Уставниот суд во текот на изминатите пет месеци спроведе анонимна анкета во различни медиуми кои ја следат работата на Судот, со цел оценување на транспарентноста, давање на предлози и забелешки за олеснување на начинот на комуникација и прилагодување на пораките од Судот кон јавноста.
Во оваа насока ги повикуваме сите новинари кои ја следат работата на Уставниот суд, редовно или повремено известуваат, или имаат конкретни предлози кои досега немале можност да ги споделат, да се пријават на овој мејл до 10 јануари за да им биде испратен примерок.
Анкетата се спроведува поради добивање информации за потребите на медиумите и новинарите во процесот на известување, со крајна цел точно пренесување на информациите и поинформирани граѓани за работењето и надлежностите на Уставниот суд.
Уставниот суд спроведе интерна анкета на вработените на прашањето за тренапарентност и комуницирање со јавноста со цел да се утврди нивната перцепција, предлози и потреба од надградба на разбирањето на полето на односи со јавност.
Резултатите од анкетата ќе бидат споделени со вработените од стручната служба, судиите на Уставниот суд и со јавноста.
Информирањето и комуницирањето на Судот со јавноста ќе се одржува и прилагоди во насока на добиените резултати и одговори од новинарите во понатамошниот процес на комуницирање на Уставниот суд опфатен во стратешката комуникација.