Јавен оглас број 1/2024

Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година, Су.бр.70/22 од 24 јануари 2022 година и Су.бр.149/23 од 26 јануари 2023 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2024

за вработување на неопределено време во Стручната служба

на Уставниот суд на Република Северна Македонија

 

  1. Административен работник – технички секретари во Одделението за општи и административно-технички работи4 (четворица) извршители Посебни услови: завршено вишо, средно или високо образование (ниво на стручни квалификации VI А според Маке­дон­ската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен); со или без работно искуство; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на основна плата: 28.256,00 денари (во кој не е вклучен додатокот на плата врз основа на работен стаж).

                           

  1. Технички работник хигиеничар во Одделението за општи и административно-технички работи 1 (еден) извршител. Посебни услови: завршено основно или средно образование; со или без работно искуство. Паричен нето износ на основна плата: 24.315,00 денари (во кој не е вклучен додатокот на плата врз основа на работен стаж).

                          

  1. Технички работник технички работник за одржување на објекти во Одделението за општи и административно-технички работи 1 (еден) извршител. Посебни услови: завршено средно образование – техничко училиште; со или без работно искуство. Паричен нето износ на основна плата: 24.315,00 денари (во кој не е вклучен додатокот на плата врз основа на работен стаж).

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; активно да го користи македонскиот јазик; да е полнолетен; да има општа здравствена способност за работното место; и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. *Уверенијата за општа здравствена способност и дека на кандидатот не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не треба да се постари од шест месеци сметано од денот на поднесување на пријавата.

 

Распоред на работно време: Работни денови: понеделник-петок; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време: од 08:00 до 16:00 ч.

 

Општи информации за кандидатите

Кандидатите поднесуваат Пријава за вработување во Стручната служба на Уставниот суд која може да се преземе од интернет страницата на Судот, во категоријата „Односи со јавност“, поткатегоријата „Објави“: https://ustavensud.mk/?p=20687.

 

Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите ги доставуваaт преку Писарницата на Судот со назнака „за Оглас бр.1/2024“. Рокот за пријавување на огласот е заклучно со 22 јануари 2024 година. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави со несоодветни и нецелосни докази нема да се разгледуваат. Заради проверка на стручноста, знаењата и вештините на кандидатот за извршување на работните обврски за работното место за коешто аплицирал ќе биде спроведено интервју. Одлуката за избор на кандидатите ќе биде објавена на интернет страницата на Уставниот суд: www.ustavensud.mk.