У.бр.71/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.71/2024
Скопје,27.03.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27.03.2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Конче број 07-209/1 од 28.03.2006 година („Службен гласник на Општина Конче” број 2/2006).

2. СЕ ЗАПИРА ИЗВРШУВАЊЕТО на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Конче број 07-209/1 од 28.03.2006 година („Службен гласник на Општина Конче” број 2/2006).

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, уставните судии одлучија врз основа на одредбата од член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, по сопствена иницијатива да оформат предмет во кој ќе се води постапка за оценување на согласноста на оспорениот акт, со одредбите на Уставот.

II

На седницата Судот утврди дека Советот на Општина Конче, врз основа на член 3 став 3 од Статутот на Општина Конче („Службен гласник на Општина Конче” број _/2005), на седница одржана на 28.03.2006 година, донел Деловник на Советот на Општина Конче.

Деловникот содржи 18 глави. Во глава III точка 3 насловена како „Права и должности на членовите на советот“ во член 15 алинеја 3 се пропишува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

III

Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно со член 51 од Уставот.

Според уставната одредба пропишана во член 68 став 1 алинеја 2, Собранието на Република Северна Македонија, има уставно овластување да донесува закони и да дава автентично толкување на законите.

Член 110 алинеја 2 од Уставот, пропишува дека Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Уставниот суд, согласно со член 27 став 1 од Деловникот, може во текот на постапката, до донесување конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека законите се носат во согласност со Уставот, а сите други прописи во согласност со Уставот и закон, дека само Собранието има уставно овластување за донесување закони и нивно автентично толкување, а сето тоа во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.

Од содржината на оспорениот акт, произлегува дека Советот на Општина Конче, врз основа на член 3 став 3 од Статутот на Општина Конче („Службен гласник на Општина” број _/2005), на седница одржана на 28.03.2006 година, донел Деловник на Советот на Општина Конче.

Оспорениот член 15 од Деловникот ги пропишува правата на членот на Советот на седниците. Помеѓу останатите права, во алинеја 3 од истиот член е содржано оспореното автентично толкување, така што предвидува дека член на советот на седниците има право да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19 и 248/23).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.

Во конкретниот случај, Советот на Општина Конче како орган на локалната власт, донел Деловник на Советот на Општина Конче во кој во глава III под точка 3 со поднаслов „Покренување иницијативи и поднесување предлози“ во член 15 алинеја 3 е содржано правото за автентично толкување на прописи.

Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

Согласно со член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, Советот на Општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно со член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Конче, ги пречекорил своите законски овластувања кога го донел Деловникот на Советот на Општина Конче, во кој во член 15 алинеја 3 е содржано правото за автентично толкување.

Имајќи предвид дека станува збор за прашање, коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19 и 248/23). Со оглед на тоа дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.

Од наведените причини, Судот цени дека пропишаниот член 15 алинеја 3 од Деловникот е незаконит, а со тоа и спротивен на темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Врз основа на горенаведената уставно-судска анализа, Судот утврди дека се исполнети и условите од член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, за донесување решение за запирање од извршување на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, поради можно настанување на тешко отстранливи и ненадоместливи последици за граѓаните, односно дејствија преземени врз основа на оспореното автентично толкување.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr.71 /2024
Shkup, 27.03.2024

 

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës Konçe numër 07-209/1 nga 28.03.2006 („Gazeta Zyrtare e Komunës Konçe” numër 2/2006).

2. NDËRPRITET REALIZIMI i akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës Konçe numër 07-209/1 nga 28.03.2006 („Gazeta Zyrtare e Komunës Konçe” numër 2/2006).

3. Ky aktvendim do të publikphet në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, gjykatësit kushtetues vendosën, në bazë të dispozitës së nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, me vetëiniciativë të formojnë lëndë në të cilën do të zhvillohet procedurë për vlerësimin e pajtueshmërisë së aktit të kontestuar, me dispozitat e Kushtetutës.

II

Gjykata në seancë konstatoi se Këshilli i Komunës Konçe, në bazë të nenit 3 paragrafi 3 të Statutit të Komunës Konçe („Gazeta Zyrtare e Komunës Konçe” numër _/2005), në mbledhjen e mbajtur më 28.03.2006, ka miratuar Rregulloren e Këshillit të Komunës Konçe.

Rregulloreja përmban 18 kapituj. Në kapitullin III, pika 3 me titull „Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit” në nenin 15 paragrafi 3 përcaktohet se anëtari i Këshillit ka të drejtë që në mbledhjen e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave.

III

Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.

Sipas dispozitës kushtetuese të paraparë në nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut ka kompetencë kushtetuese për të miratuar ligje dhe për të dhënë interpretim autentik të ligjeve.

Neni 110 paragrafi 2 i Kushtetutës përcakton se Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 27 paragrafi 1 të Rregullores, gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligj, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.

Nga dispozitat e përmendura kushtetuese, del se ligjet miratohen në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat e tjera në përputhje me Kushtetutën dhe ligjin, se vetëm Kuvendi ka kompetencë kushtetuese për miratimin e ligjeve dhe interpretimin autentik të tyre, dhe e gjithë kjo në funksion të garantimit të sigurimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si prezumim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve të tjera juridike.

Nga përmbajtja e aktit kontestues rezulton se Këshilli i Komunës Konçe, në bazë të nenit 3 paragrafi 3 të Statutit të Komunës Konçe (“Gazeta Zyrtare e Komunës” numër _/2005), në mbledhjen e mbajtur më 28.03.2006, miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës Konçe.

Neni 15 i kontestuar i Rregullores parasheh të drejtat e anëtarit të Këshillit në mbledhje. Ndër të drejtat e tjera, paragrafi 3 i të njëjtit nen përmban interpretimin autentik të kontestuar, kështu që parasheh që anëtari i këshillit në mbledhje ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave.

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/ 2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/19 dhe 248/23 ).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, Këshilli i Komunës Konçe, si organ i pushtetit lokal, miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës Konçe, në të cilën në kreun III nën pikën 3 me nëntitullin “Ngritja e iniciativës dhe paraqitja e propozimeve. “në nenin 15 alineja 3 përfshihet e drejta për interpretim autentik të rregulloreve.

Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk përmban një dispozitë të shprehur se këshillet e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregullave që i miratojnë.

Në pajtim me nenin 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisjen lokale, Këshilli i Komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat tjera, dhe në pajtim me nenin 62 paragrafi 1 të Ligjit, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij këshilli miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se Ligji nuk përmban një dispozitë të qartë se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregullave që miratojnë.

Në një situatë të tillë faktike, pa mëdyshje del se Këshilli i Komunës Konçe i ka tejkaluar kompetencat e tij ligjore me miratimin e Rregullores së Këshillit të Komunës Konçe, në të cilën në nenin 15 alineja 3 përfshihet e drejta për interpretim autentik.

Duke patur parasysh se kjo është një çështje që duhet të parashikohet me ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal të mund ta zbatojnë atë, siç parashikohet që ligjvënësi si organ i qeverisjes shtetërore, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1alineja 2, sipas të cilës Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë”. Nr. 91/2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/19 dhe 248/23). Duke qenë se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë interpretim autentik, ky institut dhe procedura për të nuk mund të rregullohet fillimisht në rregullore apo statut.

Për arsyet e cekura, Gjykata vlerëson se neni i përcaktuar 15 alineja 3 të Rregullores është i kundërligjshëm, dhe rrjedhimisht në kundërshtim me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, në pajtim me të cilën në rendin juridik duhet të ketë rregulla juridikisht në përputhje me Kushtetutën dhe ligjet.

Bazuar në analizën e lartpërmendur kushtetuese-gjyqësore, Gjykata konstatoi se janë plotësuar kushtet nga neni 27 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, për marrjen e aktvendimit për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të aktit kontestues, për shkak të shfaqjes së mundshme të pasojave të vështira për t’u hequr dhe të pariparueshme për qytetarët, gjegjësisht veprime të ndërmarra në bazë të së drejtës për interpretim autentik.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.

V

Ky Aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska