Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.28/2024
Скопје, 27.03.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВААТ точка 9. Автентично толкување на општи акти и членовите 116, 117, 118 и 119, содржани во поглавјето VIII.Постапка за донесување на општите акти од Деловникот на Советот на Општина Бутел, број 07-364 од 19.07.2005 година, објавен во „Службен гласник на Град Скопје” број 8/2005.
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбите од актот означен во точката 1 од оваа одлука.
3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, по сопствена иницијатива со Решението У.бр.28/2024 од 7 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од актот, означен во точката 1 од Одлуката, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за нивната согласност со Уставот и Законот за локалната самоуправа.
II
На седницата Судот утврди дека Советот на Општина Бутел во Деловникот на Советот на Општина Бутел, во поглавјето VIII. Постапка за донесување на општите акти, уредил точка 9. Автентично толкување на општи акти, во која ги пропишал членовите 116, 117, 118 и 119 со кои се уредува постапката за давање на автентично толкување на општи акти.
Имено, Судот утврди дека според член 116 од Деловникот на Советот на Општина Бутел „Барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во Општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на Општината и државните органи кога потребата од автентичното толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење”.
Според член 117 од Деловникот на Советот на Општина Бутел „Барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за статут и прописи”.
Според член 118 од Деловникот на Советот на Општина Бутел „Комисијата за статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и управните и административните органи на Општината”.
Судот, исто така, утврди дека според член 119 од Деловникот на Советот на Општина Бутел „Ако Комисијата за статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на усвојување, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување не е оправдано, Комисијата за статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај”.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 51 од Уставот е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.
Согласно со погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи, меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.
Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).
За органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот, како што во конкретниот случај овој институт е уреден во Деловникот на Советот на Општина Бутел, со што Советот на Општина Бутел и излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.
Имајќи го предвид погоре изнесеното, како и одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот оцени дека точка 9. Автентично толкување на општи акти и членовите 116, 117, 118 и 119, содржани во поглавјето VIII. Постапка за донесување на општите акти од Деловникот на Советот на Општина Бутел, не се во согласност со Законот за локалната самоуправа, вклучително и со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.28/2024
Shkup, 27.03.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe nenit 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 paragrafi 1 alineja 1 e Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi
V E N D I M
1. SHFUQIZOHEN Pika 9. Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme dhe nenet 116, 117, 118 dhe 119 të përfshira në kapitullin VIII Procedura e miratimit të akteve të përgjithshme nga Rregullorja e Këshillit të Komunës Butel, nr. 07-364, të datës 19.07.2005. “Gazeta Zyrtare e Qytetit të Shkupit” numër 8/2005.
2. VIHET JASHTË FUQIE Aktvendimi për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve të kryera në bazë të dispozitës së aktit të përcaktuar në pikën 1 të këtij vendimi.
3. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, me iniciativë të vetën me Aktvendimin U.nr.28/2024 të 7 shkurtit 2024 inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të aktit, të dhënë në pikën 1 të Vendimit, pasi para Gjykatës me bazë u ngrit çështja për harmonizimin e tyre me Kushtetutën dhe Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se Këshilli i Komunës Butel në Rregulloren e Punës së Këshillit të Komunës Butel, në kapitullin VIII. Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme, e ka rregulluar pikën 9. Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme, në të cilat i ka përcaktuar nenet 116, 117, 118 dhe 119, me të cilat rregullohet procedura e dhënies së interpretimit autentik të akteve të përgjithshme.
Përkatësisht, Gjykata vendosi se sipas nenit 116 të Rregullores së Këshillit të Komunës Butel “Kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në Komunë, një ndërmarrje publike që kryen veprimtari në territorin e komunës dhe organet shtetërore kur lind nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre”.
Sipas nenit 117 të Rregullores së Këshillit të Komunës Butel, “Kërkesa për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për statut dhe rregulla”.
Sipas nenit 118 të Rregullores së Këshillit të Komunës Butel, “Komisioni për statut dhe rregulla pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga organet punuese të Këshillit dhe organet drejtuese dhe administrative të Komunës”.
Gjykata vendosi gjithashtu se sipas nenit 119 të Rregullores së Këshillit të Komunës Butel “Nëse Komisioni për statut dhe rregulla vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dorëzojë atë Këshillit për miratim dhe nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe rregulla do t’i dorëzojë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e dorëzuar”.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e kanë për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Me nenin 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera. Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave me kompetencë të tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.
Sipas dispozitave ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli komunal është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregullave të tjera, megjithatë, Ligji me asnjë dispozitë nuk e parasheh kompetencën e këshillit komunal për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i miraton, dhe as Ligji nuk u jep autorizim komunave, në rregullat (rregullore apo statut) e tyre, të mund të rregullojnë dispozita për interpretim autentik të akteve të përgjithshme.
Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, e njëjta gjë duhet të parashikohet edhe në ligj, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).
Për organet e pushtetit lokal, me ligj nuk parashihet instituti për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme që ato i nxjerrin, në mënyrë që ky institucion dhe procedura e tij të mos mund të rregullohen fillimisht në rregulloren apo statutin, si në rastin konkret ky institut rregullohet me Rregulloren e Këshillit të Komunës së Butelit, me të cilën Këshilli i Komunës së Butelit ka dalë përtej kompetencave të përcaktuara në Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale.
Duke e marrë parasysh atë që u tha më sipër, si dhe duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata vlerësoi se pika 9 Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme dhe neneve 116, 117, 118 dhe 119, të përfshira në kapitullin VIII Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme nga Rregullorja e Këshillit të Komunës së Butelit, me nuk janë në përputhje me Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, përfshirë edhe me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska