На 27 март 2024 година (среда), со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 10. седница со дневен ред за кој се предвидени 15 (петнаесет) иницијативи за оценување на уставност и законитост и 6 (шест) предлога за одлучување со нацрт-одлуки.
1. Реферат У.бр.17/2024
Оспорен: Член 19 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Крушево бр. 07-104/4 од 31.01.2008 година („Службен гласник на Општина Крушево” бр. 1/2008)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
2. Реферат У.бр.19/2024
Оспорен: Член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница („Службен гласник на Општина Пласница“ бр. 2/2006 и 3/2019)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
3. Реферат У.бр.20/2024
Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/2008)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
4. Реферат У.бр.31/2024
Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гостивар бр. 07-7/1 од 25.01.2006 година („Службен гласник на Општина Гостивар” бр. 1/2006)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
5. Реферат У.бр.33/2024
Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кичево бр. 07-1002/12 од 29.03.2006 година („Службен гласник на Општина Кичево” бр. 5/2006)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
6. Реферат У.бр.41/2024
Оспорен: Член 33 алинеја 3 и глава XIV „Автентично толкување на општи акти“ членовите 175, 176, 177 и 178 од Деловникот на Советот на Општина Кавадарци бр. 07-3454/2 од 30.11.2006 година („Службен гласник на Општина Кавадарци” бр. 21/2006)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
7. Реферат У.бр.42/2024
Оспорен: Член 16 алинеја 3, член 146, член 147 и член 148 од Деловникот на Советот на Општина Струмица бр.07-1510/1 од 16.03.2006 година („Службен гласник на Општина Струмица“ бр. 2/2006)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
8. Реферат У.бр.43/2024
Оспорен акт: Точка 8. Автентично толкување на општи акти и членовите 101, 102, 103 и 104, содржани во поглавјето VIII. Постапка за донесување на општи акти од Деловникот на Советот на Општина Богданци бр. 07-433/2 од 29.07.2005 година („Службен гласник на Општина Богданци” бр. 8/2005)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
9. Реферат У.бр.45/2024
Оспорен: Член 24 став 1 алинеја 4 и насловот на поглавјето 9. „Автентично толкување на општи акти” и члено¬вите 109, 110, 111 и 112 од Деловникот на Советот на Општина Боговиње бр. 07-1176/2 од 30.06.2009 година
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
10. Реферат У.бр.46/2024
Оспорен: Член 24 алинеја 4 и насловот на поглавјето 9. „Автентично толкување на општи акти” и члено¬вите 110, 111, 112 и 113 од Деловникот на Советот на Општина Желино („Службен гласник на Општина Желино“ бр.3/2008)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
11. Реферат У.бр.60/2024
Оспорен: Насловот на поглавјето 9. „Автентично толкување на општи акти” и члено¬вите 116, 117, 118 и 119 од Деловникот за работа на Советот на Општина Арачиново („Службен гласник на Општина Арачиново“ бр.1/2023)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
12. Реферат У.бр.61/2024
Оспорен акт: Точка 9. Автентично толкување на прописите и членовите 109, 110, 111 и 112, содржани во поглавјето VIII. Постапка за донесување на прописите од Деловникот на Советот на Општина Дебрца („Службен гласник на Општина Дебрца” бр. 3/2005 и 11/2014)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
13. Реферат У.бр.71/2024
Оспорен: Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Конче бр. 07-209/1 од 28.03.2006 година („Службен гласник на општина Конче” бр. 2/2006)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
14. Реферат У.бр.81/2024
Оспорен: Член 18 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Петровец („Службен гласник на Општина Петровец“ бр.12/2006)
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
15. Реферат У.бр.82/2024
Оспорен: Член 26 алинеја 4, член 107, член 108, член 109 и член 110 од Деловникот на Советот на Општина Сарај бр. 07-151/1 од 06.04.2006 година
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
16. Предлог за одлучување по У.бр.80/2023
Оспорен: член 6 став 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021).
Подносител на иницијативата: Александар Илиевски
Уставниот суд на Република Северна Македонија со Решение У.бр.80/2023 од 14 ноември 2023 година, поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 4 од Законот за даноците на имот бидејќи основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот. Судот смета дека во отсуство на јасно уредени критериуми на законското решение „кој не се користи“, „подолго од 6 месеци“, и начинот на докажување на користењето односно некористењето (со што и пред кој орган се докажува), примената на оспорената одредба може на арбитрарен начин да се применува од различни општини на различен начин со примена на различни критериуми, со што граѓаните можат да бидат доведени не само во правна несигурност, туку и ќе бидат различно третирани во нивните права и обврски во зависност од тоа која општина кој критериум ќе го примени, што претставува повреда на принципот на еднаквост.
17. Предлог за одлучување по У.бр.99/2023
Оспорен акт: Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.21 од 01.02.2023 година).
Подносител на иницијативата: Министерот за правда на Република Северна Македонија
Уставниот суд на Република Северна Македонија со Решение У.бр.99/2023 од 17 јануари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот правилник. Судот оцени дека е пречекорен уставниот рок за објавување, односно поминати се повеќе од седум дена за објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, поради што основано се постави прашањето за согласноста на оспорениот правилник со член 52 став 2 од Уставот.
18. Предлог за одлучување по У.бр.105/2023
Оспорен акт: Правилникот за формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето, заведен под бр. 20-5359/7 од 30 декември 2022 година објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 5/2023 од 11.01.2023 година.
Подносител на иницијативата: Министерот за правда на Република Северна Македонија
Уставниот суд на Република Северна Македонија со Решение У.бр.105/2023 од 17 јануари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот правилник бидејќи основано се постави прашањето за согласноста на оспорениот правилник со член 52 став 2 од Уставот од причина што во конкретниот случај е пречекорен уставниот рок за објавување на оспорениот акт, односно поминати се повеќе од седум дена за објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
19. Предлог за одлучување по У.бр.210/2023
Оспорен: член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани („Службен весник на Република Северна Македонија” број 269/2023).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Со Решение У.бр.210/2023 од 14 февруари 2024 година, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на оспорената законска одредба бидејќи основано се постави прашање за нејзината согласност со принципот на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и принципот на еднаквост на граѓаните од член 9 на Уставот, бидејќи според Судот, неоснованото исклучување на лицата над 65 годишна возраст од единствената категорија корисници на правото на надоместок заради попреченост, според Судот, создава нееднаков третман помеѓу лицата кои се наоѓаат во иста правна положба (сите се корисници на правото на надоместок заради попреченост), но едни можат да остварат право на финансиска поддршка, а други не можат, исклучиво заради возраста.
20. Предлог за одлучување по У.бр.28/2024
Оспорен: точка 9. Автентично толкување на општи акти и членовите 116, 117, 118 и 119, содржани во поглавјето VIII.Постапка за донесување на општите акти од Деловникот на Советот на Општина Бутел, број 07-364 од 19.07.2005 година, објавен во „Службен гласник на Град Скопје” број 8/2005.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
Уставниот суд со Решение У.бр.28/2024 од 7 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените одредби од Деловникот, бидејќи пред Судот основано се постави прашањето за нивната согласност со начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. Судот оцени дека не може совет на општина во деловник или статут изворно да го уредува институтот автентично толкување и процедура за истиот, како што во конкретниот случај овој институт е уреден во оспорениот деловник, со што Советот на Општина Бутел излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.
21. Предлог за одлучување по У.бр.54/2024
Оспорен: член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга, број 08-1535/3 од 16.04.2018 година, објавен во „Службен гласник на Општина Струга” број 4/2018.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
Уставниот суд со Решение У.бр.54/2024 од 14 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одредба од Деловникот, бидејќи пред Судот основано се постави прашањето за нејзината согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. Според Судот, за органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, оспорената одредба од Деловникот на Советот на Општина Струга, со кој се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесуваат барање за давање автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Струга излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.