për parandalimin dhe mbrojtjen nga diskriminimi.

Parashtruesja thekson në iniciativë se me rastin e përcaktimit të lartësisë së obligimit të taksës që duhet të paguaj një subjekt apo person fizik, para miratimit të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e ligjit për taksa gjyqësore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 257/2020 ), Ligji për taksat gjyqësore nuk ka paraparë dallime ndërmjet personave juridikë dhe fizikë në mënyrën e përcaktimit të obligimit tatimor dhe është përcaktuar në bazë të shumës së kërkesës monetare që paraqitet në gjykatë. Në të njëjtën kohë, me rastin e vendosjes për ndryshimin e Ligjit për taksat gjyqësore, ligjvënësi ka konstatuar se obligimi tatimor në masën maksimale është shumë i lartë dhe mund të kufizojë të drejtën e mbrojtjes gjyqësore për personat fizikë, por jo për personat juridikë, dhe Sipas parashtrueses, një zgjidhje e tillë ligjore lë obligimin e tepërt tatimor për personat juridikë, gjë që e bën të drejtën e tyre për qasje në mbrojtjen gjyqësore më të vështirë dhe më të shtrenjtë, si dhe kërkohen detyrime të ndryshme për të njëjtat të drejta, që është një përkufizim klasik i bazuar në diskriminim në bazë të statusit, të përcaktuar në nenin 14 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut.

Sipas parashtrueses në iniciativë, diferenca e bërë në obligimin tatimor ndërmjet personave juridikë dhe fizikë është e papranueshme sepse krijon lehtësim të së drejtës së aksesit në gjykatë për personat fizikë, ndërsa për personat juridikë është një barrë dhe një tarifë tepër e lartë pa asnjë justifikim. Prandaj, ajo konsideron se është bërë diskriminim ndërmjet personave juridikë dhe fizikë në lidhje me të drejtën e qasjes në gjykatat civile në vend, sepse personat fizikë mund të qasen më lehtë në gjykatë për të njëjtat të drejta, për dallim nga personat juridikë.

Gjithashtu, parashtruesja konsideron se bëhet fjalë për konteste me vlerë më të madhe, për këtë arsye ligjvënësi ka ndryshuar vetëm taksën maksimale, prandaj është e papranueshme që të vështirësohet e drejta e aksesit në gjykatë për personat juridikë kur si personat juridikë ashtu edhe ata fizikë gëzojnë liritë dhe të drejtat e njëjta dhe mbrojtjen e të drejtave pronësore. E drejta e pronësisë përmban të drejtën e përdorimit dhe disponimit të sendeve për të cilat mund të kërkohet mbrojtja gjyqësore dhe kur bëhet fjalë për pasuritë e paluajtshme, vlera është më e lartë dhe mund të shkojë deri në një tarifë maksimale. Prandaj është e papranueshme që ajo mbrojtje të kushtëzohet ndryshe, duke pasur parasysh Ligjin për procedurën civile, i cili parasheh refuzimin e kërkesës së padisë nëse nuk është paguar taksa gjyqësore.

Në sqarimin e dërguar më datë 05.09.2023, parashtruesja plotëson edhe iniciativën, duke u shprehur se ligjvënësi me rastin e përcaktimit të masës së obligimit tatimor, kusht për qasjen në mbrojtjen gjyqësore në procedurën civile, bën dallimin në bazë të statusit ndërmjet personave juridikë dhe fizikë të njëjtat të drejta u janë në dispozicion në kushte të ndryshme, gjë që krijon diskriminim në ushtrimin e të drejtave ndërmjet personave fizikë dhe juridikë dhe diskriminim në të drejtën e qasjes në gjykatë, për këtë arsye ajo konsideron se e njëjta është në kundërshtim me dispozitat e nenit 8, nenit 9, nenit 30, nenit 50, nenit 51 dhe nenit 118 të Kushtetutës, si dhe në kundërshtim me nenin 6 dhe nenin 1 të Protokollit 12 të Konventës Evropiane.

Gjatë plotësimit theksohet se nuk ka arsyetime dhe kritere shtesë për kushtet e ndryshme për qasje në mbrojtje gjyqësore në Ligj edhe pse në të njëjtin kontest personat fizikë dhe juridikë hipotetikisht mund të paraqiten në të njëjtën anë dhe në anën e kundërt, kështu që në atë rast ata do të kenë qasje të ndryshme në gjykatë sepse personat fizikë do të kenë një bazë tatimore më të vogël, dhe personat juridikë një bazë më të madhe edhe pse janë palë të njëjta me paditësit, prandaj është e paqartë se si do të veprojë gjykata në një rast të tillë, nëse do të kërkojë një tarifë gjyqësore vetëm nga personat fizikë ose secili do të paguajë një tarifë të ndryshme gjyqësore që krijon hapësirë për diskriminim dhe interpretim të ndryshëm të së drejtës për qasje në gjykatë.

Në përputhje me sa më sipër, propozohet që Gjykata Kushtetuese të shfuqizojë pjesët e kontestuara të dispozitave të përmendura të Ligjit për taksat gjyqësore, si dhe të përcaktojë masën e përkohshme për ndalimin e zbatimit të tyre deri në përfundimin e vendimit të Gjykatës.

II

Gjykata në seancë konstatoi se sipas pikës 1 të numrit tarifor të Ligjit për taksat gjyqësore, në procedurë civile për padi, kundërpadi dhe për propozim për përsëritjen e procedurës paguhet tarifa sipas vlerës së kontestit, gjegjësisht për vlerën e kontestit mbi 100.000 denarë më shumë 2 % nga secili denarë i filluar mbi 100.000 denarë, dhe maksimumi 48.000 denarë në total, për persona juridikë, gjegjësisht 6.000 denarë për persona fizikë.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1, alineja 1, 3 dhe 6 të Kushtetutës, liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit të njohura në të drejtën ndërkombëtare dhe të përcaktuara me Kushtetutë, sundimi i së drejtës dhe mbrojtja ligjore e pronës janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në pajtim me nenin 9 paragrafi 1 të Kushtetutës, janë të barabartë në liri dhe të drejta pa dallim gjinie, race, ngjyrës së lëkurës, prejardhjes kombëtare dhe sociale, besimit politik dhe fetar, pozitës pronësore dhe pozitës shoqërore. Dhe sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.

Neni 30 paragrafi 1 garanton të drejtën e pronësisë dhe të drejtën e trashëgimisë.

Sipas nenit 33 të Kushtetutës, secili është i detyruar të paguajë tatimin dhe detyrimet e tjera publike dhe të marrë pjesë në pagesën e shpenzimeve publike në mënyrën e përcaktuar me ligj.

Çdo qytetar mund të thirret në mbrojtjen e lirive dhe të drejtave të përcaktuara me Kushtetutë para gjykatave dhe para Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut në procedurë të bazuar në parimet e prioritetit dhe urgjencës. Garantohet mbrojtja gjyqësore e ligjshmërisë së akteve individuale të administratës shtetërore dhe institucioneve të tjera që ushtrojnë kompetenca publike, siç parashikohet me vendosmëri në nenin 50, paragrafët 1 dhe 2 të Kushtetutës.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, në përputhje me nenin 51 paragrafi 1 të Kushtetutës, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregulloret tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Dhe sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, secili është i detyruar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 54 paragrafi 1 të Kushtetutës, liritë dhe të drejtat e njeriut dhe qytetarit mund të kufizohen vetëm në rastet e përcaktuara me Kushtetutë. Sipas paragrafit 3 të të njëjtit nen, kufizimi i lirive dhe të drejtave nuk mund të jetë diskriminues në bazë të gjinisë, racës, ngjyrës së lëkurës, gjuhës, fesë, origjinës kombëtare ose shoqërore ose pozitës shoqërore.

Republika u siguron status të barabartë juridik të gjithë subjekteve në treg, siç përcaktohet në nenin 55 paragrafi 2 të Kushtetutës.

Me nenin 98 paragrafi 5 të Kushtetutës, i cili është zëvendësuar me pikën 1 të Amendamentit XXV, ndër të tjera, përcaktohet se llojet, kompetenca, themelimi, shfuqizimi, organizimi dhe përbërja e gjykatave, si dhe procedura përpara tyre rregullohen me ligj që miratohet me dy të tretat e votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve.

Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën, e cila është përcaktuar saktësisht në nenin 110 paragrafi 1 të Kushtetutës.

Sipas nenit 6 paragrafi 1 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut, çdokush ka të drejtë që në mënyrë të drejtë dhe publike, në një afat të matur, para një gjykate të pavarur dhe të paanëshme, të përcaktuar me ligj, të shqyrtohen dhe të përcaktohen të drejtat dhe detyrimet e tij civile ose themelimi i çdo kallëzimi penal kundër tij.

Në nenin 1 të Protokollit numër 12 të Konventës Evropiane parashikohet që gëzimi i çdo të drejte të parashikuar me ligj duhet të sigurohet pa diskriminim për çfarëdo arsye si gjinia, raca, ngjyra, gjuha, religjioni, opinionet politike ose të tjera, origjina kombëtare ose shoqërore, lidhje me statusin kombëtar, pakicave, pronës ose status tjetër.

Ligji për taksat gjyqësore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/2014 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 257/2020), me nenin 2, përcakton se taksat paguhen në: 1) procedurën kontestimore; 2) procedurën jashtë kontestimore; 3) përmbarim; 4) procedura penale e filluar me padi private dhe me kërkesë të paditësit subsidiar; 5) procedura për kontestet administrative dhe administrative të kontabilitetit; 6) procedura e regjistrimit në regjistrat e mbajtur nga gjykata; 7) procedura e falimentimit dhe procedurën e likuidimit; 8) procedura për kërkesat për rishqyrtim të aktvendimit për kundërvajtje dhe 9) rastet tjera të parashikuara në Tarifën tatimore.

Tarifat e përcaktuara me këtë ligj duhet t’i paguajë personi me propozimin e të cilit fillon procedura ose në interes të të cilit ndërmerren veprimet në procedurë, në pajtim me nenin 3 paragrafi 1 të ligjit. E ndërsa, sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, për vendimin gjyqësor me të cilin refuzohet parashtresa e paraqitur nga personi i paautorizuar, taksën duhet ta paguaj parashtruesi i parashtresës që ka iniciuar procedurën.

Në rastin konkret, ligjvënësi në seksionin e veçantë “Tarifa e taksës” në Ligjin për taksat gjyqësore, ndër të tjera në numrin Tarifor 1, pika 1 ka përcaktuar se në procedurën tatimore për padi, kundërpadi dhe për propozim për përsëritjen e procedurës, paguhet taksë sipas vlerës së kontestit, gjegjësisht për vlerën e kontestit mbi 100.000 denarë, 2% për çdo denarë mbi 100.000 denarë dhe maksimumi 48.000 denarë gjithsej për personat juridikë, d.m.th. 6.000 denarë për persona fizikë.

Pretendimet nga iniciativa sipas të cilave parashtruesja konsideron se me pjesët e kontestuara të numrit Tarifor 1, pika 1 e Ligjit për taksat gjyqësore, vështirësohet e drejta e qasjes së personave juridikë në gjykatë në raport me personat fizikë, gjë që krijon diskriminim në ushtrimin e të drejtave ndërmjet personave fizikë dhe juridikë, Gjykata vlerësoi se ato janë të pabazuara për disa arsye.

Në nenin 1 të Ligjit për procedurë kontestimore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 dhe 124/2015) në kreun I përmban nëntitullin “Dispozitat themelore” në të cilën përcaktohet gama e të drejtave subjektive, realizimi ose mbrojtja e të cilave mund të kërkohet para gjykatave në procedurën kontestimore, si dhe gama e subjekteve, të drejtat e të cilëve mund të realizohen ose mbrohen sipas rregullave të këtij ligji.

Në bazë të nenit 70 paragrafi 1 të Ligjit, çdo person fizik ose juridik mund të jetë palë në procedurë.

Cilësia e palës në procedurën civile u njihet të gjithë personave fizikë dhe juridikë, përkatësisht të gjitha subjekteve që sipas rregullave të së drejtës materiale mund të jenë bartës të të drejtave dhe obligimeve.

Parimi i barazisë i përcaktuar në nenin 9 të Kushtetutës kërkon që e njëjta kategori e qytetarëve që janë në të njëjtën pozitë faktike dhe juridike të kenë trajtim të barabartë në kuadrin e një regjimi juridik. I njejti shkelet nëse të njëjtit lloj subjektesh në të njëjtën marrëdhënie juridike u jepen të drejta dhe detyrime të ndryshme për nga lloji dhe shtrirja dhe anasjelltas, nëse llojeve të ndryshme subjektesh në të njëjtën marrëdhënie juridike u jepet i njëjti lloj dhe shtrirje e të drejtave dhe detyrimeve. Ky parim kushtetues ka të bëjë me qytetarët dhe do të shkelej nëse qytetarët që janë në të njëjtën pozitë faktike dhe juridike brenda një regjimi juridik, do të kishin trajtim të ndryshëm. Analogjia e këtij parimi, e cila do të zbatohej përgjithësisht për subjektet e ligjit, për shembull, është evidente në nenin 55 paragrafi 2 të Kushtetutës, sipas të cilit Republika u jep status të barabartë juridik të gjithë subjekteve në treg. Megjithatë, në rastin konkret, sipas Gjykatës, nuk bëhet fjalë për pozicionin e barabartë të garantuar me Kushtetutë të të gjitha subjekteve në treg. Është e vërtetë që në treg, në pajtim me Kushtetutën, subjektet duhet të jenë të barabartë dhe Republika të sigurojë pozicionin e barabartë, por në rastin konkret bëhet fjalë për një çështje krejtësisht të ndryshme juridike të përcaktuar me kushtetutë, për të drejtën e garantuar me kushtetutë për mbrojtje gjyqësore dhe në këtë kontekst nuk mund të bëhet paralele me parimin e barazisë në treg dhe si parashtruesja e iniciativës nënkupton një pozicion dhe trajtim të barabartë të personave fizikë dhe juridikë në realizimin e mbrojtjes gjyqësore.

Subjektet në të drejtën janë të ndryshme në karakteristikat e tyre dhe në natyrën e tyre juridike. Personat fizikë dhe juridikë janë kategori të ndryshme të personave juridikë. Në fakt, në shumë vendime juridike bëhet trajtim i ndryshëm ndërmjet personave fizikë dhe juridikë, si p.sh. në Ligjin për procedurën kontestimore. Në këtë kontekst, Gjykata në Vendimin U.nr.14/2012 të datës 17.10.2012 ka mbajtur qëndrimin si në vijim: “Dallimi në mes të këtyre kategorive të personave fizikë dhe juridikë ndikon në vendime të caktuara në Ligjin për procedurën kontestimore dhe Ligjin për taksat gjyqësore, të cilat janë të rezervuara vetëm për personat fizikë, si palë në procedurë. Kështu ndodh edhe me të drejtën e lirimit nga pagesa e shpenzimeve të procedurës, përkatësisht me të drejtën e lirimit nga pagesa e shpenzimeve gjyqësore. Këto vendime në ligjet e përmendura janë të një rëndësie të madhe dhe i shërbejnë sigurimit të së drejtës për qasje të lirë në drejtësi, e parashikuar edhe nga neni 6 të Konventës Evropiane për të Drejtat e Njeriut”.

Në rastin konkret, në vendimin juridik të kontestuar bëhet fjalë për caktimin e kritereve, d.m.th., për masën e tarifave gjyqësore në procedurë civile pas padisë, kundërpadisë dhe për propozim për përsëritjen e procedurës sipas vlerës së kontestit për personat fizikë dhe juridikë në bazë të të cilëve gjykata vendos në kontestet juridike civile, në përputhje me autorizimin nga neni 98 paragrafi 5 i Kushtetutës, i zëvendësuar me pikën 1 të amendamentit XXV të Kushtetutës. Në të njëjtën kohë, neni 9 i Kushtetutës, i cili rregullon parimin e barazisë, i referohet vetëm barazisë së qytetarëve përpara Kushtetutës dhe ligjeve, dhe jo subjekteve të tjera, si personat juridikë, të cilët duke pasur parasysh subjektivitetin e tyre të veçantë juridik dhe natyrës juridike, nuk mund të barazohen me statusin, përkatësisht pozitën e qytetarëve, pra as me të drejtat e tyre. Kushtetuta garanton të drejtat dhe liritë themelore të njeriut dhe qytetarit si persona fizikë, të njohura në të drejtën ndërkombëtare dhe të përcaktuara në Kushtetutë, si dhe respektimin e normave përgjithësisht të pranuara të së drejtës ndërkombëtare, në përputhje me nenin 8 paragrafi 1 alineja 1 dhe 11 të Kushtetutës.

Sipas analizës së përmendur kushtetuese-gjyqësore, para Gjykatës nuk është ngritur çështja e pëlqimit të zgjidhjes së kontestuar juridike me nenin 9 dhe nenin 54 paragrafët 1 dhe 3 të Kushtetutës, sepse nuk cenon parimin e barazisë dhe as nuk është bëhet fjalë për diskriminim ndërmjet personave fizikë dhe juridikë, të cilët si subjekte të ligjit kanë edhe status juridik të ndryshëm.

Taksat gjyqesore paraqesin të ardhura të Buxhetit të Republikës, janë detyrime publike që sipas Kushtetutes janë të detyruar t’i paguajnë të gjithë.

Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut me Kushtetutë është i autorizuar për caktimin e tarifave publike dhe në këtë kuadër është kompetent për përcaktimin e lartësisë së taksës gjyqësore, ndërsa parashtruesja e kërkesës konteston shumën e taksës gjyqësore në lidhje me personat juridikë. Në përputhje me analizën e sipërpërmendur kushtetuese-gjyqësore dhe praktikën kushtetuese-gjyqësore, Gjykata vlerësoi se përcaktimi i masës së tarifave është çështje e politikës legjislative, ligjvënësi ka të drejtën dhe autorizimin të përcaktojë kritere të ndryshme në rregullimin e tarifave publike për personat juridikë. Ndër të tjera, ky autorizim kushtetues dhe kompetencë kushtetuese e ligjvënësit është në përputhje me realitetin shoqëror, pra ligjvënësi mund të ndikojë në lehtësimin e gjyqësorit dhe afirmimin e mekanizmave alternativë për zgjidhjen paqësore të kontesteve, siç është procedura e ndërmjetësimit e rregulluar me Ligjin për ndërmjetësim (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 294/2021) dhe marrëveshjen për arbitrazh, të rregulluar me Ligjin për arbitrazhin ndërkombëtar tregtar të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.36/2006).

Në rastin konkret bëhet fjalë për qasje në gjykatë dhe qasja në gjykatë është e garantuar me kushtetutë në përputhje me nenin 50 të Kushtetutës. Mbrojtjen e së drejtës para gjykatave, në përputhje me këtë dispozitë kushtetuese, mund ta ushtrojnë personat juridikë, por e njëjta gjë kushtëzohet me pagesën e një takse, siç rregullohet nga pjesët kontestuese të pikës 1 të numrit Tarifor 1 Ligji për taksat gjyqësore. Sipas Gjykatës, zgjidhja juridike e kontestuar nuk mund të vihet në kontekst me të drejtën e qasjes në gjykatë të personave juridikë, domethënë se qasja në gjykatë e personave juridikë pamundësohet ose rrezikohet për faktin se ligjvënësi ka rregulluar një detyrim tatimor të ndryshëm me shumë të ndryshme për personat juridikë nga personat fizikë.

Gjithashtu, sipas Gjykatës, pretendimet e parashtrueses në iniciativë se taksa e përcaktuar vështirëson qasjen në gjykatë për personat juridikë kur si personat juridikë ashtu edhe ata fizikë gëzojnë të njëjtat liri dhe të drejta dhe mbrojtje pronësore. Është e vërtetë që si personat juridikë ashtu edhe ata fizikë e kanë të garantuar me kushtetutë mbrojtjen gjyqësore të pronës, por në këtë rast të veçantë, është e lejueshme me kushtetutë që aktvendimet ligjore të përcaktojnë kritere të ndryshme për përdorimin e të drejtës së qasjes në gjykatë për personat fizikë dhe juridikë, me çka nuk mund të nënkuptohet shkelje e së drejtës për mbrojtje juridike të pronës dhe të drejtës së garantuar me Kushtetutë në pronë, të përcaktuar në nenin 8 paragrafi 1 alineja 6 dhe nenin 30 të Kushtetutës.

Prandaj, në bazë të analizës së përmendur kushtetuese-gjyqësore, Gjykata konstatoi se pretendimet në iniciativë për mospajtim të pjesëve kontestimore të pikës 1 të numrit Trifor 1 të Ligjit për taksat gjyqësore, me dispozitat e përmendura kushtetuese, janë të pabazuara.

Pretendimet në iniciativë se pjesët kontestuese të pikës 1 të numrit Tarifor 1 të Ligjit për taksat gjyqësore nuk janë në përputhje me nenet 6 dhe 14 të Konventës për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut, nenin 1 të Protokollit 12 të Konventës Evropiane dhe neni 9 i Paktit Ndërkombëtare për të Drejtat Civile dhe Politike, si dhe neni 2 i Ligjit për parandalim dhe mbrojtje nga diskriminimi, paraqesin kërkesa që shkojnë përtej kornizës së përcaktuar me kushtetutë të kompetencave të Gjykatës Kushtetuese, duke marrë parasysh rregullimin me nenin 110, paragrafët 1 dhe 2 të Kushtetutës, sipas të cilit Gjykata Kushtetuese vendos kryesisht për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për përputhjen e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Për sa i përket kërkesës, Gjykata, deri në marrjen e një vendimi përfundimtar, të ndërpresë përkohësisht realizimin e akteve dhe veprimeve individuale të miratuara ose të ndërmarra në bazë të pjesëve kontestuese të pikës 1 të numrit Tarifor 1 të Ligjit për taksat gjyqësore, duke marrë parasysh analizën e realizuar kushtetuese-juridike, Gjykata vlerëson se nuk janë plotësuar kushtet nga neni 27 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut për shqiptimin e të njëjtës.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska