На дневен ред на Уставниот суд на 3 април 2024 година е предметот во кој се оспорени одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, а се однесуваат на работните часови за проекти од стратешко национално значење.
Имено, станува збор за предметите У.бр. 83/2023, 96/2023 и 111/2023 кои се оформени во Уставниот суд по иницијативи на политичката партија „Левица”, Хелсиншки комитет за човекови права од Скопје и Сојуз на синдикатите на Македонија ССМ застапуван од претседателот Слободан Трендафилов, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија СГИП застапувано од претседателот Иван Пешевски.
Според подносителот Левица законската норма која предидува дека прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделн о и 190 часа годишно, по претходна дадена писмена согласност од страна на работникот, е уназадувачка, општествено-деградирачка и нехумана и е во спротивност со основните слободи и права на граѓаните.
Според подносителот Хелсиншки комитет, меѓу другото, оспорените одредби се во спротивност со Уставот, односно се наведува дека со нив се напушта нивото на заштита кои го нудат позитивните законски прописи и меѓународни конвенции и се прави обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе воспоставени правила, што создава опасност од нееднаков третман и дискриминација на одредена група работници со акт на министер.
Во третата иницијатива подносителите наведуваат дека оспорените одредби од Законот се во спротивност со член 109, 1110 и член 134 став 2 од самиот закон за работни односи, како и со член 36 став 2 од Општиот колективен договор за приваниот сектор од областа на стопанството.