Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.24/2022
Скопје, 26.05.2022 и 28.02.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и Вангелина Маркудова, како и во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седниците одржани на 26 мај 2022 година и 28 февруари 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на целината на Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија” број 294/2021).
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 точка е), член 35, член 36, член 37, член 54 став 1 точки б) и г), член 55 ставови 4, 5 и 9, член 56 став 3 точки 2) и 3), член 57, член 58, член 60, член 61, член 62, член 63, член 64, член 65, член 66, член 67, член 68 и член 69 од Законот означен во точката 1 од Решението.
Образложение
I
Александар Ристески, адвокат од Скопје и Рајна Наумовска-Марковска, адвокат од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за медијација во целина и на одредбите од Законот, наведени во точката 2 од Решението.
Во иницијативата се наведува дека целината на Законот за медијација и посебно член 3 став 1 точка е), член 35, член 36, член 37, член 54 став 1 точки б) и г), член 55 ставови 4, 5 и 9, член 56 став 3 точки 2) и 3), член 57, член 58, член 60, член 61, член 62, член 63, член 64, член 65, член 66, член 67, член 68 и член 69 од Законот, се спротивни на член 8 став 1 алинеи 3 и 7, член 55 и член 95 став 3 од Уставот, затоа што Законот не е донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието, и затоа што Законот и посебно оспорените одредби, создаваат монополско однесување и монополска положба на пазарот и нееднаква положба на субјектите на пазарот.
Според подносителите, Законот за медијација треба да биде донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието, бидејќи со одредбите од член 3 став 1 точка е), член 63, член 64, член 65, член 66 и член 67 од оспорениот закон, се пропишува основање на орган на државната управа – Националниот совет за медијација, како тело на Владата на Република Северна Македонија. При ова, подносителите се повикуваат на член 95 став 3 од Уставот, според кој организацијата и работата на органите на државната управа се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, меѓутоа, на седницата на Собранието одржана на 23 декември 2021 година, за донесување на оспорениот закон гласале 61 пратеник „за”, што според подносителите, е спротивно на член 95 став 3 од Уставот, бидејќи со Законот за медијација се основа орган на државната управа, а со тоа, Законот мора да биде донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието, а не со мнозинството со кое е донесен.
Во продолжението на иницијативата подносителите наведуваат дека оспорениот закон и оспорените законски одредби „создаваат своевиден картел”, односно дека целиот пропишан систем (акредитирање на обуките на идни медијатори и за идни обучувачи на медијатори, спроведувањето и полагањето на испитот за идни медијатори, составот на испитната комисија, одредбите за Националниот совет за медијација, издавањето лиценци, државната контрола во областа на медијаторството и „неоснованата” државна помош во облик на субвенционирање), е целосно во рацете на „тесен круг на лица” кои станале медијатори според прописите од областа на медијаторството коишто важеле до денот на влегувањето во сила на оспорениот закон, така што целата област на медијаторство е под нивна контрола, а тоа доведува до неуставна контрола на пазарот, односно до монополско однесување и монополска положба на пазарот.
Понатаму, подносителите наведуваат дека е неприфатливо високо образование стекнато во странство да може да се признае и да се користи во правниот промет во Републиката, а да не може обука од областа на медијацијата завршена во странство да се користи како основ за полагање на испит за стекнување лиценца од областа на медијаторството, како и дека е неприфатливо да нема законска можност за нострифицирање на лиценца за медијатор стекната во странство. Наведуваат и дека испитот за медијатори, односно лиценцирањето на идните медијатори, треба да биде уреден во корелација и во симбиоза со сродните законски решенија во државата, како на пример со Законот за правосудниот испит, Законот за нотаријатот и Законот за извршување, затоа што нелогично е процесот на пристапување кон некој сегмент од пазарот да биде во рацете и под контрола на Комората на медијатори на Република Северна Македонија, чии членови нема да сакаат на пазарот да влегуваат нови вршители на дејност, бидејќи тие ќе бидат конкуренција за постојните членови на таа комора.
Од наведените причини, со иницијативата се предлага укинување на целината на Законот за медијација како спротивен на одредбите на Уставот наведени во иницијативата, а се предлага и донесување времена мерка со која ќе се запре неговата примена, сè до завршување на постапката пред Уставниот суд.
II
На седницата Судот утврди дека Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 23 декември 2021 година, го донело Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија” број 294/2021).
Судот утврди и дека Законот за медијација е систематизиран во девет глави во кои се групирани 74 членови, и тоа: I. Општи одредби (членови од 1 до 5), II. Начела на медијација (членови од 6 до 15), III. Регистар на примени барања за медијација (член 16), IV. Постапка на медијација (членови од 17 до 33), V. Поддршка на медијацијата (членови од 34 до 37), VI. Организација на медијаторите (членови од 38 до 50), VII. Медијатор (членови од 51 до 62), VIII. Обезбедување, следење и оценување на квалитет на работите на медијацијата (членови од 63 до 67) и IХ. Преодни и завршни одредби (членови од 68 до 74).
III
Според член 8 став 1 алинеи 3 и 7 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото и слободата на пазарот и претприемништвото се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 55 од Уставот се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.
Согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија донесува закони и дава автентично толкување на законите.
Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 23 декември 2021 година го донесе Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија” број 294/2021).
Медијацијата е алтернативен начин на решавање на споровите во Република Северна Македонија, којашто за прв пат е промовирана со донесувањето на Законот за медијација во 2006 година („Службен весник на Република Македонија” број 60/2006, 22/2007 и 114/2009), изготвен во согласност со Стратегијата за реформа на правосудниот систем 2004-2007, како и определбата на Републиката за интегрирање во европските текови. Со цел да се обезбеди натамошно унапредување и развивање на медијацијата, во 2013 година е донесен нов Закон за медијација („Службен весник на Република Македонија” број 188/2013, 148/2015, 192/2015 и 55/2016), меѓутоа, Република Северна Македонија како земја кандидат за европско членство и потписник на Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европските заедници и нејзините земји членки („Службен весник на Република Македонија” број 28/2001), согласно со член 68 од Спогодбата, е во постојана обврска да го хармонизира македонското законодавство со законодавството на Европската Унија. Хармонизацијата на законодавството претставува приближување на решенијата на националното законодавство кон правото на Европската Унија. Во таа насока, заради постигнување задоволително ниво на усогласеност со европското законодавство, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 23 декември 2021 година, го донесе предметниот Закон за медијација, објавен на 27 декември 2021 година во „Службен весник на Република Северна Македонија” број 294/2021, којшто влезе во сила осмиот ден од неговото објавување, односно на 4 јануари 2022 година, и со кој се врши усогласување со Директивата 2008/52/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 21 мај 2008 година за одредени аспекти на медијацијата во граѓанската и стопанската материја CELEX бр. 32008L0052.
Законот за медијација е систематизиран во девет глави во кои се групирани 74 членови, и тоа: I. Општи одредби (членови од 1 до 5), II. Начела на медијација (членови од 6 до 15), III. Регистар на примени барања за медијација (член 16), IV. Постапка на медијација (членови од 17 до 33), V. Поддршка на медијацијата (членови од 34 до 37), VI. Организација на медијаторите (членови од 38 до 50), VII. Медијатор (членови од 51 до 62), VIII. Обезбедување, следење и оценување на квалитет на работите на медијацијата (членови од 63 до 67) и IХ. Преодни и завршни одредби (членови од 68 до 74).
Со Законот за медијација е основан Националниот совет за медијација како тело на Владата, и тој е правен следбеник на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, кој во скратен и видоизменет состав продолжува да го обезбедува, следи и оценува квалитетот на работите на медијацијата, независно и самостојно во рамки на делокругот на работите утврдени со Законот за медијација.
Подносителите на иницијативата, повикувајќи се на член 95 став 3 од Уставот, сметаат дека Законот за медијација во целина е неуставен, затоа што пропишува основање орган на државната управа – Национален совет за медијација, како тело на Владата на Република Северна Македонија, а не е донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Уставот на Република Северна Македонија содржи одредби коишто упатуваат одредени закони да се донесуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а кои се однесуваат на државните симболи: грбот, знамето и химната (член 5 од Уставот), организацијата и работата на органите на државната управа (член 95 став 3 од Уставот), видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив (Амандман XXV со кој се заменува член 98 од Уставот), локалната самоуправа (Амандман XVI со кој се заменува став 5 на член 114 од Уставот), одбраната на Републиката (член 122 став 2 од Уставот) и уставен закон (член 133 став 2 од Уставот). Квалификуваното мнозинство задолжително се однесува за донесување на системските закони.
Околноста што Законот за медијација е донесен со апсолутно мнозинство гласови (мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието, односно најмалку 61 пратеник), а со истиот е основано тело на Владата (Националниот совет), според Судот, не ја доведува во прашање уставноста на Законот. Уставот никаде не обврзува формирањето на тела на Владата да се уредува со закон којшто треба да биде донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Дополнително, оспорениот закон не е системски закон, ниту може да се подведе како закон опфатен со член 95 став 3 од Уставот, и да се оспорува неговата уставност, токму од аспект на овој уставен член.
Имено, член 95 став 3 од Уставот, се однесува на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” број 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010, 51/2011 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 96/2019 и 110/2019). Според член 5 став 1 од овој закон, органите на државната управа, можат да се основаат како министерства, други органи на државната управа и управни организации и тие се основани со самиот Закон за организација и работа на органите на државната управа. Со член 11 од наведениот закон, се основаат министерствата во Република Северна Македонија, со член 12 став 1 од Законот се основаат самостојните органи на државната управа, а со став 2 на истиот член од Законот, се основаат управни организации.
Член 95 став 1 од Уставот уредува дека државната управа ја сочинуваат министерства и други органи на управата и организации утврдени со закон, а според став 3 на наведениот член од Уставот, организацијата и работата на органите на државната управа се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Според тоа, системот на организација и работа на органите на државната управа се уредува со закон којшто мора да биде донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и тој закон е Законот за организација и работа на органите на државната управа, којшто со член 7, уредува дека органите на државната управа, освен министерствата, можат да се основаат, укинуваат и нивната надлежност да се утврдува со закон.
Според Судот, неосновани се наводите од иницијативата за неуставност на Законот за медијација затоа што не е донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ова од причини што член 95 став 3 од Уставот се однесува на Законот за организација и работа на органите на државната управа, а Законот за медијација со кој се уредува вонсудска постапка за решавање спорни односи на страните по пат на преговарање и на мирен начин со помош на трето лице – лиценциран медијатор, нема аналогија со Законот со кој се уредува организацијата и работењето на органите на државната управа, ниту станува збор за системски закон.
Од изнесеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на Законот за медијација со член 95 став 3 од Уставот.
Според член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Согласно со член 15 став 2 од Деловникот на Судот, иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на закон и уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт содржи: означување на законот, прописот или општиот акт односно одделни негови одредби што се оспоруваат, причини за нивно оспорување, одредбите од Уставот, односно законот што се повредуваат со тој акт и името, односно називот, односно називот и седиштето на подносителот на иницијативата.
Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Со иницијативата, посебно се оспоруваат член 3 став 1 точка е), член 35, член 36, член 37, член 54 став 1 точки б) и г), член 55 ставови 4, 5 и 9, член 56 став 3 точки 2) и 3), член 57, член 58, член 60, член 61, член 62, член 63, член 64, член 65, член 66, член 67, член 68 и член 69 од Законот за медијација, со наводи дека истите доведуваат до неуставна контрола на пазарот, односно до монополско однесување и монополска положба на пазарот.
Во конкретниот случај, со секој посебно оспорен член од Законот за медијација е нормирано соодветно законско решение од предметната област, а со иницијативата генерално и општо се оспоруваат сите наведени законски одредби, без посебни и конкретни аргументи за причините поради кои се смета дека секоја засебно уредена одредба содржана во вкупно 19 члена од Законот, ја повредува уставната гаранција за слободата на пазарот и претприемништвото и еднаквата правна положба на сите субјекти на пазарот. Подносителите во иницијативата, ниту посочуваат со кои законски решенија се повредува уставната гаранција за слободно настапување на пазарот, односно законски решенија коишто имплицираат нееднаква правна положба на субјектите на пазарот, туку општо се наведува дека граѓаните не можат слободно да настапат на пазарот како вршители на дејноста на медијацијата, поради Законот и посебно оспорените негови одредби.
Отсуството на посебни аргументи и образложени причини за неуставноста на секоја засебно оспорена одредба од Законот, е процесна пречка за мериторно постапување на Судот и причина за отфрлање на иницијативата во тој дел согласно со член 28 алинеја 3 од Деловникот на Судот.
Што се однесува до изнесените наводи во иницијативата дека за подносителите не е прифатливо високо образование стекнато во странство да може да се признае во Републиката, но не и обука од областа на медијацијата завршена во странство, и да нема законска можност за нострифицирање лиценца за медијатор стекната во странство, како и наводите во корелација со кои закони требало да биде уреден Законот за медијација, но не бил уреден, ваквите наводи не се аргументи за оспорување на уставноста на закон и негови одредби, бидејќи законодавецот е тој, во чија надлежност спаѓа креирањето на законските решенија во Законот, а во надлежност на Уставниот суд е да одлучува дали тие креирани содржини во законот се во согласност со Уставот.
Имајќи го предвид погоре наведеното, пред Судот не се постави прашањето за согласноста на целината на Законот за медијација со одредбите од Уставот на кои се повикуваат подносителите во иницијативата, а во однос на посебно оспорените одредби од Законот, Судот утврди дека се настапени процесните услови од член 28 алинеја 3 од Деловникот на Судот за отфрлање на иницијативата во тој дел.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, едногласно во однос на точката 1 и со мнозинство гласови во однос на точката 2 од Решението, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.24/2022
Shkup, 26.05.2022 dhe 28.02.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe Vangelina Markudova, si dhe në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 26 maj 2022 dhe 28 shkurt 2024, miratoi
A K T V E N D I M
1. NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë në tërësi të Ligjit për ndërmjetësim (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 294/2021).
2. REFUZOHET iniciativa për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 3 paragrafi 1 pika e), neni 35, neni 36, neni 37, neni 54 paragrafi 1 pika b) dhe g), neni 55 paragrafët 4, 5 dhe 9, neni 56 paragrafi 3 pika 2) dhe 3), neni 57, neni 58, neni 60, neni 61, neni 62, neni 63, neni 64, neni 65, neni 66, neni 67, neni 68 dhe neni 69 i Ligjit të shënuar në pikën 1 të Aktvendimit.
Arsyetim
I
Aleksandar Risteski, avokat nga Shkupi dhe Rajna Naumovska-Markovska, avokate nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, dërguan iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Ligjit për ndërmjetësim në tërësi dhe dispozitave të Ligjit, të përcaktuara në pikën 2 të Aktvendimit.
Në iniciativë thuhet se tërësia e Ligjit për ndërmjetësim dhe veçanërisht neni 3 paragrafi 1 pika e), neni 35, neni 36, neni 37, neni 54 paragrafi 1 pikat b) dhe g), neni 55 paragrafët 4, 5 dhe 9, Neni 56 paragrafi 3 pikat 2) dhe 3), neni 57, neni 58, neni 60, neni 61, neni 62, neni 63, neni 64, neni 65, neni 66, neni 67, neni 68 dhe neni 69 i Ligjit, janë në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 7, nenin 55 dhe nenin 95 paragrafi 3 të Kushtetutës, sepse ligji nuk është miratuar me dy të tretat e votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve në Kuvend dhe për shkak se Ligji dhe dispozitat konkrete të kontestuara krijojnë sjellje monopoliste dhe pozitë monopolistike në treg dhe pozitë të pabarabartë të subjekteve në treg.
Sipas parashtruesve, Ligji për ndërmjetësim duhet të miratohet me dy të tretat e votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve në Kuvend, për shkak se me dispozitat e nenit 3, paragrafi 1, pika e), nenit 63, nenit 64, nenit 65, nenit 66 dhe nenit 67 të ligjit kontestues, përcaktohet themelimi i organit të administratës shtetërore – Këshillit Nacional për Ndërmjetësim, si trup i Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut. Gjatë kësaj, parashtruesi i referohen nenit 95 paragrafi 3 të Kushtetutës, sipas të cilit organizimi dhe puna e organeve të administratës shtetërore rregullohen me ligj që miratohet me shumicën e dy të tretave të votave të numrit të përgjithshëm të deputetëve, mirëpo, në seancën e Kuvendit të mbajtur më 23 dhjetor 2021, për miratimin e ligjit të kontestuar kanë votuar 61 deputetë “pro”, që sipas parashtruesve të kërkesës, është në kundërshtim me nenin 95 paragrafin 3 të Kushtetutës, sepse me Ligjin për ndërmjetësim themelohet organi i administratës shtetërore, prandaj Ligji duhet të miratohet me dy të tretat e votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve në Kuvend, e jo me shumicën me të cilën është miratuar.
Në vazhdim të iniciativës, parashtruesit theksojnë se ligji kontestues dhe dispozitat ligjore të kontestuara “krijojnë një lloj karteli”, gjegjësisht se i gjithë sistemi i përcaktuar (akreditimi i trajnimeve për ndërmjetësuesit e ardhshëm dhe për trajnuesit e ardhshëm të ndërmjetësuesve, zbatimi dhe dhënia e provimit për ndërmjetësuesit e ardhshëm, përbërja e komisionit të provimit, dispozitat për Këshillin Nacional të Ndërmjetësimit, dhënia e licencave, kontrolli shtetëror në fushën e ndërmjetësimit dhe ndihma shtetërore e “pabazuar” në formën e subvencioneve), është tërësisht në duart e një “rrethi të ngushtë personash” të cilët janë bërë ndërmjetësues sipas rregulloreve në fushën e ndërmjetësimit të cilat ishin të vlefshme deri në datën e hyrjes në fuqi të ligjit të kontestuar, në mënyrë që e gjithë fusha e ndërmjetësimit të jetë nën kontrollin e tyre, dhe kjo çon në kontroll jokushtetuese të tregut, pra në sjellje monopoliste dhe një pozicion monopolist në treg.
Më tej, parashtruesit theksojnë se është e papranueshme që një arsim i lartë i fituar jashtë vendit të njihet dhe të përdoret në qarkullimin juridik në Republikë dhe se trajnimi në fushën e ndërmjetësimit i kryer jashtë vendit të mos mund të përdoret si bazë për dhënjen e provimit për marrjen e licencës në fushën e ndërmjetësimit, si dhe se është e papranueshme të mos ketë mundësi ligjore për të nostrifikuar licencën për ndërmjetësues të fituar jashtë vendit. Ata gjithashtu theksojnë se provimi për ndërmjetësues, gjegjësisht licencimi i ndërmjetësuesve të ardhshëm, duhet të organizohet në korrelacion dhe në simbiozë me zgjidhjet ligjore përkatëse në vend, si për shembull me Ligjin për provimin e jurisprudencës, Ligji për noterinë dhe Ligji për përmbarim, sepse është e palogjikshme që procesi i qasjes në një segmenti të tregut të jetë në dorë dhe nën kontroll të Odës së Ndërmjetësuesve të Republikës së Maqedonisë së Veriut, anëtarët e së cilës nuk do të dëshirojnë që operatorët e rinj të hyjnë në treg, sepse do të jenë konkurrencë për anëtarët ekzistues të asaj ode.
Për arsyet e cekura, me iniciativë propozohet shfuqizimi i tërësisë së Ligjit për ndërmjetësim si në kundërshtim me dispozitat e Kushtetutës të përcaktuara në iniciativë, si dhe propozohet miratimi i masës së përkohshme që ndalon zbatimin e tij, deri në përfundimin e procedurës para Gjykatës Kushtetuese.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut, në seancën e mbajtur më 23 dhjetor 2021, miratoi Ligjin për ndërmjetësim (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 294/2021).
Gjykata gjithashtu konstatoi se Ligji për ndërmjetësim është i sistemuar në nëntë kapituj në të cilët janë grupuar 74 nene, përkatësisht: I. Dispozitat e përgjithshme (nenet 1 deri në 5), II. Parimet e ndërmjetësimit (nenet 6 deri 15), III. Regjistri i kërkesave të pranuara për ndërmjetësim (neni 16), IV. Procedura e ndërmjetësimit (nenet 17 deri 33), V. Mbështetja e ndërmjetësimit (nenet 34 deri 37), VI. Organizimi i ndërmjetësuesve (nenet 38 deri 50), VII. Ndërmjetësuesi (nenet 51 deri në 62), VIII. Sigurimi, monitorimi dhe vlerësimi i cilësisë së punës së ndërmjetësimit (nenet 63 deri në 67)).
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 7 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit dhe liria e tregut dhe sipërmarrësia janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Me nenin 55 të Kushtetutës garantohet liria e tregut dhe të sipërmarrësisë. Republika u jep të gjithë subjekteve të tregut status juridik të barabartë. Republika merr masa kundër pozicionit monopolist dhe sjelljes monopoliste në treg. Liria e tregut dhe e sipërmarrësisë mund të kufizohet me ligj vetëm për mbrojtjen e Republikës, ruajtjen e natyrës, mjedisit jetësor apo shëndetit të njerëzve.
Në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve.
Në seancën e mbajtur më 23 dhjetor 2021, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut miratoi Ligjin për ndërmjetësim (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 294/2021).
Ndërmjetësimi është një mënyrë alternative për zgjidhjen e kontesteve në Republikën e Maqedonisë së Veriut, i cili për herë të parë u promovua me miratimin e Ligjit për ndërmjetësim në vitin 2006 (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 60/2006, 22/2007 dhe 114/2009), të hartuar në përputhje me Strategjinë e Reformës së Sistemit të Jurisprudencës 2004-2007, si dhe me përcaktimin e Republikës për t’u integruar në tendencat evropiane. Për të siguruar avansimin dhe zhvillimin e mëtutjeshëm të ndërmjetësimit, në vitin 2013 u miratua Ligji i ri për ndërmjetësim (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 188/2013, 148/2015, 192/2015 dhe 55/2016), megjithatë, Republika e Maqedonisë së Veriut, si vend kandidat për anëtarësim evropian dhe nënshkruese e Marrëveshjes së Stabilizim Asociimit ndërmjet Republikës së Maqedonisë dhe Komuniteteve Evropiane dhe shteteve të saj anëtare (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 28/2001), në përputhje me nenin 68 të Marrëveshjes, është në obligim të përhershëm që të harmonizojë legjislacionin maqedonas me legjislacionin e Bashkimit Evropian. Harmonizimi i legjislacionit paraqet përafrimin e zgjidhjeve të legjislacionit nacional me të drejtën e Bashkimit Evropian. Në këtë drejtim, për të arritur një nivel të kënaqshëm të përputhshmërisë me legjislacionin evropian, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut në seancën e mbajtur më 23 dhjetor 2021, miratoi Ligjin në fjalë për ndërmjetësim, të publikuar më 27 dhjetor 2021 në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 294/2021, i cili hyri në fuqi në ditën e tetë të publikimit, gjegjësisht më 4 janar 2022 dhe me të cilën është në përputhje me Direktivën 2008/52/KE të Parlamentit Evropian dhe të Këshillit nga 21 maji i vitit 2008 për disa aspekte të ndërmjetësimit në materien civile dhe ekonomike CELEX nr. 32008L0052.
Ligji për Ndërmjetësimin është i sistemuar në nëntë kapituj në të cilët janë grupuar 74 nene, përkatësisht: I. Dispozitat e përgjithshme (nenet 1 deri 5), II. Parimet e ndërmjetësimit (nenet 6 deri 15), III. Regjistri i kërkesave të pranuara për ndërmjetësim (neni 16), IV. Procedura e ndërmjetësimit (nenet 17 deri 33), V. Mbështetja e ndërmjetësimit (nenet 34 deri 37), VI. Organizimi i ndërmjetësuesve (nenet 38 deri 50), VII. Ndërmjetësuesi (nenet 51 deri 62), VIII. Sigurimi, monitorimi dhe vlerësimi i cilësisë së punës së ndërmjetësimit (nenet 63 deri në 67) dhe IX. Dispozitat kalimtare dhe përfundimtare (nenet 68 deri 74).
Me Ligjin për ndërmjetësim është themeluar Këshilli Nacional për Ndërmjetësim si organ i Qeverisë dhe është pasues ligjor i Bordit për Sigurimin, Monitorimin dhe Vlerësimin e Cilësisë së Punëve të Ndërmjetësimit, i cili në përbërje të shkurtuar dhe të modifikuar vazhdon të sigurojë, monitorojë dhe të vlerësojë cilësinë e punëve të ndërmjetësimit, në mënyrë autonome dhe të pavarur brenda fushëveprimit të punëve të përcaktuara me Ligjin për ndërmjetësim.
Parashtruesit e iniciativës, duke iu referuar nenit 95 paragrafi 3 të Kushtetutës, konsiderojnë se Ligji për Ndërmjetësim në tërësi është antikushtetues, sepse parasheh themelimin e një organi të administratës shtetërore – Këshillit Nacional për Ndërmjetësim, si trup i Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nuk është miratuar me shumicë prej dy të tretave të votave të numrit të përgjithshëm të deputetëve.
Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut përmban dispozita me të cilat udhëzohet që disa ligje të miratohen me dy të tretat e votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve, dhe të cilat i referohen simboleve shtetërore: stemës, flamurit dhe himnit. (neni 5 i Kushtetutës), organizimi dhe puna e organeve të administratës shtetërore (neni 95 paragrafi 3 i Kushtetutës), llojet, kompetenca, themelimi, shfuqizimi, organizimi dhe përbërja e gjykatave, si dhe procedura para tyre (Amendamenti XXV me të cilin zëvendësohet neni 98 i Kushtetutës), vetëqeverisja lokale (amendamenti XVI që zëvendëson paragrafin 5 të nenit 114 të Kushtetutës), mbrojtja e Republikës (neni 122 paragrafi 2 i Kushtetutës) dhe ligji kushtetues (neni 133 paragrafi 2 i Kushtetutës). Shumica e cilësuar është e detyrueshme për miratimin e ligjeve të sistemit.
Fakti që Ligji për ndërmjetësim u miratua me shumicë absolute të votave (shumica e numrit të përgjithshëm të deputetëve në Kuvend, respektivisht të paktën 61 deputetë) dhe me të u krijua organi i qeverisë (Këshilli Nacional), sipas Gjykatës, nuk e vë në dyshim kushtetutshmërinë e Ligjit. Kushtetuta askund nuk e obligon që formimi i trupave të Qeverisë të rregillohet me ligj i cili duhet të miratohet me shumicë prej dy të tretave të votave të numrit të përgjithshëm të deputetëve. Po ashtu, ligji i kontestuar nuk është ligj sistemor dhe as nuk mund të parashtrohet si ligj i pëprfshirë me nenin 95 paragrafi 3 të Kushtetutës dhe kushtetutshmëria e tij të kontestohet, pikërisht nga aspekti i këtij neni kushtetues.
Konkretisht, neni 95 paragrafi 3 i Kushtetutës i referohet Ligjit për organizimin dhe punën e organeve të administratës shtetërore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010, 51/2011 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 96/2019 dhe 110/2019). Sipas nenit 5 paragrafi 1 të këtij ligji, organet e administratës shtetërore mund të themelohen si ministri, organe të tjera të administratës shtetërore dhe organizata administrative dhe ato themelohen me vetë Ligjin për organizimin dhe punën e organeve të administratës shtetërore. Me nenin 11 të këtij ligji themelohen ministritë në Republikën e Maqedonisë së Veriut, me nenin 12 paragrafi 1 i Ligjit themelohen organet e pavarura të administratës shtetërore, ndërsa me paragrafin 2 të të njëjtit nen të Ligjit themelohen organizatat administrative.
Neni 95 paragrafi 1 i Kushtetutës përcakton se administrata shtetërore përbëhet nga ministritë dhe organet dhe organizatat e tjera administrative të themeluara me ligj, dhe sipas paragrafit 3 të nenit në fjalë të Kushtetutës, organizimi dhe puna e organeve të administratës shtetërore rregullohet nga një ligj i miratohet me shumicën e dy të tretave të votave të numrit të përgjithshëm të deputetëve.
Prandaj, sistemi i organizimit dhe punës së organeve të administratës shtetërore rregullohet me ligj që duhet të miratohet me dy të tretat e votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve dhe ai ligj është Ligji për organizimin dhe punë të organeve të administratës shtetërore, i cili me nenin 7, rregullon se organet e administratës shtetërore, përveç ministrive, mund të themelojnë, shfuqizojnë dhe kompetenca e tyre përcaktohet me ligj.
Sipas Gjykatës, pretendimet nga iniciativa për antikushtetutshmërinë e Ligjit për ndërmjetësim janë të pabazuara sepse nuk është miratuar me shumicë prej dy të tretave të numrit të përgjithshëm të deputetëve. Kjo për arsye se neni 95 paragrafi 3 i Kushtetutës i referohet Ligjit për organizimin dhe punën e organeve të administratës shtetërore dhe Ligjin për ndërmjetësimin, i cili rregullon procedurat jashtë gjykatës për zgjidhjen e mosmarrëveshjeve ndërmjet palëve me anë të negociimit dhe në mënyrë paqësore me ndihmën e personit të tretë – ndërmjetësues i licencuar, nuk ka analogji me Ligjin me cilin rregullohet organizimi dhe puna e organeve të administratës shtetërore, as që bëhet fjalë për një ligj sistemor.
Nga ajo që u theksua, Gjykata konsideroi se nuk mund të shtrohet çështja e përputhshmërisë së Ligjit për ndërmjetësim me nenin 95 paragrafi 3 të Kushtetutës.
Sipas nenit 110 alineja 1 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.
Në pajtim me nenin 15 paragrafi 2 të Rregullores së Gjykatës, iniciativa për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji dhe kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulloreje ose akti tjetër të përgjithshëm përmban: përcaktimin e ligjit, rregullin ose aktin e përgjithshëm, respektivisht disa nga dispozitat e saj të kontestuara, arsyet e kontestimit të tyre, dispozitat e Kushtetutës, përkatësisht ligji që shkelet me atë akt dhe emri, përkatësisht titulli, përkatësisht titulli dhe selia e parashtruesit të iniciativës.
Sipas nenit 28 paragrafi 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse ka pengesa të tjera procedurale për vendimmarrje për iniciativën.
Me iniciativën, në veçanti kontestohen neni 3 paragrafi 1 pika e), neni 35, neni 36, neni 37, neni 54 paragrafi 1 pika b) dhe g), neni 55 paragrafi 4, 5 dhe 9, neni 56 paragrafi 3 pikat 2) dhe 3), neni 57, neni 58, neni 60, neni 61, neni 62, neni 63, neni 64, neni 65, neni 66, neni 67, neni 68 dhe neni 69 i Ligjit për ndërmjetësim, me pretendimet se ato çojnë në kontroll jokushtetuese të tregut, respektivisht në sjellje monopoliste dhe pozicion monopolist në treg.
Në rastin konkret, me secilin nen të kundërshtuar veçmas të Ligjit për ndërmjetësim, normohet një zgjidhje e përshtatshme juridike nga lëmia në fjalë dhe me iniciativën në përgjithësi, kontestohen të gjitha dispozitat ligjore të cekura, pa argumente të veçanta dhe konkrete për shkaqet për shkak të të cilave konsiderohet se secila dispozitë e rregulluar në veçanti përmban gjithsej 19 nene të Ligjit, cenon garancinë kushtetuese për lirinë e tregut dhe sipërmarrësisë dhe pozitën e barabartë juridike të të gjitha subjekteve në treg. Parashtruesit në iniciativë nuk tregojnë se cilat vendime ligjore shkelin garancinë kushtetuese për pjesëmarrje të lirë në treg, gjegjësisht vendime ligjore që nënkuptojnë pozitë të pabarabartë juridike të subjekteve në treg, por përgjithësisht thuhet se qytetarët nuk mund të marrin pjesë lirisht në treg si kryerës të veprimtarisë së ndërmjetësimit, për shkak të Ligjit dhe dispozitave të tij të kontestuara në mënyrë të veçantë.
Mungesa e argumenteve të veçanta dhe shkaqeve të arsyetuara për antikushtetutshmërinë e secilës dispozitë të kundërshtuar veçmas të ligjit është pengesë procedurale për procedurën meritore të Gjykatës dhe arsye për refuzimin e iniciativës në atë pjesë në përputhje me nenin 28 alineja 3 të Rregullores të Gjykatës.
Lidhur me pretendimet e paraqitura në iniciativë se është e papranueshme për parashtruesit që një arsim i lartë i fituar jashtë vendit të pranohet në Republikë, por jo trajnimi në fushën e ndërmjetësimit të kryer jashtë vendit dhe se nuk ka mundësi ligjore për të nostrifikuar licencën e ndërmjetësimit të fituar jashtë vendit, si dhe pretendimet në lidhje me të cilat ligje është dashur të rregullohet Ligji për ndërmjetësimin, por nuk është rregulluar, pretendime të tilla nuk janë argument për të kundërshtuar kushtetutshmërinë e ligjit dhe dispozitave të tij, sepse ligjvënësi është ai në kompetencë të të cilit bie krijimi i zgjidhjeve ligjore në Ligj, dhe është kompetencë e Gjykatës Kushtetuese të vendos nëse ato përmbajtje të krijuara në ligj janë në përputhje me Kushtetutën.
Duke marrë parasysh sa më sipër, para Gjykatës nuk u parashtrua çështja e përputhshmërisë të tërësisë së Ligjit për ndërmjetësim me dispozitat e Kushtetutës të cilave iu referuan parashtruesit në iniciativë dhe në lidhje me dispozitat konkretisht të kontestuara të ligjit. Gjykata konstatoi se janë përfaqësuar kushtet procedurale të nenit 28 alineja 3 të Rregullores së Gjykatës për rrefuzimin e iniciativës në atë pjesë.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata, njëzëri në lidhje me pikën 1 dhe me shumicë votash në lidhje me pikën 2 të Aktvendimit, vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska