Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска додели благодарници во знак на изразување почит за работата и учеството на вработените ангажирани за Меѓународната конференција по повод 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија.
Големиот јубилеј Судот го прослави на 15 март, беше одбележан со организирање конференција на која говореа дваесетина домашни и гости од европскиот регион и присутни околу 150 гости. Советниците беа активно ангажирани за комуникација и информирање на претставниците на делегациите, координација на настанот со претставници на ОБСЕ, подготовка и спроведување на високи безбедносни мерки во координација со МВР, соработка со вработени во Собранието итн.
Вработените од службата се заблагодарија на претседателката Добрила Кацарска со плакета која беше дадена како Признание, во знак на благодарност за поддршката и успешно менаџирање и организирање на Конференцијата.