Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.210/2023
Скопје, 27.03.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Северна Македонија, член 70 став 1 алинеја 1 и член 73 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ ПОНИШТУВА член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани („Службен весник на Република Северна Македонија” број 269/2023).
2. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод поднесената иницијатива од Игорчо Точев од Скопје, со Решението У.бр.210/2023 од 14 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани („Службен весник на Република Северна Македонија” број 269/2023), затоа што пред Судот, со основ се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.
II
На седницата Судот утврди дека според член 3 став 1 точка 2) од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани „корисници на правото на надоместок заради попреченост” се лица со навршена 26-годишна возраст, а најмногу до 65-годишна возраст, со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, согласно со податоците од евиденцијата на центрите за социјална работа.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Според член 9 од Уставот, граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Согласно со член 34 од Уставот, граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и колективен договор.
Со член 35 од Уставот е определено дека Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност. Републиката им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани. Републиката им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.
Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Заради справување со продолжените ефекти од енергетската и ценовната криза, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 13 декември 2023 година, донесе Закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, објавен на 18 декември 2023 година во „Службен весник на Република Северна Македонија” број 269/2023, и влезен во сила со денот на објавувањето.
Со овој закон се уредуваат корисниците, висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани.
Според член 2 од Законот, корисници на финансиската поддршка се лицата кои се:
-корисници на посебен додаток,
-корисници на правото на надоместок заради попреченост,
-самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош,
-корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари,
-ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето-плата до 50.000 денари и
-студенти кои живеат надвор од местото на студирање.
Со член 3 став 1 точки од 1) до 6) од Законот, се определува значењето на изразите, употребени во член 2 од Законот.
Според член 3 став 1 точка 2) од Законот „корисници на правото на надоместок заради попреченост” се лица со навршена 26 годишна возраст, а најмногу до 65 годишна возраст, со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, согласно со податоците од евиденцијата на центрите за социјална работа.
Од содржината на погоре наведениот член од Законот произлегува дека во групата корисници на правото на надоместок заради попреченост, не спаѓаат лицата над 65-годишна возраст, а со тоа овие лица се исклучени од финансиската поддршка согласно со Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.
Правото на користење надоместок заради попреченост и начинот на кој граѓаните можат да го остварат тоа право, е уредено со Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија” број 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020, 163/2021, 294/2021, 99/2022, 236/2022 и 65/2023), а согласно со член 44 став 2 од овој закон, надоместок заради попреченост може да оствари лице со навршени 26 години возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот. Согласно со оваа законска одредба секое лице над 26-годишна возраст кое е во состојба на некој вид попреченост, побарало остварување на вакво право, го остварило правото и добива надоместок заради попреченост, неспорно е корисник на надоместок заради попреченост.
Претходно, член 44 став 2 од Законот за социјалната заштита уредуваше дека „надоместок заради попреченост може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот”, меѓутоа Уставниот суд со Одлуката У.бр.27/2020 и У.бр.289/2020 од 01.12.2022 година, го укина делот „најдоцна до 65 годишна возраст” содржан во член 44 став 2 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија” број 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020 и 163/2021).
Со укинувањето на делот „најдоцна до 65 годишна возраст” од член 44 став 2 од Законот за социјалната заштита, како баратели за остварување на право на надоместок заради попреченост може да се јават и лица над 65-годишна возраст, што значи и овие лица доколку остварат такво право, спаѓаат во категоријата на лица корисници на право на надоместок заради попреченост.
Од содржината на член 3 став 1 точка 2) од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, меѓутоа, произлегува нешто друго, поточно дека корисници на правото на надоместок заради попреченост, се всушност лица со навршена 26- годишна возраст, а најмногу до 65-годишна возраст, со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, согласно со податоците од евиденцијата на центрите за социјална работа, но не и лицата над 65- годишна возраст.
Имајќи предвид дека согласно со Законот за социјалната заштита и овие лица можат да го остварат ова право, со што се вбројуваат во групата корисници на правото на надоместок заради попреченост, јасно е дека со оспорениот дел „најмногу до 65 годишна возраст” содржан во член 3 став 1 точка 2) од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, неосновано се стеснува значењето на употребениот израз „корисници на правото на надоместок заради попреченост”, а со тоа и неосновано се изземаат лицата над 65 годишна возраст од финансиската поддршка којашто се обезбедува за периодот определен со донесениот Закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.
Во конкретниот случај, законодавецот со цел појаснување на значењето на употребениот израз „корисници на правото на надоместок заради попреченост”, наместо да се задржи на дефинирањето на употребениот израз коешто за своја основа го има Законот за социјалната заштита, отстапил од правната уреденост со овој закон, навлегувајќи во нормативно уредување дека лицата над 65-годишна возраст не се корисници на правото на надоместок заради попреченост, иако и лицата над 65-годишна возраст можат да остварат право на надоместок заради попреченост, со што стануваат корисници на тоа право.
Оттука, со вака утврденото значење на употребениот израз „корисници на правото на надоместок заради попреченост” од член 3 став 1 точка 2) од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, а според кое лицата над 65-годишна возраст, не се сметаат за корисници на правото на надоместок заради попреченост, според Судот, е нарушен принципот на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и правната сигурност на граѓаните во остварувањето на правата од социјалната сфера.
Воедно, неоснованото исклучување на овие лица од единствената категорија корисници на правото на надоместок заради попреченост, според Судот, создава и нееднаков третман помеѓу лицата кои се наоѓаат во иста правна положба (сите се корисници на правото на надоместок заради попреченост), но едни можат да остварат право на финансиска поддршка, а други не можат, исклучиво заради возраста.
Уставниот принцип на еднакво постапување спрема еднаквите, независно од личните својства и карактеристики на граѓаните, нивната припадност или убедување или која било друга состојба или статус, во конкретниот случај, според Судот, е повреден со пропишувањето на оспорениот дел на членот од Законот, со кој во суштина, по основ на возраст се врши неоснована категоризација на единствената категорија лица корисници на правото на надоместок заради попреченост, а со тоа и нелегитимно спречување на едните да можат исто како и другите да ги уживаат подеднакво правата од социјалната сфера, што не е во согласност со уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите од член 9 од Уставот.
Суштината на оваа уставна норма е нејзиниот антидискриминаторски карактер и тоа што забранува воспоставување основи за какви било разлики меѓу луѓето кога тие остваруваат одделни свои права. Законодавецот има право со закон да ги пропише условите и начинот под кои граѓаните ќе можат да остварат одредени права поради нивната социјална положба, а во тие рамки и да ја определи целната група којашто ќе биде опфатена со социјалната мерка, во случајов со финансиската поддршка, меѓутоа и обврска да утврди еднакви права за лицата кои се наоѓаат во еднаква правна положба, но во конкретниот случај поради така утврденото значење на употребениот израз „корисници на правото на надоместок заради попреченост” од член 3 став 1 точка 2) од Законот, конкретно со оспорениот негов дел „најмногу до 65 годишна возраст”, таа еднаквост е нарушена.
Имајќи го предвид погоре наведеното, Судот оцени дека оспорениот дел „најмногу до 65 годишна возраст” содржан во член 3 став 1 точка 2) од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, не е во согласност со принципот на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 на Уставот и принципот на еднаквост на граѓаните од член 9 на Уставот.
При одлучувањето за поништување на оспорениот дел на членот од Законот, Судот, согласно со член 73 од Деловникот на Судот, ги зеде предвид сите околности од значење за заштита на уставноста и законитоста, тежината на повредата и нејзината природа и последиците за граѓаните во остварувањето на правата од социјалната сфера, и оцени дека ефектот на заштитата на уставноста, за конкретниот случај, може да се постигне само со поништување на оспорениот дел на членот од Законот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
V
Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.210/2023
Shkup, 27.03.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska – Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe nenit 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 paragrafi 1 alineja 1 dhe nenit 73 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 27 mars 2024, miratoi
V E N D I M
1. ANULOHET neni 3 paragrafi 1 pika 2) në pjesën “më së shumti deri në moshën 65 vjeçare” të Ligjit për Mbështetje Financiare të Kategorive të Rrezikuara Sociale të Qytetarëve (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 269/2023).
2. Ky vendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, me rastin e iniciativës së parashtruar nga Igorço Toçev Shkup, me Aktvendimin U.nr.210/2023 të 14 shkurtit 2024, inicioi procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 3 paragrafi 1 pika 2) në pjesën “më së shumti deri në moshën 65-vjeçare” të Ligjit për Mbështetje Financiare të Kategorive të Rrezikuara Sociale të Qytetarëve (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 269/2023), pasi para Gjykatës me bazë u shtrua çështja për përputhshmërinë e tij me Kushtetutën.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se sipas nenit 3, paragrafi 1, pika 2) e Ligjit për mbështetjen Financiare të Kategorive të Rrezikuara Sociale të Qytetarëve, “përfitues të së drejtës për kompensim për shkak të pengesave në zhvillim” janë personat mbi moshën 26-vjeçare dhe maksimumi deri në moshën 65-vjeçare, me pengesa të rënda në zhvillim ose pengesa të rënda intelektuale, me pengesë më të rëndë fizike, person i verbër plotësisht dhe një person plotësisht i shurdhër, sipas të dhënave nga evidenca e qendrave për punë sociale.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas nenit 9 të Kushtetutës, qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liri dhe të drejta pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, prejardhja kombëtare dhe shoqërore, besimi politik dhe fetar, pozita pronësore dhe pozita shoqërore. Qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Sipas nenit 34 të Kushtetutës, qytetarët kanë të drejtën e sigurisë sociale dhe sigurimit social të përcaktuara me ligj dhe me marrëveshje kolektive.
Neni 35 i Kushtetutës përcakton se Republika kujdeset për mbrojtjen sociale dhe sigurinë sociale të qytetarëve në përputhje me parimin e drejtësisë sociale. Republika garanton të drejtën e ndihmës për qytetarët e paaftë për punë dhe të pafuqishëm. Republika ofron mbrojtje të veçantë për personat me invaliditet dhe kushte për përfshirjen e tyre në jetën shoqërore.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar ta respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Me qëllim të përballjes me efektet e zgjatura të krizës së energjisë dhe të çmimeve, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut, në seancën e mbajtur më 13 dhjetor 2023, miratoi Ligjin për mbështetje financiare të kategorive të rrezikuara sociale të qytetarëve, të publikuar më 18 dhjetor 2023 në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” me numër 269/2023, dhe ka hyrë në fuqi me ditën e publikimit.
Ky ligj rregullon përfituesit, lartësinë, mënyrën e dhënies dhe pagesës së mbështetjes financiare për kategoritë e rrezikuara sociale të qytetarëve.
Sipas nenit 2 të Ligjit, përfitues të mbështetjes financiare janë personat që janë:
-përfituesit e një kompensimi të veçantë,
– përfituesit e së drejtës për kompensim për shkak të pengesës në zhvillim,
– prindër të vetëm, të cilët janë përfitues të regjistruar të asistencës minimale të garantuar,
– përfituesit e së drejtës për pension në lartësi deri në 19.000 denarë,
– nxënësit e arsimit fillor, përkatësisht të mesëm, familjet e të cilëve kanë të ardhura totale mujore prej pagave neto deri në 50.000 denarë dhe
-studentët që jetojnë jashtë vendit të studimit.
Me nenin 3 paragrafi 1 pikat nga 1) deri në 6) të Ligjit përcaktohet kuptimi i shprehjeve të përdorura në nenin 2 të Ligjit.
Sipas nenit 3 paragrafi 1 pika 2) e Ligjit, “përfitues të së drejtës për kompensim për shkak të pengesës në zhvillim” janë personat që kanë mbushur moshën 26 vjeç, e më së shumti deri në moshën 65 vjeç, me pengesa intelektuale të thella ose të rënda, me paaftësi fizike më të rëndë, personi i cili është plotësisht i verbër dhe një person plotësisht i shurdhër, sipas të dhënave nga evidenca e qendrave për punë sociale.
Nga përmbajtja e nenit të lartpërmendur të Ligjit, rezulton se në grupin e përfituesve të së drejtës së kompensimit për shkak të pengesës në zhvillim nuk përfshihen personat mbi moshën 65 vjeç, dhe si rrjedhim këta persona përjashtohen nga mbështetja financiare sipas Ligjit për Mbështetjen Financiare të Kategorive të Rrezikuara sociale të qytetarëve.
E drejta e shfrytëzimit të kompensimit për shkak të pengesës në zhvillim dhe mënyra se si qytetarët mund ta ushtrojnë atë të drejtë është e rregulluar me Ligjin për Mbrojtje Sociale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020, 163/2021, 294/2021, 99/2022, 236/2022 dhe 65/2023), dhe në pajtim me nenin 44 paragrafi 2 të këtij ligji, kompensimin për shkak të pengesës në zhvillim mund ta marrë personi i cili ka mbushur moshën 26 vjeç dhe përdoret pavarësisht nga mosha e përfituesit. Në përputhje me këtë dispozitë ligjore, çdo person mbi moshën 26 vjeç, i cili është në gjendje të një lloji të pengesës në zhvillim, ka kërkuar realizimin e një të drejte të tillë, ka realizuar të drejtën dhe merr kompensim për shkak të pengesës në zhvillim, në mënyrë të pakontestuar është përfitues i kompensimit për shkak të pengesës në zhvillim.
Paraprakisht, neni 44 paragrafi 2 i Ligjit për Mbrojtjen Sociale rregullonte se “kompensimi për shkak të pengesës në zhvillim mund të realizohet nga personi i cili ka mbushur moshën 26 vjeç, më së voni deri në moshën 65 vjeçare dhe përdoret pavarësisht nga mosha e shfrytëzuesit”, megjithatë, Gjykata Kushtetuese me vendimin U. nr. 27/2020 dhe U. nr. 289/2020, të datës 01.12.2022 ka shfuqizuar pjesën “më së voni deri në moshën 65 vjeç” të nenit 44 paragrafi 2 të Ligjit për Mbrojtje Sociale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020 dhe 163/2021).
Me shfuqizimin e pjesës “më së voni deri në moshën 65 vjeç” të nenit 44 paragrafi 2 të Ligjit për Mbrojtjen Sociale, si aplikues për të drejtën e kompensimit për shkak të pengesës në zhvillim mund të paraqiten edhe personat mbi moshën 65 vjeçe, që do të thotë se edhe këta persona nëse realizojnë një të drejtë të tillë, i përkasin kategorisë së personave që përfitojnë nga e drejta e kompensimit për shkak të pengesës në zhvillim.
Nga përmbajtja e nenit 3 paragrafi 1 pika 2) të Ligjit për Mbështetjen Financiare të kategorive të rrezikuara sociale të qytetarëve, megjithatë del diçka tjetër, përkatësisht se shfrytëzues të së drejtës për kompensim për shkak të pengesës në zhvillim janë në fakt personat mbi moshën 26 vjeçe dhe maksimumi deri në moshën 65 vjeçe me aftësi të kufizuar intelektuale të rëndë ose të thellë, me paaftësi fizike më të rëndë, një person plotësisht i verbër dhe një person plotësisht i shurdhër, sipas të dhënave nga evidenca e qendrave të punës sociale, por jo edhe personat mbi moshën 65 vjeçe.
Duke e marrë parasysh se në përputhje me Ligjin për Mbrojtjen Sociale, edhe këta persona mund ta ushtrojnë këtë të drejtë, që do të thotë se përfshihen në grupin e shfrytëzuesve të së drejtës për kompensim për shkak të pengesës në zhvillim, është e qartë se me pjesën e kontestuar “ maksimumi deri në moshën 65 vjeç” që përfshihet në nenin 3 paragrafi 1 pika 2) të Ligjit për Mbështetjen Financiare të kategorive të rrezikuara sociale të qytetarëve, në mënyrë të pabazë ngushtohet kuptimi i shprehjes së përdorur “shfrytëzues të së drejtës për kompensim për shkak të pengesës në zhvillim” dhe kështu në mënyrë të pabazë hiqen personat mbi moshën 65 vjeç nga mbështetja financiare, e cila është paraparë për periudhën e përcaktuar me Ligjin e miratuar për Mbështetjen Financiare të Kategorive të Rrezikuara Sociale të Qytetarëve.
Në rastin konkret, ligjvënësi, për të sqaruar kuptimin e shprehjes së përdorur “shfrytëzues të së drejtës së kompensimit për shkak të pengesës në zhvillim”, në vend që t’i përmbahet përkufizimit të shprehjes së përdorur, që bazohet në Ligjin për mbrojtjen sociale, i është shmangur rregullimit ligjor me këtë ligj, duke hyrë në një marrëveshje normative që personat mbi moshën 65 vjeç nuk janë shfrytëzues të së drejtës për kompensim për shkak të pengesës në zhvillim edhe pse personat mbi moshën 65 vjeç mund të realizojnë të drejtën e kompensimit për shkak të pengesës në zhvillim, me çka bëhen shfrytëzues të kësaj të drejte.
Pra, me kuptimin e përcaktuar të shprehjes “shfrytëzues të së drejtës për kompensim për shkak të pengesës në zhvillim” nga neni 3 paragrafi 1 pika 2) të Ligjit për Mbështetjen Financiare të Kategorive të Rrezikuara Sociale të Qytetarëve, sipas të cilit personat mbi moshën 65 vjeç nuk konsiderohen për shfrytëzues të së drejtës për kompensim për shkak të pengesës në zhvillim, sipas Gjykatës, është cenuar parimi i sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës dhe siguria juridike e qytetarëve në realizimin e të drejtave të tyre nga sfera sociale.
Në të njëjtën kohë, përjashtimi i pajustifikuar i këtyre personave nga e vetmja kategori e shfrytëzuesve të së drejtës së kompensimit për shkak të pengesës në zhvillim, sipas Gjykatës, krijon trajtim të pabarabartë ndërmjet personave që ndodhen në të njëjtën pozitë juridike (të gjithë janë përfitues të së drejtës kompensim për shkak të pengesës në zhvillim), por disa mund të realizojnë të drejtën e mbështetjes financiare, ndërsa të tjerët jo, vetëm për shkak të moshës.
Parimi kushtetues i trajtimit të barabartë ndaj të barabartëve, pavarësisht nga atributet dhe karakteristikat personale të shtetasve, përkatësia apo bindja e tyre apo çdo kusht apo status tjetër, në rastin konkret, sipas Gjykatës, cenohet me parashkrimin e pjesës së kontestuar të nenit të Ligjit, me të cilin në thelb, në bazë të moshës, bëhet një kategorizim i pabazuar i të vetmes kategori të personave që shfrytëzojnë të drejtën e kompensimit për shkak të pengesës në zhvillim, duke penguar kështu në mënyrë të paligjshme disa prej tyre që të munden në mënyrë të barabartë të gëzojnë të drejtat e sferës sociale si të tjerët, gjë që nuk është në përputhje me parimin kushtetues të barazisë së qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve nga neni 9 i Kushtetutës.
Thelbi i kësaj norme kushtetuese është karakteri i saj antidiskriminues dhe fakti se ndalon krijimin e bazave për çdo dallim midis njerëzve kur ata ushtrojnë të drejtat e tyre individuale. Ligjvënësi ka të drejtë të përcaktojë me ligj kushtet dhe mënyrën në të cilën qytetarët do të mund të ushtrojnë të drejta të caktuara për shkak të pozitës së tyre shoqërore dhe në këtë kornizë të përcaktojë grupin e synuar që do të përfshihet nga masa sociale, në këtë me rastin me mbështetjen financiare, megjithatë edhe detyrim për të vendosur të drejta të barabarta për personat që janë në pozitë të barabartë juridike, por në rastin konkret për shkak të kuptimit të shprehjes së përdorur në mënyrë të tillë “shfrytëzues të së drejtës për kompensim për shkak të pengesës në zhvillim” nga neni 3 paragrafi 1 pika 2) të Ligjit, konkretisht me pjesën e sajë të kontestuarin “maksimumi deri në moshën 65 vjeç”, se barazia është cenuar.
Duke e marrë parasysh sa më sipër, para Gjykatës me bazë u shtrua çështja e pëlqimit të pjesës së kontestuar “më së shumti deri në moshën 65 vjeç” të parashikuar në nenin 3 paragrafi 1 pika 2) e Ligjit për Mbështetjen Financiare të Kategorive të Rrezikuara Sociale të Qytetarëve, me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës dhe parimi i barazisë së qytetarëve nga neni 9 i Kushtetutës.
Me rastin e vendosjes së anulimit të pjesës së kontestuar të nenit të Ligjit, Gjykata, në përputhje me nenin 73 të Rregullores së Gjykatës, i ka marrë parasysh të gjitha rrethanat me rëndësi për mbrojtjen e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë, ashpërsinë e shkeljes dhe natyrën e saj dhe pasojat për qytetarët në realizimin e të drejtave nga sfera sociale dhe vlerësoi se efekti i mbrojtjes së kushtetutshmërisë, për rastin konkret, mund të arrihet vetëm me anulimin e pjesës kontestuese të nenit të Ligjit.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
V
Ky vendim ka fuqi juridike nga dita e botimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska