У.бр.66/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.66/2024
Скопје, 21.02.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 27 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 21 февруари 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 43 алинеја 3 од Деловникот на Општина Валандово („Службен гласник на Општина Валандово“ бр.7/2013, 6/2019 и 10/2020).

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорената одредба, означена во точката 1 од ова решение.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, по сопствена иницијатива поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Општина Валандово, означена во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека според член 43 алинеја 3 од Деловникот на Општина Валандово член на Советот, меѓу другото, има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите.

III

Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Во член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд е определено дека Судот може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Согласно со член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Во конкретниот случај, врз основа на член 21 став 1 точка 2, член 45 и член 46 од Статутот на Општина Валандово Советот на Општина Валандово го донел Деловникот на Општина Валандово во чиј член 43 алинеја 3 предвидел дека член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите. Означената статутарна одредба е основ за донесување на Деловникот на Општината.

Со цел да се утврди на кој начин и кога е направено објавувањето на Статутот, кој е основ за донесување на Деловникот, Судот утврди дека во уводниот дел на Деловникот, Статутот на Општината не е идентификуван со службените гласила во кои е објавен основниот текст и неговите пет измени и дополнувања. На веб-страницата на Општината има пречистен текст на Статутот со означување на деловодните броеви на основниот текст и измените и дополнувањата. Од увидот на достапните изданија на службени гласила (2017-2024 година) само за трета, четврта и петта измена може да се идентификува службеното гласило во кое е направено објавувањето, односно тоа се бр.6/2019, бр.2/2021 и бр.3/2021.

Согласно со уставните одредби, автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт, односно Собранието согласно со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите. Постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.

Во конкретниот случај, дадено е право на член на Советот на Општината да поднесе барање за автентично толкување на прописите на седница на Советот.

Според член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а согласно член 62 став 1 од истиот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Во член 21 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Валандово е предвидено дека Советот, меѓу другото, донесува Деловник. Во член 45 од Деловникот е определено дека Советот на Општината донесува Деловник, одлуки, планови и програми, решенија, заклучоци и други акти и дава мислење и утврдува насоки. Во член 46 од истиот акт е определено дека со деловникот се уредува начинот на работа на Советот и неговите комисии, постапките за одлучување и односите со другите органи, а овој акт се носи со мнозинство гласови од вкупниот број на членови во Советот на Општината.

Оттаму, цитираните одредби од Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општината кои се означени во Деловникот како основ за негово донесување неспорно содржат овластување за донесување на Деловник на Општината, но ниту овие одредби ниту Уставот не содржат определување надлежност за членовите на Советот да имаат право да поднесат барање и да спроведуваат постапка за автентично толкување на прописите кои ги носи Општината.

Имајќи предвид дека станува збор за прашање, коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е уредено за законодавецот изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, произлегува дека органите на локалната власт немаат законска основа за иницирање и спроведување постапка за давање автентично толкување и не можат во деловник или статут изворно да го уредуваат овој институт и постапката за истиот.

Врз основа на направената анализа произлегува дека предмет на уредување е определено право за член на Советот да бара автентично толкување на донесените акти, иако од Уставот и Законот за локалната самоуправа не произлегува овластување за совет на општина или негов член да дава или бара автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту наведениот закон упатува на можност во друг акт (статут или деловник на општина) да се уреди постапка за автентично толкување на општите акти.

Од овие причини Уставниот суд согласно член 14 став 1 од Деловникот на Судот по сопствена иницијатива го покрена прашањето за согласноста на означената одредба од Деловникот со Уставот и Законот за локалната самоуправа. Со оглед дека нејзиното уредување во Деловникот на Општината е без уставен и законски основ, Судот оцени дека постои сомнение за неговата согласност со принципот на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска за усогласеност на прописите со Уставот и законите, определена во член 51 од Уставот.

Имајќи го предвид сето погоре изнесено, според Судот исполнети се условите за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на означената одредба од Деловникот.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот оцени дека се исполнети и условите Судот да ја запре примената на спорната одредба од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.66/2024
Shkup,21.02.2024

 

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe neneve 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 21 shkurt 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 43 paragrafi 3 i Rregullores së Komunës së Vallandovës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Vallandovës” nr.7/2013, 6/2019 dhe 10/2020).

2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale dhe veprimet e kryera në bazë të dispozitës së kontestuar, të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi..

3. Ky aktvendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, me vetëiniciativë ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Komunës së Vallandovës, e shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 43 paragrafi 3 të Rregullores së Komunës së Vallandovës, anëtari i Këshillit, ndër të tjera, ka të drejtë të paraqesë kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullores në mbledhjet e Këshillit.

III

Sundimi i së drejtës është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, dhe secili është i detyruar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, përcaktohet se Gjykata mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Në bazë të nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse me realizimin e tij mund të shkaktohen pasoja të vështira për t’u hequr.

Në rastin konkret, duke u bazuar në nenin 21 paragrafi 1 pika 2, nenin 45 dhe nenin 46 të Statutit të Komunës së Vallandovës, Këshilli i Komunës së Vallandovës ka miratuar Rregulloren e Komunës së Vallandovës, në të cilën ga neni 43 paragrafi 3 parashihet se një anëtar i Këshillit ka të drejtë në mbledhjet e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave. Dispozita e shënuar statutore është bazë për miratimin e Rregullores së Komunës.

Për të përcaktuar se në çfarë mënyre dhe kur është publikuar Statuti, i cili është bazë për miratimin e Rregullores, Gjykata konstatoi se në pjesën hyrëse të Rregullores, Statuti i Komunës nuk identifikohet me gazetat zyrtare në të cilat është botuar teksti bazë dhe pesë ndryshimet dhe plotësimet e tij. Në ueb faqen e Komunës ka tekst të spastruar të Statutit me numrat e referencës së tekstit bazë dhe ndryshimet dhe plotësimet. Nga inspektimi i botimeve në dispozicion të gazetave zyrtare (2017-2024) vetëm për ndryshimin e të tretës, të katërtës dhe të pestës mund të identifikohet gazeta zyrtare në të cilën është bërë publikim, përkatësisht janë nr.6/2019, nr. 2/ 2021 dhe nr.3/2021.

Sipas dispozitave kushtetuese, interpretimin autentik të ligjeve e jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ, gjegjësisht Kuvendi, në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve. Procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, një anëtari të Këshillit të Komunës i jepet e drejta që në një mbledhje të Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave.

Sipas nenit 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat tjera dhe sipas nenit 62 paragrafi 1 të të njëjtit ligj, në kryerjen e detyrave në kompetencë të tij, këshilli miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj.

Në nenin 21 paragrafi 1 pika 2 të Statutit të Komunës së Vallandovës parashihet që Këshilli ndër të tjera miraton edhe Rregulloren e punës. Në nenin 45 të Rregullores përcaktohet se Këshilli i Komunës miraton Rregulloren, vendimet, planet dhe programet, aktvendime, konkluzione dhe akte tjera dhe jep mendime dhe përcakton udhëzime. Në nenin 46 të të njëjtit akt, përcaktohet se me rregulloren e punës rregullohet mënyra e punës së Këshillit dhe komisioneve të tij, procedurat e vendimmarrjes dhe marrëdhëniet me organet tjera dhe ky akt merret me shumicën e votave të numrit të përgjithshëm të anëtarëve në Këshillin e Komunës.

Së këndejmi, dispozitat e cituara të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale dhe Statutit të Komunës të cilat janë të shënuara në Rregullore si bazë për miratimin e tij, padyshim që përmbajnë autorizim për miratimin e Rregullores së Komunës, por as këto dispozita e as Kushtetuta nuk përmbajnë përcaktimin e kompetencës së anëtarëve të Këshillit që të kenë të drejtë të paraqesin kërkesë dhe të zbatojnë procedurën për interpretimin autentik të rregullave të miratuara nga Komuna.

Duke pasur parasysh se është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e qeverisjes lokale ta zbatojnë, siç parashikohet për ligjvënësin shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, rezulton se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për fillimin dhe zbatimin e procedurës për dhënien e interpretimit autentik dhe nuk munden në rregullore apo statut në mënyrë burimore ta rregullojnë këtë institut dhe procedurën për të njëjtin.

Nga analiza e theksuar rezulton se objekt i rregullimit është e drejta e caktuar e anëtarit të Këshillit që të kërkojë interpretim autentik të akteve të miratuara edhe pse Kushtetuta dhe Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk e autorizojnë këshillin e komunës ose anëtarin e tij të japë ose të kërkojë interpretim autentik të rregullave që miraton, as ligji i përmendur nuk i referohet mundësisë së rregullimit të procedurës për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme në një akt tjetër (statut ose rregullore të komunës).

Për këto arsye, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, me vetëiniciativë, ngriti çështjen e pajtueshmërisë së dispozitës së shënuar të Rregullores me Kushtetutën dhe Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale. Duke qenë se rregullimi i saj në Rregulloren e Komunës është pa bazë kushtetuese dhe ligjore, Gjykata vlerësoi se ka dyshime për pajtueshmërinë e saj me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 paragrafi 3 dhe obligimi kushtetues për pajtueshmërinë e rregullave me Kushtetutën dhe ligjet, të përcaktuara në nenin 51 të Kushtetutës.

Duke marrë parasysh të lartëpërmendurën, sipas Gjykatës, janë plotësuar kushtet për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së shënuar në Rregullore.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vlerësoi se kushtet që Gjykata të ndalojë zbatimin e dispozitës së kontestuar të Rregullores së Komunës, si dhe të ndalojë realizimin e akteve ose veprimeve individuale që kryhen në bazë të aktit kontestues, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.

IV

Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska