Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.99/23
Скопје,17.01.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 17.01.2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.21 од 01.02.2023 година).
Образложение
I
Според подносителот на иницијативата – министерот за правда, оспорениот акт не бил во согласност со член 52 од Уставот на Република Северна Македонија.
Во однос на несогласноста на оспорениот акт со член 52 од Уставот, во иницијативата се наведува дека овој пропис бил донесен и заведен под број 24-376/1 на 17.01.2023 година, истиот бил објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.21 од 1 февруари 2023 година, во кој период биле поминати повеќе од седум дена, односно бил пробиен уставно пропишаниот рок за објавување во „Службен весник“, поради што се бара поведување постапка за оценување на уставноста на оспорениот акт како спротивен на член 52 од Уставот.
II
На седницата Судот утврди дека оспорениот акт е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 21 од 1 февруари 2023 година и истиот ја има следната содржина:
Врз основа на член 73-р став (2) од Законот за минерални суровини (*) (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16, 7/19 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/22), министерот за економија донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЛИЦЕНЦАТА ЗА ИЗРАБОТКА НА РУДАРСКИ ПРОЕКТИ ЗА ПОВРШИНСКА И ПОДЗЕМНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА, ПРЕРАБОТКА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И
ДРУГИ РУДАРСКИ ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА РУДАРСТВОТО
Правилникот содржи три члена. Во член 1 се пропишува формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството. Член 2 став 1 од правилникот, пропишува дека лиценцата се издава на тврда хартија во бела боја во А4 формат, а став 2 од истиот член пропишува дека формата и содржината на лиценцата се дадени во прилог, кој е составен дел на овој правилник. Според член 3, овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Овој правилник е со број 24-376/ 1 од 17 јануари 2023 година.
Во прилог и составен дел на Правилникот е форма и содржина на лиценца.
III
Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 52 став 1 од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, а според став 2 од истиот член, законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
Објавувањето на законите и другите прописи е во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.
Самото објавување на законите и другите прописи претставува чин на обнародување на тие акти и нивно ставање на увид на јавноста. Имено законот, а во конкретниот случај прописот со негово донесување, промулгирање (потпишување) и со објавување во службено гласило од јавен интерес, станува применлив акт.
Имајќи го предвид карактерот и значењето на објавувањето на законите и другите прописи, Уставот на Република Северна Македонија утврдил обврска, но и рок, тие да се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” како службено гласило на Републиката.
Одредбата за објавувањето на законите и другите прописи во Уставот е предвидена во главата за основните слободи и права на човекот и граѓанинот и тоа во делот за гаранциите на основните слободи и права. Овој факт укажува дека Уставот, на објавувањето на законите и другите прописи не приоѓа како на техничко прашање, туку на прашање кое длабоко навлегува во уставните гаранции на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
Уставната гаранција за објавувањето на законите и другите прописи се афирмира токму преку одредување на временска рамка заради интензивирање на самата постапка на објавувањето.
Оспорениот правилник кој е предмет на уставно-судска оцена, е заведен под архивски број 24-376/1 од 17 јануари 2023 година,
што како дејствие секогаш следи и е условено со претходно донесување на прописот.
Согласно Законот за објавување на законите и другите прописи и акти („Службен весник на Република Македонија” бр.56/1999, 43/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.21/2021) актот е објавен како во електронското така и во печатеното издание на „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 21 од 1 февруари 2023 година.
Врз основа на изнесеното и утврдената фактичка состојба, Судот оцени дека е пречекорен уставниот рок за објавување, односно поминати се повеќе од седум дена за објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, поради што основано се постави прашањето за согласноста на оспорениот правилник со член 52 став 2 од Уставот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr. 99/23
Shkup,17.01.2024
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovskiи dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 17.01.2024, miratoi
A K T V E N D I M
INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Rregullores për formën dhe përmbajtjen e licencës për përpunimin e projekteve minerare për eksploatimin sipërfaqësor dhe nëntokësor, përpunimin e lëndëve të para minerale dhe projekte të tjera minerare në fushën e xehetarisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonia e Veriut” nr. 21, datë 01.02.2023).
Arsyetim
I
Sipas parashtruesit të iniciativës – ministrit të Drejtësisë, akti i kontestuar nuk ka qenë në përputhje me nenin 52 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Lidhur me mospërputhjen e aktit kontestues me nenin 52 të Kushtetutës, në iniciativë thuhet se ky rregull është miratuar dhe regjistruar me numrin 24-376/1 më 17.01.2023, është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut. nr. 21 nga 01.02.2023, periudhë gjatë së cilës kanë kaluar më shumë se shtatë ditë, pra është shkelur afati i parashikuar me Kushtetutë për botim në “Gazetë Zyrtare”, për këtë arsye kërkohet inicimi i procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit të kontestuar si në kundërshtim me nenin 52 të Kushtetutës.
II
Në seancë, Gjykata konstatoi se akti i kontestuar është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 21 më datë 1 shkurt 2023 dhe ka këtë përmbajtje:
Bazuar në nenin 73 paragrafi (2) të Ligjit për lëndët e para minerale (*) (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129 /15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16, 7/19 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 99/22), Ministri i Ekonomisë miratoi
RREGULLORE
PËR FORMËN DHE PËRMBAJTJEN E LICENCËS PËR PËRPILIMIN E PROJEKTEVE MINERARE PËR EKSPLOATIMIN SIPËRFAQËSOR DHE NËNTOKËSOR, PËRPUNIMIN E LËNDËVE TË PARA MINERALE DHE PROJEKTE TË TJERA MINERARE NGA FUSHA E XEHETARISË
Rregullorja përmban tre nene. Në nenin 1 përcaktohet forma dhe përmbajtja e licencës për zhvillimin e projekteve minerare për ekspoatim sipërfaqësor dhe nëntokësor, përpunimi i lëndëve të para minerale dhe projekte të tjera minerare në fushën e xehetarisë. Neni 2, paragrafi 1 i rregullores përcakton se licenca lëshohet në letër të bardhë të fortë në format A4, ndërsa paragrafi 2 i të njëjtit nen përcakton se forma dhe përmbajtja e licencës jepen në bashkëngjitje, që është pjesë përbërëse e kësaj rregulloreje. Sipas nenit 3, kjo rregullore hyn në fuqi ditën e radhës nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Kjo rregullore mban numrin 24-376/1, nga 17.01.2023.
Në shtojcë dhe pjesë përbërëse e Rregullores është forma dhe përmbajtja e licencës.
III
Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i detyruar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 52 paragrafi 1 të Kushtetutës, ligjet dhe rregullat tjera botohen para hyrjes në fuqi, ndërsa sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, ligjet dhe rregullat tjera botohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni brenda shtatë ditëve nga dita e miratimit të tyre.
Publikimi i ligjeve dhe rregulloreve të tjera është në funksion të garantimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si prezumim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve të tjera juridike.
Vetë publikimi i ligjeve dhe rregullave të tjera paraqet një akt të publikimit të këtyre akteve dhe i vënies në dispozicion të publikut. Domethënë, ligji dhe në rastin konkret rregulli me miratimin, shpalljen (nënshkrimin) dhe publikimin e tij në një gazetë zyrtare me interes publik, bëhet akt i zbatueshëm.
Duke marrë parasysh natyrën dhe rëndësinë e publikimit të ligjeve dhe rregullave tjera, Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka përcaktuar obligim, si dhe afat, që ato të publikohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” si gazetë zyrtare e Republikës.
Dispozita për botimin e ligjeve dhe rregullave të tjera në Kushtetutë është paraparë në kapitullin për liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit dhe në pjesën për garancitë e lirive dhe të drejtave themelore. Ky fakt tregon se Kushtetuta, në publikimin e ligjeve dhe rregullave të tjera nuk i qaset si çështje teknike, por një çështje që depërton thellë në garancitë kushtetuese të lirive dhe të drejtave themelore të njeriut dhe qytetarit.
Garancia kushtetuese për publikimin e ligjeve dhe rregullave të tjera afirmohet pikërisht me përcaktimin e një afati kohor për intensifikimin e vetë procedurës së publikimit.
Rregullorja e kontestuar, e cila i nënshtrohet vlerësimit kushtetues-gjyqësor, është regjistruar me numër arkivor 24-376/1 më datë 17.01.2023, e cila si veprim gjithmonë vijon dhe kushtëzohet me miratimin e mëparshëm të rregullit.
Sipas Ligjit për publikimin e ligjeve dhe rregullave dhe akteve tjera (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 56/1999, 43/2002 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 21/2021) akti botohet si në botimin elektronik ashtu edhe në botimin e shtypur të “Gazetës Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 21 nga 1 shkurti i vitit 2023.
Në bazë të gjendjes faktike të paraqitur dhe konstatuar, Gjykata ka konstatuar se afati kushtetues për publikim është tejkaluar, gjegjësisht kanë kaluar më shumë se shtatë ditë për publikim në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, për çka është shtruar pyetja e pajtueshmërisë së rregullores së kontestuar me nenin 52 paragrafi 2 të Kushtetutës.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska