Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.61/2024
Скопје, 27.03.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на точка 9 „Автентично толкување на прописите” и членовите 109, 110, 111 и 112, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на прописите” од Деловникот на Советот на Општина Дебрца, објавен во „Службен гласник на Општина Дебрца” број 3/2005, 11/2014 и 6/2019.
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од точка 9 „Автентично толкување на прописите” и членовите 109, 110, 111 и 112, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на прописите” од Деловникот на Советот на Општина Дебрца, објавен во „Службен гласник на Општина Дебрца” број 3/2005, 11/2014 и 6/2019.
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, уставните судии одлучија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива да оформат предмет во кој ќе се води постапка за оценување на согласноста на оспорениот акт, со одредбите на Уставот.
II
На седницата Судот утврди дека Деловникот на Советот на Општина Дебрца содржи дел со наслов 9 „Автентично толкување на прописите” во кој се уредени членовите 109, 110, 111 и 112.
Според член 109, барање за автентично толкување на прописот може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината, и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на прописите во нивното работење.
Во член 110 е уредено дека барањето за давање на автентично толкување на прописот се поднесува до претседателот на Советот, кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за статут и прописи.
Според член 111, Комисијата за статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од комисиите на Советот и општинската администрација.
Согласно член 112, ако Комисијата за статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување не е оправдано, ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно на уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.
Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи.
Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Дебрца во свој пропис – Деловникот на Советот на Општина Дебрца, во поглавјето VIII „Постапка за донесување на прописите”, уредил точка 9 „Автентично толкување на прописите”, во која ги пропишал членовите 109, 110, 111 и 112, со кои се уредува постапката за давање на автентично толкување на прописите.
Согласно со погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи. Меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти, со што одредбите коишто Советот на Општина Дебрца ги пропишал во Деловникот на Советот на Општина Дебрца, се без законски основ, а со тоа, Советот ги надминал и своите надлежности предвидени во Законот за локалната самоуправа.
Институтот автентично толкување, мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го употребуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, при што, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 152/19). Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.
Имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста на насловот на точка 9 „Автентично толкување на прописите” и членовите 109, 110, 111 и 112, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на прописите” од Деловникот на Советот на општина Дебрца со Законот за локалната самоуправа, а со тоа, со основ се постави прашањето и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Дебрца, до донесувањето на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
V
Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.61/2024
Shkup, 27.03.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së titullit në pikën 9. “Interpretimi autentik i akteve” dhe neneve 109, 110, 111 dhe 112 të kapitullit VIII “Procedura e miratimit të akteve” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Debarcës, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Debarcës” numër 3/2005, 11/2014 dhe 6/2019.
2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të dispozitave të pikës 9 “Interpretimi autentik i akteve” dhe neneve 109, 110, 111 dhe 112 të kapitullit VIII “Procedura e miratimit të akteve” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Debarcës, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Debarcës” numër 3/2005, 11/2014 dhe 6/2019.
3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me iniciativë të vetën që të formojë lëndë për vlerësimin e përputhshmërisë së aktit të kontestuar, me dispozitat e Kushtetutës.
II
Në seancë Gjykata përcaktoi se Rregullorja e Këshillit të Komunës së Debarcës e përmban një pjesë me titull 9 “Interpretimi autentik i rregullave” në të cilin janë rregulluar nenet 109, 110, 111 dhe 112.
Sipas nenit 109 të Rregullores, kërkesë për interpretim autentik të aktit mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në Komunë, një ndërmarrje publike që kryen veprimtari në territorin e komunës dhe organet shtetërore kur lind nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre.
Sipas nenit 110 të Rregullores, kërkesa për interpretim autentik të aktit i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për statut dhe rregulla.
Me nenin 111 të Rregullores, përcaktohet se Komisioni për statut dhe rregulla pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga komisionet e Këshillit dhe administrata komunale.
Në pajtim me nenin 112 të Rregullores, nëse Komisioni për statut dhe rregulla vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyetuar, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dorëzojë atë Këshillit për miratim dhe nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe rregulla do t’i dorëzojë raport Këshillit i cili do të marrë vendim për kërkesën dhe raportin e dorëzuar.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.
Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera.
Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Me nenin 43 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, ndërsa në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të nenit në fjalë, anëtarët e këshillit kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Rrjedhimisht, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen edhe të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, megjithatë, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.
Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Debarcës në rregullin e tij – Rregullorja e Këshillit të Komunës së Debarcës, në kapitullin VIII “Procedura për miratimin e rregullave”, e ka përcaktuar nenet 109, 110, 111 dhe 112 me të cilat rregullohet procedura e dhënies së interpretimit autentik të rregullave.
Sipas dispozitave ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli komunal është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregullave të tjera, megjithatë, Ligji me asnjë dispozitë nuk e parasheh kompetencën e këshillit komunal për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk u jep autorizim komunave, në rregullat (rregullore apo statut) e tyre të mund të rregullojnë dispozita për interpretim autentik të akteve të përgjithshme, me çka dispozitat të cilat Këshilli i Komunës së Debarcës i ka rregulluar në Rregulloren e Këshillit të Komunës së Debarcës, janë pa bazë ligjore, ndërsa me këtë, Këshilli ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, e njëjta gjë duhet të parashikohet edhe në ligj, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013) dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 152/2019). Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e pushtetit lokal, prandaj këshilli i komunës në rregulloren apo statutin nuk mund ta rregullojë institutin interpretim autentik dhe procedurën për të.
Duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata me bazë shprehu dyshim për përputhshmërinë e titullit të pikës 9. “Interpretimi autentik i akteve” dhe neneve 109, 110, 111 dhe 112 të kapitullit VIII “Procedura e miratimit të akteve” të Rregullores së Këshillit të Komunës së Debarcës me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, dhe me këtë me bazë u ngrit çështja e përputhshmërisë së tyre edhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.
Për shkak të mundësisë së krijimit të pasojave të dëmshme dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndërpresë ekzekutimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave kontestuese të Rregullores së Këshillit të Komunës së Debarcës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
V
Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska