Законските измени на Законот за облигационите односи и Законот за извршување на дневен ред на 10.01.2024 година

Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на дневен ред на седницата закажана за 10 јануари 2024 година(среда).
Oспорени:
-Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи во целина и посебно членовите 1, 2, 3, 4 и 5
-Член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување
Подносители на иницијативите:
– Владо Костовски, адвокат од Охрид
-Вангел Баракоски, адвокат од Охрид
-Никола Источки, адвокат од Ресен
-Петар Баришиќ од Скопје
– Адвокатска комора на Република Северна Македонија,
– Комора на извршители на Република Северна Македонија
– ЕВН Македонија, Акционерско друштво за услуги-Скопје, ЕВН Хоме ДОО Скопје, Друштво за обезбедување на универзална услуга за снабдување со електрична енергија, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Македонија, Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
– Ѓорѓи Андов од Куманово
-ЕВН Македонија, Акционерско друштво за услуги-Скопје, ЕВН Хоме ДОО Скопје, Друштво за обезбедување на универзална услуга за снабдување со електрична енергија, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Македонија, Електроснабдување ДООЕЛ Скопје, Друштво за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ – Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, Стопанска комора на Република Северна Македонија,
– Синиша Станковиќ, адвокат од Скопје
– Македонска банкарска асоцијација-Скопје
– Трајче Торов, адвокат од Штип
– Љупцо Наумоски од Охрид,
-Друштво за производство, инженеринг и трговија „Хидротерма“- Дооел, увоз-извоз Куманово
Oд наводите во иницијативите:
Подносителите сметаат дека со наведените измени на Законот се ставаат во нееднаква положба странките во облигационите односи, односно се врши дискриминација на доверителите како учесници во извршната постапка, а должниците се ставаат во привилигирана состојба, со што директно се повредува член 9 , член 51 и член 52 став 4 од Уставот. Подносителите наведуваат дека од анализата на член 2 став 3 од Законот произлегува дека по изминувањето на периодот од 10 години како апсолутен рок на застареност, сметано од денот на поднесувањето на барањето за извршување, се гасат правата на доверителите за наплата на нивните побарувања во целост и со тоа должниците целосно се ослободени од секаква обврска што ја имаат спрема доверителите, така што ваквото законско решение има негативно влијание во однос на еднаквоста на страните во облигациониот однос. Според наводите во иницијативата, тоа значи дека сите постапки за извршување кои се во тек по поднесени барања за извршувања на доверителите до 20.07.2023 година со стапување во сила на овој закон се веќе застарени, а постапките по овие предмети треба да бидат запрени и сите трошоци направени во извршната постапка ќе паднат на товар на доверителите. Се наведува дека со ваквата одредба се дозволува ретроактивно важење на Законот, иако истиот е понеповолен за граѓаните, странките во извршната постапка се ставаат во нееднаква положба, се нарушува принципот на правната сигурност.
* Судиите на седницата ќе дискутираат по иницијативите и предлогот на рефератот, а потоа ќе се премине на одлучување и гласање.