У.бр.26/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.26/2024
Скопје, 21.02.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 27 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 21 февруари 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 106, 107, 108 и 109 од Деловникот на Општина Македонска Каменица („Службен гласник на Општина Македонска Каменица“ бр.9/2006 и 38/2020)

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби, означени во точката 1 од ова решение.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од Деловникот на Општина Македонска Каменица означени во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека поглавјето 9 од Деловникот е со наслов „Автентично толкување на општи акти“.

Според член 106 од Деловникот, барање за автентично толкување на општ акт можат да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на општината и управни органи и установи кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење.

Во член 107 од Деловникот е определено дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој веднаш барањето го доставува до претседателот на Статутарно-правната комисија.

Статутарно-правната комисија по барањето за автентично токлување има право да побара мислење од работните тела на Советот и општинската администрација согласно со член 108 од истиот акт.

Ако Статутарно-правната комисија оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на Општината, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување не е оправдано, Статутарно-правната комисија за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барање и поднесениот извештај според член 109 од Деловникот.

III

Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Во член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд е определено дека Судот може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Согласно член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Во конкретниот случај, врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.05/2002) и член 21 став 1 од Статутот на Општина Македонска Каменица („Службен гласник на Општина Македонска Каменица” бр.4/2005), Советот на Општина Македонска Каменица со одредбите од Деловникот содржани во поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 106, 107, 108 и 109 од Деловникот на Општината ја разработува постапката и надлежноста за давање автентично толкување на општ акт кога има потреба од толкување во врска со примената на актот.

Согласно уставните одредби автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт, односно Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите. Постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.

Во конкретниот случај, автентично толкување дава Советот на Општина Македонска Каменица, како орган на локалната власт.

Според член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно член 62 став 1 од истиот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Во член 21 став 1 од Статутот на Општина Македонска Каменица е предвидено дека Советот, меѓу другото, донесува Деловник.

Оттаму, цитираните одредби од Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општината кои се означени во Деловникот како основ за негово донесување неспорно содржат овластување за донесување Деловник на Општината, но ниту овие одредби ниту Уставот не содржат определување надлежност за Советот на општината за давање автентично толкување на донесените акти.

Имајќи предвид дека станува збор за прашање, коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот изречно во Уставот, со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, произлегува дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување и не можат во деловник или статут изворно да го уредуваат овој институт и постапката за истиот.

Врз основа на направената анализа произлегува дека предмет на уредување со означеното поглавје и одредбите содржани во него од Деловникот на Општината е разработена надлежност и постапка за давање автентично толкување на донесените акти, иако од Уставот и Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување за совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту наведениот закон упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се уреди постапка за автентично толкување на општите акти.

Од овие причини Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива го покрена прашањето за нивната согласност со Уставот и Законот за локалната самоуправа. Со оглед дека нивното уредување во Деловникот на Општината, е без уставен и законски основ, Судот оцени дека постои сомнение за нивната согласност со принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска за усогласеност на прописите со Уставот и законите, определена во член 51 од Уставот.

Судот, имајќи го предвид сето погоре изнесено, оцени дека се исполнети условите за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на означените делови од Деловникот.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот цени дека се исполнети и условите Судот да ја запре примената на спорните одредби од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените акти, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.26/2024
Shkup, 21.02.2024

 

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe neneve 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 21 shkurt 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së titullit të kapitullit 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 106, 107, 108 dhe 109 të Rregullores së Komunës së Makedonska Kamenicës (“Gazeta zyrtare e Komunës së Makedonska Kamenicës” nr.9/2006 и 38/2020)

2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të dispozitave kontestimore, të parashikuara në pikën 1 të këtij aktvendimi.

3. Ky aktvendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetëiniciativë ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të Rregullores së Komunës së Makedonska Kamenicës, e shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se kapitulli 9 i Rregullores titullohet “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme”.

Sipas nenit 106 të Rregullores së, kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e zgjedhësve në komunë, ndërmarrja publike që ushtron veprimtari në rajonin e komunës dhe organet dhe institucionet administrative kur lind nevoja për një interpretim autentik në lidhje me zbatimin e akteve në punën e tyre.

Në nenin 107 të Rregullores së, përcaktohet se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i dërgohet Kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia dërgon kërkesën Kryetarit të Komisionit Statutar-Juridik.

Komisioni Statutar-Juridik, pas kërkesës për interpretim autentik, ka të drejtë të kërkojë mendim nga organet punuese të Këshillit dhe administratës komunale në pajtim me nenin 108 të të njëjtit akt.

Nëse Komisioni Statutar-Juridik vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar, do të përgatisë propozimin për interpretim autentik dhe do t’ia dërgojë Këshillit të Komunës dhe nëse vlerëson se kërkesa për interpretim autentik nuk është e justifikuar, Komisioni Statutar-Juridik i dërgon raport Këshillit, i cili vendos sipas kërkesës dhe raportit të dërguar sipas nenit 109 të Rregullores.

III

Sundimi i së drejtës është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, dhe secili është i detyruar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në nenin 14 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, është përcaktuar se vetë Gjykata mund të fillojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli apo akti tjetër të përgjithshëm.

Në bazë të nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të miratojë aktvendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e tij, nëse me realizimin e tij mund të shkaktohen pasoja të vështira për t’u hequr.

Në rastin konkret, bazuar në nenin 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 05/2002) dhe neni 21 paragrafi 1 të Statutit të Komunës së Makedonska Kamenicës (“Gazeta zyrtare e Komunës së Makedonska Kamenicës” nr. 4/2005), Këshilli i Komunës së Makedonska Kamenicës, me dispozitat e Rregullores të përfshira në kapitullin 9 “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe nenet 106, 107, 108 dhe 109 të Rregullores së Komunës, shtjellon procedurën dhe kompetencën për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm kur ka nevojë për interpretim në lidhje me zbatimin e aktit.

Sipas dispozitave kushtetuese, interpretimin autentik të ligjeve e jep ligjvënësi si organ i pushtetit ligjvënës, përkatësisht Kuvendi, në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, miraton ligjet dhe jep një interpretimi autentik të ligjeve. Procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, interpretimin autentik e jep Këshilli i Komunës së Makedonska Kamenicës, si organ i pushtetit lokal.

Sipas nenit 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat tjera, dhe sipas nenit 62 paragrafi 1 të të njëjtit ligj, në kryerjen e punëve në kompetencë të tij, këshilli miraton rregullore, përkatësisht: statut, programe, plane, vendime dhe rregulla të tjera të përcaktuara me ligj.

Në nenin 21 paragrafi 1 të Statutit të Komunës së Makedonska Kamenicës parasheh që Këshilli ndër të tjera miraton edhe Rregullore,

Së këndejmi, dispozitat e cituara të Ligjit për vetëqeverisjen lokale dhe Statutit të Komunës të cilat janë të shënuara në Rregulloren si bazë për miratimin e tij, padyshim që përmbajnë autorizim për miratimin e Rregullores së Komunës, por as këto dispozita e as Kushtetuta nuk përmbajnë përcaktimin e kompetencës së Këshillit të Komunës për të dhënë interpretim autentik të akteve të miratuara.

Duke pasur parasysh se kjo është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokale ta zbatojnë atë, siç parashikohet për ligjvënësit të shprehur në Kushtetutë, me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, rezulton se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë një interpretim autentik dhe nuk mund ta rregullojnë fillimisht këtë institut dhe procedurën për të në rregullore apo statut.

Në bazë të analizsës së kryer rezulton se lënda e rregullimit me kapitullin e shënuar dhe dispozitat që përfshihen në të nga Rregulloreja e Komunës është kompetencë dhe procedurë e zhvilluar për dhënien e interpretimit autentik të akteve të miratuara edhe pse Kushtetuta dhe Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk kanë kompetencë që këshilli i komunës të ofrojë interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as ligji në fjalë nuk i referohet mundësisë së organizimit të procedurës për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme në një akt tjetër (statut apo rregullore të një komune).

Për këto arsye, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, me vetëiniciativë e ngriti çështjen e pajtueshmërisë së tyre me Kushtetutën dhe Ligjin për vetëqeverisjen lokale. Duke qenë se rregullimi i tyre në Rregulloren e Komunës është pa bazë kushtetuese dhe ligjore, Gjykata vlerësoi se ekziston dyshimi për pajtueshmërinë e tyre me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe obligimi kushtetues për pajtueshmërinë e rregullave me Kushtetutën dhe ligjet, përcaktuar në nenin 51 të Kushtetutës.

Gjykata, duke marrë parasysh gjithçka që u tha më lartë, vlerësoi se janë plotësuar kushtet për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së pjesëve të shënuara të Rregullores.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vlerëson se janë plotësuar kushtet që Gjykata të ndalojë zbatimin e dispozitave të kontestuara të Rregullores së Komunës, si dhe të ndalojë realizimin e akteve individuale ose veprimeve që ndërmerren në bazë të akteve kontestuese, deri në miratimin e vendimit përfundimtar.

IV

Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska