У.бр.176/2023


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.176/2023
Скопје, 17 јануари 2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 2 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 17 јануари 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 12 став 1 во делот „кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност” од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Северна Македонија” број 199/2023).

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 67 став 2 во делот „и тоа дали лицето ужива углед, дали е достојно за вршење адвокатска дејност” од Статутот на Адвокатската комора („Службен весник на Република Македонија“ број 169/2011, 68/2012, 76/2013 и 113/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 95/2019, 54/2023 и 142/2023).

Образложение

I

Стевче Стојанов од с. Ново Коњарево, Општина Ново Село, Струмица до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на дел од одредбата на членот од Законот означен во точката 1 од Решението и уставноста и законитоста на дел од членот од Статутот означен во точката 2 од Решението.

Според наводите во иницијативата предвидениот услов за упис на лице во Именикот на адвокатите со содржина „кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност” од член 12 став 1 од Законот за адвокатурата и уредувањето во член 67 став 2 во делот „и тоа дали лицето ужива углед, дали е достојно за вршење адвокатска дејност” од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, е спротивно на член 8 став 1 алинеја 3, член 23 и член 32 од Уставот на Република Северна Македонија. Подносителот смета дека оспорените делови содржани во членот од Законот и членот од Статутот, не се во согласност со принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните бидејќи етичките норми не може самостојно да опстојуваат во правниот поредок, туку поврзани со друга правна норма, а во конкретниот случај, не постои законски и друг правен начин да се утврди дали лицето ужива углед или не, и дали е достојно да врши адвокатска дејност или не, со што може да се случи Адвокатската комора да го злоупотреби монополот за издавање на адвокатски лиценци и произволно да не додели адвокатска лиценца на некое лице и покрај тоа што лицето можеби ги исполнува општите и посебните услови. Подносителот смета дека со оспорените делови содржани во одредбите на Законот и Статутот се повредува и член 23 од Уставот според кој секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, но и спротивни на член 32 од Уставот бидејќи кога лицето станува адвокат, истото е веднаш вработено, односно веднаш заснова работен однос на неопределено време, а со условот лицето да ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност, на граѓанинот може да му се ускрати уставно загарантираното право на работа предвидено во член 32 од Уставот.

Од наведените причини, подносителот бара Уставниот суд да го укине оспорениот дел содржан во член 12 став 1 од Законот за адвокатурата и оспорениот дел содржан во член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора, како и Судот да издаде привремена мерка за оспорените делови од Законот и Статутот, поради можност од настанување на штетни последици врз правниот, економскиот, социјалниот, здравствениот и севкупниот живот на граѓаните.

II

На седницата Судот утврди дека член 12 став 1 од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Северна Македонија” број 199/2023) уредува дека во Именикот на адвокатите може да се запише лице, кое ги исполнува општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа, кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност. Со иницијативата се оспорува делот „кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност”.

Судот утврди и дека член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 169/2011, 68/2012, 76/2013 и 113/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 95/2019, 54/2023 и 142/2023) уредува дека пред донесување на одлуката по барањето за прием, Комисијата за прием ќе изврши проверки на пригоден начин на фактите од член 12 од Законот за адвокатура и тоа дали лицето ужива углед, дали е достојно за вршење адвокатска дејност вклучително од аспект на познавање на адвокатската етика регулирана во актите на комората и дали врши работи кои се неспојливи со адвокатурата. Со иницијативата се оспорува делот „и тоа дали лицето ужива углед, дали е достојно за вршење адвокатска дејност”.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 9 од Уставот се уредува дека граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба како и дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Со член 32 од Уставот, помеѓу другото, се уредува право на секој на работа, слободен избор на вработување и под еднакви услови достапност на секое работно место, а остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.

Според член 51 од Уставот, законите во Република Северна Македонија мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 53 од Уставот, адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.

Co Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Северна Македонија” број 199/2023) се уредува обезбедувањето правна помош од страна на адвокатурата на физички и правни лица во остварувањето и заштитата на нивните права и врз закон заснованите интереси во постапката пред судовите, државните органи, други правни лица, органите на единиците на локалната самоуправа, вршењето на адвокатската дејност, утврдени со овој и друг закон, како и организацијата на адвокатурата, условите за вршење и престанок и мирување на адвокатска дејност и правата и обврските на адвокатите, како и осигурување на адвокатите од одговорност од штета.

Правото за вршење на адвокатската дејност според член 10 од Законот за адвокатурата, се стекнува со упис во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора, по што на адвокатот му се издава лиценца за работа. Пред да се запише во Именикот на адвокатите, кандидатот согласно член 11 став 1 од Законот, дава свечена заклетва дека совесно ќе ја врши должноста, придржувајќи се на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Адвокатската комора, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимава на угледот на адвокатурата како јавна служба.

Според член 12 од Законот за адвокатурата во Именикот на адвокатите може да се запише лице, кое ги исполнува општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа, кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност и ги исполнува следниве услови:

-да е државјанин на Република Северна Македонија или да е државјанин на држава земја членка на Европската Унија,
-да е деловно способно,
-има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Северна Македонија со завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1 или со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС) или нострифицирана диплома од правен факултет од странство,
-активно да го зборува македонскиот јазик,
-да има положено правосуден испит во Република Северна Македонија,
-со правосилна судска одлука да не е осуден на безусловна казна затвор во траење над шест месеци, како и да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должноста, за време на траење на санкцијата,
-да не е во работен однос,
-да не врши работи кои се неспојливи со адвокатурата,
-да не му престанала функцијата судија, јавен обвинител, државен правобранител или заменик, народен правобранител или заменик, избран или именуван функционер, односно да не му престанал работниот однос како државен службеник, нотар, заменик или помошник нотар, извршител или заменик извршител, со конечна одлука во судска, дисциплинска или друга постапка со која е утврдена одговорност во вршење на функцијата односно службата додека не поминат пет години од конечноста на одлуката и
-да достави доказ за завршена почетна обука при Центарот за едукација на Адвокатската комора.

Предвидениот услов лицето да ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност содржан во член 12 став 1 од Законот, се однесува на моралните, односно етичките квалификации на лицето кандидат за вршење на адвокатската професија. Термините морал и етика често се употребуваат како синоними на иста содржина, иако моралот е збир на правила, норми, начела на човековото однесување во заедницата и ги уредува меѓусебните односи на луѓето во заедницата, додека етиката е наука за моралот и моралното однесување којашто ги нормира моралните принципи преку етички кодекси. Зборот углед/угледен (добар глас, авторитет, достоинство што ја ужива поединецот во една средина) дефинира својство на поединецот со високи морални вредности, кој понатаму служи како пример за поведението на останатите во општественото живеење. Зборот достоен е во тесна врска со зборот угледен (достоен за почит и пофалба).

Угледот како вредносна категорија го отсликува етичкиот профил на поединецот во зависност од неговото однесување во даден систем на обичаен и морален општествен кодекс. Кога е во прашање проценувањето на угледот пред сè треба да сè тргне од актуелните својства и однесување на поединецот што можат непосредно да се поврзат со начелата врз кои се заснова вршењето на некоја професија. Почитувањето и придржувањето на начелата за вршење на одредена професија, во нивната севкупност, го отсликуваат угледот и достојноста на лицето за вршење на професијата, но и угледот на самата професија. Поединецот кој врши одредена јавна функција, е должен не само да го почитува достоинството и угледот на луѓето во меѓусебните односи, туку постои и обврска тој со своето однесување да не ја нарушува честа и угледот на јавната служба, чиј репрезент е и тој. Со други зборови, ваквите етички норми се тесно поврзани со правната етика и професионалното однесување, така што адвокатската етика е позната и како професионална одговорност.

Тргнувајќи од уставно утврдената положба на адвокатурата како самостојна и јавна служба којашто обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон, законодавецот има право да создаде нормативни претпоставки со кои ќе се обезбедат оптимални предуслови, не само за стручно и квалитетно извршување на оваа значајна јавна служба, туку и услови за поседување на етички кредибилитет за вршење на адвокатската дејност. Законот за адвокатурата со член 5 го уредува начинот на кој се остварува самостојноста и независноста на адвокатурата, а помеѓу другото дека таа се остварува и преку автономно донесување на акти за работа на Адвокатската комора и нејзините органи и запишување и бришење од Именикот на адвокатите, вклучително и со донесување на Кодекс на адвокатската етика. Адвокатската етика претставува група стандарди во однос на основното ниво на однесување коешто се очекува од еден адвокат и се состојат од етички начела и обврски што членовите на адвокатската професија ги имаат едни кон други, како и во однос на своите клиенти и судовите. Основните начела применливи врз адвокатското работење се изразуваат преку принципите на независност, чесност, интегритет, лојалност, доверливост, правичен третман, трудољубивост, искреност и стручност. Начелото на чесност, интегритет и правичност, вообичаено, секогаш е присутно кај професионалните етички начела во сите држави, а во националните кодекси, ова начело вообичаено е преточено во обврската на адвокатот да постапува чесно и искрено пред судот, со личен дигнитет, почит и учтивост кон колегите.

Законот за адвокатурата содржи начелни одредби во однос на тоа какво треба, односно не треба да биде однесувањето на лицето за вршење на адвокатската професија, со што Законот дава основа за понатамошна разработка на законските принципи во Кодексот на адвокатската етика, којшто согласно член 34 став 2 точка 7) од Законот, го донесува Адвокатската комора. Согласно овластувањето со Законот да донесе Кодекс на адвокатската етика, Адвокатската комора донела Кодекс за професионалната етика на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, со кој се врши поблиска разработка на начелата утврдени во Законот за адвокатурата, и коишто во својата севкупност, всушност, го дефинираат ликот на адвокатот како угледен и достоен за вршењето на професијата, од каде понатаму надлежниот орган во Комората, може да се впушти во испитување и проверка на условот углед и достојност за вршење на адвокатската дејност од член 12 став 1 од Законот, при упис на лице во Именикот на адвокатите.

Имајќи предвид дека ваквите етички норми се тесно поврзани со правната етика и професионалното однесување, адвокатската етика е позната и како професионална одговорност, а во оваа насока, Законот за адвокатурата предвидува одговорност за повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата. Имено, законодавецот утврдувајќи обврска во член 30 став 1 од Законот за стручно и совесно вршење на адвокатската должност и за чување на угледот на адвокатурата, во став 2 од истиот член, уредил што се смета како потешка повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата, давајќи понатаму, овластување на Адвокатската комора, со свој акт поблиску да ги утврди, односно разработи повредите на вршење на адвокатската должност и угледот на адвокатурата, утврдени во Законот. Законот, со член 31 предвидува и дисциплинска одговорност и дисциплински мерки коишто со решение можат да му се изречат на адвокатот за повреда на должноста за стручно и совесно вршење на адвокатската должност и за чување на угледот на адвокатурата. Воедно, со член 32 од Законот се предвидени и правни средства против тие решенија (жалба до надлежниот орган на Адвокатската комора, како и можност за поведување управен спор пред надлежен суд определен со закон против конечното решение за изречената дисциплинска мерка).

Оттука, преку утврдувањето, што се смета за негативно поведение, односно поведение спротивно на должноста за стручно и совесно вршење на адвокатската должност и за чување на угледот на адвокатурата, во Законот законодавецот, всушност определил што се смета за прифатливо поведение коешто го дефинира својството на лицето како угледно и достојно за вршење на адвокатската професија.

Според тоа, во однос на оспорениот услов „кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност” од член 12 став 1 од Законот за адвокатурата, не може да се смета дека нема никаков законски и друг правен начин тоа да се утврди, ако се имаат предвид одредбите од Законот со кои се уредува какво однесување треба да имаат адвокатите при давањето на правна помош, спрема судот, спрема своите колеги адвокати во функција на зачувување и заштита на угледот и достоинството на самата професија, како и Кодексот на адвокатската етика со кој се врши поблиска разработка на законски утврдените принципи за вршење на адвокатската професија и заштита на нејзиниот углед.

Оттука, според Судот, законодавецот дал објективна законска рамка како појдовна основа за понатамoшна разработка на начелата во Кодексот на адвокатската етика, а со тоа, постојат мерливи критериуми за тоа во која насока треба да се движи надлежниот орган во Адвокатската комора при проценката во однос на исполнетоста на оспорениот услов од член 12 став 1 од Законот. Дополнително, Законот во член 13, против решението за одбивање на барање за упис, предвидува право на жалба до надлежен орган на Адвокатската комора, како и право на управен спор, пред надлежен суд, со што е дадена можност, одбиениот барател за упис во Именикот на адвокатите, да ги оспорува причините за одбивањето пред надлежен орган во Комората, но и пред надлежен суд, поради што Судот како неосновани ги оцени наводите од иницијативата дека оспореното уредување содржано во член 12 став 1 од Законот, создава можност за произволно, арбитрарно и монополско однесување на Адвокатската комора при доделување на лиценци за вршење на адвокатската професија. Воедно, со предвидувањето на посебниот услов лицето да ужива углед и да е достојно за вршење на адвокатската дејност, законодавецот немал за цел да го ограничи правото на работа од член 32 од Уставот, туку во случајов објект на заштита е честа и угледот на адвокатската служба како јавна функција. Притоа, ваквиот услов подеднакво се однесува за сите лица баратели за упис во Адвокатскиот именик, без никакви исклучоци.

Од изнесените причини, пред Судот не се постави прашањето за согласноста на член 12 став 1 во делот „кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност” од Законот за адвокатурата со принципот на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, вклучително и правната сигурност на граѓаните како негов составен дел.

Во однос на поднесената иницијатива со која се оспорува делот „и тоа дали лицето ужива углед, дали е достојно за вршење адвокатска дејност” содржан во член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 169/2011, 68/2012, 76/2013 и 113/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 95/2019, 54/2023 и 142/2023), Судот веќе се произнел за уставноста и законитоста на целината на член 67 став 2 од Статутот, во кој е содржан и сега оспорениот дел.

Имено, Уставниот суд постапувајќи по претходно поднесена иницијатива од истиот подносител, со Решението У.бр.172/2023 од 20.12.2023 година, не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на целината на член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија. Судот утврди дека член 67 став 2 од Статутот, не пропишува нови услови за прием во адвокатурата, надвор од пропишаните со Законот за адвокатурата, туку е во функција на операционализација на законски предвидените услови за упис на лице во Адвокатскиот именик од член 12 став 1 од Законот за адвокатурата.

Со оглед дека Уставниот суд со Решението У.бр.172/2023 од 20.12.2023 година, веќе одлучил за уставноста и законитоста на целината на член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора, во кој е содржан и сега оспорениот дел „и тоа дали лицето ужива углед, дали е достојно за вршење адвокатска дејност”, а во конкретниот случај нема основи за поинакво одлучување, Судот оцени дека се исполнети условите од член 28 алинеја 2 од Деловникот на Судот за отфрлање на иницијативата во овој дел.

IV

Врз основа на наведеното, Судот со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.176/2023
Shkup, 17 janar 2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovskiи dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 2 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 17.01.2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 12 paragrafi 1 në pjesën “i cili gëzon reputacion dhe është i denjë për kryerjen e profesionit të avokatit” të Ligjit për avokatinë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.199/2023).

2. REFUZOHET iniciativa për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 67 paragrafi 2 në pjesën “dhe nëse personi gëzon reputacion, nëse është i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit” nga Statuti i Odës së Avokatëve (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 169/2011, 68/2012, 76/2013 dhe 113/2016 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 95/2019, 54/2023 dhe 142/2023).

Arsyetim

I

Stevçe Stojanov nga fshati Novo Konjarevë, Komuna e Novo Sellës, Strumicë, ka dërguar në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut iniciativë për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një pjese të dispozitës së nenit të Ligjit të përcaktuar në pikën 1 të Aktvendimit dhe kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e një pjese të nenit të Statutit të përcaktuar në pikën 2 të Aktvendimit.

Sipas pretendimeve në iniciativë, kushti i paraparë për regjistrimin e një personi në Listën e emrave të avokatëve me përmbajtjen “i cili gëzon reputacion dhe është i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit” nga neni 12 paragrafi 1 i Ligjit për avokatinë dhe rregullimi në nenin 67 paragrafi 2 në pjesën “edhe atë nëse personi gëzon reputacion të mirë, nëse është i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit” nga Statuti i Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut, është në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3, neni 23 dhe neni 32 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut. Parashtruesi konsideron se pjesët kontestuese të nenit të Ligjit dhe nenit të Statutit nuk janë në përputhje me parimin e sundimit të së drejtës dhe të sigurisë juridike të qytetarëve, sepse normat etike nuk mund të ekzistojnë në mënyrë të pavarur në rendin juridik por të lidhura me një normë tjetër juridike dhe në rastin konkret, nuk ka asnjë mënyrë ligjore apo akt tjetër juridik për të përcaktuar nëse personi gëzon apo jo reputacion dhe nëse ai është i denjë të ushtrojë profesionin e avokatit apo jo, gjë që mund të shkaktojë që Oda e Avokatëve të abuzojë me monopolin për dhënien e licencave të avokatit dhe të mos i japë arbitrarisht licencën e avokatit një personi pavarësisht se personi mund të plotësojë kushtet e përgjithshme dhe të veçanta. Parashtruesi konsideron se pjesët e kontestuara të dispozitave të ligjit dhe statutit bien ndesh me nenin 23 të Kushtetutës sipas të cilit çdo qytetar ka të drejtë të marrë pjesë në ushtrimin e funksioneve publike, por edhe në kundërshtim me nenin 32 të Kushtetutës për shkak se kur personi bëhet avokat, i njëjti punësohet menjëherë, respektivisht lidh menjëherë marrëdhënie pune për një kohë të pacaktuar, ndërsa me kushtin që personi të gëzojë reputacion të mirë dhe të jetë i denjë për ushtrimin e profesionit të avokatit, qytetarit mund t’i mohohet e drejta e garantuar me kushtetutë për punë e parashikuar në nenin 32 të Kushtetutës.

Për arsyet e cekura, parashtruesi kërkon nga Gjykata Kushtetuese ndërprerjen e pjesës kontestuese të nenit 12 paragrafi 1 të Ligjit për Avokatinë dhe atë të kontestuar në nenin 67 paragrafi 2 të Statutit të Odës së Avokatëve, si dhe Gjykata të shqiptojë masë të përkohshme për pjesët e kontestuara të Ligjit dhe Statutit, për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme në jetën juridike, ekonomike, sociale, shëndetësore dhe të përgjithshme të qytetarëve.

II

Gjykata në seancë ka konstatuar se në nenin 12 paragrafi 1 të Ligjit për avokatinë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 199/2023) përcaktohet se në Listën e emrave të avokatëve mund të regjistrohet personi, i cili i plotëson kushtet e përgjithshme për themelimin e marrëdhënies së punës në organet e administratës shtetërore, i cili gëzon reputacion të mirë dhe është e denjë për të ushtruar profesionin e avokatit. Me iniciativën kontestohet pjesa “i cili gëzon reputacion dhe është i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit”.

Gjykata gjithashtu konstatoi se neni 67 paragrafi 2 i Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 169/2011, 68/2012, 76/2013 dhe 113/2016 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 95/2019, 54/2023 dhe 142/2023) përcakton se para marrjes së vendimit për kërkesën për pranim, Komisioni për pranim do të bëjë kontrollet përkatëse të fakteve nga neni 12 i Ligji për avokatinë dhe nëse personi gëzon reputacion, nëse është i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit, përfshirë nga aspekti i njohjes së etikës së avokatit të rregulluar në aktet e dhomës dhe nëse kryen punë që nuk përputhen me praktikën e avokatisë. Me iniciativën kontestohet pjesa “edhe atë nëse personi gëzon një reputacion, nëse është i denjë për të ushtruar veprimtarinë e avokatit”.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Neni 9 i Kushtetutës përcakton se qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liri dhe të drejta pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, prejardhja kombëtare dhe shoqërore, bindjet politike dhe fetare, pozita e pronësisë dhe ajo shoqërore si dhe se qytetarët para Kushtetutës dhe ligjeve janë të barabartë.

Me nenin 32 të Kushtetutës, ndër të tjera, rregullon të drejtën e secilit për punë, zgjedhjen e lirë të punësimit dhe disponueshmërinë e çdo vendi pune në kushte të barabarta, si dhe realizimi i të drejtave të të punësuarve dhe pozita e tyre rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive.

Sipas nenit 51 të Kushtetutës, ligjet në Republikën e Maqedonisë së Veriut duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 53 të Kushtetutës, avokatia është shërbim publik i pavarur që ofron ndihmë juridike dhe ushtron kompetenca publike në përputhje me ligjin.

Me Ligjin për avokatinë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 199/2023) rregullohet sigurimi i ndihmës juridike nga ana e avokatisë për personat fizikë dhe juridikë në ushtrimin dhe mbrojtjen e të drejtave të tyre dhe interesave të tyre të bazuara me ligj në procedurën para gjykatave, organeve shtetërore, personave të tjerë juridikë, organeve të njësive të vetëqeverisjes vendore, ushtrimit të veprimtarisë së avokatisë, të përcaktuara me këtë ligj dhe ligje të tjera, si dhe organizimin e profesionit të avokatit, kushtet për ushtrimin dhe pushimin dhe pezullimin e veprimtarisë së avokatit dhe të drejtat dhe obigimet e avokatëve, si dhe sigurimin e avokatëve ndaj përgjegjësisë për dëmet.

E drejta e ushtrimit të profesionit të avokatit sipas nenit 10 të Ligjit për avokatinë fitohet me regjistrimin në Listën e emrave të avokatëve të Odës së Avokatëve, pas së cilës avokatit i lëshohet licenca e punës. Kandidati para se të regjistrohet në listën e emrave të avokatëve, në pajtim me nenin 11 paragrafi 1 të Ligjit, jep betimin solemn se do ta kryejë detyrën me ndërgjegje, duke iu përmbajtur Kushtetutës, ligjeve, marrëveshjeve ndërkombëtare të ratifikuara në përputhje me Kushtetutën, Statutin e Odës së Avokatëve, Kodeksin e etikës së avokatit dhe se me të gjitha veprimet e tij do të kujdeset për reputacionin e avokatit si shërbim publik.

Sipas nenit 12 të Ligjit për avokatinë, personi i cili i plotëson kushtet e përgjithshme për lidhjen e marrëdhënies së punës në organet e administratës shtetërore, i cili gëzon reputacion dhe është i denjë për ushtrimin e profesionit të avokatit dhe i cili i plotëson kushtet e mëposhtme mund të regjistrohet në listën e emrave të avokatëve:

– të jetë shtetas i Republikës së Maqedonisë së Veriut ose të jetë shtetas i një shteti që është anëtar i Bashkimit Evropian,
– të jetë komercialisht i aftë,
– ka marrë diplomë universitare për jurist të diplomuar në Republikën e Maqedonisë së Veriut me arsim të lartë katërvjeçar të përfunduar të studimeve juridike VII/1 ose me 300 kredite të fituara sipas Sistemit Evropian të Transferimit të Kredive (EKTS) ose diplomë të nostrifikuar nga një fakultet juridik nga jashtë,
– të flasin në mënyrë aktive gjuhën maqedonase,
– të ketë dhënë provimin e jurisprudencës në Republikën e Maqedonisë së Veriut,
– të mos jetë i dënuar me vendim të plotfuqishëm gjyqësor me dënim pa kushte me burg me kohëzgjatje mbi gjashtë muaj, si dhe të mos i jetë shqiptuar dënim me ndalim të ushtrimit të profesionit, veprimtarisë ose detyrës, gjatë kohëzgjatjes së sanksionit.
– të mos jetë në marrëdhënie pune,
– të mos kryejë punë të papajtueshme me avokatinë,
– të mos i ketë pushuar pozita si gjykatës, prokuror publik, avokat shtetëror apo zëvendës avokat shtetëror, avokat i populliti ose zëvendës avokat i popullit, zyrtar i zgjedhur apo i emëruar, respektivisht të mos i ketë pushuar marrëdhënia e punës si nëpunës, si nëpunës shtetëror, noter, zëvendës apo ndihmës noter, përmbarues apo zëvendës përmbarues, me vendim të formës së prerë në një procedurë gjyqësore, disiplinore ose procedurë tjetër që përcakton përgjegjësinë në kryerjen e funksionit ose shërbimit deri në kalimin e pesë viteve nga përfundimi i vendimit dhe
– të dërgojë dëshminë e kryerjes së trajnimit fillestar në Qendrën Edukative të Dhomës së Avokatëve.

Kushti i paraparë që personi të gëzojë reputacion të mirë dhe të jetë i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit, i përfshirë në nenin 12 paragrafi 1 të ligjit, i referohet kualifikimeve morale, përkatësisht etike të personit që është kandidat për ushtrimin e profesionit të avokatit. Termat moral dhe etikë përdoren shpesh si sinonime të së njëjtës përmbajtje, megjithëse morali është një grup rregullash, normash, parimesh të sjelljes njerëzore në komunitet dhe rregullon marrëdhëniet e ndërsjella të njerëzve në komunitet, ndërsa etika është shkenca e moralit dhe sjellje morale që i rregullon ato parime morale përmes kodekseve etike. Fjala reputacion/ me reputacion (zë i mirë, autoritet, dinjitet që gëzon një individ në një mjedis) përcakton një atribut të një individi me vlera të larta morale, i cili më tej shërben si shembull për sjelljen e të tjerëve në jetën shoqërore. Fjala i denjë është e lidhur ngushtë me fjalën me autoritet (i denjë për respekt dhe lavdatë).

Reputacioni si kategori vlerash pasqyron profilin etik të individit në varësi të sjelljes së tij në një sistem të caktuar të kodit social zakonor dhe moral. Kur bëhet fjalë për vlerësimin e reputacionit, gjithçka duhet nisur nga vetitë dhe sjellja aktuale e individit që mund të lidhen drejtpërdrejt me parimet mbi të cilat bazohet ushtrimi i një profesioni. Respektimi dhe mënyra e përmbajtjes së parimeve për ushtrimin e një profesioni të caktuar, në tërësinë e tyre pasqyrojnë reputacionin dhe denjësinë e personit për të ushtruar profesionin, por edhe reputacionin e vetë profesionit. Individi që kryen një funksion të caktuar publik është i detyruar jo vetëm të respektojë dinjitetin dhe reputacionin e njerëzve në marrëdhëniet e ndërsjella, por ka edhe obligim që ai me sjelljen e tij të mos cenojë nderin dhe reputacionin e shërbimit publik, përfaqësues i të cilit është ai. Me fjalë të tjera, norma të tilla etike janë të lidhura ngushtë me etikën juridike dhe sjelljen profesionale, prandaj etika e avokatit njihet edhe si përgjegjësi profesionale.

Nisur nga pozicioni i përcaktuar me kushtetutë i pozitës së avokatit si një shërbim i pavarur dhe publik që ofron ndihmë juridike dhe ushtron kompetenca publike në përputhje me ligjin, ligjvënësi ka të drejtë të krijojë supozime normative që do të ofrojnë parakushte optimale, jo vetëm për kryerjen me kualitet dhe profesionizëm të këti shërbimi të rëndësishëm publik por edhe kushte për posedimin e kredibilitetit etik për kryerjen e veprimtarisë së avokatit. Ligji për avokatinë me nenin 5 e rregullon mënyrën se si arrihet autonomia dhe pavarësia e avokatisë, dhe ndër të tjera, ajo arrihet edhe me miratimin autonom të akteve për punën e Odës së Avokatëve dhe organeve të saj dhe regjistrimin dhe shlyerjen nga Lista e emrave të avokatëve, duke përfshirë edhe miratimin e Kodeksit të Etikës së Avokatit. Etika e avokatit paraqet një grup standardesh në lidhje me nivelin bazë të sjelljes që pritet nga një avokat dhe përbëhen nga parimet etike dhe obligimet që anëtarët e profesionit të avokatit i kanë ndaj njëri-tjetrit, si dhe ndaj klientëve të tyre dhe ndaj gjykatave. Parimet bazë të zbatueshme në praktikën juridike shprehen përmes parimeve të pavarësisë, ndershmërisë, integritetit, besnikërisë, besueshmërisë, trajtimit të drejtë, dashurisë për punë, sinqeritetit dhe profesionizmit. Parimi i ndershmërisë, integritetit dhe drejtësisë zakonisht është gjithmonë i pranishëm në parimet e etikës profesionale në të gjitha shtetet, ndërsa në kodekset kombëtare, ky parim zakonisht shëndërrohet në obligimin e avokatit për të vepruar me ndershmëri dhe sinqeritet përpara gjykatës, me dinjitet personal, respekt dhe mirësjellje ndaj kolegëve.

Ligji për avokatinë përmban dispozita themelore lidhur me atë se si duhet apo nuk duhet të jetë sjellja e personit që ushtron profesionin e avokatit, me çka ligji ofron bazë për shtjellimin e mëtejshëm të parimeve ligjore në Kodeksin e Etikës së Avokatit, i cili sipas nenit 34 paragrafi 2 pika 7) të Ligjit, miratohet nga Oda e Avokatëve. Në pajtim të autorizimit me Ligjin për miratimin e Kodeksit Etik të Avokatëve, Oda e Avokatëve ka miratuar Kodeks për Etikën Profesionale të avokatëve, bashkëpunëtorëve profesionalë juridikë dhe praktikantëve juridikë të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut, i cili ofron një elaborim më të afërt të parimeve të përcaktuara në Ligjin për avokatinë, dhe të cilat në tërësinë e tyre, në fakt e përcaktojnë karakterin e avokatit si të respektueshëm dhe të denjë për ushtrimin e profesionit, nga ku më tej organi kompetent në Odë mund të fillojë me shqyrtimin dhe verifikimin e kushtit të respektimit dhe denjësisë për ushtrimin e veprimtarisë së avokatisë nga neni 12 paragrafi 1 i Ligjit, me rastin e regjistrimit të personit në listën e emrave të avokatëve.

Duke pasur parasysh se normat e tilla etike janë të lidhura ngushtë me etikën juridike dhe sjelljen profesionale, etika e avokatit njihet edhe si përgjegjësi profesionale dhe në këtë drejtim Ligji për avokatinë parasheh përgjegjësinë për shkeljen e detyrës së avokatit dhe të reputacionit të avokatit. Konkretisht, ligjvënësi duke përcaktuar obligimin në nenin 30 paragrafi 1 të Ligjit për kryerjen profesionale dhe të ndërgjegjshme të detyrës së avokatit dhe për ruajtjen e reputacionit të profesionit të avokatit, në paragrafin 2 të të njëjtit nen, ka rregulluar atë që konsiderohet si shkelje më e rëndë e detyrës së avokatit dhe të reputacionit të profesionit të avokatit, duke i dhënë më tej autorizimin Odës së Avokatëve, me aktin e vet të përcaktojë më nga afër, respektivisht të shtjellojë shkeljet e kryerjes së detyrës së avokatit dhe të reputacionit të avokatisë, të përcaktuara në Ligj. Ligji, me nenin 31, parashikon edhe përgjegjësinë disiplinore dhe masat disiplinore që mund t’i shqiptohen avokatit me vendim për shkeljen e detyrës për kryerjes profesionale dhe me ndërgjegje të detyrës së avokatit dhe për ruajtjen e reputacionit të profesionit të avokatit. Në të njëjtën kohë, neni 32 i ligjit parasheh mjete juridike kundër atyre aktvendimeve (ankesë në organin kompetent të Odës së Avokatëve, si dhe mundësinë e inicimit të një kontesti administrativ para gjykatës kompetente të përcaktuar me ligj kundër vendimit të formës së prerë mbi masën disiplinore të shqiptuar).

Së këndejmi, përmes përcaktimit që konsiderohet sjellje negative, pra sjellje në kundërshtim me detyrën për të kryer me profesionalizëm dhe ndërgjegje detyrën e avokatit dhe për të mbrojtur reputacionin e profesionit të avokatit, ligjvënësi në ligj ka përcaktuar në të vërtetë se çfarë konsiderohet sjellje e pranueshme, e cila e përcakton cilësinë e personit si të respektueshëm dhe të denjë për të ushtruar profesionin e avokatit.

Rrjedhimisht, në lidhje me kushtin kontestues “i cili gëzon reputacion dhe është i denjë për ushtrimin e profesionit të avokatit” nga neni 12 paragrafi 1 i Ligjit për avokatinë, nuk mund të konsiderohet se nuk ekziston asnjë mënyrë ligjore apo juridike për të përcaktuar këtë, nëse merren parasysh dispozitat e ligjit që rregullojnë sjelljen e avokatëve gjatë dhënies së ndihmës juridike, ndaj gjykatës, ndaj kolegëve të tyre avokatë në funksion me qëllim ruajtjen dhe mbrojtjen e reputacionit dhe dinjitetit të vetë profesionit, si dhe të Kodeksit të etikës së avokatit me të cilën bëhet një shtjellim më i afërt i parimeve të përcaktuara ligjërisht për ushtrimin e profesionit të avokatit dhe mbrojtjen e reputacionit të tij.

Prandaj, sipas Gjykatës, ligjvënësi ka dhënë një kornizë objektive ligjore si pikënisje për përpunimin e mëtejshëm të parimeve në Kodeksin etikës së avokatëve dhe për rrjedhojë ekzistojnë kritere të matshme për drejtimin në të cilin drejtim duhet të lëvizë organi kompetent në Odën e Avokatëve gjatë vlerësimit në lidhje me përmbushjen e kushtit kontestues nga neni 12 paragrafi 1 i Ligjit. Gjithashtu, ligji në nenin 13, kundër aktvendimit për refuzimin e kërkesës për regjistrim, parasheh të drejtën e ankimit në organin kompetent të Odës së Avokatëve, si dhe të drejtën për një mosmarrëveshje administrative, para gjykatës kompetente, e cila i jep mundësi kërkuesit të refuzuar për t’u regjistruar në Listën e emrave të avokatëve, që arsyet e refuzimit t’i kontestojë para një organi kompetent të Dhomës, por edhe para një gjykate kompetente, për këtë arsye Gjykata i konsideroi të pabazuara pretendimet nga iniciativa se marrëveshja kontestuese e përfshirë në nenin 12 paragrafi 1 të Ligjit krijon mundësinë e sjelljes arbitrare dhe monopolistike të Odës së Avokatëve me rastin e dhënies së licencave për ushtrimin e profesionit të avokatit. Në të njëjtën kohë, me përcaktimin e kushtit të veçantë që personi të gëzojë reputacion dhe të jetë i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit, ligjvënësi nuk ka synuar të kufizojë të drejtën e punës nga neni 32 i Kushtetutës, por në këtë rast objekt mbrojtjeje është nderi dhe reputacioni i shërbimit juridik si funksion publik. Njëkohësisht, ky kusht vlen njëlloj për të gjithë aplikantët për regjistrim në Listën e emrave të avokatëve, pa asnjë përjashtim.

Për arsyet e cekura, Gjykata nuk e ngriti çështjen e pëlqimit të nenit 12 paragrafi 1 në pjesën “kush gëzon reputacion dhe është i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit” të Ligjit për avokatinë me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, duke përfshirë sigurinë juridike të qytetarëve si pjesë përbërëse të saj.

Në lidhje me iniciativën e parashtruar me të cilën kontestohet pjesa “dhe nëse personi gëzon reputacion të mirë, nëse është i denjë për ushtrimin e profesionit të avokatit” nga neni 67 paragrafi 2 i Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” nr. 169/2011, 68/2012, 76/2013 dhe 113/2016 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 95/2019, 54/2023 dhe 142/2023), Gjykata tashmë ka vendosur për kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e tërësisë së nenit 67 paragrafi 2 të Statutit, i cili përmban edhe pjesën e kontestuar.

Gjegjësisht, Gjykata Kushtetuese, duke vepruar për iniciativën e parashtruar më parë nga i njëjti parashtrues, me Aktvendimin U.nr. 172/2023 nga 20.12.2023, nuk ngriti procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së tërësisë së nenit 67 paragrafi 2 të Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut. Gjykata përcaktoi se neni 67 paragrafi 2 i Statutit nuk përcakton kushte të reja për pranim në avokati, përtej atyre të përcaktuara me Ligjin për Avokatinë, por është në funksion të funksionalizimit të kushteve të parashikuara me ligj për regjistrimin e një personi në listën e emrave të avokatëve nga neni 12 paragrafi 1 i Ligjit për Avokatinë.

Duke qenë se Gjykata Kushtetuese, me Aktvendimin U.nr.172/2023 nga 20.12.2023, tashmë ka vendosur për kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e tërësisë së nenit 67 paragrafi 2 të Statutit të Odës së Avokatëve, i cili përmban edhe pjesën e kontestuar tani “edhe atë nëse personi gëzon reputacion të mirë, a është i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit” dhe në rastin konkret nuk ka bazë për një vendim tjetër, Gjykata vlerësoi se kushtet e nenit 28 paragrafi 2 të Rregullores të Gjykatës për refuzimin e iniciativës në këtë pjesë janë përmbushur.

IV

Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska