У.бр.38/2024-1


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.38/2024
Скопје, 03.04.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 3 април 2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Лозово, број 0101-216/1 од 07.04.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Лозово” број 5/2006.

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Лозово, број 0101-216/1 од 07.04.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Лозово” број 5/2006.

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.38/2024 од 14 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот, означен во точката 1 од Одлуката, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и Законот за локалната самоуправа.

II

На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Лозово „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите”.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Во член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.

Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Лозово во свој пропис – Деловникот на Советот Општина Лозово, во поглавјето III. Права и должности на членовите на Советот, точка 3. Покренување иницијативи и поднесување предлози, го уредил член 15 алинеја 3, според кој член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите.

Правото, коешто Советот на Општина Лозово, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут), да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

За органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Лозово, со кој се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Лозово излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре изнесеното, како и одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот оцени дека член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Лозово, не е во согласност со Законот за локалната самоуправа, вклучително и со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

V

Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.38/2024
Shkup, 03.04.2024

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe nenit 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 paragrafi 1 alineja 1 e Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 3 prill 2024, miratoi

V E N D I M

1. SHFUQIZOHET neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Llozovës, numër 0101-216/1 të datës 07.04.2006, e publikuar në „Gazetën Zyrtare të Komunës së Llozovës” numër 5/2006.

2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e zbatimit të akteve individuale apo veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të nenit 15 alinesë 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Llozovës, numër 0101-216/1 të datës 07.04.2006, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Llozovës” numër 5/2006.

3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, me iniciativë të vetën me Aktvendimin U.nr.38/2024 të 14 shkurtit 2024 inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit, të dhënë në pikën 1 të Vendimit, pasi para Gjykatës me bazë u ngrit çështja për harmonizimin e tij me Kushtetutën dhe Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.

II

Në seancë Gjykata përcaktoi se sipas nenit 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Llozovës “Anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave”.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera. Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit në fjalë, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.

Me nenin 43 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale janë rregulluar të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i shtrojnë pyetje kryetarit të komunës në mbledhjen e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregullore të tjera, në pajtim me këtë ligj.

Rrjedhimisht, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen edhe të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.

Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Llozovës në rregullin e vet – Rregulloren e Këshillit të Komunës së Llozovës, në kapitullin III. Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit, pikën 3. Inicimi i iniciativave dhe paraqitja e propozimeve, i ka rregulluar me nenin 15 alinenë 3, sipas të cilit anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullores në seancat e Këshillit.

Të drejtën, të cilën Këshilli i Komunës së Llozovës, ua ka përcaktuar anëtarëve të Këshillit me Rregullore, lidhet me institutin “interpretim autentik i rregullores”. Megjithatë, Ligji për Vetëqeverisjen Lokale, me asnjë dispozitë, nuk e parasheh kompetencën e këshillit komunal për të dhënë interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk u jep komunave autorizim që të jenë në gjendje, në rregullat e tyre (rregullore ose statut), të rregullojnë dispozita për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.

Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi ta përdorin institutin e interpretimit autentik, e njëjta gjë duhet të parashikohet edhe në ligj, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i pushtetit shtetëror dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Për organet e pushtetit lokal, me ligj nuk parashihet instituti për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme që ato i miratojnë, në mënyrë që ky institut dhe procedura e tij të mos mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut. Si rrjedhojë, neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Llozovës, i cili përcakton të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të mund të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregullores në seanca të Këshillit, është paraparë pa bazë ligjore, me çka Këshilli i Komunës së Llozovës ka dalë jashtë kompetencave të tij të përcaktuara me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.

Duke e marrë parasysh sa më sipër, si dhe dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin dhe secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata konstatoi se neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Llozovës nuk është në pajtim me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, duke e përfshirë vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

IV

Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.

V

Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska