Соопштение по одржаната 10. седница на Уставниот суд

На одржаната 10. седница на Уставниот суд на ден 27.03.2024 година се дискутираше по 15 предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и по шест предлога за одлучување со нацрт-одлуки.

1. Реферат У.бр.17/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 19 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Крушево бр. 07-104/4 од 31.01.2008 година („Службен гласник на Општина Крушево” бр.1/2008) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

2. Реферат У.бр.19/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница („Службен гласник на Општина Пласница“ бр. 2/2006 и 3/2019) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

3. Реферат У.бр.20/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/2008) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

4. Реферат У.бр.31/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гостивар бр. 07-7/1 од 25.01.2006 година („Службен гласник на Општина Гостивар” бр. 1/2006) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

5. Реферат У.бр.33/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кичево бр. 07-1002/12 од 29.03.2006 година („Службен гласник на Општина Кичево” бр. 5/2006) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

6. Реферат У.бр.41/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 33 алинеја 3 и глава XIV „Автентично толкување на општи акти“ членовите 175, 176, 177 и 178 од Деловникот на Советот на Општина Кавадарци бр. 07-3454/2 од 30.11.2006 година („Службен гласник на Општина Кавадарци” бр. 21/2006) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

7. Реферат У.бр.42/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 16 алинеја 3, член 146, член 147 и член 148 од Деловникот на Советот на Општина Струмица бр.07-1510/1 од 16.03.2006 година („Службен гласник на Општина Струмица“ бр. 2/2006) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

8. Реферат У.бр.43/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на точка 8. Автентично толкување на општи акти и членовите 101, 102, 103 и 104, содржани во поглавјето VIII. Постапка за донесување на општи акти од Деловникот на Советот на Општина Богданци бр. 07-433/2 од 29.07.2005 година („Службен гласник на Општина Богданци” бр. 8/2005) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

9. Реферат У.бр.45/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 24 став 1 алинеја 4 и насловот на поглавјето 9. „Автентично толкување на општи акти” и членовите 109, 110, 111 и 112 од Деловникот на Советот на Општина Боговиње бр. 07-1176/2 од 30.06.2009 година и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

10. Реферат У.бр.46/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 24 алинеја 4 и насловот на поглавјето 9. „Автентично толкување на општи акти” и членовите 110, 111, 112 и 113 од Деловникот на Советот на Општина Желино („Службен гласник на Општина Желино“ бр.3/2008) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

11. Реферат У.бр.60/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Насловот на поглавјето 9. „Автентично толкување на општи акти” и члено¬вите 116, 117, 118 и 119 од Деловникот за работа на Советот на Општина Арачиново („Службен гласник на Општина Арачиново“ бр.1/2023) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

12. Реферат У.бр.61/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на точка 9. Автентично толкување на прописите и членовите 109, 110, 111 и 112, содржани во поглавјето VIII. Постапка за донесување на прописите од Деловникот на Советот на Општина Дебрца („Службен гласник на Општина Дебрца” бр. 3/2005 и 11/2014) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

13. Реферат У.бр.71/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Конче бр. 07-209/1 од 28.03.2006 година („Службен гласник на општина Конче” бр. 2/2006) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

14. Реферат У.бр.81/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 18 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Петровец („Службен гласник на Општина Петровец“ бр.12/2006) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

15. Реферат У.бр.82/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 26 алинеја 4, член 107, член 108, член 109 и член 110 од Деловникот на Советот на Општина Сарај бр. 07-151/1 од 06.04.2006 година и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

16. Предлог за одлучување по У.бр.80/2023

Уставниот суд го укина член 6 став 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021).

Подносител на иницијативата: Александар Илиевски

17. Предлог за одлучување по У.бр.99/2023

Уставниот суд го укина Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.21 од 01.02.2023 година).

Подносител на иницијативата: Министерот за правда на Република Северна Македонија

18. Предлог за одлучување по У.бр.105/2023

Уставниот суд го укина Правилникот за формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето, заведен под бр. 20-5359/7 од 30 декември 2022 година објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 5/2023 од 11.01.2023 година.

Подносител на иницијативата: Министерот за правда на Република Северна Македонија

19. Предлог за одлучување по У.бр.210/2023

Уставниот суд го поништи член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани („Службен весник на Република Северна Македонија” број 269/2023).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

20. Предлог за одлучување по У.бр.28/2024

Уставниот суд ги укина: точка 9. Автентично толкување на општи акти и членовите 116, 117, 118 и 119, содржани во поглавјето VIII.Постапка за донесување на општите акти од Деловникот на Советот на Општина Бутел, број 07-364 од 19.07.2005 година, објавен во „Службен гласник на Град Скопје” број 8/2005.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

21. Предлог за одлучување по У.бр.54/2024

Уставниот суд го укина член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга, број 08-1535/3 од 16.04.2018 година, објавен во „Службен гласник на Општина Струга” број 4/2018.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

 

Напомена:

Ова соопштение содржи само информации за одлученото. Судот дополнително на веб-страницата ги објавува целосните одлуки со аргументи, откако ќе ги поминат сите редакционо-технички комисии и усвојувања.