У.бр.42/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.42/2024
Скопје, 27.03.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 16 алинеја 3 и член 146, 147 и 148 од Деловникот на Советот на Општина Струмица, број 07-1510/1 од 16.03.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Струмица“ бр.2/2006.

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на на член 16 алинеја 3 и член 146, 147 и 148 од Деловникот на Советот на Општина Струмица, број 07-1510/1 од 16.03.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Струмица“ бр.2/2006.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”

Образложение

I

На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од актот означен во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека во член 16 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струмица се предвидува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за автентично толкување на прописите.

Судот, исто така, утврди дека во член 146 од Деловникот е уредено дека барањето за автентично толкување на општите акти се поднесува до претседателот на Советот, кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за статут и прописи.

Според член 147 од Деловникот, Комисијата за статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и органите на општината.

Со член 148 од Деловникот е утврдено дека ако Комисијата за статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано, ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување не е оправдано, Комисијата за статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесува извештај.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Согласно со погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи, меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување, само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 152/2019).

Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може совет на општина во деловник или статут изворно да го уредува институтот автентично толкување и процедура за истиот, како што во конкретниот случај овој институт е уреден во Деловникот на Советот на Општина Струмица, со што Советот на Општина Струмица излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста член 16 алинеја 3, член 146, 147 и 148 од Деловникот на Советот на Општина Струмица, со Законот за локалната самоуправа, вклучително пред Судот со основ се постави прашањето и за нивната согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Струмица, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.42/2024
Shkup, 27.03.2024

 

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafit 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 16 alineja 3 dhe nenit 146, 147 dhe 148 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Strumicës, numër 07-1510/1 të datës 16.03.2006, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Strumicës” nr. 2/2006.

2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 16 alineja 3 dhe nenit 146, 147 dhe 148 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Strumicës, numër 07-1510/1 të datës 16.03.2006, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Strumicës” nr. 2/2006

3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me iniciativë të vetën që të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të aktit të paraqitur në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se në nenin 16 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Strumicës parashihet se “një anëtar i Këshillit ka të drejtë në seancat e Këshillit të parashtrojë kërkesë për interpretim autentik të akteve të përgjithshme që i miraton Këshilli”.

Gjykata, gjithashtu, përcaktoi se në nenin 146 të Rregullores është rregulluar se “Kërkesa për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për statut dhe rregulla”.

Me nenin 147 të Rregullores, përcaktohet se “Komisioni për statut dhe rregulla pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga organet e punës së Këshillit dhe organet e komunës”.

Në pajtim me nenin 148 të Rregullores, është përcaktuar se “Nëse Komisioni për statut dhe rregulla vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e arsyetuar, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dorëzojë atë Këshillit për miratim dhe nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe rregulla do t’i dorëzojë raport Këshillit”.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.

Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera. Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.

Sipas dispozitave ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli komunal është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregullave të tjera, megjithatë, Ligji me asnjë dispozitë nuk e parasheh kompetencën e këshillit komunal për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk u jep autorizim komunave, në rregullat (rregullore apo statut) e tyre, të mund të rregullojnë dispozita për interpretim autentik të akteve të përgjithshme.

Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, e njëjta gjë duhet të parashikohet edhe në ligj, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013) dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 152/2019).

Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e pushtetit lokal, prandaj këshilli i komunës në rregulloren apo statutin nuk mund ta rregullojë institutin interpretim autentik dhe procedurën për të, siç në rastin konkret ky institut është i rregulluar me Rregulloren e Këshillit të Komunës së Strumicës, me çka Këshilli i Komunës së Strumicës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.

Duke e marrë parasysh atë që u tha më sipër, si dhe duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata me bazë shprehu dyshim për përputhshmërinë e nenit 16 alinesë 3, nenit 146, 147 dhe 148 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Strumicës me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, përfshirë para Gjykatës me bazë u ngrit çështja e përputhshmërisë së tyre edhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së krijimit të pasojave të dëmshme dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndërpresë ekzekutimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave kontestuese të Rregullores së Këshillit të Komunës së Strumicës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm.

IV

Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

V

Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska