У.бр.28/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.28/2024
Скопје, 07.02.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 7 февруари 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на точка 9. Автентично толкување на општи акти и членовите 116, 117, 118 и 119, содржани во поглавјето VIII.Постапка за донесување на општите акти од Деловникот на Советот на Општина Бутел, број 07-364 од 19.07.2005 година, објавен во „Службен гласник на Град Скопје” број 8/2005.

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од актот означен во точката 1 од ова решение.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд, согласно член 14 став 1 од Деловникот на Судот, по сопствена иницијатива одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбите од актот означен во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека Советот на Општина Бутел во Деловникот на Советот на Општина Бутел, во поглавјето VIII. Постапка за донесување на општите акти, уредил точка 9. Автентично толкување на општи акти, во која ги пропишал членовите 116, 117, 118 и 119 со кои се уредува постапката за давање на автентично толкување на општи акти.

Имено, Судот утврди дека според член 116 од Деловникот на Советот на Општина Бутел „Барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, 10% од избирачите во Општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на Општината и државните органи кога потребата од автентичното толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење”.

Според член 117 од Деловникот на Советот на Општина Бутел „Барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој веднаш барањето го доставува до Комисијата за статут и прописи”.

Според член 118 од Деловникот на Советот на Општина Бутел „Комисијата за статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и управните и административните органи на Општината”.

Судот, исто така, утврди дека според член 119 од Деловникот на Советот на Општина Бутел „Ако Комисијата за статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на усвојување, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување не е оправдано, Комисијата за статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај”.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Согласно член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Согласно погоре цитираните законски одредби, неспорно е дека совет на општина е надлежен да донесува статут и други прописи, меѓутоа, Законот со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

За да можат органите на локалната власт да го употребуваат институтот автентично толкување, истото треба да биде предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може совет на општина во деловник или статут изворно да го уредува институтот автентично толкување и процедура за истиот, како што во конкретниот случај овој институт е уреден во Деловникот на Советот на Општина Бутел, со што Советот на Општина Бутел излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста на точка 9. Автентично толкување на општи акти и членовите 116, 117, 118 и 119, содржани во поглавјето VIII. Постапка за донесување на општите акти од Деловникот на Советот на Општина Бутел, со Законот за локалната самоуправа, вклучително пред Судот со основ се постави прашањето и за нивната согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување на штетни последици, а согласно член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Бутел, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.28/2024
Shkup, 07.02.2024

 

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafit 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 7 shkurt 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së pikës 9. Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme dhe neneve 116, 117, 118 dhe 119, të përfshira në kapitullin VIII. Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme nga Rregullorja e Këshillit të Komunës Butel, nr. 07-364, datë 19.07.2005, botuar në “Gazetën Zyrtare të Qytetit të Shkupit” numër 8/2005.

2. NDËRPRITET zbatimi i akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të dispozitave të aktit të përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

3. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese, në përputhje me nenin 14 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës, me iniciativën e saj vendosi të iniciojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të aktit të përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Në seancë, Gjykata konstatoi se Këshilli i Komunës Butel në Rregulloren e Këshillit të Komunës Butel, në kapitullin VIII Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme, ka rregulluar pikën 9 Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme, në të cilat i ka përcaktuar nenet 116, 117, 118 dhe 119, me të cilat rregullohet procedura e dhënies së interpretimit autentik të akteve të përgjithshme.

Konkretisht, Gjykata vendosi se sipas nenit 116 të Rregullores së Këshillit të Komunës Butel “Kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të paraqesin anëtarët e Këshillit, 10% e votuesve në Komunë, ndërmarrje publike që kryen veprimtari në territorin e komunës dhe autoriteteve shtetërore kur lindi nevoja për interpretimin autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre”.

Sipas nenit 117 të Rregullores së Këshillit të Komunës Butel, “Kërkesa për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për statut dhe rregulla”.

Sipas nenit 118 të Rregullores së Këshillit të Komunës Butel, “Komisioni për statut dhe rregulla pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga organet punuese të Këshillit dhe organet drejtuese dhe administrative të Komunës”.

Gjykata vendosi gjithashtu se sipas nenit 119 të Rregullores së Këshillit të Komunës Butel “Nëse Komisioni për statut dhe rregulla vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dorëzojë atë Këshillit për miratim dhe nëse vlerëson se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik nuk është e arsyetuar, Komisioni për Statut dhe rregulla do t’i dorëzojë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e dorëzuar”.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Me nenin 51 të Kushtetutës është përcaktuar se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e kanë për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 alinesë 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Në bazë të nenit 27 paragrafit 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulloreje tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili e vlerëson kushtetutshmërinë, përkatësisht ligjshmërinë e tij, nëse me zbatimin e tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u larguar.

Me nenin 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002) janë rregulluar kompetencat e Këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pikës 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent ta miratojë statutin e komunës dhe rregullat e tjera. Sipas nenit 62 paragrafit 1 të Ligjit, këshilli në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulloret e tjera të përcaktuara me ligj.

Sipas dispozitave ligjore të cituara më sipër, është e padiskutueshme që këshilli komunal është kompetent për miratimin e statuteve dhe rregullave të tjera, megjithatë, Ligji me asnjë dispozitë nuk e parasheh kompetencën e këshillit komunal për të dhënë një interpretim autentik të rregullave që i boton, dhe as Ligji nuk u jep autoritet komunave, në rregullat (rregullore apo statut) e tyre, të mund të rregullojnë dispozita për interpretim autentik të akteve të përgjithshme.

Që organet e pushtetit lokal të kenë mundësi të përdorin institutin e interpretimit autentik, e njëjta gjë duhet të parashikohet edhe në ligj, siç parashikohet për ligjvënësit si organ i qeverisjes shtetërore dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafin 1 alinenë 2, sipas të cilit Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretimin autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Në rastin konkret, bazë ligjore për këtë institut nuk ka për organet e pushtetit lokal, prandaj këshilli i komunës në rregulloren apo statutin nuk mund ta rregullojë institutin interpretimin autentik dhe procedurën për të, siç është në rastin konkret ky institut i rregulluar me Rregulloren e Këshillit të Komunës së Butelit, me çka Këshilli i Komunës së Butelit ka dalë përtej kompetencave të përcaktuara në Ligjin për vetëqeverisje lokale.

Duke e marrë parasysh atë që u tha më lartë, si dhe duke i marrë parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin dhe secili e ka për detyrë t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata në mënyrë të bazuar shprehu dyshime për pajtueshmërinë e pikës 9 Interpretimi autentik i akteve dhe neneve të përgjithshme 116, 117, 118 dhe 119, të përfshira në kapitullin VIII Procedura për miratimin e akteve të përgjithshme nga Rregullorja e Këshillit të Komunës së Butelit, me Ligjin për vetëqeverisjen lokale, duke përfshirë para Gjykatës çështjen e pajtueshmërisë së tyre me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndërpresë ekzekutimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të dispozitave të kontestuara të Rregullores së Këshillit të Komunës së Butelit, deri në miratimin e vendimit përfundimtar.

IV

Në bazë të lartpërmendurës Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska