Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.74/2023
Скопје, 10.01.2024 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 10 jануари 2024 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 343 став 3 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија” бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015).
Образложение
I
Петар Баришиќ од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на член 343 став 3 од Законот означен во диспозитивот на ова решение.
Според подносителот, оспорениот член 343 став 3 од Законот е во спротивност со член 8 став 1 алинеја 3, член 9 став 2 и Амандман XXI со кој е заменет член 15 од Уставот на Република Северна Македонија.
Подносителот во образложението на иницијативата го цитира член 74 од Законот и смета дека оспорената одредба е во спротивност со одредбите од член 72 став 1, член 80 став 1 и член 89 став 4 од Законот кои ги цитира во иницијативата. Воедно, ги цитира член 337 став 1 и член 342 став 1 точка 1 од Законот.
Во иницијативата се наведува дека законодавецот со оспорената одредба и` забранил на странката да поднесе жалба на пресудата донесена во постапката во прв степен ако спротивната странка не ја застапува законскиот застапник или полномошник кој нема потребно овластување за водење на постапката, односно поради суштествени повреди на одредбите наведени во член 343 став 2 точка 10 од Законот, а на кои повреди второстепениот суд во постапката по жалба внимава по службена должност согласно член 354 од овој закон. Воедно, го цитира член 355 став 1 според кој второстепениот суд може да ја отфрли жалбата изјавена од странката на која не се однесуваат наведените недостатоци како недозволена. Понатаму, наведува дека оспорената одредба е во колизија со член 6 став 1 од Законот за судовите според кој секој има право на еднаков пристап пред суд во заштита на неговите права и правно заснованите интереси.
Подносителот смета дека со оспорената одредба е нарушена еднаквоста на странките за водење на првостепената и жалбената постапка поради тоа што на странката и` се забранува жалба иако е засегната од нелегитимна постапка да биде тужена од кого било, односно и се забранува да се жали дека е покрената тужба од спротивната странка која нема деловна способност или не ја застапува законскиот застапник без законско овластување или полномошник без полномошно. Според подносителот, оспорената одредба предизвикува конфузија и правна несигурност во процесните постапувања во граѓанските постапки, особено што во вонпарничната, извршната и управната постапка е систематизирано дека за сè што не е уредено со овие закони се применуваат одредбите од Законот за парничната постапка.
Поради наведените причини му предлага на Уставниот суд оспорената одредба да ја поништи.
II
На седницата Судот утврди дека оспорениот член 343 став 3 од Законот за парничната постапка, гласи:
Ако странката која е правно лице не била застапувана од овластено лице или поради тоа што парнично неспособната странка не ја застапувал нејзиниот законски застапник, или поради тоа што законскиот застапник, односно полномошникот на странката немал потребно овластување за водење на постапката или за одделни дејствија во постапката, жалба може да изјави само странката на која се однесуваат тие недостатоци.
III
Според член 8 став 1 алинеja 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелнa вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Во согласност со член 9 од Уставот, граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Според Амандманот XXI со кој е заменет член 15 од Уставот се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд. Правото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува со закон.
Согласно со член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 79/2005, 110/2008, 83/2009,116/2010, 124/2015) во член 121 став 1 уредува дека судот донесува одлуки во форма на пресуда или решение, а според став 2, за тужбеното барање судот одлучува со пресуда, а во постапка поради смеќавање на владение со решение.
Законот во посебна глава дваесет и четврта ја систематизирал постапката по редовните правни лекови, а жалба против пресуда донесена во прв степен е уредена со одредбите од член 337 до член 367 од Законот.
Според член 337, против пресуда донесена во прв степен странките можат да изјават жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот на пресудата ако во овој закон не е определен друг рок, а навремено изјавена жалба спречува пресудата да стане правосилна во делот што се побива со жалбата. За жалбата против пресудата одлучува второстепениот суд.
Во член 342 став 1 точка 1 предвидено е дека една од причините поради кои може да се побива пресуда, е суштествена повреда на одредбите на парничната постапка. Оваа повреда постои ако судот во текот на постапката не применил или неправилно применил некоја одредба од овој закон, а тоа влијаело или можело да влијае врз донесување на законита и правилна пресуда (член 343 став 1). Ситуациите во кои секогаш постои суштествена повреда на одредбите од парничната постапка, се наведени во член 343 став 2, а во точка 10 се уредува дека една од нив е ако во постапката како тужител или тужен учествувало лице кое не може да биде странка во постапката или ако странката што е правно лице не ја застапувало овластено лице, или ако парнично неспособна странка не ја застапувал законски застапник или ако законскиот застапник, односно полномошникот на странката немал потребно овластување за водење на постапката или за одделни дејствија во постапката, доколку водењето на постапката, односно вршењето на одделни дејствија во постапката не било дополнително одобрено.
Во овој контекст следи содржината со оспорениот член 343 став 3 од Законот која подносителот ја проблематизира во иницијативата.
Поаѓајќи од наведеното, а со цел добивање на одговор на прашањето дали се повредуват цитираните одредби од Уставот во корелација со останатите анализирани одредби од Законот произлегува основаноста на уредувањето со оспорената одредба.
Законот за парнична постапка по својата природа е процесен закон со кој според член 1 се уредуваат правилата на постапката врз основа на кои судот расправа и одлучува во споровите за основните права и обврски на човекот и граѓанинот, за личните и семејните односи на граѓаните како што се работните, трговските, имотните и другите граѓанско-правни спорови, ако со закон за некои од тие спорови не е определено за нив судот да решава според правилата на некоја друга постапка.
Во член 10 од Законот е содржано начелото на економичност на постапката, согласно кое судот е должен да настојува без одолжување и во разумен рок, со што помалку трошоци да ја спроведе постапката и да оневозможи секаква злоупотреба на правата што на странките им припаѓаат во постапката (забрана за злоупотреба на процесните овластувања). Во насока на реализација на брзото и ефикасно завршување на постапката се став 2 и став 3 од овој член, кои предвидуваат парична казна за физичко лице (странка, одговорно лице во правно лице), правно лице, како и за застапникот (полномошник или законски застапник) кои ќе ги злоупотребат правата што им припаѓаат во постапката.
Според член 175 од Законот, парничната постапка се поведува со тужба, која се поднесува писмено како и останатите поднесоци согласно член 98 од Законот според кој, поднесоците мораат да бидат разбирливи и да го содржат сето она што е потребно за да може да се постапи по нив. Во оваа одредба законодавецот воспоставил јасни правила и задолжителни елементи кои мора да ги содржат поднесоците за да бидат целосни, a тие особено треба да содржат: име и презиме поткрепени со доказ за лична идентификација; живеалиште, односно престојувалиште на странките, односно фирмата и седиштето на правното лице запишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија или друг регистар поткрепени со доказ од соодветниот регистар; нивните законски застапници и полномошници, ако ги имаат. Според член 101 став 1 од Законот, доколку поднесоците во писмена форма кои се поднесени од полномошник не ги содржат наведените податоци од член 98 на овој закон судот ќе ги отфрли.
Во четврта глава од Законот, со наслов „Странки и нивни законски застапници“, во член 70 став 1 се дефинира дека странка во постапка може да биде секое физичко и правно лице, а според член 71 став 1 странката која е целосно деловно способна може сама да ги врши дејствијата во постапката (парнична способност). Одредби за парнично неспособните странки се содржани од член 72 до член 74 од Законот. Член 72 предвидува дека странката која нема парнична способност ја застапува нејзиниот законски застапник кој се определува со закон или со акт на надлежниот државен орган. Според член 73 став 1 законскиот застапник од име на странката може да ги презема сите дејствија во постапката, но ако за поднесување или за повлекување на тужба, за признавање, односно одрекување од тужбеното барање, за склучување на порамнување или за преземање на други дејствија во постапката во посебни прописи е определено дека застапникот мора да има посебно овластување, тој може тие дејствија да ги презема само ако има такво овластување. Според член 73 став 2, лицето кое се појавува како законски застапник е должно на барање од судот да докаже дека е законски застапник, а кога за преземање на определени дејствија во постапката е потребно посебно овластување, законскиот застапник е должен да докаже дека има такво овластување. Во член 74 од од Законот е нормирано дека во текот на целата постапка судот по службена должност ќе внимава дали лицето кое се јавува како странка може да биде странка во постапката и дали е парнично способно, дали парнично неспособната странка ја застапува нејзиниот законски застапник и дали законскиот застапник има посебно овластување кога тоа е потребно. Кога судот ќе утврди дека лицето кое се појавува како странка не може да биде странка во постапката, а тој недостаток може да се отстрани, ќе го повика тужителот да изврши потребни исправки во тужбата или ќе преземе други мерки за да може да продолжи постапката со лице кое може да биде странка во постапката (член 75 став 1). Кога судот ќе утврди дека странката нема законски застапник или дека законскиот застапник нема посебно овластување кога тоа е потребно, ќе побара надлежниот Центар за социјална работа да му постави старател на парнично неспособното лице, односно ќе го повика законскиот застапник да прибави посебно овластување или ќе преземе други мерки што се потребни за да може парнично неспособната странка да биде правилно застапувана. (член 75 став 2). Според член 75 став 3, судот ќе и` определи на странката рок за отстранување на недостатоците од ставовите (1) и (2) на овој член. Додека не се отстранат овие недостатоци, во постапката можат да се преземаат само оние дејствија поради чие одлагање би можеле да настанат штетни последици за странката (став 4). Ако наведените недостатоци не можат да се отстранат или ако определениот рок безуспешно истече, судот со решение ќе ги укине дејствијата спроведени во постапката, доколку се зафатени со овие недостатоци и ќе ја отфрли тужбата ако недостатоците се од таква природа што го попречуваат натамошното водење на постапката (став 5).
Застапувањето на странките преку полномошник подразбира преземање дејствија во постапката во име и за сметка на странката врз основа на дадените овластувања од полномошното. Имено, според член 80 од Законот, странките можат да преземаат дејствија во постапката лично или преку полномошници, а во член 81 став 1 од Законот, се предвидува кој може да биде полномошник на странката и тоа: адвокат, лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е потполно деловно способен. Став 2 од овој член предвидува дека ако како полномошник се јавува лице спротивно на оваа одредба од ставот (1), судот ќе донесе решение со кое на тоа лице ќе му оневозможи натамошно застапување и за тоа ќе ја извести странката. Законот во член 89 став 4 уредува дека судот е должен во текот на целата постапка да внимава дали лицето кое се појавува како полномошник е овластено за застапување. Ако судот утврди дека лицето кое се појавува како полномошник не е овластено за застапување, ќе ги укине парничните дејствија што ги презело тоа лице, ако тие дејствија странката не ги одобрила дополнително. Доколку застапувањето на странката преку полномошник не е согласно со одредбите од Законот станува збор за апсолутна суштествена повреда на одредбите од постапката (член 343 став 2 точка 10).
Имајќи ја предвид изнесената анализа на одредбите од Законот заедно со содржината на оспорената одредба произлегува дека се неосновани наводите во иницијативата за нејзина несогласност со начелото на владеење на правото утврдено во член 8 став 1 алинеја 3, начелото на еднаквост на граѓаните утврдено во член 9 и гарантираното право на жалба против одлуките донесени во прв степен пред суд, со Амандманот XXI од Уставот, а поради следново:
Гарантирајќи го правото на жалба, Уставот овозможува ова право да биде операционализирано со Законот. Од анализата на изнесените одредби од Законот за парнична постапка произлегува дека жалбената постапка е системски уредена. Со член 337 од Законот се обезбедува уставно гарантираното право на жалба за секоја странка против пресуда донесена во прв степен пред суд. Воедно, според член 337 став 2 жалбата има суспензивно-одложно дејство на одлуката бидејќи спречува да стане правосилна, односно конечна во делот што се побива со жалбата. Уставно гарантираното право на жалба не значи и забрана на законодавецот во определени случаи, кога некоја странка нема правен интерес, да предвиди исклучок од начелото на суспензивното дејство на жалбата.
За остварување на правото на жалба како правен лек, потребно е да е уредена по однос на причините поради кои може да се изјави што е предмет на понатамошната содржина на одредбите од Законот. Во член 343 став 2 се утврдени апсолутните суштествени повреди на одредбите од парничната постапка кои секогаш постојат, меѓу кои се и определените причини во точка 10. Законодавецот има право со посебни услови и критериуми, да го прецизира во одредени случаи правото на странките да изјават жалба.
Со оспорениот член 343 став 3 од Законот, правото на жалба е предвидено за странката која има недостатоци во нејзиното застапување. Во ситуација кога жалба не може да изјави странката на која не се однесуваат наведените недостатоци во застапувањето на спротивната странка, не значи ограничување на правото на жалба туку рационално и економично постапување во постапката кое има за цел да се спречи злоупотребата на процесните права од страна на странката на која не се однесуваат недостатоците во застапувањето. Самиот факт што една од странките не е правилно застапувана е причина поради која наведените недостатоци во застапувањето, Законот ги третира како апсолутни повреди на постапката кои секогаш доведуваат до отфрлање на тужбата и до укинување на првостепената пресуда. Според одредбите на кои укажува и ги цитира подносителот во иницијативата, а кои се однесуваат на постапката по жалба, второстепениот суд е должен според член 354 да ги отстрани наведените повреди на одредбите на парничната постапка од член 343 став 2 точка 10, а на кои внимава по службена должност, односно и кога странката во жалбата на нив не се повикала.
Од содржината на изнесените одредби произлегува дека со доставување на тужбата како и одговорот на тужбата на секоја странка и` се познати податоците за спротивната странка, нејзиното овластено лице, застапник или полномошник кои мора да ги содржи секој поднесок и кои се задолжителни елементи за секоја странка која поднесува тужба. Процесните права од аспект на истакнување приговори на легитимацијата на странката во текот на главната расправа, сè до завршување на постапката пред првостепениот суд се еднакви. Секоја странка има еднакво право да ја оспорува парничната способност и застапувањето на спротивната странка. Оттука, не може да стане збор дека на странката и` се забранува да приговори на наведените околности во текот на целата постапка или дека ѝ е ускратено правото на еднаков пристап пред суд во заштита на правата и правно заснованите интереси на што укажува подносителот во иницијативата со цитираниот член 6 став 1 од Законот за судови.
Согласно член 74 од Законот, судот по службена должност внимава од самиот почеток на постапката и во текот на целата постапка на странкарската и парничната способност и застапувањето на странките. Одредбите во овој дел од Законот (член 75-78) укажуваат на обврска на судот да презема мерки со цел парнично неспособната странка да биде правилно застапувана и да ги отстрани недостатоците кои се пречка за понатамошно водење на парничната постапка, а поради кои согласно Законот, може да дојде до отфрлање на тужбата од страна на судот. Како што произлегува од одредбите на Законот, законскиот застапник се определува со закон или со акт на надлежен државен орган, а својството на застапник, овластено лице или полномошник, не се претпоставува, туку се докажува, за кое нешто до судот мора да бидат доставени исправи, овластување или полномошно, а во спротивно, судот ќе ги побара и ќе ја оценува нивната веродостојност по службена должност.
Оттука произлегува дека во оспорената одредба се уредува однесувањето на странките кога преземаат дејствија кои се насочени кон попречување на судот, односно да не се дозволи странката во фаза на жалбена постапка да го спори застапувањето на спротивната странка кое можела да го истакне во текот на целата постапка, односно од прием на тужбата/одговор на тужбата сè до завршувањето на постапката пред првостепениот суд.
Покрај правото на жалба како редовен правен лек, во Законот на располагање е повторување на постапката како вонреден правен лек, преку кое странката има можност, согласно Законот, да бара отстранување на евентуалните повреди во застапувањето на странките. Според член 392 став 1, постапката што со одлука на судот е завршена правосилно може, по предлог на странката, да се повтори ако во постапката како тужител или тужен учествувало лице кое не може да биде странка во постапката, или ако странката која е правно лице не ја застапувало овластено лице, или ако парнично неспособна странка не ја застапувал законски застапник, или ако законскиот застапник, односно полномошник на странката немал потребно овластување за водење на постапката или за одделни дејствија во постапката, доколку водењето на постапката, односно вршењето на одделни дејствија во постапката не било дополнително одобрено (точка 3). Меѓутоа, според член 393 став 1, од погоре цитираната причина не може да се бара повторување на постапката ако таа без успех била изнесена во поранешната постапка.
Во конкретниот случај, законодавецот на јасен начин утврдил уредување во оспорената одредба во зависност од околноста дали недостатоците во застапувањето се однесуваат на странката која ја изјавува жалбата, од каде одредбата не може да се оценува од аспект на нејзината согласност со член 8 став 1 алинеја 3 и член 9 став 2 од Уставот. Тргнувајќи од суштината на уставното начело на еднаквост на граѓаните по кој било основ утврден во член 9, Уставот го обврзува законодавецот да го почитува начелото на еднаквост без оглед на пол, раса, боја на кожа, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување, имотна и општествена положба. Принципот „сите се еднакви пред законот” подразбира еднаков третман за граѓаните во иста правна ситуација, независно од наведените основи за дискриминација во член 9 став 1 од Уставот. Имајќи го предвид фактот што една од странките имала недостатоци во нејзиното застапување, произлегува дека не се наоѓаат во еднаква правна положба за да може да се доведе во прашање уставниот принцип на еднаквост. Имено, до повреда на овој принцип би можело да дојде кога помеѓу граѓаните со иста правна положба, во оспорената одредба, е направен различен правен третман, како резултат на наведените разлики помеѓу граѓаните, што во конкретниов случај не е така, поради што Судот оцени дека не може да стане збор за нееднаквост, односно дискриминација по ниту еден oд основите кои се наведени во член 9 од Уставот.
Од анализата на изнесените одредби од Законот за парничната постапка кои ја уредуваат постапката по жалба против пресуда, произлегува дека законодавецот ги определил условите под кои ќе се изјавува жалба и не ја забранува жалбата. Воедно, од значење е околноста што оспорената одредба не може да се оценува без да се имаат предвид одредбите од Законот во целина кој по својата природа е процесен закон којшто ја уредува комплексната парнична постапка, од каде неспорно произлегува дека правото на жалба се остварува согласно законските одредби. Со оспорената одредба не се ограничува судската заштита на правата на граѓаните, туку таа е дел од постапката со која се пропишува нивното остварување.
Оттука, од содржината на оспорената законска одредба во корелација со останатите анализизирани одредби од Законот произлегува дека законодавецот почитувајќи го уставно гарантираното право на жалба пропишал законско уредување со цел да се спречат евентуалните злоупотреби на процесните права на странките, парничната постапка да не се одолговлекува и да се заврши побрзо и поефикасно во еден разумен рок без притоа странките и другите правни субјекти да бидат оштетени или да им бидат ускратени правата во постапката, а на кое укажуваат наводите на подносителот во иницијативата.
Имајќи ја предвид изнесената уставно-судска анализа, Судот оцени дека оспорениот член 343 став 3 од Законот за парнична постапка не може да се доведе под сомнение во однос на неговата согласност со член 8 став 1 алинеja 3, член 9 став 2 и Амандман XXI со кој е заменет член 15 од Уставот на Република Северна Македонија, а на кои се повика подносителот на иницијативата.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr.74/2023
Shkup, 10.01.2024
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 dhe të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 1 janar 2024, miratoi
A K T V E N D I M
NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 343 paragrafit 3 të Ligjit për procedurë kontestimore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 dhe 124/2015).
Arsyetim
I
Petar Barishiq nga Shkupi, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, i ka parashtruar iniciativë për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 343 paragrafit 3 të Ligjit të përcaktuar në dispozitiv të këtij aktvendimi.
Sipas parashtruesit të kërkesës, neni i kontestuar 343 paragrafi 3 i Ligjit është në kundërshtim me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3, nenin 9 paragrafin 2 dhe amendamentin XXI me të cilin është zëvendësuar neni 15 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në arsyetimin e iniciativës, parashtruesi e citon nenin 74 të Ligjit dhe konsideron se dispozita kontestuese është në kundërshtim me dispozitat e nenit 72 paragrafi 1, të nenit 80 paragrafi 1 dhe nenit 89 paragrafi 4 të Ligjit të cilat ai i citon në iniciativë. Njëkohësisht e citon nenin 337 paragrafin 1 dhe nenin 342 paragrafin 1 pikën 1 të Ligjit.
Në iniciativë thuhet se ligjvënësi me dispozitën e kontestuar ia ka ndaluar palës që të bëjë ankesë kundër aktgjykimit të marrë në procedurë të shkallës së parë nëse pala e kundërt nuk përfaqësohet nga përfaqësuesi ligjor ose me prokurë nuk ka autoritetin e nevojshëm për zhvillimin e procedurës, gjegjësisht për shkak të shkeljeve thelbësore të dispozitave të nenit 343 paragrafit 2 pikës 10 të Ligjit, dhe për të cilat gjykata e shkallës së dytë në procedurën e ankesës i kushton vëmendje sipas detyrës zyrtare në pajtim me nenin 354 të këtij ligji.
Njëkohësisht, citon nenin 355 paragrafin 1 sipas të cilit gjykata e shkallës së dytë mund ta hedhë ankesën e parashtruar nga pala e paprekur nga të metat në fjalë si të papranueshme. Për më tepër, thuhet se dispozita e kontestuar është në kundërshtim me nenin 6 paragrafin 1 të Ligjit për Gjykatat sipas të cilit secili ka të drejtë në qasje të barabartë në gjykatë në mbrojtje të të drejtave dhe interesave të tij të bazuara ligjërisht.
Parashtruesi vlerëson se dispozita e kontestuar cenon barazinë e palëve për zhvillimin e procedurës së shkallës së parë dhe ankimore, sepse palës i ndalohet ankesa edhe pse është prekur nga një procedurë jolegjitime për t’u paditur nga kushdo, përkatësisht është e ndaluar nga ankimimi se është ngritur padi nga pala kundërshtare e cila nuk ka aftësi ose nuk përfaqësohet nga një përfaqësues ligjor pa autorizim ligjor ose nga një person i autorizuar pa autorizim. Sipas parashtruesit, dispozita e kontestuar shkakton konfuzion dhe pasiguri juridike në procedurën procedurale në procedurat civile, aq më tepër që në procedurën jashtëkontestimore, ekzekutive dhe administrative është sistemuar që dispozitat e Ligjit për procedurë kontestimore të zbatohen për çdo gjë që nuk është rregulluar me këto ligje.
Për shkak të arsyeve të dhëna i propozon Gjykatës Kushtetuese që dispozitën e kontestuar ta anulojë.
II
Në seancë Gjykata përcaktoi se neni i kontestuar 343 paragrafi 3 i Ligjit për procedurë kontestimore, thotë:
Nëse pala, që është person juridik, nuk përfaqësohej nga personi i autorizuar, qoftë për shkak se pala juridikisht e paaftë nuk përfaqësohej nga përfaqësuesi i saj ligjor, qoftë sepse përfaqësuesi ligjor, përkatësisht përfaqësuesi ligjor, përkatësisht personi i autorizuar i palës nuk e ka pasur autorizimin nevojshëm për zhvillimin e procedurës ose për veprime të caktuara në procedurë ankimim mund ta bëjë vetëm pala të cilës i referohen ato mangësi.
III
Sipas nenit 8 paragrafit 1 alinesë 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në përputhje me nenin 9 të Kushtetutës, qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liri dhe të drejta pa dallim gjinie, race, ngjyrës së lëkurës, prejardhjes kombëtare dhe shoqërore, besimit politik dhe fetar, pasurisë dhe pozitës shoqërore. Qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Sipas Amendamentit XXI, i cili zëvendësoi nenin 15 të Kushtetutës, garantohet e drejta e ankimimit ndaj vendimeve të marra në shkallë të parë në gjykatë. E drejta e ankesës ose e mbrojtjes tjetër juridike ndaj akteve individuale juridike të miratuara në procedurë në shkallë të parë para organit të administratës ose organizatës shtetërore dhe organit tjetër që ushtron kompetenca publike rregullohet me ligj.
Në pajtim me nenin 110 alinenë 1 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.
Ligji për procedurë kontestimore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010, 124/2015) në nenin 121 paragrafin 1 rregullon se gjykata merr vendime në formë të aktgjykimit ose të aktvendimit, dhe sipas paragrafit 2, gjykata vendos për kërkesëpadinë me aktgjykim, ndërsa në procedurë për heqjen e posedimit me aktvendim.
Ligji në një kapitull të veçantë të njëzet e katërt e ka sistemuar procedurën sipas mjeteve të rregullta juridike dhe ankesa kundër aktgjykimit të marrë në shkallë të parë rregullohet nga dispozitat e nenit 337 deri në nenin 367 të Ligjit.
Sipas nenit 337, kundër aktgjykimit të marrë në shkallë të parë, palët mund të bëjnë ankesë brenda 15 ditëve nga dita e dorëzimit të procesverbalit të aktgjykimit, nëse në këtë ligj nuk është përcaktuar afat tjetër dhe ankesa e paraqitur me kohë e pengon që aktgjykimi të bëhet i plotfuqishëm në pjesën që rrëzon ankesën. Për ankesën kundër aktgjykimit vendosë gjykata e shkallës së dytë.
Në nenin 342, paragrafin 1, pikën 1 parashihet se një nga arsyet për të cilat mund të kundërshtohet një aktgjykim është shkelje esenciale e dispozitave të procedurës kontestimore. Kjo shkelje ekziston nëse gjatë procedurës gjykata nuk ka zbatuar apo ka zbatuar në mënyrë jo të duhur ndonjë dispozitë të këtij ligji dhe kjo ka ndikuar ose mund të ndikojë në marrjen e aktgjykimit ligjor dhe të drejtë (neni 343 paragrafi 1). Situatat në të cilat ka gjithmonë shkelje esenciale të dispozitave të procedurës kontestimore renditen në nenin 343 paragrafin 2, ndërsa në pikën 10 thotë se njëra prej tyre është nëse një person që nuk mund të jetë palë në procedurë ka marrë pjesë në procedurë si paditësi ose i padituri ose nëse pala që është person juridik nuk është përfaqësuar nga personi i autorizuar, ose nëse pala e paaftë për kontest nuk është përfaqësuar nga përfaqësuesi ligjor ose nëse përfaqësuesi ligjor, përkatësisht personi i autorizuar i palës, nuk ka pasur autorizim të nevojshëm për zhvillimin e procedurës ose për veprime të veçanta në procedurë, nëse nuk është miratuar në mënyrë plotësuese zhvillimi i procedurës, përkatësisht kryerja e veprimeve të veçanta në procedurë.
Në këtë kontekst, vijon përmbajtja e nenit të kontestuar 343, paragrafit 3 të Ligjit, të cilin parashtruesi e ka problematizuar në iniciativë.
Nisur nga sa më sipër, dhe me qëllim të marrjes së përgjigjes në pyetjen nëse dispozitat e cituara të Kushtetutës janë shkelur në korrelacion me dispozitat e tjera të analizuara të Ligjit, del në pah vlefshmëria e marrëveshjes me dispozitën e kontestuar.
Ligji për procedurën kontestimore për nga natyra e tij është ligj procedural i cili, sipas nenit 1, i rregullon rregullat e procedurës në bazë të të cilave gjykata shqyrton dhe vendos në kontestet për të drejtat dhe detyrimet themelore të personit dhe qytetarit për marrëdhëniet personale dhe familjare të qytetarëve si kontestet e punës, tregtare, pronësore dhe kontestet e tjera juridiko-qytetare, nëse ligji nuk parasheh për disa nga ato mosmarrëveshje që gjykata t’i vendosë sipas rregullave të ndonjë procedure tjetër.
Në nenin 10 të Ligjit ndodhet parimi i ekonomizimit të procedurës, sipas të cilit gjykata është e detyruar të përpiqet pa vonesë dhe në afat të arsyeshëm, që procedurën ta zhvillojë me sa më pak shpenzime dhe të parandalojë çdo keqpërdorim të të drejtave që u takojnë palëve në procedurë (ndalimi i keqpërdorimit të kompetencave procedurale). Me qëllim të realizimit të përfundimit të shpejtë dhe efikas të procedurës, paragrafi 2 dhe paragrafi 3 i këtij neni, të cilat parashikojnë gjobë për personin fizik (palën, personin përgjegjës në personin juridik), personin juridik, si dhe për përfaqësues (avokat ose përfaqësues ligjor) të cilët do të keqpërdorin të drejtat që u takojnë në procedurë.
Sipas nenit 175 të Ligjit, procedura civile inicohet me padi, e cila parashtrohet me shkrim si parashtresat e tjera në përputhje me nenin 98 të Ligjit, sipas të cilit, parashtresat duhet të jenë të kuptueshme dhe të përmbajnë gjithçka që është e nevojshme që të mund të veprohet për to. Në këtë dispozitë ligjvënësi vendosi rregulla të qarta dhe elemente të detyrueshme që duhet të përmbajnë parashtresat për të qenë të plota, dhe veçanërisht ato duhet të përmbajnë: emrin dhe mbiemrin e mbështetur me dëshmi identifikimi; vendbanimin, përkatësisht vendqëndrimin e palëve, gjegjësisht firmën dhe selinë e personit juridik të regjistruar në Regjistrin Qendror të Republikës së Maqedonisë së Veriut ose regjistër tjetër të mbështetur me dëshmi nga regjistri përkatës; përfaqësuesit dhe të autorizuarit e tyre ligjorë, nëse i kanë. Sipas nenit 101 paragrafit 1 të Ligjit, nëse parashtresat me shkrim të dorëzuara nga përfaqësuesi nuk përmbajnë të dhënat e përcaktuara nga neni 98 i këtij ligji, gjykata do t’i refuzojë ato.
Në kreun e katërt të ligjit me titull “Palët dhe përfaqësuesit e tyre ligjor”, në nenin 70 paragrafi 1 është përcaktuar se palë në procedurë mund të jetë çdo person fizik dhe juridik ndërsa sipas nenit 71 paragrafi 1 pala që është plotësisht i aftë për të punuar mund të kryejë i vetëm veprimet në procedurë (zotësi kontestimore). Dispozitat për palët jokompetente kontestimore janë të përfshira në nenin 72 deri në nenin 74 të Ligjit. Neni 72 parashikon se pala që nuk ka zotësi juridike përfaqësohet nga përfaqësuesi i saj ligjor, i cili përcaktohet me ligj ose me akt të organit kompetent shtetëror. Sipas nenit 73 paragrafi 1, përfaqësuesi ligjor në emër të palës mund t’i ndërmarrë të gjitha veprimet në procedurë, por nëse për ngritjen ose tërheqjen e padisë, për njohjen, përkatësisht refuzimin e padisë, për lidhjen e marrëveshjes ose për ndërmarrjen e veprimeve të tjera në procedurë në rregullore të veçanta përcaktohet se përfaqësuesi duhet të ketë autorizim të veçantë, ai mund t’i ndërmarrë ato veprime vetëm nëse ka autorizim të tillë. Sipas nenit 73 paragrafi 2, personi i cili paraqitet si përfaqësues ligjor me kërkesë të gjykatës është i detyruar të dëshmojë se është përfaqësues ligjor, e kur kërkohet autorizim i veçantë për të ndërmarrë veprime të caktuara në procedurë, përfaqësuesi ligjor është i detyruar të dëshmojë se ka autorizim të tillë. Në nenin 74 të Ligjit, parashikohet se gjatë gjithë procedurës gjykata sipas detyrës zyrtare do t’i kushtojë vëmendje nëse personi i cili paraqitet si palë mund të jetë palë në procedurë dhe nëse ai ka zotësi juridike, nëse pala është jokompetente përfaqësohet nga përfaqësuesi i tij ligjor dhe nëse përfaqësuesi ligjor ka autorizim të veçantë kur është e nevojshme.
Kur gjykata konstaton se personi që paraqitet si palë nuk mund të jetë palë në procedurë dhe se mangësia mund të hiqet, do të thërrasë paditësin që të bëjë korrigjimet e nevojshme në padi ose të marrë masa të tjera që procedimi të vazhdojë me personin që mund të jetë palë në procedurë (neni 75 paragrafi 1). Kur gjykata konstaton se pala nuk ka përfaqësues ligjor ose se përfaqësuesi ligjor nuk ka autorizim të veçantë kur është e nevojshme, do të kërkojë nga Qendra kompetente për Punë Sociale që të caktojë kujdestar për personin juridikisht të paaftë, përkatësisht, do ta thërrasë përfaqësuesin ligjor për të marrë një autorizim të posaçëm ose do të ndërmarrë masa të tjera që janë të nevojshme që pala e paaftë të përfaqësohet siç duhet (neni 75 paragrafi 2). Sipas nenit 75 paragrafi 3, gjykata do t’i caktojë afat palës për t’i hequr mangësitë nga paragrafët (1) dhe (2) të këtij neni. Derisa të eliminohen këto mangësi, në procedurë mund të ndërmerren vetëm ato veprime, vonesa e të cilave mund të shkaktojë pasoja të dëmshme për palën (paragrafi 4). Nëse mangësitë e cekura nuk mund të eliminohen ose nëse afati i caktuar skadon pa sukses, gjykata do t’i anulojë veprimet e kryera në procedurë, nëse ato preken nga këto mangësi dhe do ta refuzojë padinë nëse mangësitë janë të një natyre të tillë që e pengojnë zhvillimin e mëtutjeshëm të procedurës (paragrafi 5).
Përfaqësimi i palëve përmes përfaqësuesit të autorizuar nënkupton ndërmarrjen e veprimeve në procedurë në emër dhe për llogari të palës në bazë të kompetencave të dhëna nga përfaqësuesi i autorizuar. Sipas nenit 80 të Ligjit, palët mund të ndërmarrin veprime në procedurë personalisht ose përmes përfaqësuesve të autorizuar, ndërsa në nenin 81 paragrafi 1 i Ligjit, parashihet se kush mund të jetë përfaqësues i palës, përkatësisht: avokati, personi me diplomë juridike që është me palën në marrëdhënie pune dhe i afërm gjaku, vëlla, motër ose bashkëshort, nëse është plotësisht i aftë për punë. Në paragrafin 2 të këtij neni përcaktohet se nëse personi paraqitet si përfaqësues në kundërshtim me këtë dispozitë të paragrafit (1), gjykata do të miratojë aktvendim me të cilin atij personi do t’i refuzohet përfaqësimi i mëtejmë dhe për këtë do ta njoftojë palën. Ligji në nenin 89 paragrafi 4 rregullon se gjykata është e obliguar gjatë tërë procedurës të kujdeset nëse personi i cili paraqitet si përfaqësues është i autorizuar për përfaqësim. Nëse gjykata konstaton se personi i cili paraqitet si përfaqësues nuk është i autorizuar për përfaqësim, do t’i anulojë veprimet kontestimore të ndërmarra nga ai person, nëse ato veprime nuk janë miratuar shtesë nga pala. Nëse përfaqësimi i palës përmes personit të autorizuar nuk është në përputhje me dispozitat e Ligjit, është shkelje absolute thelbësore e dispozitave të procedurës (neni 343 paragrafi 2 pika 10).
Duke e marrë parasysh analizën e paraqitur të dispozitave të ligjit së bashku me përmbajtjen e dispozitës së kontestuar, rezulton se pretendimet në iniciativë për mospërputhje të saj me parimin e sundimit të ligjit të përcaktuar në nenin 8 paragrafi 1 alineja 3, parimi i barazisë së qytetarëve të përcaktuar në nenin 9 dhe e drejta e garantuar e ankimimit kundër vendimeve të marra në shkallë të parë para gjykatës, me Amendamentin XXI të Kushtetutës dhe për shkak të siç vijon:
Duke garantuar të drejtën e ankesës, Kushtetuta mundëson që kjo e drejtë të funksionalizohet me Ligj. Nga analiza e dispozitave të paraqitura të Ligjit për procedurë kontestimore, rezulton se procedura ankimore është rregulluar në mënyrë sistematike. Neni 337 i ligjit siguron të drejtën e garantuar me Kushtetutë të ankimimit për secilën palë kundër aktgjykimit të miratuar në shkallë të parë para gjykatës. Njëkohësisht, sipas nenit 337 paragrafi 2, ankesa ka efekt suspendues-anulues të vendimit sepse e pengon atë të marrë formë të plotfuqishme, përkatësisht të formës së prerë në pjesën që rrëzohet me ankesë. E drejta e garantuar me Kushtetutë e ankimimit nuk nënkupton ndalimin e ligjvënësit, në raste të caktuara, kur pala nuk ka interes juridik, të bëjë përjashtim nga parimi i efektit pezullues të ankimit.
Për të ushtruar të drejtën e ankimimit si mjet juridik është e nevojshme që ajo të rregullohet në lidhje me arsyet për të cilat mund të deklarohet, gjë që i nënshtrohet përmbajtjes së mëtutjeshme të dispozitave të Ligjit. Neni 343 paragrafi 2 përcakton shkeljet thelbësore absolute të dispozitave të procedurës civile që ekzistojnë gjithmonë, ndër të cilat janë arsyet e përcaktuara në pikën 10. Ligjvënësi ka të drejtë, me kushte dhe kritere të veçanta, të saktësojë në raste të caktuara të drejtën e palës për të deklaruar ankesën.
Me nenin kontestimor 343 paragrafi 3 i Ligjit, e drejta e ankesës i është paraparë palës e cila ka mangësi në përfaqësimin e tij. Në një situatë kur ankesa nuk mund të bëhet nga pala e cila nuk preket nga mangësitë e deklaruara në përfaqësimin e palës kundërshtare, kjo nuk nënkupton kufizim të së drejtës së ankimimit, por veprim racional dhe ekonomik në procedurë, i cili synon të të parandalojë keqpërdorimin e të drejtave procedurale nga pala për të cilën nuk vlejnë të metat në përfaqësim.
Vetë fakti se njëra nga palët nuk është e përfaqësuar në mënyrën e duhur është arsyeja pse ligji i trajton mangësitë e deklaruara në përfaqësim si shkelje absolute të procedurës që gjithmonë çojnë në rrëzimin e padisë dhe anulimin e aktgjykimit të shkallës së parë. Sipas dispozitave të treguara dhe cituara nga parashtruesi në iniciativë, të cilat i referohen procedurës ankimore, gjykata e shkallës së dytë është e detyruar që sipas nenit 354 t’i largojnë shkeljet e përcaktuara të dispozitave të procedurës kontestimore nga neni 343 paragrafi 2 pika 10, të cilit i kushton vëmendje sipas detyrës zyrtare, përkatësisht edhe kur pala nuk i është referuar në ankimim.
Nga përmbajtja e dispozitave të paraqitura rezulton se me paraqitjen e padisë si dhe përgjigjen në padi, secila palë i njeh të dhënat për palën e kundërt, personin e autorizuar, përfaqësuesin apo përfaqësuesin e autorizuar, të cilat duhet të përfshihen në çdo parashtrim dhe të cilat janë elementë të detyrueshëm për secilën palë që paraqet padi. Të drejtat procedurale nga pikëpamja e ngritjes së kundërshtimeve për identifikimin e palës gjatë shqyrtimit kryesor, deri në përfundimin e procedurës në gjykatën e shkallës së parë, janë të barabarta. Secila palë ka të drejtë të barabartë për të kundërshtuar aftësinë kontestimore dhe përfaqësimin e palës kundërshtare. Prandaj, nuk mund të thuhet se palës i ndalohet të kundërshtojë rrethanat e cekura gjatë gjithë procedurës ose se i mohohet e drejta për qasje të barabartë para gjykatës në mbrojtjen e të drejtave dhe interesave të bazuara juridike që parashtruesi i paraqet në iniciativë me nenin 6 paragrafin 1 të përmendur të Ligjit për Gjykatat
Sipas nenit 74 të Ligjit, gjykata sipas detyrës zyrtare që nga fillimi i procedurës dhe gjatë gjithë procedurës së palës kujdeset për aftësinë kontestimore dhe përfaqësimin e palëve. Dispozitat e kësaj pjese të Ligjit (nenet 75-78) tregojnë për detyrimin e gjykatës që të marrë masa që pala e paaftë të përfaqësohet siç duhet dhe të mënjanohen të metat që pengojnë zhvillimin e mëtejshëm të procedurës kontestimore dhe për shkak të së cilës, sipas Ligjit, padia mund të hidhet nga gjykata. Siç del nga dispozitat e Ligjit, përfaqësuesi ligjor përcaktohet me ligj ose me akt të organit kompetent shtetëror dhe cilësia e përfaqësuesit, personi i autorizuar apo e përfaqësuesi nuk supozohet, por vërtetohet, për cilat dokumente duhet të dorëzohen në gjykatë, autorizimi, në të kundërtën gjykata do t’i kërkojë ato dhe do të vlerësojë besueshmërinë e tyre sipas detyrës zyrtare.
Nga kjo rezulton se me dispozitën e kontestuar rregullohet sjellja e palëve kur ato ndërmarrin veprime që synojnë pengimin e gjykatës, gjegjësisht moslejimin e palës në fazën e procedurës ankimore ta kontestojë përfaqësimin e palës së kundërt, gjë që ai mund ta theksonte gjatë gjithë procedurës, përkatësisht nga pranimi i padisë/përgjigjes në padi deri në përfundimin e procedurës në gjykatën e shkallës së parë.
Krahas të drejtës në ankesë si mjet i rregullt juridik, Ligji parasheh edhe përsëritjen e procedurës si mjet i jashtëzakonshëm juridik, përmes së cilës pala ka mundësi, sipas Ligjit, të kërkojë heqjen e shkeljeve të mundshme në përfaqësimin e palëve. Sipas nenit 392 paragrafi 1, procedura e cila është pushuar ligjërisht me vendim të gjykatës, me kërkesë të palës mund të përsëritet nëse në procedurë si paditës ose i paditur ka marrë pjesë personi i cili nuk mund të jetë palë në procedurë ose nëse pala që është person juridik nuk është përfaqësuar nga personi i autorizuar, ose nëse një palë juridikisht e paaftë nuk është përfaqësuar nga përfaqësuesi ligjor, ose nëse përfaqësuesi ligjor, përkatësisht avokati i palës, nuk ka pasur autorizimin e nevojshëm për të kryer procedurën ose për veprimet e caktuara në procedurë, nëse zhvillimi i procedurës, përkatësisht kryerja e veprimeve të caktuara në procedurë nuk është miratuar shtesë (pika 3). Megjithatë, sipas nenit 393 paragrafi 1, për arsyen e përmendur më sipër, nuk mund të kërkohet përsëritja e procedurës nëse është paraqitur pa sukses në procedurën e mëparshme.
Në rastin konkret, ligjvënësi ka vendosur qartë një rregullim në dispozitën kontestuese, varësisht nga rrethanat nëse mangësitë në përfaqësim i referohen palës që deklaron ankimimin, nga e cila dispozita nuk mund të vlerësohet nga aspekti i përputhjes së saj me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3 dhe nenin 9 paragrafin 2 të Kushtetutës. Nisur nga thelbi i parimit kushtetues të barazisë së qytetarëve mbi çdo bazë të vendosur në nenin 9, Kushtetuta e detyron ligjvënësin ta respektojë parimin e barazisë pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, origjina kombëtare dhe shoqërore, besimi politik dhe fetar, pronësor dhe pozitës shoqërore. Parimi “të gjithë janë të barabartë para ligjit” nënkupton trajtim të barabartë për qytetarët në të njëjtën situatë juridike, pavarësisht nga arsyet e deklaruara për diskriminim në nenin 9 paragrafi 1 të Kushtetutës. Duke e marrë parasysh faktin se njëra nga palët kishte mangësi në përfaqësimin e saj, rezulton se ato nuk janë në pozitë të barabartë juridike që të vihet në pikëpyetje parimi kushtetues i barazisë. Gjegjësisht, shkelje e këtij parimi mund të ndodhë kur qytetarët me status juridik të njëjtë, në dispozitën e kontestuar, trajtohen ndryshe, si rezultat i dallimeve të deklaruara ndërmjet qytetarëve, gjë që nuk është rasti në rastin konkret, prandaj Gjykata vlerësoi se nuk mund të bëhet fjalë për pabarazi, përkatësisht diskriminim për ndonjë nga shkaqet e renditura në nenin 9 të Kushtetutës.
Nga analiza e dispozitave të paraqitura të Ligjit për procedurë kontestimore, të cilat e rregullojnë procedurën e ankesës kundër aktgjykimit, del se ligjvënësi i ka përcaktuar kushtet në të cilat do të bëhet ankesa dhe nuk e ndalon ankesën. Në të njëjtën kohë, është e rëndësishme që dispozita e kundërshtuar nuk mund të vlerësohet pa marrë parasysh dispozitat e ligjit në tërësi, i cili për nga natyra e tij është një ligj procedural që rregullon procedurën komplekse kontestimore, nga e cila në mënyrë të padiskutueshme rezulton se e drejta e ankimit ushtrohet në përputhje me dispozitat ligjore. Dispozita e kontestuar nuk e kufizon mbrojtjen gjyqësore të të drejtave të qytetarëve, por është pjesë e procedurës që parashikon realizimin e tyre.
Përkatësisht, nga përmbajtja e dispozitës ligjore të kontestuar në korrelacion me pjesën tjetër të dispozitave të analizuara të ligjit, rezulton se ligjvënësi, duke e respektuar të drejtën e garantuar me Kushtetutë të ankimimit, ka parashikuar një rregullim ligjor për të parandaluar abuzimet e mundshme të procedurave, të drejtat e palëve, që procedura kontestimore të mos zvarritet dhe të përfundojë më shpejt dhe me efikasitet brenda një periudhe të arsyeshme kohore pa u dëmtuar apo mohuar të drejtat e palëve dhe personave të tjerë juridikë në procedurë, siç tregohet nga pretendimet e kërkuesi në iniciativë
Duke e marrë parasysh analizën e paraqitur kushtetuese-gjyqësore, Gjykata vlerësoi se neni 343 paragrafi 3 i Ligjit për procedurë kontestimore nuk mund të vihet në pikëpyetje lidhur me përputhshmërinë e tij me nenin 8 paragrafin 1 alinenë 3, nenin 9 paragrafin 2 dhe Amendamentin XXI me të cilin është zëvendësuar me nenin 15 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe të cilit i është referuar parashtruesi i iniciativës.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska