Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.20/2024
Скопје, 27.03.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, број 07-1271/3/2 од 27.05.2008 година, објавен во „Службен гласник на Општина Крива Паланка” број 5/2008 и 5/2021.
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, број 07-1271/3/2 од 27.05.2008 година, објавен во „Службен гласник на Општина Крива Паланка” број 5/2008 и 5/2021.
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот означен во точката 1 од ова решение.
II
На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, член на Советот има право на седниците на Советот да поднесe барање за давање на автентично толкување на прописите.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.
Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Крива Паланка во свој пропис – Деловникот на Советот Општина Крива Паланка, во главата III. Права и должности на членовите на Советот, поглавје 3 „Покренување иницијативи и поднесување предлози“, го уредил член 15 алинеја 3, според кој член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.
Правото, коешто Советот на Општина Крива Паланка, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.
Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување, само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 152/2019).
Меѓутоа, за органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, со кое се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање на автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Крива Паланка излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.
Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка со Законот за локалната самоуправа, вклучително и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
Поради можноста од настанување на штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, до донесувањето на конечната одлука.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
V
Ова Решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.20/2024
Shkup, 27.03.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Kriva Pallankës, me numër 07-1271/3/2 të datës 27.05.2008, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës Kriva Pallankë” numër 5/2008 dhe 5/2021.
2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Kriva Pallankës, me numër 07-1271/3/2 të datës 27.05.2008, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Kriva Pallankës” numër 5/2008 dhe 5/2021.
3. Ky aktvendim do të publikphet në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me vetëiniciativë që të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
II
Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Kriva Pallankës, anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullores në mbledhjen e Këshillit.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 paragrafi 2 i Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.
Sipas nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të miratojë aktvendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.
Neni 36 i Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) rregullon kompetencat e Këshillit, dhe sipas paragrafit 1 pika 1 të këtij neni, Këshilli është kompetent të miratojë statutin e komunës dhe rregullat tjera. Sipas nenit 62 paragrafi 1 i ligjit të lartpërmendur, këshilli në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla tjera të përcaktuara me ligj.
Neni 43 i Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale rregullon të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i bëjnë pyetje kryetarit të komunës në mbledhjet e këshillit, dhe sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Rrjedhimisht, statuti dhe rregulloret e tjera mund të përcaktojnë të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për vetëqeverisje lokale.
Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Kriva Pallankës në rregullin e vet – Rregulloren e Këshillit të Komunës së Kriva Pallankës, në kreun III. Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit, kapitulli 3 “Ngritja e iniciativave dhe paraqitja e propozimeve”, është rregulluar me nenin 15 paragrafi 3, sipas të cilit një anëtar i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit.
E drejta, të cilën Këshilli i Komunës së Kriva Pallankës, ua caktoi anëtarëve të Këshillit me Rregulloren, lidhet me institutin “interpretim autentik i rregullave”. Megjithatë, Ligji për Vetëqeverisjen Lokale, me asnjë dispozitë, nuk e parasheh kompetencën e këshillit të komunës për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as Ligji nuk u jep komunave autorzimin që të munden në rregulloret e tyre (rregullore ose statutet), të rregullojnë dispozita për interpretim autentik të akteve të përgjithshme.
Organet e pushtetit lokal mund të përdorin institutin e interpretimit autentik, vetëm nëse e njëjta parashikohet në ligj, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i pushtetit shtetëror edhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me Kuvendin miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 91/2008, 119/2010, 23/2013 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 152/2019).
Por, për organet e pushtetit, me ligj nuk është parashikuar instituti i interpretimit autentik për aktet e përgjithshme që i miratojnë, ashtu që nuk ka mundësi që në rregullore ose statut të rregullohet rrjedhimisht ky institut dhe procedura për të njëjtin. Prandaj, neni 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Kriva Pallankës, me të cilën përcaktohet e drejta e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të mund të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit, është përcaktuar pa bazë ligjore, me çka Këshilli i Komunës së Kriva Pallankës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara me Ligjin për vetëqeverisje lokale.
Duke pasur parasysh sa më sipër, si dhe duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas së cilës në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe të gjithë janë të detyruar t’i respektojnë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata me bazë ka shprehur dyshime për pajtueshmërinë e nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Kriva Pallankës me Ligjin për vetëqeverisje lokale, duke përfshirë përputhshmërinë e tij me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, në pajtim me të cilën në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të pajtueshme me Kushtetutën dhe ligjet.
Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi të ndalojë realizimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave kontestuese të Rregullores së Këshillit të Komunës së Kriva Pallankës, deri në miratimin e vendimit përfundimtar.
IV
Nisur nga sa më sipër, Gjykata vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.
V
Ky Aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska