Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.54/2024
Скопје, 27.03.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга, број 08-1535/3 од 16.04.2018 година, објавен во „Службен гласник на Општина Струга” број 4/2018.
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбата од актот означен во точката 1 од оваа одлука.
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.54/2024 од 14 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот, означен во точката 1 од Одлуката, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и Законот за локалната самоуправа.
II
На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите”.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.
Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.
Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Струга во свој пропис – Деловникот на Советот Општина Струга, во поглавјето III. Права и должности на членовите на Советот, точка 3. Покренување иницијативи и поднесување предлози, го уредил член 15 алинеја 3, според кој член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите.
Правото, коешто Советот на Општина Струга, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот автентично толкување на прописите. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут), да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.
Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
За органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга, со кој се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Струга излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.
Имајќи го предвид погоре изнесеното, како и одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот оцени дека член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга, не е во согласност со Законот за локалната самоуправа, вклучително и со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.54/2024
Shkup, 27.03.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe nenit 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 paragrafi 1 alineja 1 e Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi
V E N D I M
1. SHFUQIZOHET neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Strugës, numër 08-1535/3 të datës 16.04.2018, të publikuar në „Gazetën Zyrtare të Komunës së Strugës” numër 4/2018.
2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve të kryera në bazë të dispozitës së aktit të përcaktuar në pikën 1 të këtij vendimi.
3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, me iniciativë të vetën me Aktvendimin U.nr.54/2024 të 14 shkurtit 2024 inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit, të dhënë në pikën 1 të Vendimit, pasi para gjykatës me bazë u ngrit çështja për harmonizimin e tij me Kushtetutën dhe Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se sipas nenit 15 alineja 3 e Rregullores së punës së Këshillit të Komunës së Strugës, “Anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në seancat e Këshillit të Komunës së Strugës”.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 110 alineja 2 e Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit të dhënë, Këshilli është kompetent të miratojë statut të komunës dhe rregulla të tjera. Sipas nenit 62 paragrafit 1 të ligjit të lartpërmendur, në ushtrimin e detyrave me kompetencë të saj këshilli miraton rregulla, edhe atë: statutin, programe, plane, vendime dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Me nenin 43 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale rregullohen të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës në seancën e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregullore të tjera, në pajtim me këtë ligj.
Sipas kësaj, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen edhe të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, përcaktimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Strugës në rregullin e tij – Rregullorja e punës së Këshillit të Komunës së Strugës, në kapitullin III. Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit, pika 3. Inicimi i iniciativave dhe paraqitja e propozimeve, të rregulluara me nenin 15 alinenë 3 sipas të cilit anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullores në seancat e Këshillit.
E drejta, të cilën Këshilli i Komunës së Strugës, ua caktoi anëtarëve të Këshillit me Rregulloren, lidhet me institutin “interpretim autentik i rregulloreve”. Megjithatë, Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk parasheh me asnjë dispozitë kompetencë të këshillit të komunës për të dhënë interpretim autentik të rregulloreve që i miraton, dhe as Ligji nuk u jep komunave autorizimin që të jenë në gjendje në rregullat (rregullore ose statutet) të përcaktojnë dispozita për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.
Organet e pushtetit lokal mund ta përdorin institutin e interpretimit autentik, vetëm nëse i njëjti parashihet në ligj, siç parashihet për ligjvënësin si organ i pushtetit shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Për organet e pushtetit lokal, ligji nuk parashikon institucionin e interpretimit autentik të akteve të përgjithshme që ato i miratojnë, në mënyrë që ky institucion dhe procedura e tij të mos mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut. Prandaj, neni 15 alineja 3 e Rregullores së Këshillit të Komunës së Strugës, i cili përcakton të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të mund të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregulloreve në seancat e Këshillit, është paraparë pa bazë ligjore, me çka Këshilli i Komunës së Strugës ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara në Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.
Duke e marrë parasysh sa më sipër, si dhe duke i pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata vlerësoi se neni 15 alineja 3 e Rregullores së Punës së Këshillit të Komunës së Strugës nuk është në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, duke përfshirë përputhshmërinë e tij me parimet themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të ligjit nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska