У.бр.46/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.46/2024
Скопје, 27.03.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 24 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 110, 111, 112 и 113 содржани во глава IX.Постапка за усвојување на акти од Деловникот на Советот на Општина Желино, број 07-162/9 од 19.02.2008 година, објавен во „Службен гласник на Општина Желино“ бр.3/2008.

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 24 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 110, 111, 112 и 113 содржани во глава IX.Постапка за усвојување на акти од Деловникот на Советот на Општина Желино, број 07-162/9 од 19.02.2008 година, објавен во „Службен гласник на Општина Желино“ бр.3/2008.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од актот означен во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека во член 24 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Желино се предвидува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за автентично толкување на актите што ги носи Советот.

Судот, исто така, утврди дека во Деловникот на Советот на Општина Желино, во глава IX.Постапка за усвојување на акти, е содржано поглавје 9 „Автентично толкување на општи акти“, во кое се уредени членовите 110, 111, 112 и 113.

Имено, Судот утврди дека според член 110 од Деловникот барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи кога потребата од автентичното толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење.

Во член 111 од Деловникот е уредено дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој барањето го доставува до Статутарно правната комисија”.

Според член 112 од Деловникот, Статутарно- правната комисија по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од општинската администрација.

Согласно со член 113 од Деловникот, ако Статутарно- правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување, не е оправдано, Статутарно правната комисија за тоа ќе поднесе извештај до Советот.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Согласно член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Согласно погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи, меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

За да можат органите на локалната власт да го употребуваат институтот автентично толкување, истото треба да биде предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 152/2019).

Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може совет на општина во деловник или статут изворно да го уредува институтот автентично толкување и процедура за истиот, како што во конкретниот случај овој институт е уреден во Деловникот на Советот на Општина Желино, со што Советот на Општина Желино излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста на член 24 алинеја 4 од Деловникот на Советот на Општина Желино и согласноста на насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 110, 111, 112 и 113 содржани во глава IX.Постапка за усвојување на акти од Деловникот на Советот на Општина Желино, со Законот за локалната самоуправа, вклучително пред Судот со основ се постави прашањето и за нивната согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Желино, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Ова Решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.46/2024
Shkup, 27.03.2024

 

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 24 alineja 4, titulli i kapitullit 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 110, 111, 112 dhe 113 të përfshira në kapitullin IX Këshilli i Komunës së Zhelinës, nr. 07-162/9, të datës 19.02.2008, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Zhelinës” nr.3/2008.

2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 24 alineja 4, titulli në kapitullin 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 110, 111, 112 dhe 113 të përfshira në kapitullin IX Rregulloreja e Këshillit të Komunës së Zhelinës, nr.07-162/9, të datës 19.02.2008, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Zhelinës” nr.3/2008.

3. Ky aktvendim do të publikphet në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me vetëiniciativë që të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të aktit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se në nenin 24 alineja 4 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Zhelinës, parashikohet se anëtari i Këshillit ka të drejtë që në mbledhjet e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të akteve të miratuara nga Këshilli.

Gjykata konstatoi gjithashtu se në Rregulloren e Këshillit të Komunës së Zhelinës, në kapitullin IX Procedura e miratimit të akteve, gjendet kapitulli 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme”, në të cilin janë rregulluar nenet 110, 111, 112 dhe 113.

Gjegjësisht, Gjykata ka përcaktuar se sipas nenit 110 të Rregullores, kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në komunë, ndërmarrja publike që kryen veprimtaritë në territorin e komunës dhe organet shtetërore kur lindi nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në punën e tyre.

Në nenin 111 të Rregullores, rregullohet që kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili ia paraqet kërkesën Komisionit Statutar Juridik”.

Sipas nenit 112 të Rregullores, Komisioni Statutar Juridik ka të drejtë të kërkojë mendim nga administrata komunale pas kërkesës për interpretim autentik.

Në bazë të nenit 113 të Rregullores, nëse Komisioni Statutar Juridik vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik është e arsyeshme, do të përgatisë propozimin për interpretim autentik dhe do t’ia paraqesë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për Interpretim autentik nuk është e arsyeshme, Komisioni Statutar Juridik për këtë do t’i paraqesë raport Këshillit.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Në bazë të nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, respektivisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse me realizimin e tij mund të shkaktohen pasoja të vështira për t’u hequr.

Neni 36 i Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) rregullon kompetencat e Këshillit, dhe sipas paragrafit 1 pika 1 të këtij neni, Këshilli është kompetent të miratojë statutin e komunës dhe rregullat tjera. Sipas nenit 62 paragrafi 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla tjera të përcaktuara me ligj.

Në pajtim me dispozitat ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli i komunës është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregullave të tjera, megjithatë, Ligji me asnjë dispozitë nuk parashikon kompetencën e këshillit të komunës për të dhënë një interpretim autentik të rregullave të cilat i miraton dhe as ligji nuk u jep autorizim komunave që të munden në rregullat e tyre (rregullore ose statutet) të rregullojnë dispozita për interpretim autentik të akteve të përgjithshme.

Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, të njëjtën gjë duhet të parashikojë edhe ligji, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i pushtetit shtetëror edhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilin Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republika e Maqedonisë” 91/2008, 119/2010, 23/2013 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/2019).

Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e pushtetit lokal, prandaj këshilli i komunës në rregulloren apo statutin nuk mund ta rregullojë rrjedhimisht institutin interpretim autentik dhe procedurën për të, si në rastin konkret ky institut është i rregulluar në Rregulloren e Këshillit të Komunës së Zhelinës, me të cilën Këshilli i Komunës së Zhelinës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara në Ligjin për vetëqeverisje lokale.

Duke pasur parasysh sa më sipër, si dhe duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe secili është i detyruar t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata shprehu dyshime për pajtueshmërinë e nenit 24 alineja 4 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Zhelinës dhe marrëveshjes së titullit të kapitullit 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 110, 111, 112 dhe 113 të përfshira në kapitullin IX. Procedura për miratimin e akteve nga Rregulloreja e Këshillit të Komunës së Zhelinës, me Ligjin për vetëqeverisjen lokale, përfshirë para Gjykatës me bazë u shtrua çështja e përputhshmërisë së tyre me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimi i sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, në pajtim me të cilën në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi të ndërpresë realizimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave kontestuese të Rregullores së Këshillit të Komunës së Zhelinës, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.

V

Ky Aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska