На 10.01.2023 година со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи првата седница со дневен ред на кој се предвидени четири иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права.
1.Реферат У.бр.74/2023
Оспорен: Член 343 став 3 од Законот за парнична постапка
Подносител на иницијативата: Петар Баришиќ
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека со оспорениот член на странката и се забранува да се жали, спротивно на странката која има покренато тужба а нема деловна способност и ја застапува законски застапник без полномошно. Иницијативата содржи наводи дека со оваа одредба се нарушува принципот на еднаквост на страните при водење на првостепената и жалбената постапка, поради тоа што една странка поради определени повреди може да има право на жалба, а друга не.
- Реферат У.бр.114/2023, У.бр. 115/2023, У.бр.117/2023 У.бр. 118/2023, У.бр. 123/2023, У.бр. 126/2023, У.бр. 127/2023, У.бр. 130/2023, У.бр. 133/2023, У.бр. 134/2023, У.бр. 137/2023, У.бр. 141/2023, У.бр. 160/2023, У.бр. 188/2023, У.бр.194/2023
Oспорен:
– Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023), во целина и посебно членовите 1, 2, 3, 4 и 5,
– член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023).
Подносители на иницијативите:
Подносители на иницијативите:
– Владо Костовски, адвокат од Охрид,
-Вангел Баракоски, адвокат од Охрид,
-Никола Источки, адвокат од Ресен,
-Петар Баришиќ од Скопје,
– Адвокатска комора на Република Северна Македонија,
– Комора на извршители на Република Северна Македонија,
– ЕВН Македонија, Акционерско друштво за услуги-Скопје, ЕВН Хоме ДОО Скопје, Друштво за обезбедување на универзална услуга за снабдување со електрична енергија, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Македонија, Електроснабдување ДООЕЛ Скопје,
– Ѓорѓи Андов од Куманово,
–ЕВН Македонија, Акционерско друштво за услуги-Скопје, ЕВН Хоме ДОО Скопје, Друштво за обезбедување на универзална услуга за снабдување со електрична енергија, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Македонија, Електроснабдување ДООЕЛ Скопје, Друштво за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ – Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, Стопанска комора на Република Северна Македонија,
– Синиша Станковиќ, адвокат од Скопје,
– Македонска банкарска асоцијација-Скопје,
– Трајче Торов, адвокат од Штип,
– Љупцо Наумоски од Охрид, и
-Друштво за производство, инженеринг и трговија „Хидротерма“- Дооел, увоз-извоз Куманово.
Oд наводите во иницијативите:
Во иницијативите меѓудругото се оспорува член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи од причини што подносителите сметаат дека со наведените измени на Законот се ставаат во нееднаква положба странките во облигационите односи, односно се врши дискриминација на доверителите како учесници во извршната постапка, а должниците се ставаат во привилигирана состојба, со што директно се повредува член 9 , член 51 и член 52 став 4 од Уставот. Подносителите наведуваат дека од анализата на член 2 став 3 од Законот произлегува дека по изминувањето на периодот од 10 години како апсолутен рок на застареност, сметано од денот на поднесувањето на барањето за извршување, се гасат правата на доверителите за наплата на нивните побарувања во целост и со тоа должниците целосно се ослободени од секаква обврска што ја имаат спрема доверителите, така што ваквото законско решение има негативно влијание во однос на еднаквоста на страните во облигациониот однос. Со ваквото законско решение се прави повреда на член 9 од Уставот. Исто така се наведува дека Според наводите во иницијативата, тоа значи дека сите постапки за извршување кои се во тек по поднесени барања за извршувања на доверителите до 20.07.2023 година со стапување во сила на овој закон се веќе застарени, а постапките по овие предмети треба да бидат запрени и сите трошоци направени во извршната постапка ќе паднат на товар на доверителите. Со ваквата одредба се дозволува ретроактивно важење на Законот, иако истиот е понеповолен за граѓаните, странките во извршната постапка се ставаат во нееднаква положба, се нарушува принципот на правната сигурност.
3.Реферат У.бр.151/2023
Оспорен акт: Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за почетна обука („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/23).
Доносител на актот: Управен одбор на Академијата за судии и обвинители
Подносител на актот Кренар Лога
Од наводите во иницијативата:
Се оспорува рокот на објавувањето на актот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот, кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.
4.Реферат У.бр.37/2023
Оспорен: Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на цени на комуналните услуги во делот на собирање, транспортирање и отстранување на комунален отпад донесена од страна на Советот на Општина Свети Николе на 27.10.2022 година.
Подносител на иницијативата: Владимир Гилев
Од наводите:
Подносителот наведува дека со оспорената Одлука за над 100 проценти се зголемува цената на услугата во услови кога е намален бројот на станари во куќите и становите. Притоа се наведува дека не се исклучуваат семејствата што рециклирааат и не се дава можност за селектирање и штедење. Подносителот смета дека Одлуката е во спротивност со членот 9 од Уставот според кој граѓаните се еднакви во слободите и правата, како и спротивна на член 24 од Законот за комунални услуги бидејќи нема цена на услугата по m2 по член на домаќинството.
II-БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
Реферат У.бр.11/2023
Оспорени: Пресуда П4-696/21 од 12.11.2021 на Основниот граѓански суд и Пресуда ГЖ-691/22 од 24.11.2022 година од Апелациониот суд Скопје
Подносителка на барањето: Душица Мрѓа
Од наводите во барањето:
Подносителката смета дека двата суда и го повредиле правото на слобода на изразување пропуштајќи ја можноста во пресудите да утврдат дека како новинарка на 27 април 2017 година државата прво не ја гарантирала нејзината безбедност при извршување на работните задачи во Собранието на Република Северна Македонија и била оневозможена да известува слободно за настаните кои се одвивале таму. За подносителката е спорно што во пресудата Апелациониот суд прифатил дека не била доведена во прашање слободата на изразување за настаните, бидејќи таа слобода ја реализирала во дебатни емисии во наредните денови, но не е разјаснето дали таа имала можност да ја реалзира слободата критичниот ден. Во барањето се спори наведеното од пресудите а тоа е дека нема повреда на правото на слободата на изразување бидејќи терористички акти се забранети на секое место во државата, вклучително и Собранието, па така можело да се случи и на улица или било каде, а државата е должна да се справи со истите и пред се да ги заштити граѓаните од смрт, повредување и оштетување или уништување на имот и фактот што во Собранието влегле лица кои не требало да се таму, според судот не ги дерогира законите, ниту значи дека на тужителката и било оневозможено слободното изразување.