У.бр.41/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У. бр.41/2024
Скопје,27.03.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27.03.2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 33 алинеја 3 и глава 14 „Автентично толкување на општи акти“ членовите 175, 176, 177 и 178 од Деловникот на Советот на Општина Кавадарци бр.07-3454/2 од 30.11.2006 година („Службен гласник на Општина Кавадарци” број 21/2006).

2. СЕ ЗАПИРА ИЗВРШУВАЊЕТО на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 33 алинеја 3 и глава 14 „Автентично толкување на општи акти“ членовите 175, 176, 177 и 178 од Деловникот на Советот на Општина Кавадарци бр.07-3454/2 од 30.11.2006 година („Службен гласник на Општина Кавадарци” број 21/2006).

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, уставните судии одлучија врз основа на одредбата од член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, по сопствена иницијатива да оформат предмет во кој ќе се води постапка за оценување на согласноста на оспорениот акт, со одредбите на Уставот.

II

На седницата Судот утврди дека Советот на Општина Кавадарци, врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) и член 82 став 1 точка 2 и член 132 став 1 од Статутот на Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци” број 8/2005) на седницата одржана на 30.11.2006 година, донел Деловник на Советот на Општина Кавадарци број 07-3454/2 од 30.11.2006 година.

Деловникот на Општина Кавадарци, содржи дел „автентично толкување“ и тоа во член 33 алинеја 3 и во глава XIV насловена како „Автентично толкување на општи акти“ со членовите 175, 176, 177 и 178.

Член 33 алинеја 3 од Деловникот пропишува дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

Во глава XIV насловена како „Автентично толкување на општи акти“ се содржани членовите 175, 176, 177 и 178 од Деловникот.

Член 175 уредува дека барање за автентично толкување на пропис може да поднесат членовите на Советот, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и државните органи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење, додека во член 176 се пропишува дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседавачот на Советот кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за статут и прописи. Во член 177 се уредува дека Комисијата за статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и општинската администрација, а согласно со член 178 од истиот деловник, ако Комисијата за статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување, не е оправдано, Комисијата за статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај. За одлуката на Советот се известува подносителот на барањето.

III

Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно со член 51 од Уставот.

Според уставната одредба пропишана во член 68 став 1 алинеја 2, Собранието на Република Северна Македонија, има уставно овластување да донесува закони и да дава автентично толкување на законите.

Член 110 алинеја 2 од Уставот, пропишува дека Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Уставниот суд, согласно со член 27 став 1 од Деловникот, може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека законите се носат во согласност со Уставот, а сите други прописи во согласност со Уставот и закон, дека само Собранието има уставно овластување за донесување на закони и нивно автентично толкување, а сето тоа во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.

Од содржината на оспорениот акт, произлегува дека Советот на Општина Кавадарци, врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) и член 82 став 1 точка 2 и член 132 став 1 од Статутот на Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци” број 8/2005) на седницата одржана на 30.11.2006 година, донел Деловник на Советот на Општина Кавадарци број 07-3454/2 од 30.11.2006 година.

Членот 33 од Деловникот ги пропишува правата на членот на Советот на седниците на Советот. Помеѓу останатите права, во алинеја 3 од истиот член е содржано правото за автентично толкување, така што предвидува дека членот на Советот на седниците има право да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

Во глава XIV насловена како „Автентично толкување на општи акти“ од истиот деловник, оспорените членови од автентично толкување (со нумерација како членови 175, 176, 177 и 178) уредуваат кој може да поднесе барање за автентично толкување на општ акт, каде се поднесува барањето, до кого се доставува, кој одлучува по барањето, кој изготвува предлог по барањето, кој го усвојува и кој одлучува дали барањето за автентично толкување е оправдано или не е, за што се сочинува извештај.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19 и 248/23).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.

Во конкретниот случај, Советот на Општина Кавадарци како орган на локалната власт, донел Деловник на Советот на Општина Кавадарци во кој се содржани член 33 алинеја 3 и глава 14 „Автентично толкување на општи акти“, во кој е содржано правото за автентично толкување.
Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

Согласно со член 36 став 1 точка 1 од Законт за локалната самоуправа, Советот на Општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно со член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Кавадарци, ги пречекорил своите законски овластувања кога го донел Деловникот на Советот на Општина Кавадарци, во кој со член 33 алинеја 3 и во глава 14 е содржано правото за автентично толкување.

Имајќи предвид дека станува збор за прашање, коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт, изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19 и 248/23). Со оглед на тоа дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.

Оттука, имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кои во Република Северна Македонија, законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, во конкретниот случај со основа се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби од член 33 алинеја 3 и глава XIV во која се содржани членовите 175, 176, 177 и 178 од Деловникот на Општина Кавадарци со Законот за локалната самоуправа, а со тоа со основ се постави прашањето за нивната согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок-владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Врз основа на горенаведената уставно-судска анализа, Судот утврди дека се исполнети и условите од член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, за донесување решение за запирање од извршување на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, поради можно настанување на тешко отстранливи и ненадоместливи последици за граѓаните, односно дејствија преземени врз основа на правото за автентично толкување.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Ова решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.41/2024
Shkup, 27.03.2024

 

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 33 alineja 3 dhe kapitulli 14 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” neneve 175, 176, 177 dhe 178 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Kavadarit nr. 07-3454/2 të datës 30.11.2006 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Kavadarit” numër 21/2006).

2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të nenit 22 alineja 3 dhe kapitulli 14 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” neneve 175, 176, 177 dhe 178 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Kavadarit nr. 07-3454/2 të datës 30.11.2006 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Kavadarit” numër 21/2006).

3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafin1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me iniciativë të vetën që të formojë lëndë për vlerësimin e përputhshmërisë së aktit të kontestuar, me dispozitat e Kushtetutës.

II

Në seancë Gjykata përcaktoi se Këshilli i Komunës së Kavadarit, në bazë të nenit 36 paragrafi 1 pika 1 e Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) dhe nenit 82 paragrafi 1 pika 2 dhe nenit 132 paragrafit 1 të Statutit të Komunës së Kavadarit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Kavadarit” numër 8/2005) në seancën e mbajtur më 30.11.2006, ka miratuar Rregullore të Këshillit të Komunës së Kavadarit numër 07-3454/2 të datës 30.11.2006.

Rregullorja e Komunës së Kavadarit, e përmban një pjesë “interpretimi autentik” edhe atë në nenin 33 alineja 3 dhe në kapitullin XIV të titulluar si “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” me nenet 175, 176, 177 dhe 178.

Neni 33 alineja 3 e Rregullores përcakton se një anëtar i Këshillit ka të drejtë në seancat e Këshillit të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave.

Në kapitullin XIV të titulluar si „Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” janë nenet 175, 176, 177 dhe 178 të Rregullores.

Sipas nenit 175 të Rregullores, kërkesë për interpretim autentik të aktit mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, një ndërmarrje publike që kryen veprimtari në territorin e komunës dhe organet shtetërore kur lind nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre, ndërsa me nenin 176 të Rregullores, kërkesa për interpretim autentik të aktit i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për statut dhe rregulla. Me nenin 177 të Rregullores, përcaktohet se Komisioni për statut dhe rregulla pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga komisionet e Këshillit dhe administrata komunale, ndërsa në pajtim me nenin 178 të Rregullores, nëse Komisioni për statut dhe rregulla vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik është e arsyetuar do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dorëzojë Këshillit, ndërsa nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe rregulla do t’i dorëzojë raport Këshillit i cili do të marrë vendim për kërkesën dhe raportin e dorëzuar.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.

Sipas dispozitës kushtetuese të rregulluar me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut, ka autorizim kushtetues të miratojë ligje dhe të japë interpretim autentik të ligjeve.

Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në miratimin e vendimit të plotfuqishëm, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u mënjanuar.

Duke u nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, del se ligjet miratohen në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera në përputhje me Kushtetutën dhe ligjin, se vetëm Kuvendi ka kompetencë kushtetuese për miratimin e ligjeve dhe interpretimin autentik të tyre dhe e gjithë kjo në funksion të garantimit të sundimit së së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si supozim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve të tjera juridike.

Nga përmbajtja e aktit të kontestuar, del se Këshilli i Komunës së Kavadarit, në bazë të nenit 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) dhe nenit 82 paragrafi 1 pika 2 dhe nenit 132 paragrafi 1 i Statutit të Komunës së Kavadarit “Gazeta Zyrtare e Komunës së Kavadarit” numër 8/2005) në seancën e mbajtur më 30.11.2006, ka miratuar Rregullore të Këshillit të Komunës së Kavadarit numër 07-3454/2 të datës 30.11.2006.

Neni 33 i Rregullores i rregullon të drejtat e anëtarit të Këshillit në seancat e Këshillit. Ndër të drejtat e tjera, alineja 3 e të njëjtit nen e përmban të drejtën e interpretimit autentik, kështu që parasheh që anëtari i Këshillit të seancave të ketë të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave.

Në kapitullin XIV me titull “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” të së njëjtës rregullore, nenet e kontestuara të interpretimit autentik (si nenet 175, 176, 177 dhe 178) përcaktojnë se kush mund të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të një akti të përgjithshëm, ku paraqitet kërkesa, kujt i paraqitet, kush vendos për kërkesën, kush përgatit propozim për kërkesën, kush e miraton dhe kush vendos nëse kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar apo jo, për të cilën bëhet raport .

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi në pajtim me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2 të Kushtetutës i miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës të Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/ 2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.152/19 dhe 248/23).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, dykuptimësi ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, Këshilli i Komunës së Kavadarit, si organ i pushtetit lokal, ka miratuar Rregulloren e Këshillit të Komunës së Kavadarit, e cila përmban nenin 33 paragrafin 3 dhe kapitullin 14 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” i cili e përmban të drejtën e interpretimit autentik.

Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk përmban një dispozitë të shprehur se këshillat e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregulloreve që i miratojnë.

Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera, ndërsa sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se Ligji nuk e përmban një dispozitë se këshillat komunal mund të japin interpretim autentik të rregullave të cilat i miratojnë.

Në një situatë të tillë faktike, pa mëdyshje del se Këshilli i Komunës së Kavadarit i ka tejkaluar kompetencat e tij ligjore me miratimin e Rregullores së Këshillit të Komunës së Kavadarit, në të cilën neni 33 alineja 3 dhe kapitulli 14 e përmbajnë të drejtën për interpretim autentik.

Duke patur parasysh se kjo është një çështje që duhet të parashikohet me ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal të mund ta zbatojnë atë, siç parashikohet që ligjvënësi si organ i pushtetit shtetëror, shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve dhe procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010, 23/2013, 152/19 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 152/19 dhe 248/23). Duke qenë se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë interpretim autentik, ky institut dhe procedura e tij nuk mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut.

Si rrjedhojë, duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, në rastin konkret me bazë është ngritur çështja për përputhshmërinë e dispozitave të kontestuara të nenit 33 alinesë 3 dhe kapitulli XIV në të cilin përmbahen nenet 175, 176, 177 dhe 178 të Rregullores së Komunës së Kavadarit me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, ndërsa me këtë me bazë u ngrit çështja e përputhshmërisë së tyre edhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës.

Bazuar në analizën e lartpërmendur kushtetuese-juridike, Gjykata konstatoi se kushtet nga neni 27 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, për miratimin e aktvendimit për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale apo veprimeve të ndërmarra në bazë të aktit të kontestuar, për shkak të shfaqjes së mundshme të pasojave të vështira për t’u menjanuar dhe të pariparueshme për qytetarët, përkatësisht veprimet e ndërmarra në bazë të së drejtës për interpretim autentik.

IV

Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

V

Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska