Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.75/2023
Скопје, 21 февруари 2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 21 февруари 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на делот „од кои четири члена од редот на членовите на Комората и на предлог на директорот на Агенцијата три члена од редот на вработените во Агенцијата“ од член 133 став 1 од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2013, 41/2014, 101/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/2019).
Образложение
I
Подносителот, Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Северна Македонија, преку полномошникот, адвокат Бобан Богдановски од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на дел од член 133 став 1 од Законот за катастар на недвижности означен во диспозитивот на ова решение.
Подносителот на иницијативата го оспорува делот од законската одредба како спротивен на член 8 став 1 алинеја 3, член 51 став 1 и член 55 став 1 од Уставот.
Во иницијативата се цитираат законски одредби кои се однесуваат на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, нејзиниот статус, членовите на Комората, целите и задачите, органи на Комората како и надлежностите на Управниот одбор.
Според наводите во иницијативата, согласно со законската одредба пропишана во член 127 став 1 од Законот, трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи се здружуваат во Комора заради застапување и усогласување на заедничките интереси. За подносителот, јасно и недвосмислено е дека членовите на органите на Комората, треба да бидат од редот на членовите на Комората, односно да ги сочинуваат претставници на трговците поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи.
Подносителот смета дека учеството на три члена во Управниот одбор од редот на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности, е во спротивност со член 127 став 6 од Законот, според кој Комората е самостојна и независна организација со својство на правно лице.
Целите и задачите на Комората кои се дефинирани како интерес на нејзините членови, подносителот смета дека не мора да претставуваат интерес на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности кои учествуваат како членови во Управниот одбор на Комората. На овој начин, се остава можност, овие членови да влијаат при донесувањето на одлуките што се од интерес на членовите на Комората, раководејќи се од интересот на Агенцијата за катастар на недвижности од каде што доаѓаат, што е во колизија со интересот на Комората.
Подносителот потенцира дека со Законот за спречување на корупција и судир на интереси, се уредуваат мерките и активностите за спречување на корупција во вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавните овластувања. Согласно со овој закон, кога службеното лице ќе дознае за околности што укажуваат на постоење на судир на интереси или потенцијален судир на интереси, должно е веднаш да побара да биде изземено и да запре со своето постапување.
Согласно со ваквата законска регулатива, подносителот смета дека вработеното лице што учествува во работата на Комората, во моментот кога ќе се појави околност за одлучување на прашања кои се директно или индиректно поврзани со интересите на Агенцијата за катастар на недвижности, треба веднаш да бара изземање.
Оспорената одредба, според подносителот, е во колизија со одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, бидејќи предвидува избор на членови на Управниот одбор од редот на вработените во Агенцијата, со што постои потенцијален ризик од судир на интереси. Ова посебно се однесува во делот на финансиската независност на Комората, која се финансира од годишна членарина на нејзините членови.
Подносителот наведува дека согласно со Законот за Катастар на недвижности, Статутот на Комората и другите подзаконски акти, Управниот одбор на Комората, одлучува за разни финансиски трошења, креира финансиски план за наредната година и предлог годишна пресметка за тековната година, односно го креира буџетот, а во сето тоа учествува и Агенцијата преку најзините дeлегирани три члена – претставници на Агенцијата на кои Комората им исплаќа надоместок за учество на седниците на управниот одбор на сите членови на Управниот одбор, нешто што има и финансиски импликации со оглед дека Агенцијата не придонесува во буџетот на Комората.
Понатаму, во иницијативата, во поткрепа на наводите, подносителот набројува други комори кои имаат пренесени јавни овластувања, но немаат ниту еден член од управувачките органи од страна на која било државна институција, која би требало да врши надзор врз пренесени јавни овластувања. Како пример, ја посочува Комората на овластени архитекти и овлестени инженери како сродна и најблиска дејност, Адвокатската комора на РСМ и Нотарската комора на РСМ.
Законот за Катастар на недвижности, предвидел надворешни механизми за заштита на јавниот интерес. Надзор над вршењето на јавните овластувања на Комората спроведува Агенцијата преку укажување на недостатоци, давање препораки, мислења и стручна помош. Доколку Комората не ги отстрани недостатоците, јавните овластувања ѝ се одземаат или ограничуваат најмногу до една година, со решение на директорот на Агенцијата. Со овие заштитни механизми се обезбедува заштита на јавниот интерес и заштита на владеење на правото.
Подносителот, смета дека оспорените делови од одредбата, негативно влијаат на слободата на претприемништвото, бидејќи трговците поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи доаѓаат од приватниот сектор, па во случаи кога се расправа за прашања кои ги тангираат исклучиво интересите на членовите на Комората, се задира врз самостојноста и независноста на Комората и се загрозува слободата на претприемништвото.
Според подносителот, државните органи немаат право да се мешаат во работењето на приватниот сектор и да одлучуваат за вршењето на финансиските работи, располагањето со имотот и други прашања кои се поврзани со работењето на Комората како правно лице, во кое нема државен капитал, поради што предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста во оспорените делови на одредбата и истите да ги укине.
II
На седницата Судот утврди дека член 133 од Законот е со наслов „Управен одбор“.
Во став 1 од член 133 од Законот е предвидено дека управниот одбор е составен од седум члена од кои четири члена од редот на членовите на Комората и на предлог на директорот на Агенцијата три члена од редот на вработените во Агенцијата.
Одредбата се оспорува во делот „од кои четири члена од редот на членовите на Комората и на предлог на директорот на Агенцијата три члена од редот на вработените во Агенцијата“.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Согласно член 51 став 1 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Со член 55 став 1 од Уставот се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.
Според член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Меѓу останатите надлежности на Агенцијата за катастар на недвижности, согласно со член 8 став 1 од Законот за катастар на недвижности, се и вршење основни геодетски работи, вршење премер на недвижностите, вршење геодетски работи за посебни намени, востановување и одржување на катастарот на недвижности.
Според член 103 од истиот закон, теренските геодетски работи, кои се однесуваат на основните геодетски работи, премерот во функција на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижности и геодетските работи за посебни намени, како јавни овластувања се пренесени да ги вршат трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, под услови и на начин определени со овој закон.
Член 127 став 1 од Законот, пропишува дека трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи се здружуваат во Комора заради застапување и усогласување на заедничките интереси, заштита на јавните интереси и заштита на интересите на трети лица, а како работи од јавен интерес, член 3 од Законот, меѓу другото, ги дефинира и работите кои се однесуваат на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижности.
Имајќи ги предвид наведените законски одредби во врска со статусот и положбата на Агенцијата за катастар на недвижности, произлегува дека законодавецот ја основал Агенцијата за катастар на недвижности за вршење на работите на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите, вршење основни геодетски работи, вршење премер на недвижностите, вршење геодетски работи за посебни намени, востановување и одржување на катастарот на недвижности, кои како јавни овластувања се пренесени да ги вршат трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, а кои јавни интереси треба да ги штити Комората, под услови утврдени со закон.
Член 133 став 1 од Законот е со наслов „Управен одбор“ и во него се уредува бројот и составот на членовите на Управниот одбор на Комората, односно Управниот одбор го сочинуваат седум члена од кои четири члена од редот на членовите на Комората и три члена од редот на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности предложени од страна на директорот.
За подносителот, како спорен дел во одредбата е учеството на три члена во Управниот одбор од редот на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности, со оглед на тоа дека Комората е самостојна и независна организација со својство на правно лице.
Од анализата на оспорената одредба, произлегува дека Комората се конституира согласно закон, заради застапување и усогласување на заедничките интереси, односно заштита на јавните интереси и заштита на интересите на трети лица, од кои причини, Управниот одбор го сочинуваат четири члена од редот на Комората, а три члена од редот на вработените во Агенцијата. Со оглед на тоа дека Агенцијата за катастар на недвижности, дел од своите надлежности ги пренела како јавни овластувања на трговците поединци, овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, а со тоа и на Комората како нивно здружение, со цел да обезбеди нивно законито спроведување, овие пренесени надлежности кои произлегуваат од Агенцијата, директно влијаат на работењето на истата, нејзиниот углед, а пред сè заштита на јавниот интерес на граѓаните во обезбедување на сигурноста во делот на запишувањето на правата на сопственост на недвижностите.
Неспорно е дека Комората е самостојна и независна организација со својство на правно лице, но нејзината самостојност и независност не се апсолутни, од причина што од јавен интерес е дејноста која ја врши, што значи од страна на државната власт има пренесено овластување, на физичко или правно лице да врши работи од јавен интерес. Надлежностите на Управниот одбор, како пренесени јавни овластувања, за издавање и одземање лиценци за вршење на геодетски работи имаат директно влијание врз обезбедувањето на законитост и квалитетот на работењето на приватниот геодетски сектор, заради обезбедување гаранција на запишаните права на сопственост врз недвижностите и сигурен пазар на недвижности како едно од фундаменталните права на граѓаните.
Законодавецот, има уставно овластување да креира норми со кои ќе обезбеди квалитетна заштита на спроведување на пренесените јавни овластувања. Со оспорената одредба, која предвидува мешан состав на Управниот одбор, целта на законодавецот била да креира норма со која ќе обезбеди заштита на граѓаните и јавниот интерес во делот на извршување на пренесените јавни овластувања.
Подносителот, во наводите од иницијативата, наведува дека членовите во Управниот одбор на Комората од редот на вработените во Агенцијата, можат да влијаат при донесување на одлуките кои се во интерес само на членовите на Комората и истите не претставуваат интерес на Агенцијата. Прашањето на конкретна примена на одредбите од Законот и спроведувањето на дадените надлежности не е надлежност на Уставниот суд.
Имено, членовите на Управниот одбор на Комората од редот на вработените во Агенцијата, го застапуваат и заштитуваат јавниот интерес, а со оглед на нивниот број во целокупниот состав на Управниот одбор во однос на бројот на членови кои доаѓаат од редот на Комората, Судот цени дека истите не можат да влијаат на донесување на одлуките кои се во интерес на членовите на Комората.
По однос на наводот дека други комори имаат пренесени јавни овластувања, но немаат ниту еден член во управувачките органи од страна на која било државна институција, која би требало да врши надзор врз пренесени јавни овластувања, Судот имаше предвид дека секоја комора има своја специфика на надлежности. Секоја комора има своја улога, задачи што треба да ги оствари, свои тела и органи, без притоа да се генерализира нивната улога. Надлежностите на управниот одбор за секоја комора се различно законски уредени во зависност од специфичноста на надлежностите на секоја комора одделно.
Подзаконските акти кои се однесуваат на работењето на трговците поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, ги пропишува Агенцијата за катастар на недвижности. Агенцијата врши надзор на законитоста на работењето, а организира и спроведување на задолжителни обуки на овластените геодети согласно со годишната програма донесена од страна на Управниот одбор на Агенцијата, што значи, заемната соработка на Агенцијата и Комората е неопходна, а заради обезбедување законитост во работењето на приватниот геодетски сектор и заштита на јавниот интерес од една страна и согледување на проблемите и потребите со кои се соочува приватниот геодетски сектор во спроведување на пренесените јавни овластувања како и постојано усовршување и подобрување на нивната работа.
Во функција на заштита на спроведување на пренесените јавни овластувања, законодавецот со оспорениот дел од член 133 став 1 од Законот, го овластил директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, да предложи три члена од редот на вработените во Агенцијата за членови во Управниот одбор на Комората. Тоа е овластување за органот на државната управа од надлежната област, преку директорот кој раководи со органот, да обезбеди пренесените јавни овластувања да се спроведуваат во рамки на Законот, односно со истите се обезбедува поголема заштита на граѓаните и заштитата на јавниот интерес во делот на извршувањето на пренесените јавни овластувања.
Законодавецот во согласност со своето уставно овластување, има обврска со закон да ги уредува однесувањата во одредена област од општествениот живот за кои ќе оцени дека тоа е потребно и оправдано, особено кога станува збор за јавен истерес, поради што Судот смета дека оспорената одредба од Законот, суштински и терминолошки е усогласена со темелната вредност на уставниот поредок – владеењето на правото. Прашањето за согласноста на оспорената одредба не може да се постави ни во однос на одредбите од член 51 став 1 и член 55 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија. Ова од причина што оспорената одредба е во согласност со Уставот и со истата не се задира во слободата на пазарот и претприемништвото како што е наведено во иницијативата.
По однос на наводите за меѓусебна неусогласенот на оспорениот дел од законската одредба со други одредби од Законот за катастар на недвижности и Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Судот оцени дека станува збор за прашање кое не е во надлежност на Уставниот суд, согласно член 110 алинеја 1 од Уставот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд нa Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
У.бр.75/2023
Shkup, 21 shkurt 2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 21 shkurt 2024, miratoi
A K T V E N D I M
NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së pjesës “prej të cilit katër anëtarë nga radhët e anëtarëve të Odës dhe me propozimin e drejtorit të Agjencisë tre anëtarë nga radhët e punonjësve të Agjencisë” nga neni 133 paragrafi 1 i Ligjit për kadastër të patundshmërive (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 55/2013, 41/2014, 101/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 dhe 64/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.124/2019).
Arsyetim
I
Parashtruesi, Oda e Tregtarëve individualë, Gjeodetëve të Autorizuar dhe Shoqërive Tregtare për Punë Gjeodezike të Republikës së Maqedonisë së Veriut, përmes të autorizuarit, avokatit Boban Bogdanovski nga Shkupi, dërgoi iniciativë në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së pjesës së nenit 133 paragrafi 1 të Ligjit për kadastër të patundshmërive të shënuar në dispozitiv të këtij aktvendimi.
Parashtruesi i kërkesës konteston pjesën e dispozitës ligjore si në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3, nenin 51 paragrafi 1 dhe nenin 55 paragrafi 1 të Kushtetutës.
Në iniciativë citohen dispozitat ligjore që kanë të bëjnë me Odën e Tregtarëve individë, gjeodetëve të autorizuar dhe shoqërive tregtare për punë gjeodezike, statusin e saj, anëtarët e Odës, qëllimet dhe detyrat, organet e Odës si dhe kompetencat e Bordit Drejtues.
Sipas pretendimeve në iniciativë, në pajtim me dispozitën ligjore të parapara në nenin 127 paragrafi 1 të Ligjit, në Odë bashkohen tregtarët individë, gjeodetët e autorizuar dhe shoqëritë tregtare për punë gjeodezike me qëllim të përfaqësimit dhe harmonizimit të interesave të përbashkëta. Për parashtruesin është e qartë dhe e padyshimtë se anëtarët e organeve të Odës duhet të jenë nga radhët e anëtarëve të Odës, përkatësisht të përbëhen nga përfaqësues të tregtarëve individë, gjeodetë të autorizuar dhe shoqëri tregtare për punët gjeodezike.
Parashtruesi konsideron se pjesëmarrja e tre anëtarëve në Bordin Drejtues nga radhët e të punësuarve të Agjencisë së Kadastrës së Paluajtshmërive është në kundërshtim me nenin 127 paragrafi 6 të Ligjit, sipas të cilit Oda është organizatë e mëvetësishme dhe e pavarur me cilësi të personit juridik.
Qëllimet dhe detyrat e Odës, të cilat përkufizohen si interes i anëtarëve të saj, parashtruesi konsideron se nuk përfaqësojnë domosdoshmërisht interesin e punonjësve të Agjencisë për Kadastër të Patundshmërive të cilët marrin pjesë si anëtarë në Bordin Drejtues të Odës. Në këtë mënyrë mundësohet që këta anëtarë të ndikojnë në miratimin e vendimeve që janë në interes të anëtarëve të Odës, të udhëhequr nga interesi i Agjencisë për Kadastër të Patundshmërive nga vijnë, gjë që bie ndesh me interesin e Odës.
Parashtruesi thekson se Ligji për Parandalimin e Korrupsionit dhe Konfliktit të Interesit rregullon masat dhe aktivitetet për parandalimin e korrupsionit në ushtrimin e pushtetit, autorizimeve publike, detyrave zyrtare dhe politikës, masat dhe aktivitetet për parandalimin e konfliktit të interesave, masat dhe aktivitetet për parandalimin e korrupsionit në kryerjen e punëve me interes publik të personave juridikë që kanë të bëjnë me realizimin e autorizimeve publike. Në pajtim me këtë ligj, kur personi zyrtar mëson për rrethana që tregojnë për ekzistimin e konfliktit të interesit ose konfliktit të mundshëm të interesit, është i detyruar të kërkojë menjëherë përjashtim dhe ndërprerje me veprimet e tij.
Në përputhje me këtë rregullativë ligjore, parashtruesi konsideron se punonjësi që merr pjesë në punën e Odës, në momentin kur krijohet një rrethanë për vendosjen e çështjeve që lidhen drejtpërdrejt ose tërthorazi me interesat e Agjencisë së Kadastrës së Patundshmërive, duhet menjëherë të kërkojë përjashtim.
Dispozita e kontestuar, sipas parashtruesit, është në kundërshtim me dispozitat e Ligjit për parandalimin e korrupsionit dhe konfliktit të Interesit, sepse parashikon zgjedhjen e anëtarëve të Bordit Drejtues nga radhët e punonjësve të Agjencisë, me çka ekziston rrezik potencial i një konflikti interesi. Kjo veçanërisht ka të bëjë me pjesën e pavarësisë financiare të Odës, e cila financohet nga kuota vjetore e anëtarësimit të anëtarëve të saj.
Parashtruesi thekson se në përputhje me Ligjin për Kadastër të Patundshmërive, Statutin e Odës dhe akteve tjera nënligjore, Bordi Drejtues i Odës, vendos për shpenzime të ndryshme financiare, harton planin financiar për vitin e ardhshëm dhe propozimin për llogaritë vjetore për vitin aktual, gjegjësisht krijon buxhetin dhe në të gjitha këto merr pjesë edhe Agjencia përmes tre anëtarëve të deleguar – përfaqësuesve të Agjencisë, të cilëve Oda u paguan tarifën për pjesëmarrje në mbledhjet e Bordit Drejtues për të gjithë anëtarët e Bordit Drejtues, diçka që ka edhe implikime financiare, duke qenë se Agjencia nuk kontribuon në buxhetin e Odës.
Më tej, në iniciativë, në mbështetje të pretendimeve, parashtruesi numëron oda të tjera që kanë transferuar kompetenca publike, por nuk kanë asnjë anëtar të organeve drejtuese nga asnjë institucion shtetëror, i cili duhet të mbikëqyrë kompetencat publike të transferuara. Si shembull, tregon Odën e Arkitektëve të Certifikuar dhe Inxhinierëve të Çertifikuar si veprimtari e përafërt dhe më e afërt, Odën e Avokatëve të RMV-së dhe Odën e Noterisë së RMV-së.
Ligji për kadastër të patundshmërive, ka paraparë mekanizma të jashtëm për mbrojtjen e interesit publik. Mbikëqyrjen e kryerjes së kompetencave publike të Odës e kryen Agjencia duke evidentuar mangësitë, duke dhënë rekomandime, mendime dhe asistencë eksperte. Nëse Oda nuk i eliminon mangësitë, autorizimet e saj publike i hiqen ose kufizohen deri në një vit, me vendim të drejtorit të Agjencisë. Me këto mekanizma mbrojtëse sigurohet mbrojtja e interesit publik dhe mbrojtja e sundimit të së drejtës.
Parashtruesi, konsideron se pjesët e kontestuara të dispozitës ndikojnë negativisht në lirinë e sipërmarrjes, sepse tregtarët individë, gjeodetët e autorizuar dhe shoqëritë tregtare për punë gjeodezike vijnë nga sektori privat, pra në rastet kur diskutohen çështje që prekin kryesisht interesat e anëtarëve të Odës, cenohet autonomia dhe pavarësia e Odës dhe rrezikohet liria e sipërmarrësisë.
Sipas parashtruesit, organet shtetërore nuk kanë të drejtë të ndërhyjnë në punën e sektorit privat dhe të vendosin për kryerjen e punëve financiare, disponimin me pronën dhe çështje të tjera që lidhen me funksionimin e Odës si person juridik, në të cilin nuk ka kapital shtetëror, prandaj propozon që gjykata të fillojë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së pjesëve kontestuese të dispozitës dhe t’i ndërpresë ato.
II
Gjykata në seancë konstatoi se neni 133 i ligjit titullohet “Bordi Drejtues”.
Paragrafi 1 i nenit 133 të Ligjit përcakton se Bordi Drejtues përbëhet nga shtatë anëtarë, nga të cilët katër anëtarë janë anëtarë të Odës dhe me propozim të drejtorit të Agjencisë, tre anëtarë janë anëtarë të punëtorëve të Agjencisë.
Dispozita kontestohet në pjesën “nga të cilët katër anëtarë nga radhët e anëtarëve të Odës dhe me propozimin e drejtorit të Agjencisë, tre anëtarë nga radhët e punonjësve të Agjencisë“.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, sundimi i së drejtës është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në pajtim me nenin 51 paragrafi 1 i Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe me ligjin.
Me nenin 55 paragrafi 1 i Kushtetutës garantohet liria e tregut dhe e sipërmarrësisë.
Sipas nenit 110 paragrafi 1 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.
Ndër kompetencat tjera të Agjencisë për kadastër të patundshmërive, në pajtim me nenin 8 paragrafi 1 të Ligjit për kadastër të patundshmërive, janë edhe kryerja e punëve themelore gjeodezike, kryerja e rilevimeve të patundshmërive, kryerja e punëve gjeodezike për qëllime të veçanta, themelimi dhe mirëmbajtja e kadastrës së patundshmërive.
Sipas nenit 103 të të njëjtit ligj, punimet gjeodezike në terren, të cilat i referohen punimeve bazë gjeodezike, rilevimit në funksion të ngritjes dhe mirëmbajtjes së kadastrës së patundshmërive dhe punët gjeodezike për qëllime të veçanta, si autorizime publike transferohen për t’u kryer nga tregtarët individë gjeodetë të autorizuar dhe shoqëritë tregtare për punë gjeodezike, në kushtet dhe në mënyrën e përcaktuar me këtë ligj.
Neni 127 paragrafi 1 i Ligjit, përcakton që tregtarët individë gjeodetë të autorizuar dhe shoqëritë tregtare për punë gjeodzike bashkohen në Odë me qëllim të përfaqësimit dhe harmonizimit të interesave të përbashkëta, mbrojtjes së interesave publike dhe mbrojtjes së interesave të personave të tretë, dhe si çështje të interesit publik, neni 3 i Ligjit, ndër të tjera, përcakton çështjet që kanë të bëjnë me themelimin dhe mirëmbajtjen e kadastrës së patundshmërive.
Duke marrë parasysh dispozitat ligjore të përcaktuara në lidhje me statusin dhe pozitën e Agjencisë për Kadastër të Patundshmërive, rezulton se ligjvënësi ka themeluar Agjencinë për Kadastër të Patundshmërive për kryerjen e punëve të themelimit dhe mirëmbajtjes së kadastrës së patundshmërive, kryerjen e punëve themelore gjeodezike, rilevimi i patundshmërive, kryerja e punëve gjeodezike për qëllime të veçanta, krijimi dhe mirëmbajtja e kadastrës së patundshmërive, të cilat si kompetenca publike janë bartur për t’u kryer nga tregtarët individë gjeodetë të autorizuar dhe shoqëritë tregtare për punët gjeodezike dhe interesat publike duhet t’i mbrojë Oda, në kushtet e përcaktuara me ligj.
Neni 133 paragrafi 1 i ligjit titullohet “Bordi i Drejtues” dhe rregullon numrin dhe përbërjen e anëtarëve të Bordit Drejtues të Odës, përkatësisht Bordi i Drejtorëve përbëhet nga shtatë anëtarë, nga të cilët katër anëtarë janë anëtarë të Dhomës dhe tre anëtarë nga lista e të punësuarve në Agjencinë e Kadastrës së Patundshmërive të propozuar nga drejtori.
Për parashtruesin, si pjesë e kontestuar e dispozitës është pjesëmarrja e tre anëtarëve në Bordin Drejtues nga radhët e punonjësve të Agjencisë së Kadastrës së Patundshmërive, duke qenë se Oda është organizatë e mëvetësishme dhe e pavarur me cilësinë e personit juridik.
Nga analiza e dispozitës së kontestuar, rezulton se Oda është konstituuar në përputhje me ligjin, me qëllim të përfaqësimit dhe harmonizimit të interesave të përbashkëta, gjegjësisht mbrojtjes së interesave publike dhe mbrojtjes së interesave të personave të tretë, për çka Bordi Drejtues përbëhet nga katër anëtarë nga radhët e Odës dhe tre anëtarë nga radhët e punonjësve të Agjencisë. Duke qenë se Agjencia për Kadastër të Patundshmërive një pjesë të kompetencave të saj ua ka bartur tregtarëve individualë si autorizime publike, gjeodetëve të autorizuar dhe shoqërive tregtare për punët gjeodezike, e në këtë mënyrë edhe Odës si shoqatë e tyre, për të siguruar zbatimin ligjor të tyre, këto kompetenca të bartura që burojnë nga Agjencia ndikojnë drejtpërdrejt në funksionimin e të njëjtës, reputacionin e saj dhe mbi të gjitha mbrojtjen e interesit publik të qytetarëve në garantimin e sigurisë në pjesën e regjistrimit të të drejtave të pronësisë së patundshmërive.
Është e padiskutueshme që Oda është një organizatë e mëvetësishme dhe e pavarur me statusin e personit juridik, por autonomia dhe pavarësia e saj nuk janë absolute, për faktin se veprimtaria që ushtron është me interes publik, që do të thotë se pushteti shtetëror i ka bartur autorizimin një personi fizik ose juridik për të kryer punë me interes publik. Kompetencat e Bordit Drejtues, si kompetenca publike të transferuara, për dhënien dhe heqjen e licencave për kryerjen e punëve gjeodezike kanë ndikim të drejtpërdrejtë në sigurimin e ligjshmërisë dhe cilësisë së punës së sektorit privat gjeodezik, me qëllim të sigurimit të garancisë së të drejtave të shkruara të pronësinsë mbi patundshmërinë dhe një treg i besueshëm i patundshmërive si një nga të drejtat themelore të qytetarëve.
Ligjvënësi ka autorizim kushtetues për të krijuar norma që do të sigurojnë mbrojtje cilësore të zbatimit të kompetencave publike të bartura. Me dispozitën e kontestuar, e cila parasheh përbërjen e përzier të Bordit Drejtues, qëllimi i ligjvënësit ka qenë krijimi i një norme që do të siguronte mbrojtjen e qytetarëve dhe interesin publik në fushën e realizimit të kompetencave publike të bartura.
Parashtruesi, në pretendimet nga iniciativa, thekson se anëtarët e Bordit Drejtues të Odës nga radhët e punonjësve të Agjencisë, mund të ndikojnë në marrjen e vendimeve që janë vetëm në interes të anëtarëve të Odës dhe të njëjtit nuk përfaqësojnë interesat e Agjencisë. Çështja e zbatimit konkret të dispozitave të ligjit dhe zbatimi i kompetencave të dhëna nuk është kompetencë e Gjykatës Kushtetuese.
Konkretisht, anëtarët e Bordit Drejtues të Odës nga radhët e punonjësve të Agjencisë përfaqësojnë dhe mbrojnë interesin publik dhe duke pasur parasysh numrin e tyre në përbërjen e përgjithshme të Bordit Drejtues në raport me numrin e anëtarëve që vijnë nga Oda, Gjykata vlerëson se ato nuk mund të ndikojnë në marrjen e vendimeve që janë në interes të anëtarëve të Odës.
Lidhur me pretendimin se odat tjera kanë bartur kompetenca publike, por nuk kanë asnjë anëtar të vetëm në organet drejtuese të ndonjë institucioni shtetëror, i cili duhet të mbikëqyrë kompetencat e deleguara publike, Gjykata vlerësoi se çdo odë ka kompetencat e veta specifike. Çdo odë ka rolin e saj, detyrat për të kryer, trupat dhe organet e veta, pa e përgjithësuar rolin e tyre. Kompetencat e bordit drejtues për secilën odë janë të rregulluara ligjërisht në mënyra të ndryshme varësisht nga specifika e kompetencave të secilës dhomë veç e veç.
Aktet nënligjore që kanë të bëjnë me punën e tregtarëve individualë, gjeodetëve të autorizuar dhe shoqërive tregtare për punë gjeodezike përcaktohen nga Agjencia e Kadastrës së Patundshmërive. Agjencia mbikëqyr ligjshmërinë e funksionimit dhe organizon zbatimin e trajnimeve të detyrueshme për gjeodetë të autorizuar në përputhje me programin vjetor të miratuar nga Bordi Drejtues i Agjencisë, që do të thotë se është i nevojshëm bashkëpunimi i ndërsjellë i Agjencisë dhe Odës dhe me qëllim sigurimin e ligjshmërisë në funksionimin e sektorit privat gjeodezik dhe mbrojtjen e interesit publik nga njëra anë dhe kuptimin e problemeve dhe nevojave me të cilat përballet sektori privat gjeodezik në zbatimin e kompetencave publike të transferuara si dhe përsosjen dhe përmirësimin e vazhdueshëm të punës së tyre.
Në funksion të mbrojtjes së zbatimit të kompetencave publike të bartura, ligjvënësi me pjesën kontestimore të nenit 133 paragrafi 1 i Ligjit, ka autorizuar drejtorin e Agjencisë së Kadastrës së Paluajtshmërive që të propozojë tre anëtarë të punonjësve të Agjencisë për anëtarë të Bordit Drejtues të Odës. Ky është autorizim që organi i administratës shtetërore nga fusha kompetente, nëpërmjet drejtorit që udhëheq me organin, të sigurojë që kompetencat publike të bartura të zbatohen në kuadër të ligjit, gjegjësisht të sigurojnë mbrojtje më të madhe të qytetarëve dhe mbrojtje të interes publik në fushën e zbatimit të kompetencave publike të bartura.
Ligjvënësi, në përputhje me autorizimin e tij kushtetues, ka për obligim të rregullojë me ligj sjelljet në një fushë të caktuar të jetës shoqërore që ai i gjykon të nevojshme dhe të justifikuara, veçanërisht kur bëhet fjalë për interesin publik, për këtë arsye Gjykata vlerëson se dispozita e kundërshtuar e Ligjit, në thelb dhe terminologjikisht është në përputhje me vlerën themelore të rendit kushtetues – sundimin e së drejtës. Çështja e pëlqimit të dispozitës së kontestuar nuk mund të shtrohet as në lidhje me dispozitat e nenit 51 paragrafi 1 dhe nenit 55 paragrafi 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut. Kjo pasi dispozita e kundërshtuar është në përputhje me Kushtetutën dhe nuk cenon lirinë e tregut dhe sipërmarrësinë siç thuhet në iniciativë.
Lidhur me pretendimet për mospërputhje reciproke të pjesës kontestuese të dispozitës ligjore me dispozitat tjera të Ligjit për Kadastër të Patunshmërive dhe Ligjit për Parandalimin e Korrupsionit dhe Konfliktit të Interesave, Gjykata vlerësoi se bëhet fjalë për një çështje që nuk është në kompetencë të Gjykatës Kushtetuese, në pajtim me nenin 110 paragrafi 1 të Kushtetutës.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska