У.бр.18/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.18/2024
Скопје, 21.02.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 21 февруари 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба, број 07-2502/2 од 13.06.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Гази Баба” број 4/2006 и 12/2013.

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од актот означен во точката 1 од ова решение.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од актот означен во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека според член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите”.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно на уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Согласно член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.

Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Гази Баба во свој пропис – Деловникот на Советот на Општина Гази Баба, во поглавјето III. Права и должности на членовите на Советот, точка 3. Покренување иницијативи и поднесување предлози, го уредил член 15 алинеја 3, според кој член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите.

Правото коешто Советот на Општина Гази Баба, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

За да можат органите на локалната власт да го употребуваат институтот автентично толкување, истото треба да биде предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Меѓутоа, за органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба, со кое се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Гази Баба излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба со Законот за локалната самоуправа, вклучително и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.18/2024
Shkup, 21.02.2024

 

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14, nenit 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 21 shkurt 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 15 paragrafi 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës, nr.07-2502/2, të datës 13.06.2006, botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Gazi Babës” numër 4/2006 и 12/2013.

2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale dhe veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave të aktit të shënuara në pikën 1 të këtij aktvendimi.

3. Ky aktvendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese, në përputhje me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, me vetëiniciativë vendosi fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të aktit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se sipas nenit 15 paragrafi 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës, “Anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave në mbledhjet e Keshillit”.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Në bazë të nenit 27 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit përfundimtar, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë ose ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse me realizimin e tij mund të shkaktohen pasoja të vështira për t’u hequr.

Neni 36 i Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) rregullon kompetencat e Këshillit, dhe sipas paragrafit 1 pika 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent të miratojë statutin e komunës dhe rregulloret tjera. Sipas nenit 62 paragrafi 1 të ligjit të lartpërmendur, këshilli në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj.

Neni 43 i Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale rregullon të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit, dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë në mbledhje të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i parashtrojnë pyetje kryetarit të komunës dhe sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregullave të tjera, në pajtim me këtë ligj.

Sipas kësaj, me statut dhe rregulla të tjera mund të përcaktohen të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç është përcaktuar në nenin 43 paragrafi 5 të Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jenë në përputhje me Ligjin për vetqeverisje lokale.

Në rastin konkret, Gjykata ka konstatuar se Këshilli i Komunës së Gazi Babës në rregulloren e tij – Rregulloren e Këshillit të Komunës Gazi Babë, në kreun III. Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit, pika 3. Ngritja e iniciativave dhe paraqitja e propozimeve, të rregulluara me nenin 15 alineja 3, sipas të cilit anëtari i Këshillit ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullores në mbledhjen e Këshillit.

E drejta që Këshilli i Komunës së Gazi Babës ua ka përcaktuar anëtarëve të Këshillit në Rregullore lidhet me institutin “interpretimi autentik i rregullave”. Megjithatë, Ligji për Vetëqeverisjen Lokale, me asnjë dispozitë nuk parasheh kompetencë të këshillit të komunës për të dhënë interpretim autentik për rregullat që i miraton dhe Ligji nuk u jep komunave autoritetin që të munden në rregullat e tyre (rregullore ose statutet), të rregullojnë dispozitat për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.

Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, një gjë e tillë duhet të jetë e parashikuar me ligj, siç është parashikuar për ligjvënësin si organ i pushtetit shtetërorë edhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, sipas të cilës Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Megjithatë, për organet e pushtetit lokal, me ligj nuk ëshë paraparë instituti për interpretimit autentik të akteve të përgjithshme që ato miratojnë, në mënyrë që në rregullore ose statut nuk mundet rrjedhimisht të rregullohet ky institut dhe procedura për të njëjtin. Së këndejmi, neni 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës, me të cilën përcaktohet e drejta e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të munden të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregullores në mbledhjet e Këshillit, është përcaktuar pa bazë ligjore, gjë që Këshilli i Komunës së Gazi Babës ka tejkaluar kompetencat e tij të përcaktuara me Ligjin për vetëqeverisje lokale.

Duke pasur parasysh sa më sipër, si dhe duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe të gjithë janë të detyruar t’i respektojnë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata shprehu dyshime për pajtueshmërinë e nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës me Ligjin për vetëqeverisjen lokale, duke përfshirë përputhshmërinë e tij me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të pajtueshme me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi të ndalojë realizimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave kontestuese të Rregullores së Këshillit të Komunës së Gazi Babës, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.

IV

Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska